Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Грција во Република Македонија, Јанис Малукос, на која беа разменети мислења за досегашната соработка и можностите за нејзино понатамошно продлабочување во областа на реформата на јавната администрација. Министерот Минчев му посака успешна дипломатска мисија на амбасадорот Малукос, изразувајќи очекување дека досегашното партнерство меѓу двете земји ќе продолжи да се развива преку конкретни иницијативи, размена на искуства и експертска поддршка во реформските процеси. „Нашата цел е јасна, јавна администрација што работи професионално, одговорно и ефикасно, а граѓаните тоа да го чувствуваат преку услугите што ги добиваат.