Државниот завод за ревизија со позитивна оценка за управувањето со 250-те милиони евра од Унгарскиот кредит, наменети за поддршка на домашните компании. До април биле одобрени 767 проекти во вредност од над 227 милиони евра, од кои најмногу се на малите претпријатија, но најголем дел од парите, 33 проценти, се насочени кон големите компании. „Распределбата на средствата од Договорот за задолжување од Буџетот на Република Северна Македонија се во согласност со утврдената правна рамка, при што најголем дел, односно 6,2 милијарди денари, се насочени во дејноста производство, по што следуваат трговијата, транспортот и градежништвото“, соопштија од ДЗР.