Ирена Ѓорѓиеска, мајката на Сара, девојката која вчера рано наутро беше претепана и сè уште се наоѓа во болница на лекување, преку објава на Фејсбук јавно реагира дека осомничениот за нападот бил пуштен на слобода, што, како што вели, дополнително ги вознемирило и ја зголемило загриженоста за безбедноста на нејзината ќерка. „Дополнителна вознемиреност и страв предизвикува фактот што маминото синче кое е виновно за сѐ ова синоќа бил пуштен на слобода, тој е син на Љубинка Корабоска, поранешна претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и на Гоце Корабоски, инспектор во УЈП, за кого се зборува дека има блиски релации со Мицкоски. Маминото синче постојано се фалело дека, без оглед на тоа што ќе се случи, неговите родители се доволно моќни за ‘да средат’ сè“, пишува Ѓорѓиеска.