Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со амбасадорот на Република Италија, Паоло Палминтери и заменикот амбасадор Морено Зела, заменик-шеф на мисијата во Италијанската амбасада во Скопје.
„Во фокусот на средбата беа реформите што Македонија ги реализира во рамки на Реформската агенда 2024–2027, како и тековните активности на институциите насочени кон исполнување на европските стандарди.
Соговорниците разговараа и за можностите за продлабочување на соработката и за искористување на искуствата и експертизата на Италија во областите релевантни за реформската агенда.
„Беше потврдена заедничката определба за продолжување на отворениот дијалог и институционалната соработка во интерес на европската перспектива на Македонија.