Со откривање на муралот „Наши права, наша иднина“ во Општинското основно училиште… Со откривање на муралот „Наши права, наша иднина“ во Општинското основно училиште „Тошо Арсов“ во Штип, денеска започна јубилејната 10. „Текстилијада“, која во наредните три дена ќе понуди повеќе конференции, дебати, работилници и културни активности. На денешната прес-конференција, градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов, претседателката на здружението „Гласен Текстилец“ Кристина Ампева и директорката на ООУ „Тошо Арсов“ Виолета Арсовска ги претставија активностите предвидени во рамките на јубилејното издание. Градоначалникот на општина Штип, Јорданов истакна дека соработката помеѓу општина Штип и здружението „Гласен Текстилец“ е доказ дека институциите и граѓанските здруженија можат да работат и можат да придонесат за поместување на одредени состојби во одредени индустриски гранки, дејности.