Пред некој ден седиме ние неколкумина сериозни кандидати за титулата хроничен пијаница, во една дупка која што амбициозниот газда во моменти на бујна фантазија ја крстил „кафеана”. Упатуваме долги и глупави погледи кон течноста што некој локален алхемичар ја нарекол „домашна ракија”, од само нему разбирливи причини. За да биде појасно и за најстрогите литерарни критичари, го приложувам описот на местото од кој што јасно се гледа дека овде дури ниту стаорците и Кит Ричардс не се задржуваат, без некоја голема причина.