Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од Втората лига, поради неисплатени обврски, клубот се суспендира од натпреварување во Трета лига регион 4. По четири кола клубот од Неготино е без триумф и резултатски во целост потфрла, но сега има уште посериозни проблеми, освен резултатските. Во продолжение целата одлука: Врз основа. Врз основа на член 121 од Дисциплинскиот Правилник на Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ во понатамошниот текст), Одлуката 12/26 на комесарот за натпреварување на Трета лига, Регион 4. Поради неисполнети финансиски обврски на ГФК Вардар Неготино а врз основа на член 30а од Пропозициите за натпреварување во Третите Македонски фудбалски лиги за натпреварувачка 2026/2027 година, ја донесувам следната: О Д Л У К А ГФК Вардар Неготино од Неготино се суспендира од натпреварувањето во Трета лига, Регион 4. Суспензијата на клубот трае до подмирување на финансиските обврски кон Фудбалскиот сојуз и службените лица на одиграните натпревари.