Изградба на дом за стари лица во Кавадарци Потпишан е договорот меѓу Министерството за со Изградба на дом за стари лица во Кавадарци. Потпишан е договорот меѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади и Општина Кавадарци за изградба на Јавна општинска установа за вонсемејна социјална заштита на стари лица, со што е направен значаен чекор кон реализација на овој важен проект. Новата установа ќе располага со капацитет за 57 лица и ќе се простира на вкупна површина од 3.365,1 м². Вкупната вредност на договорот изнесува 154.927.746 денари, од кои 149.489.782,12 денари се обезбедени од Министерството, додека 5.437.963,88 денари се учество на Општина Кавадарци преку средства од општинскиот буџет.