Денеска, вторник 3-ти ноември, во периодот од 8,30 до 11,30 часот, без снабдување со електрична енергија ќе видат дел од корисниците на улиците „Жан Жорес“, „Ордан Чопела“ и „Иван Наумов Алабакот“ во скопската населба Гази Баба. Прекинот е поради работи за одржување на трафостаницата „Маџари 9“. Од 12 до 15 часот прекин во снабдувањето со струја ќе има за дел од корисниците на улиците „Благоја Стефковски“ и „Анри Барбис“, во населбата Маџари, поради одржување на трафостаницата „Маџари 8“. Во периодот од 8,40 до 10,40 часот, без електрична енергија ќе биде селото Мралино, поради работи во близина на 10-киловолтен далековод. Работите во трафостаниците опфаќаат чистење, проверка на расклопната опрема и долевање масло во кабловските глави и трансформаторите, појаснуваат од Електродистрибуција.