Во рамки на проектот „Жените пчеларки како двигатели на позитивни промени во… Во рамки на проектот „Жените пчеларки како двигатели на позитивни промени во Македонија“, финансиран од Владата на Словенија, денеска ќе биде отворен Националниот пчеларски центар, прв од ваков тип во земјава. Како што информира Развојната и хумантирна агенција АДРА Македонија, Центарот ќе биде регионален катализатор на знаење, каде пчеларите, особено жените претприемачи во пчеларството, ќе можат практично да се запознаат со напредните технологии за екстракција, преработка и пакување на пчелните производи во согласност со највисоките хигиенски и технолошки стандарди. Современите предизвици во пчеларството бараат стручен пристап, едукација и соодветна техничка опременост.