Македонија
ВМРО-ДПМНЕ
УЈП
Сара
Љубинка Корабоска
Гоце Корабоски
Државна комисија за спречување на корупцијата
ВМРО-ДПМНЕ
УЈП
Охридската полиција поднесе кривична пријава против 31-годишниот охриѓанец Кристијан Корабоски, осомничен дека брутално ја претепал својата 26-годишна девојка Сара, која по нападот изгубила свест и завршила во болница со тешки телесни повреди. Против него е поднесена пријава за кривично дело „тешка телесна повреда“ и мерки на претпазливост - да не се приближува на растојание помало од 50 метри до оштетената, да му биде одземен пасошот со забрана за вадење нов и секој втор понеделник да се јавува во судот. Мајката на девојката која беше претепана и оставена пред маркет, се огласи јавно со потресно сведоштво за случувањата пред и по нападот, изразувајќи загриженост за безбедноста на ќерка си, која сè уште се наоѓа во болница.
Случај на партнерско насилство ја вознемири јавноста во Охрид, откако девојка била физички нападната од своето момче, по што, според сведочења пренесени од локални медиуми, била оставена на улица во близина на маркет на „Тинекс“. Министерството за внатрешни работи потврди дека на 15 ноември, во 05:05 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода К.К. (28) од Охрид, по пријава дека физички ја нападнал својата девојка. Според информации што редакцијата ги добила од лица блиски до девојката, кај неа бил констатиран потрес на мозокот, а биле направени и дополнителни медицински испитувања, вклучително и магнетна резонанца.
Според информациите од полицијата, нападот се случил на 15 ноември, околу 2 часот по полноќ, по претходна расправија што започнала во домот на осомничениот, а продолжила во неговиот автомобил. Тој најпрво ја нападнал девојката во возилото, а откако го запрел, продолжил физички да ја удира. Девојката изгубила свест и била пренесена во Општата болница во Охрид, а потоа и во болницата „Св. Еразмо“, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.
Кривична пријава е поднесена против 31-годишен охриѓанец, осомничен дека физички ја нападнал својата 26-годишна девојка и ѝ нанел тешки телесни повреди, поради кои таа завршила во болница. По инцидентот бил приведен и таткото на девојката, осомничен дека упатувал закани кон момчето и неговото семејство. Според информациите од СВР Охрид, против К.К. (31) од Охрид е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“, согласно член 131 став 3 од Кривичниот законик.
Основно јавно обвинителство Охрид активно работи на целосно разоткривање на околностите за грозоморниот настан во Охрид – изјави државниот јавен обвинител Ненад Савески нагласувајќи дека се свесни за значењето на брзото и ефикасно постапување во вакви случаи, особено со оглед на опасноста од овој вид криминалитет и сите претходни случувања во нашата држава. Савески, одговарајќи на новинарски прашања поврзани со случајот со семејно насилство во Охрид, информира дека ги следи состојбите за случајот и има директни информации од раководителот на ОЈО Охрид нагласувајќи дека надлежниот јавен обвинител е во контакт со оштетената, а нејзиниот исказ има исклучително голема доказна вредност. Таму интензивно се работи на разоткривање на целата состојба на работите во овој случај.
Мајката на Сара, која сè уште се наоѓа во болница, преку јавна објава на Фејсбук изнесе сериозни обвинувања за постапките на осомничениот Кристијан, како и за наводното влијание на неговото семејство врз случајот. Таа наведува дека нејзината ќерка, наместо да се посвети на закрепнувањето, живее во страв за сопствената безбедност, особено по информацијата дека осомничениот синоќа бил пуштен на слобода. Во објавата, мајката тврди дека Кристијан се фалел оти неговите родители се доволно моќни за да „средат“ сè, посочувајќи ги неговите родители Љубинка Корабоска, поранешна претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, и Гоце Корабоски, инспектор во УЈП.
ВМРО-ДПМНЕ изразува поддршка и солидарност со Сара и нејзиното семејство и повикува на итна, решителна и неселективна реакција на институциите во заштита на правната држава и жртвите на насилство. За насилството врз жените нема и нема да има место во Македонија. Затоа бараме од надлежните институции, секоја во рамките на своите законски надлежности, да ги преземат сите неопходни мерки и активности за целосно расчистување на случајот и изведување на сторителот пред лицето на правдата, велат од таму.
Ирена Ѓорѓиеска, мајката на Сара, девојката која вчера рано наутро беше претепана и сè уште се наоѓа во болница на лекување, преку објава на Фејсбук јавно реагира дека осомничениот за нападот бил пуштен на слобода, што, како што вели, дополнително ги вознемирило и ја зголемило загриженоста за безбедноста на нејзината ќерка. „Дополнителна вознемиреност и страв предизвикува фактот што маминото синче кое е виновно за сѐ ова синоќа бил пуштен на слобода, тој е син на Љубинка Корабоска, поранешна претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и на Гоце Корабоски, инспектор во УЈП, за кого се зборува дека има блиски релации со Мицкоски. Маминото синче постојано се фалело дека, без оглед на тоа што ќе се случи, неговите родители се доволно моќни за ‘да средат’ сè“, пишува Ѓорѓиеска.
По серијата трагични случаи на насилство врз жени, најновиот случај во Охрид со нападот врз Сара е уште еден аларм дека системот не ја завршува својата најважна задача – да ги заштити сопствените граѓани, вели Бобан Јанкоски, член на ИО на ЛДП. Прашува, колку предупредувања се потребни? „Колку пријави треба да бидат игнорирани?
Бруталниот напад врз младата девојка во Охрид, која преживеала откако била претепана до бесознание, е уште едно алармантно предупредување дека жените не се безбедни ниту кога нивниот живот е непосредно загрозен, велат од ДОМ. „Ова не е изолиран инцидент, туку случај што повторно го отвора прашањето за институционалната заштита на жените и неказнивоста на насилниците, особено кога постојат сомнежи дека влијателни семејни и политички врски можат да послужат како штит. Наводите на мајката за околностите на нападот и случувањата по него се застрашувачки.