Јавното обвинителство побара доживотен затвор за 25-годишниот Трајко Бојковски од Старо Нагоричане, за убиства на четири возрасни, немоќни жени, но и два обиди за убиства. Во завршниот збор обвинителот Лапе посочи дека убиствата се направени заради задоволување на полови нагони врз мртви тела, односно некрофилија. Кај лицето укажа отсуствуваат чувства на емпатија, вина и страв.