Во текот на вчерашниот ден, 03.10.2026 година, службениците од Секторот за борба против шверц при Царината… Во текот на вчерашниот ден, 03.10.2026 година, службениците од Секторот за борба против шверц при Царината на Косово на граничниот премин „Елез Хан“ прегледале возило марка „Шкода Суперб“, со македонски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин. На прашањето дали има нешто да пријави на царина, возачот одговорил дека нема. При деталниот преглед на втората линија, службениците од Секторот за борба против шверц откриле 11.980 евра и 84.500 македонски денари, кои биле скриени и не биле пријавени во согласност со важечките законски прописи во Косово.