Холивудскиот актер Рајан Гослинг најави враќање на својот инди-рок бенд „Dead Man’s Bones“, чија нова музика ќе биде објавена следниот вторник, по пауза од 17 години. Враќањето на бендот беше најавено во видео што на Инстаграм го објави неговата сопруга, Ева Мендес, со пораката: „Го одржа ветувањето“. Бендот го сочинуваат Гослинг и Зак Шилдс, кои во 2009 година го објавија својот прв и единствен истоимен албум за издавачката куќа „Anti-Records“.