Нема термини за снимање, откажуваат апарати, а кога работат и пациентите конечно ќе отидат да го Нема термини за снимање, откажуваат апарати, а кога работат и пациентите конечно ќе отидат да го завршат неопходниот чекор од кој зависи понатамошниот тек на лекувањето, пак чекаат со недели или месеци, овој пат за резултати. Нема радиолог за да ги прочита резултатите, це-де со снимката не може да добиете бидејќи не ни работи режачот на комјутерот. Вакви одговори тврдат дека добиваат дел од пациенти кои имаат метастази, а се обратија до Канал 5, но од страв за понатамошниот третман сакаа да останат анонимни.