Научно истражување во коешто учествувале 50 луѓе кои се нашле на работ на смртта покажува дека, во тие мигови, повеќето доживеале визии за огромни, светли простори, закривени хоризонти или чувство дека се опкружени со светлина. Истражувачката од областа на неврофеноменологијата, Франс Лернер од Универзитетот на Хаифа, Израел, и нејзините колеги се обиделе да ѝ пристапат на оваа појава од визуелен аспект, верувајќи дека овој метод ќе открие обрасци што зборовите не можат целосно да ги доловат. При испитувањата, од учесниците е побарано да го прикажат обликот на просторот што се сеќаваат дека го доживеале, да опишат каде се наоѓале во тој простор, како се движеле низ него и кои бои ги паметат.