Шпанија
Европска Унија
Агенција за безбедност на железницата
Европскиот јавен обвинител
Кабинет на европскиот јавен обвинител
Суд на ревизори
Национална агенција за безбедност на железницата
Прелиминарните наоди укажуваат дека технички дефект, проследен со низа човечки грешки, довел до несреќата во Шпанија , објави весникот „Ел Диарио“. Проблемите започнале околу 8:30 часот наутро во среда, кога софтверски проблем предизвикал системот за контрола на сообраќајот на LZB да престане да работи. И покрај ова, контролниот центар му наредил на машиновозачот на возот „Ренфе АВЕ“ да продолжи со нормална брзина, што, според медиумските извештаи, било спротивно на протоколите за безбедност на железницата, кои во такви околности бараат возење со брзина прилагодена на видливоста, не повеќе од 40 километри на час.
Возовите на компаниите „Ренфе“ и „Ирио“ се судрија денес на брзата линија меѓу Мадрид и Андалузија, поради што сообраќајот беше запрен, објави менаџерот на железничката инфраструктура, а според извештаите на очевидци, има неколку повредени. Несреќата се случила кратко по девет часот во покраината Толедо, објави „Паис“. Во судирот учествувале возот кој сообраќал од Мадрид до Севиља, и возот кој сообраќал во спротивна насока.
Шпанија е завиена во црно, големата трагедија која се случи е главната тема во земјата деновиве, а информациите велат дека меѓу жртвите е и младата Гаљего која настапувала за мадридскиот атлетски клуб АД Спринт. Младата спортистка специјализирала скок во далечина и редовно учествувала на клупските натпреварувања во Шпанија. На 9 октомври го прославила својот 24. роденден, а нејзиниот личен рекорд во скок во далечина изнесувал 5,90 метри.
Најмалку 64 лица загинаа, а повеќе од 179 се повредени во судирот на двата воза утрово во Урда, во покраината Толедо, на линијата Мадрид-Севиља, покажуваат најновите податоци од Службата за цивилна заштита во Кастиља-Ла Манча, објавени од шпанските медиуми. Припадниците на Цивилната гарда на местото на железничката несреќа изјавија дека најмалку четири вагони се превртени, јавува шпанската Антена 3. Портпаролот на Синдикатот на железници, во врска со судирот на два воза во Урда, рече дека „можеме да зборуваме за десетици смртни случаи“. Во изјава за Антена 3, портпаролката на регионалната влада на Кастиља-Ла Манча, Естер Падиља, потврди дека сите повредени се евакуирани од возовите и дека спасувачките екипи ќе продолжат да ги извлекуваат телата.
Сите вработени во контролниот центар на „Адиф“ (Adif) во Мадрид, кои биле во смена за време на тешката железничка несреќа во близина на Урда, биле негативни на алкохол и дрога. Тестирањето го спровела Граѓанската гарда (Guardia Civil) како дел од истрагата за несреќата, во која животот го загубија 68 лица. Истражителите денеска влегле во контролниот центар „H24“ на станицата „Аточа“ во Мадрид, каде што ги тестирале сите оператори кои управувале со сообраќајот во тој момент, пренесуваат шпанските медиуми.
Според официјалните податоци потврдени од портпаролката на регионалната влада, Естер Падиља, во возот на АВЕ имало до 397 патници, додека уште 147 лица патувале со возот Ирјо. На местото на несреќата веднаш била прогласена вонредна состојба, а обемот на катастрофата предизвикал обемна спасувачка операција во која биле вклучени бројни служби за итни случаи, пренесува дневник.хр. Медиумите информираат дека има најмалку 46 мртви и над 100 повредени во железничката несреќа што утрово се случи во Шпанија. Еден од преживеаните патници, Хесус, од вториот вагон на АВЕ, ги опишал драматичните моменти од силниот удар.
Никој не нуди логично објаснување за железничката несреќа во која загинаа најмалку 68 лица во Шпанија. Министерот за транспорт, Оскар Пуенте, ја опиша ситуацијата како „неразбирлива“, а клучното прашање во истрагата е како ниту контролорот, ниту неговите претпоставени не забележале што се случува во текот на цели 17 минути. Толку време му било потребно на брзиот воз „АВЕ“ (AVE) да помине 25 километри и да стигне до запрениот воз на компанијата „Ирио“ (Iryo). Истражителите се обидуваат да утврдат зошто никој не го забележал возот со 397 патници кој се движел кон судир со друг воз, во кој имало 147 патници, пишува весникот „Ел Паис“.
Откриено е дека трет воз продолжил да се движи по спротивната пруга, додека вториот машиновозач морал да исправи неточна наредба добиена од контролниот центар Аточа во Мадрид. Според најновите информации, во несреќата загинале најмалку 74 лица. Според информациите од весникот Ел Корео, кои ги објавија службеници на криминалистичката полиција и извори блиски до Независниот орган за истрага на сообраќајни несреќи (AITAT), кој ја истражува несреќата, ситуацијата на железничката мрежа во среда наутро била... хаотична.
Шпанскиот премиер Педро Санчез денес изјави дека довербата на граѓаните во брзиот железнички систем е нарушена по сериозната железничка несреќа во покраината Толедо, и рече дека должност на владата е да ги утврди причините за трагедијата и да спречи повторување на слични несреќи. „Довербата во брзиот железнички систем во нашата земја е нарушена. Задача на владата не е само да ги утврди причините за тоа што се случило, туку и да понуди решенија за да не се повтори трагедија од ваков размер“, рече Санчез по состанокот на Центарот за координација на вонредни ситуации (CECOPI) во Толедо, пренесува „Паис“.
Институтот за правна медицина и форензички науки на Толедо и Сиудад Реал идентификуваше 66 од 69 лица кои загинаа во железничката несреќа што се случи минатата среда во Урда, во шпанската покраина Толедо, според податоците доставени синоќа од Интегрираниот центар за податоци (CID), додека спасувачките екипи денес продолжуваат со потрагата по човечки останки, а идентификацијата на сите загинати во несреќата исто така продолжува. Привичниот број на жртви останува на 69, според соопштението објавено од CID во недела навечер, кое го објави „Паис“ утрово. Во соопштението се наведува дека 54 од 66 жртви се шпански државјани, четворица од нив се Американци, додека меѓу загинатите има по еден Аргентинец, Канаѓанец, Чех, Французин, Јапонец, Мексиканец, Португалец и Тунижанец.
Од 72 лица пријавени за исчезнати по железничката несреќа во Шпанија, петмина се пронајдени живи. Тројца се пронајдени неодамна, двајца се наоѓаат во болница, а едно лице воопшто не се качило во возот, изјави Емилијано Гарсија-Пахе, претседател на регионалната влада на Кастиља-Ла Манча. Според него, меѓу преостанатите 67 исчезнати лица има 14 странски државјани од Аргентина, Австралија, Канада, САД, Франција, Јапонија, Мексико, Чешка, Тунис и Венецуела, пренесува „Ел Мундо“.
Шпанските власти идентификуваа 56 од 69 загинати во судирот на брзите возови кај Урда. Идентитетот на преостанатите 13 жртви, сите странски државјани, сè уште се утврдува. Центарот за интеграција на податоци (ЦИД), телото задолжено за идентификација на жртвите според шпанскиот протокол за несреќи со голем број настрадани, соопшти дека меѓу идентификуваните има 54 шпански државјани и двајца странци – едно лице од Франција и едно од Португалија.