Квадрат за вртоглави 138.000 долари, станови за 550 милиони и живот без данок на брегот на Медитеранот - добредојдовте во Маретера, новоизградена населба во Монако која официјално ја понесе титулата најскапа во светот, оставајќи ги зад себе дури и најлуксузните населби во Дубаи. На шест хектари земја „украдена“ од морето во Кнежевството Монако, никна комплекс во кој живеат милијардери, возачи на Формула 1 и светската елита. Меѓу најимпресивните згради, се издвојува 17-катната кула „Le Renzo“ , дизајнирана од познатиот италијански архитект и добитник на наградата Прикер, Ренцо Пијано.