Европа ја пречекува зимата со најниски залихи на гас во последните 15 години, додека азиските купувачи се подготвени… Европа и Азија се соочуваат со засилена конкуренција за испораките на течен природен гас (ЛНГ), што во наредните месеци може дополнително да ги зголеми цените на глобалниот пазар, објави „Фајненшл тајмс“. Европската Унија влегува во зимската сезона со најниско ниво на залихи на природен гас во последните 15 години, додека дел од азиските земји, кои во претходната гасна криза беа принудени да се повлечат од пазарот поради високите цени, сега се подготвени да платат повеќе за да избегнат недостиг. Цените на ЛНГ веќе се повеќе од двојно повисоки во однос на периодот пред почетокот на војната меѓу САД и Иран.