Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Наставничка од Дизбург, Германија, е под истрага на јавното обвинителство поради сомневање за измама, откако поминала речиси 17 години на непрекинато боледување, притоа примајќи целосна плата, пренесува „Велт“.
„Надлежното јавно обвинителство покрена постапка против неа откако се открило дека, како државен службеник, таа речиси 17 години примала целосна плата, а во текот на целиот тој период не одржала ниту еден час.