Франција преговара со други европски земји за проширување на своето нуклеарно одвраќање во Европа, бидејќи улогата на САД во регионот се намалува, според „ Волстрит џурнал “ (WSJ). Според весникот, тема на преговорите е распоредување на француски борбени авиони „Рафал“, способни да носат ракети со нуклеарна моќ, во неколку европски земји. Сепак, Франција сака да ја задржи целосната контрола врз своите нуклеарни сили, па затоа другите земји нема да бидат вклучени во процесот на донесување одлуки. Се наведува дека преговорите се во тек со десет земји: Германија, Велика Британија, Полска, Холандија, Белгија, Грција, Финска, Шведска, Данска и Норвешка.