„Бинанс“, најголемата светска берза за криптовалути, вели дека покрила 90% од средствата од 6,3 милијарди долари (4,7 милијарди фунти) украдени во хакерски напад во четврток, објави Би-Би-Си . Останатите 10% може да потраат подолго за да се обезбедат потребните износи, додаде компанијата. „Бинанс“ постојано ветува дека ќе покрие 100% од загубите од она што се сомнева дека е најголемиот хакерски напад на криптовалути досега и рече дека издвоила повеќе од 6,34 милијарди долари од средствата на компанијата за да го стори тоа. „Бинанс ќе го апсорбира финансискиот импакт од овие украдени средства, а не нашите корисници“, се вели во соопштението на компанијата во саботата.