Европа
Ирска
Во вторник, 3 ноември, закани за бомби биле примени за најмалку четири летови во Европа, а сличен инцидент беше регистриран и претходниот ден. Поради извештаите, некои авиони беа пренасочени, а еден аеродром во Полска беше накратко затворен. По извршените безбедносни проверки, не беа пронајдени експлозивни направи.
Патнички авион на „Виз ер“, кој летал од Лондон кон Софија, бил пренасочен кон Будимпешта по добиена закана за бомба за време на летот. Унгарски борбен авион „Грипен“ го придружувал патничкиот авион до безбедното слетување на меѓународниот аеродром „Франц Лист“ во Будимпешта. Информацијата ја потврди унгарскиот министер за одбрана Ромулус Русин-Сенди, кој соопшти дека по добиената закана била активирана итна процедура за воздушна одбрана на НАТО.
Авион на компанијата „Виз Ер“ што леташе од Лондон до Софија денеска беше пренасочен кон аеродромот во Будимпешта откако за време на летот беше примена закана за бомба, објави авиокомпанијата. Унгарскиот министер за одбрана Ромулус Русин-Санди изјави дека е испратен унгарски борбен авион да го придружува авионот до Будимпешта, каде што безбедно слета на меѓународниот аеродром „Лист Ференц“, пренесува „Скај њуз“. Компанијата „Виз Ер“ објави дека авионот е пренасочен во согласност со безбедносните протоколи и процедури, по што е паркиран на одреденото место, каде што надлежните служби започнаа безбедносна проверка на авионот и патниците.
Авион што леташе од Лондон кон Варшава денес изврши вонредно слетување на аеродромот „Варшава-Модлин“, откако е пријавено наводно поставена експлозивна направа во леталото. Поради тоа, аеродромот е затворен, соопштија претставници на аеродромот. Авионот слета во Модлин во 10:01 часот со 181 лице во него, изјави портпаролот на аеродромот „Варшава-Модлин“, Адам Шабловски, пренесува TVN24.
Нов бран на дојави за поставени бомби во патнички авиони ја активираше безбедносната тревога низ Европа. Закани се регистрирани во Франција, во Италија, во Чешка, во Данска и во Португалија. Авион на Визер, на линија Прага – Рим, беше пренасочен кон Венеција, каде патниците беа евакуирани и каде беа извршени безбедносни проверки.
Седум патнички авиони низ Европа, од кои два кои полетаа од Обединетото кралство, беа подложени на проверки по серија закани за поставени бомби. Два лета од Даблин и од Лисабон – беа претресени по слетувањето во Рим, откако биле добиени анонимни дојави. Сепак, експлозиви не биле пронајдени.
Според медиумските извештаи, информацијата за присуство на експлозивна направа во авионот била добиена преку анонимен телефонски повик до контролната кула на аеродромот „Рим-Фјумичино“ – главниот аеродром што го опслужува италијанскиот главен град. Авионот требало да слета во главниот град во 11:00 часот. 📌 Wave of Hoax Bomb Threats Hits European Airports A Wizz Air flight from Prague to Rome was diverted to Venice following a bomb threat, Italian media reported.
Бранот дојави за бомби што во четвртокот предизвика големи нарушувања во европскиот воздушен сообраќај продолжи и во петокот. Најновата безбедносна тревога е забележана на летот на „Рајанер“ (Ryanair) од Рим за Лисабон, откако португалската полиција добила предупредување за можна експлозивна направа во авионот. Нов случај на закана за бомба е забележан во петок наутро на летот на „Рајанер“ кој од Рим пристигнал во португалскиот главен град Лисабон, известува Euronews . Според пишувањето на CNN Portugal , португалската Полиција за јавна безбедност (PSP) добила телефонски повик од лице кое се претставило како службеник на орган за спроведување на законот, кое предупредило за можна експлозивна направа во авионот.
Вистинска безбедносна тревога се случи во воздушниот простор на Србија, откако српската војска итно испрати два борбени авиона за пресретнување на патнички авион на компанијата „Виз ер“, кој летал од Брисел кон Софија. Причина за интервенцијата била дојава дека во патничкиот авион наводно се наоѓа експлозивна направа. При итното ангажирање на воената авијација бил пробиен звучниот ѕид, што предизвикало силни звуци слични на експлозии, кои ги вознемириле жителите на повеќе градови и населени места во централна Србија.
Четири авиони извршија вонредни слетувања на аеродромот „Вацлав Хавел“ во Прага, откако беше упатена . Анонимна закана беше упатена и кон самиот аеродром, што предизвика итна реакција на полицијата. Меѓу авионите што слетаа во Прага имаше два на „Изиџет“ (EasyJet), еден на „Рајанер“ (Ryanair) и еден на „Остријан ерлајнс“ (Austrian Airlines). Портпаролот на чешката полиција, Јозеф Урбан, изјави дека заканата била лажна и дека не се пронајдени експлозивни направи ниту во авионите, ниту на аеродромот. „Внимателно ја следиме ситуацијата.
Унгарија денеска трипати ги крена борбените авиони за да следи патнички летови во унгарскиот воздушен простор по дојави за бомби, додека два авиона кои летаа кон Софија безбедно слетаа, соопштија локалните власти. Унгарскиот министер за одбрана Ромулус Русин-Сенди изјави дека борбените авиони првпат полетале по дојавата за закана на летот на компанијата „Визер“ од Брисел за Софија, а потоа уште двапати поради летови од Прага кон Кипар и Букурешт, пренесува „Гардијан“. Бугарското министерство за транспорт соопшти дека дојави за бомби биле примени и за два лета кон Софија, од Лондон и Брисел, кои безбедно слетаа.
Два ловци на војската на Србија пресретнале авион на Визер на лет од Брисел до Софија по дојава дека содржи експлозивна направа. Авионот беше идентификуван и следен до границата со Бугарија, објави српското Министерство за одбрана. Борбените авиони полетале откако беа известени од Контролата на воздушниот сообраќај на Србија и Црна Гора (СМАТСА). Во највисоко ниво на готовност биле и дел од единицата за противвоздушна одбрана исили за потрага и спасување.
Европската комисија соопшти дека е прерано да се утврди дали низата дојави за поставени бомби до авиокомпаниите е меѓусебно поврзана или, пак, станува збор за координирани хибридни и сајбер-напади. Европскиот комесар за транспорт, Апостолос Ѕиѕикостас, изјави дека Брисел и Европската агенција за безбедност во воздухопловството внимателно ја следат ситуацијата и дека се во контакт со засегнатите земји членки на Унијата, пренесува порталот „Репортер“. „Одговорноста за проценка на безбедносната закана, за истЕУрагата на инцидентот и за спроведувањето соодветни безбедносни мерки лежи првенствено на релевантните национални власти и на нивната соработка со операторите на аеродромите, со авиокомпаниите и со безбедносните сили“, нагласи Апостолос Ѕиѕикостас на неформалниот состанок во Даблин.
Се покажа дека дојавите биле лажни, што секако не значи следните нема да бидат вистински. Не е изненадувачки што истовремените и координирани лажни дојави за бомби против авиокомпании, заедно со други злонамерни активности ширум Европа, наведуваат одредени поединци да се посомневаат во Русија. По серијата сајбер-напади и мистериозните појави на дронови над чувствителни објекти на почетокот на оваа година, во последните денови се забележани и хакерски напади врз замрзнувачи во супермаркети, како и врз една банка за крв.