Во Краков денеска е прогласена жалост до 11 ноември по нападот на Главниот плоштад, во кој напаѓач со карабин пукал кон случајни минувачи, при што уби шест лица, а рани 15. – Прогласив денови на жалост во Краков до 11 ноември – соопшти градоначалникот на Краков, Лукаш Гибала, потврдувајќи дека во градот заседава кризен штаб во чија работа ќе учествуваат и министерот за внатрешни работи Марчин Кјервински и премиерот Доналд Туск. Полицијата соопшти дека напаѓачот убил шест лица, четири жени и двајца мажи, додека најмалку 15 лица се повредени, меѓу кои и двајца полицајци. Според сознанијата на порталот „Онет.пл“, напаѓачот со црн автомобил „субару“ влетал на Главниот плоштад во Краков, каде што во тоа време, околу 15 часот, имало голем број туристи.