Украинските сили соопштија дека за првпат успешно евакуирале ранет војник директно од фронтот со помош на… Украинските сили соопштија дека за првпат успешно евакуирале ранет војник директно од фронтот со помош на тежок воздушен дрон, откако минското поле и интензивната активност на руските беспилотни летала го оневозможиле неговото извлекување со копнени средства. Според украинските медиуми, во операцијата учествувале припадници на 92-та одделна јуришна бригада, 30-та одделна механизирана бригада и други воени единици. За евакуацијата бил употребен хексакоптер „Ајудаг-6“, произведен од украинската компанија „Гурзуф дифенс“, кој бил приспособен за транспорт на повредениот војник.