Кина планира да ја лансира својата прва мисија со екипаж на Месечината пред 2030 година, за време на која се очекува двајца од вкупно тројца астронаути да слетаат на нејзината површина, беше објавено на Седмиот кинески симпозиум за вселенски летови со екипаж, што се одржа во Пекинг во саботата. Ванг Сјанг, заменик-главен проектант на кинеската програма за вселенски летови со екипаж и главен проектант на програмата за истражување на Месечината, изјави дека екипажот на првата кинеска мисија е планирано да се состои од тројца астронаути, од кои двајца ќе останат на површината на Месечината, пренесува Глобал тајмс. Мисијата ќе се заснова на моделот на средба и спојување на вселенски летала во орбитата на Месечината, со употреба на два лансери „Лонг Марч-10“.