Нерешените судски предмети, од кои некои се влечат и со години, според економистот и извршен директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија, проф. Арбен Халили , правната неизвесност делува како скриен данок за целата економија. Цената е голема, но најголемиот дел од неа не се гледа директно, бидејки секој нерешен предмет значи пари што стојат заробени, односно неисплатени фактури, блокирани сметки, имот што не може да се продаде или да се стави под хипотека, изјави за „Локално“, Халили.