На денешната надзорна расправа во Собранието во рамки на Комисијата за финансирање и буџет, на тема „ Причини за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“, се обрати пратеничката Ели Панова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, која истакна дека случајот со Алта банка во изминатиот период бил проследен со бројни јавни реакции, политички прес-конференции и изјави, пред се од страна на СДС, со кои, како што истакна, во јавноста била создадена загриженост за стабилноста на банкарскиот систем и сигурноста на депозитите на граѓаните. Таа нагласи дека е неопходно да се направи јасна разлика меѓу политичките интерпретации и институционално утврдените факти, особено имајќи предвид дека станува збор за две одделни правни лица во две различни држави, со различни надлежни регулатори. „Изминатиот период случајот со Алта банка беше проследен со голем број на јавни реакции , политички прес-конференции и изјави, пред се од страна на СДС на што сведоци сме и денес со коишто во јавноста се создаде сериозна загриженост за стабилноста на банкарскиот систем и безбедноста на депозитите на граѓаните.