Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски учествуваше на Самиотот посветен на отпорноста во Северна Рајна-Вестфалија, при што на панелот „Отпорност како императив за севкупното општество” истакна дека веќе 15 години Македонија не е членка на ЕУ заради вештачки прашања, а сега се соочува со друго барање од членка на ЕУ, а сето тоа може да се гледа и како на рушење на отпорноста на Унијата. „Во Дизелдорф учествував на Самитот посветен на отпорноста во Северна Рајна-Вестфалија, каде на панелот „Отпорност како императив за севкупното општество” истакнав дека Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ заради вештачки прашања. Сега се соочуваме со вештачко барање од земја членка ма ЕУ, а сето тоа може да се гледа и како на рушење на отпорноста на ЕУ, а кога постои таква дупка во системот, тогаш станува збор за ранливост на системот.