Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
„Министерството за внатрешни работи планира да го прошири проектот „Безбеден град“ со мобилни камери за контрола на брзината, како и со уреди вградени во полициските возила, кои ќе можат да регистрираат сообраќајни прекршоци и додека се во движење - најави денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Тошковски рече дека ќе се работи на утврдување на сите критични сообраќајни точки низ државата, како во урбаните средини, така и на магистралните и експресните патишта.
„Министерот за внатрешни работи најави и дека системот „Безбеден град“ во првата недела од декември официјално ќе започне да се применува и на подрачјето на СВР Струмица.