Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски, директорот на Центарот за развој на… Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски, директорот на Центарот за развој на Источно планскиот регион (ИПР), Трајче Здравков денеска го потпишаа договорот за реконструкцијата на ракометното игралиште и набавка на нов котел за греење во Средното општинско училиште (СОУ) „Наум Наумовски-Борче“. Градоначалникот на општина Пробиштип, Тоневски истакна дека проектот опфаќа набавка и поставување на нов, резервен котел, со што ќе се обезбеди сигурна и ефикасна грејна сезона за учениците и наставниот кадар. Проектот опфаќа и целосна реконструкција на ракометното игралиште со поставување на нова спортска подлога, обнова на заштитната мрежа, санација на трибините и поставување нови столчиња, како и поставување нови рефлектори.