Група поддржувачи на победничката иницијатива „Студентската листа“ на 26 октомври организираа протест во Белград, кој ескалираше со насилен упад во просториите на телевизијата и дневниот весник „Информер“. Демонстрантите, меѓу кои беа и членови на семејства на жртви од несреќата во Нови Сад, упаднаа во зградата за време на програма во живо, барајќи одговорност за уредувачката политика.
Дел од центарот на Белград е затворен за сообраќај, а изменети се и трасите на јавниот превоз на потегот од Славија кон Теразие, јавува агенцијата ФоНет. Со заштитни огради е блокиран делот од крстосницата кај Лондон кон Теразие, како и правецот од Теразие кон улицата „Крал Милан“. На терен е забележано и засилено полициско присуство.
Автобуси полни со припадници на жандармеријата влегле во зградата на Собранието на Србија, објавија дел од српските медиуми. Засилено полициско присуство има низ центарот на градот, особено пред зградата на Републичката изборна комисија (РИК). @INinic Zandarmerija upravo u centru Beograda ! RIK vec satima BLOKIRAN. https://t.co/KI4HU6UyYl — GiorgioSanto (@GiorgioSanto9) October 25, 2026.
Припадници на српската Жандармерија со автобуси пристигнале во зградите на Собранието на Србија и Стариот двор во Белград, додека полициското присуство во центарот на градот е засилено. Специјални полициски сили се распоредени и пред зградата на Републичката изборна комисија (РИК), објави „Нова.рс“. Во центарот на Белград биле забележани и возила наменети за разбивање демонстрации, а на автопатот била забележана колона полициски комбиња.
Илија Срдановиќ, носителот на Студентска листа, ги повика граѓаните да останат достоинствени и да не посегнуваат по никаков вид насилство, во порака преку социјалната мрежа Инстаграм, објавуваат српските медиуми. „Почитувани сограѓани, ве молиме останете до крајот на изборниот процес, а и понатаму – мирни и достоинствени, како што бевте до сега. Изборите сè уште не се завршени, резултатите од изборите не се објавени.
Суштината на движењето што го започнаа студентите во Србија е отвореноста за конструктивна соработка и дијалог со сите партии, вели Илија Срдановиќ, носителот на победничката изборна листа на вонредните парламентарни избори во Србија, и додаде дека тоа сигурно ќе биде фактор за стабилизирање на добрососедските односи во наредниот период. Запрашан како ќе го изберат новиот српски премиер и министрите и кој ќе ги носи тие одлуки, Срдановиќ во своето прво интервју по победата дадено за хрватскиот портал „Индекс“, рече дека студентите избрале 250 експерти од различни области: економисти, правници, финансиски експерти, спортисти, културни работници, лекари, едукатори. Практично, додаде Срдановиќ, нема сегмент од општеството што не е опфатен со ширината на оваа листа.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска телефонски разговарал со проф. д-р Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија, на кого му ја честитал изборната победа и му посакал успех во периодот што следува. Мицкоски информацијата ја објави преку својот профил на Фејсбук, посочувајќи дека очекува продолжување на добрите односи меѓу двете земји. „Верувам дека добрите меѓудржавни односи, меѓусебното почитување и соработката меѓу двете земји ќе продолжат да се развиваат во интерес на граѓаните на Македонија и Србија“ , напиша Мицкоски.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска телефонски разговарал со проф. д-р Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа, која победи на предвремените парламентарни избори во Србија. „Му честитав за постигнатиот изборен резултат и победа, и му посакав успех во периодот што следува. Верувам дека добрите меѓудржавни односи, меѓусебното почитување и соработката ќе продолжат да се развиваат во….
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и главниот и одговорен уредник на телевизијата и порталот „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ, се огласија по упадот на група граѓани во просториите на медиумот во Белград. Вучиќ го осуди инцидентот, оценувајќи го како напад врз слободата на изразување и новинарството, додека Вучиќевиќ изнесе тврдења за насилство, оштетување на имотот и обид за прекинување на телевизиската програма. Александар Вучиќ изјави дека случувањата во „Информер“ претставуваат сериозен инцидент и напад врз слободата на јавното изразување.
Најновите вести за изборите во Србија следете ги ОВДЕ . Драган Ј. Вучиќевиќ, главниот уредник и сопственик на српскиот таблоид „Информер“, утрово дошол на гласање со сопругата, но додека чекал во редот на избирачкото место, дел од присутните почнале да го провоцираат. Според српскиот портал „Нова.рс“, неколкумина граѓани почнале да имитираат ржење на коњ, на што други присутни реагирале со аплауз. Во видеоснимката се слушаат и дофрлувања како „Гледај колку те сакаат луѓето“ и „Убаво му почна утрото“.
Група од неколку десетици граѓани вечерва упадна во редакцијата на таблоидот и телевизијата Информер.рс за време на програмскиот сегмент Колегиум, кој се емитува во живо. ТВ Информер важи за едно од главните пропагандни гласила на српскиот претседател Александар Вучиќ. Меѓу граѓаните кои влегоа во телевизијата беше и Дијана Хрка, мајка на Стефан Хрка, кој загина при уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.
Поранешниот претседател и премиер на Србија, како и поранешен претседател на Српската напредна партија (СНС), Александар Вучиќ, реагираше на упадот на неколку десетици граѓани во зградата на телевизијата Информер, оценувајќи дека станува збор за напад врз слободата на изразување, јавниот говор и новинарството, објавува телевизијата Н1. „Вечерва гледавме насилство без преседан, монструозно насилство. Нападот врз Информер е напад врз слободата на изразување, слободата на јавниот говор, слободата на новинарството“, кажа Александар Вучиќ во видео обраќање на Инстаграм. „Молчи и Европската Унија, молчат сите, многу новинарски здруженија молчат, колеги новинари, бидејќи претпоставувам дека имаат право да се изживуваат врз Драган Ј. Вучиќевиќ“, кажа Вучиќ.
Собранието денеска, 26. октомври 2026. година, не ја изгласа интерпелацијата за министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, поднесена од Левица. За интерпелацијата гласаа 19 пратеници, 63 беа против, а воздржани немаше, со што Божиновска останува на министерската функција. Расправата што му претходеше на гласањето отвори многу поширока дебата од прашањето за политичката одговорност на една министерка.
Собранието утре ќе ја разгледува интерпелацијата за работата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, поднесена од Левица која ја обвинува за лошо управување со енергетскиот сектор, нови задолжувања на државните компании и недоволна заштита на јавните ресурси. Од партијата наведуваат дека под раководство на Божиновска, ЕСМ се соочува со нови задолжувања, додека произведената електрична енергија се продава под производната цена. Истовремено, според Левица, фирмите под капата на ЕВН остваруваат десетици милиони евра профит, а граѓаните плаќаат повисоки сметки за струја и парно, поскапо гориво и повисоки мрежни трошоци.
На дневен ред на денешната собраниска седница е и интерпелацијата за работата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, поднесена од пратениците на Левица. Според нив, зад интерпелацијата стојат задолжувањата на државниот енергетски систем, неиспорачаните резултати во изминатиот период, особено во делот на енергетиката. Пратениците денеска ќе расправаат и за предлогот за избор на член на Судскиот совет, предлог одлуката за именување на член на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, како и предлог одлуката за именување на член на Управниот одбор на Агенцијата за цивилно воздухопловство.
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска во Собранието го образложи предлогот за интерпелација на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, посочувајќи дека Министерството кое беше формирано со ветување дека ќе стави ред во енергетскиот систем, по две години не понудило решение за ниту еден од неговите клучни проблеми. Мециновиќ посочи дека политичката одговорност на министерката не може да се сведе на формалните ингеренции на Министерството, туку подразбира предлагање политики, предупредување за системските ризици и координација во рамките на Владата. Како прв пример го посочи финансиското пропаѓање на ЕСМ.
Западниот Балкан треба да разгледува можности за поблиско економско интегрирање со Европската Унија, наместо целокупните очекувања да ги врзува за брзо политичко членство, оцени Илија Димовски во „Тема на денот“ на Сител. Поранешниот прате.
Македонија треба активно да ги идентификува и да им пристапи на инвеститорите што поради политичката неизвесност во Србија би ги преиспитале своите планови, оцени поранешниот пратеник Илија Димовски во гостувањето во „Тема на денот“ на Сит.
Дали и какво влијание ќе имаат изборните циклуси во Србија и Бугарија врз Македонија? Според Раби Седрак, директор на Институтот за меѓународни стратегиски и безбедносни студии, вистинското прашање по изборите кај нашите соседи е кој повеќе ќе продолжи да вложува во коридорите 8, и 10 како исклучителни важни инфраструктурни проекти за целиот регион. Источниот сосед како оружје единствено го има ветото кон нашата држава, а секогаш кога Бугарија прави сопки државава економски политички и културно се врти кон Србија, вели Седрак.
Кој и да победи на утрешните претседателски избори во Бугарија позицијата кон Македонија нема да се смени, смета политичкиот аналитичар Петар Аросовски. За македонските евроинтеграции главна пречка ќе си остане барањето за внесување на Бугарите во Уставот. Мислам дека без оглед на исходот на претседателските избори, позицијата на Бугарија кон Македонија нема да се смени, се работи за структурна и стратешка позиција во основа која вели дека сегашната преговарачка рамка е европски консензус и тука нема простор за отстапки и не верувам дека тој став може да се смени од било кој индивидуален политичар во Бугарија, па дури и од претседател, изјави Петар Арсовски, политички аналитичар.
Ќе дува умерен до засилен, наместа повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени. Во Скопје, променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
Во понеделник на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (над 50 km/h). Утринските температури се движат од 4 до 11, а највисоките дневни соодветно ќе бидат меѓу 11 и 20 Целзиусови степени.
Утре времето ќе биде променливо облачно, а во северните делови од земјата се очекуваат врнежи од дожд, кои на повисоките планини ќе преминуваат во снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во среда и четврток се очекува релативно стабилно време, додека во петок и за време на викендот повторно ќе има услови за појава на врнежи. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, кој денеска и утре наместа долж Повардарието повремено ќе засилува и ќе достигнува силен интензитет.
Времето утре ќе биде променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен, наместа повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени. Во Скопје, променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд.
26 окт – 30 окт17. ЕХО – Фестивал на планински филмСкопје
Платен влез — потребен е билет · 200 ден25 окт – 27 октСКЕЈТБОРДИНГОТ НЕ Е ЗА ДЕВОЈЧИЊА - Проекции | КОТУР КАФЕ И ФИЛМСкопје
Влез слободен — без билет и без пријава26 окт – 1 ноеКрводарителски акцииниз целата земја
Платен влез — потребен е билет26 окт – 6 ноеКурсеви по француски јазик - зимска сесијаФранцуски институт во Скопје
Платен влез — потребен е билет26 окт – 30 окт☕️✨ ВАШЕТО УТРИНСКО КАФЕ ВO LUX CAFFE!Lux Caffe · Скопје
29Cineplexx Skopje
22Македонски народен театар
20Македонска филхармонија
13Драмски театар Скопје
13Киноверзум Велес
9Public Room
8Арена Борис Трајковски
650та Дивизија
6Центар за култураP5Portal
5Киноверзум Драчево
5Национална опера и балет
5СЦ Јане Сандански
4Ведра Едукација
4Лабораториум
3East Gate Mall
3Stanica 26
3Киноверзум Кисела Вода
3Македонски Брод
3Скопје
2Long Play
2Љубов бар
2Струмица
2Трикала и Каламбака

Сите места ›
26 окт – 30 окт17. ЕХО – Фестивал на планински филмСкопје
Платен влез — потребен е билет · 200 ден25 окт – 27 октСКЕЈТБОРДИНГОТ НЕ Е ЗА ДЕВОЈЧИЊА - Проекции | КОТУР КАФЕ И ФИЛМСкопје
Влез слободен — без билет и без пријава26 окт – 1 ноеКрводарителски акцииниз целата земја
Платен влез — потребен е билет26 окт – 6 ноеКурсеви по француски јазик - зимска сесијаФранцуски институт во Скопје
Платен влез — потребен е билет26 окт – 30 окт☕️✨ ВАШЕТО УТРИНСКО КАФЕ ВO LUX CAFFE!Lux Caffe · Скопје
Бесплатен влез со задолжителна регистрација — пријави се кај организаторот пред настанот26 окт – 13 ноеОбука „Дигитални иновации и психосоцијална отпорност“Меѓународен Славјански Универзитет · Свети Николе

+310 настани ›По обработувањето на 100 отсто од избирачкиот материјал, двојката претседателски и потпретседателски кандидат Илијана Јотова – Кирил Валчев добил 34,75 отсто со што го презема водството пред тандемот Андреј Ѓуров – Георги Кандев – 31,95 отсто од гласовите, соопшти во понеделникот вечерта бугарската централна изборна комисија. Така, атуелната бугарска претседателка Илијана Јотова добива тесна предност по првиот круг од претседателските избори во Бугарија во неделата пред поранешниот привремен премиер Андреј Ѓуров. Јотова се залага за дијалог со Москва за завршување на војната во Украина, додека Ѓуров е поддржан од прозападната опозиција.
Бугарија денеска избира претседател и потпретседател во гласање што доаѓа по уште еден бурен политички период и во момент кога војната во Украина повторно се приближи до бугарското непосредно соседство. На изборите се регистрирани 27-мина кандидатски двојки, а актуелната претседателка Илијана Јотова влегува во трката како убедлив фаворит, иако анкетите и очекуваната излезност упатуваат дека конечната одлука најверојатно ќе биде донесена во втор круг на 1 ноември. Ова не се избори на кои вниманието е насочено само кон тоа кој ќе ја преземе претседателската функција во следните пет години.
Бугарските граѓани денеска гласаат на претседателските избори на кои учествуваат дури 27 кандидати, во услови на зголемена загриженост за безбедноста во Црното Море по нападите со беспилотни летала врз трговски бродови во близина на бугарскиот брег. Според анкетите, во водство е вршителката на должноста претседателка, Илијана Јотова (61), со поддршка од 41 отсто од гласачите. Нејзин најсериозен противкандидат е поранешниот привремен премиер Андреј Ѓуров (50), кој има поддршка од 28 отсто.
Само 265 од над 3.500 декларирани Бугари во Македонија се пријавиле да гласаат на бугарските претседателски избори.
Само еден ден откако го призна својот изборен пораз, Александар Вучиќ повторно се обрати до јавноста, овој пат со многу поостра порака. Повод беше упадот од страна на група граѓани во студиото на телевизијата „Информер“, еден од најгласните медиумски поддржувачи на неговата претходна влада. Вучиќ го нарече настанот „монструозно насилство“, го обвини победничкото студентско движење за неодговорност и рече дека неговата политичка страна нема намера да се повлече.
Ја обвини ,,Длабоката држава" за поразот.
Пејачката Северина не ги криеше емоциите откако листа предводена од студенти прогласи победа на вонредните парламентарни избори во Србија, а претседателот Александар Вучиќ го призна поразот. На својот профил на Инстаграм, таа објави серија видеа од прославите на улиците во Србија, притоа повторно јавно изразувајќи им поддршка на студентите – став што го застапува уште од почетокот на нивните протести. „Толку сум горда на вас, СТУДЕНТИ – до солзи!“ – напиша Северина покрај една од своите објави.
Движењето што се роди од огромна трагедија започна со студентски блокади на сообраќајниците, а прерасна во речиси секојдневни протести и сенароден бунт против корупцијата и негрижата на владата. За помалку од две години, студентите успеаја да стават крај на 14-годишната политичка доминација на Александар Вучиќ, чија Српска напредна партија (СНС) гледаше како нејзината поддршка постепено опаѓа, сè до конечниот пораз на изборите кои се претворија во референдум за иднината на Србија, пишува Би-Би-Си во анализата на вчерашните историски избори во Србија. Од Белград, преку Нови Сад, до Ниш, владееше еуфорија додека приврзаниците се собираа во центрите на градовите и пред седиштето на листата „Студентите победуваат“.
Поранешниот пратеник Илија Димовски, гостувајќи во Дневникот на Сител ТВ, изјави дека Србија сега поминува низ процес сличен на оној што Македонија го поминала пред десет години со Шарената револуција. Според него, од денешна временска дистанца, Шарената револуција се покажала како неуспешна. Димовски оцени дека од Шарената револуција најмногу биле разочарани токму нејзините поддржувачи.
Она што се случи во Србија е една парадигма која што досега не е видена во Европа, па можеби и во светот. Секогаш студентите се вечната политичка пролет. Тие се предвесникот на промени во едно општество.
Професорот и екс-министерот Љубомир Фрчкоски го споредува студентското движење во Србија и победата на вчерашните избори со „Шарената револуција“ во Македонија од 2016 година. Според Фрчкоски, од тие две линии – „токсичната и ганстерска идеологија на сега веќе поранешната српска власт и истовремено алтернативата која покажа дека граѓанското движење може да биде доволно јако и да сруши толкав режим, што се надоврзува на нашето искуство од „Шарената револуција“. Професорот очекува „домино-ефектот“ да продолжи и во нашата земја, но вели: „не знам како во Македонија ќе се разбудат тие граѓански сили и како ќе се спојат со опозицијата бидејќи тоа спојување ќе биде битно“.
Британскиот министер за одбрана, Вес Стритинг, предупреди дека Велика Британија мора да биде подготвена за војна во следните 1.000 дена, поради засилените руски хибридни активности против НАТО. Во авторски текст за британски „Телеграф“, Стритинг предупреди дека непријателските држави би можеле да бидат способни да ја нападнат Велика Британија до 2030 година, поради што земјата, заедно со сојузниците, мора да биде подготвена за борба и победа. „Мојот главен приоритет е да обезбедам земјата да биде подготвена да се бори и да победи во војна.
Британскиот министер за одбрана Вес Стритинг изјави дека Велика Британија мора да биде подготвена за војна во наредните 1.000 дена бидејќи нејзините противници би можеле да бидат во позиција да ја нападнат до 2030 година и предупреди дека Русија го засилува хибридното војување против НАТО. „Мојот главен приоритет е да обезбедам оваа земја да биде подготвена да води и да добие војна“, напиша Стритинг во колумна за британскиот „Телеграф“. Тој наведе дека за да се спречи најлошото сценарио, Велика Британија мора да се подготви за него, првенствено со зајакнување на своите воени капацитети за да ги одврати противниците од напад.
Велика Британија има нешто повеќе од 1.000 дена за да се подготви за можен воен конфликт, предупреди британскиот министер за одбрана Вес Стритинг , посочувајќи дека противниците на земјата би можеле да бидат во позиција да ја нападнат до 2030 година. Стритинг го упати предупредувањето во авторски текст за „Телеграф“, во кој ја нагласи потребата од забрзување на подготовките на британските вооружени сили и зајакнување на одбранбените капацитети во соработка со сојузниците.
Британскиот министер за одбрана, Вес Стритинг, предупреди дека Велика Британија мора да биде подготвена за војна во следните 1.000 дена, поради засилените руски хибридни активности против НАТО. Во авторски текст за британски „Телеграф“, Стритинг предупреди дека непријателските држави би можеле да бидат способни да ја нападнат Велика Британија до 2030 година, поради што земјата, заедно со сојузниците, мора да биде подготвена за борба и победа. „Мојот главен приоритет е да обезбедам земјата да биде подготвена да се бори и да победи во војна.
Шведските владини служби од денеска ја забранија употребата на веб-верзиите на ChatGPT и Claude на службените компјутери поради ризици за безбедноста на чувствителните податоци. Одлуката следува по ревизија на алатките за вештачка интелигенција, спроведена претходно годинава од Шведската управа за транспорт, при која биле утврдени проблематични практики во државните институции. Надлежните предупредуваат дека внесувањето службени информации во овие платформи, без соодветни договори за заштита на податоците, може да доведе до нивно складирање и користење за понатамошно тренирање на моделите.
Вработените во шведските владини служби од денеска повеќе не смеат да ги користат веб-верзиите на ChatGPT и Claude на службените компјутери, поради ризици поврзани со безбедноста на чувствителните податоци, објави „Еуроњуз“. Одлуката следува по ревизијата на алатките за вештачка интелигенција што претходно годинава ја спровела Шведската управа за транспорт, при што биле утврдени проблематични начини на нивна употреба во државните институции. Надлежните предупредуваат дека внесувањето чувствителни информации во овие платформи, без соодветни договори за заштита на податоците, може да доведе до нивно складирање и користење за понатамошно тренирање на моделите.
Вработените во шведската влада од денес повеќе не смеат да ги користат ЧетГПТ и Клод во верзиите на интернет-прелистувачите на службените компјутери. Одлуката е донесена поради ризиците поврзани со безбедноста на чувствителните податоци. Оваа мерка е резултат на ревизијата на алатките за вештачка интелигенција (ВИ) што претходно годинава ја спроведе Шведската управа за транспорт.
Владините службеници во Шведска повеќе не смеат да ги користат услугите на вештачката интелигенција Чет ГПТ (ChatGPT) на компанијата ОпенАИ (OpenAI) и Клауд (Claude) на Анторпик (Anthropic) на работното место поради потенцијални безбедносни ризици. Забраната стапува на сила на 26 октомври и таа е воведена за да се осигури дека цивилните службеници користат исклучиво алатки за вештачка….
Владата на Нигерија претходно соопшти дека жена заразена со ебола – сопруга на швајцарски дипломат – утрово заминала за Швајцарија со специјален лет за медицинска евакуација. Во авионот бил и нејзиниот сопруг. Според веб-страниците за следење летови, авионот пристигнал во Швајцарија попладнево.
Маж за кој постои сомневање дека е заразен со ебола пристигна од Нигерија во Швајцарија, каде што беше примен во Универзитетската болница во Цирих, потврди денеска портпаролот на болницата, пренесуваат британските медиуми. Нигериската влада претходно објави дека жена заразена со ебола, сопруга на швајцарски дипломат, отпатувала во Швајцарија утрово со специјален лет за медицинска евакуација. Нејзиниот сопруг, исто така, бил во авионот.
Маж за кој постои сомневање дека е заразен со ебола пристигна од Нигерија во Швајцарија, каде што беше примен во Универзитетската болница во Цирих, потврди денеска портпаролот на болницата, пренесуваат британските медиуми. Нигериската влада претходно објави дека жена заразена со ебола, сопруга на швајцарски дипломат, отпатувала во Швајцарија утрово со специјален лет за медицинска евакуација. Нејзиниот сопруг, исто така, бил во авионот.
Додека Министерството за економија и труд уверува дека нивната нова пресметка нуди објективна слика за реалната потрошувачка на домаќинствата, бројките на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) алармираат за суровата реалност. Разликата од над 12.000 денари помеѓу двете кошници го отвора клучното прашање: Дали власта пресметува достоинствен, нормален живот или едноставно дефинира математичка формула за месечно преживување? Според последните податоци, просечната потрошувачка кошница на Министерството за економија за септември изнесуваше 58.117 денари . Од друга страна, Синдикалната минимална кошница на ССМ незапирливо расте и во октомври ја проби психолошката граница, достигнувајќи 70.358 денари . Каде исчезнуваат тие 12.241 денар разлика?
На денешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС), социјалните партнери дискутираа за повеќе прашања од значење за работниците, работодавачите и животниот стандард на граѓаните, со посебен акцент на просечната потрошувачка кошница изготвена од Министерството за економија и труд. Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, истакна дека целта на новата методологија за пресметка на потрошувачката кошница е да се обезбеди објективен, транспарентен и статистички заснован приказ на реалните трошоци на домаќинствата, кој ќе претставува основа за креирање квалитетни економски и социјални политики. „Нашата цел не е да покажеме пониска бројка, туку да обезбедиме проверлива, транспарентна и статистички заснована слика за трошоците на домаќинствата.
Животот во септември бил поевтин отколку во август, пресмета државата. Министерот за економија Дурмиши, по седницата на Економско-социјалниот совет, рече дека просечната потрошувачка кошница за четиричлено семејство е намалена за над 350 денари и изнесува околу 58.100 денари. Уверува дека нема местење на бројките.
Просечната потрошувачка кошница за четиричлено домаќинство во септември изнесувала 58.117 денари, што е за 358 денари помалку во однос на август, но за 1.736 денари повеќе споредено со јануари, информираше денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши по седницата на Економско-социјалниот совет (ЕСС). На седницата се разговарало и за можните измени поврзани со неработните денови, работата во недела и плаќањето по работен час, но не биле доставени конкретни предлози. Дурмиши по седницата на ЕСС изјави дека пресметката на Министерството за потрошувачката кошница има за цел да обезбеди проверлива, транспарентна и статистички заснована слика за трошоците. Нашата цел не е да покажеме пониска бројка, туку да обезбедиме проверлива, транспарентна и статистички заснована слика за трошоците на домаќинствата.
Со оглед на тоа што тргувањето со акции поврзани со вештачка интелигенција во последно време забавува, а каматните стапки растат, IPO-то на Anthropic добива невообичаено големо значење.
Додека Антропик забрзано се подготвува да ги изнесе своите акции на берзата, трговијата со вештачка интелигенција покажува пукнатини, кои не се ограничени само на маргиналните играчи.
Американската компанија за вештачка интелигенција „Anthropic“, развивач на моделите Claude, објави документи за планираната почетна јавна понуда (IPO) на акции во САД. Компанијата поднесе документ за регистрација со формуларот S-1 до американската Комисија за хартии од вредност и берзи (SEC), објави Reuters. Документот ги презентира финансиските резултати, изгледите за раст и ризиците со кои се соочува компанијата.
Дебито на пазарот на AI компанијата зад чат-ботот Claude ќе биде едно од најголемите во историјата на САД и тест за нејзината финансиска одржливост. Anthropic јавно поднесе барање за берзанско котирањ.
Во Франција се запленети 68 килограми кокаин во товарно моторно возило управувано од 44-годишен македонски државјанин со иницијали М. Ф., информира Министерството за внатрешни работи. Заплената била извршена на француската наплатна станица „Фонтен“, по оперативна дојава од македонската полиција. Информациите биле обезбедени од Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за криминалистичка полиција, а преку Секторот за меѓународна полициска соработка и Европол биле доставени до надлежните француски органи.
Како резултат на успешната меѓународна полициска соработка и навремената размена на оперативни информации од страна на Бирото за јавна безбедност при МВР, на територијата на Франција, на наплатната станица Фонтен, запленети се 68 килограми кокаин, пронајдени во товарно моторно возило управувано од македонскиот државјанин М.Ф.(44), соопшти денеска МВР. Од таму додаваат дека заплената е резултат на оперативни информации обезбедени од Одделот за криминалистичка полиција, односно Единицата за недозволена трговија со дрога, кои преку Секторот за меѓународна полициска соработка и Европол биле доставени до надлежните француски органи. Ова е втора успешна меѓународна акција во период од еден месец, по претходната соработка со грчката полиција, која резултираше со заплена на 324 килограми марихуана.
Акцијата е спроведена врз основа на оперативни информации од македонската полиција.
Како резултат на успешната меѓународна полициска соработка и навремената размена на оперативни информации од страна на Бирото за јавна безбедност при МВР, на територијата на Франција, на наплатната станица Фонтен, запленети се 68 килограми кокаин, пронајдени во товарно моторно возило управувано од македонскиот државјанин М.Ф.(44), соопшти денеска МВР. Од таму додаваат дека заплената е резултат на оперативни информации обезбедени од Одделот за криминалистичка полиција, односно Единицата за недозволена трговија со дрога, кои преку Секторот за меѓународна полициска соработка и Европол биле доставени до надлежните француски органи. Ова е втора успешна меѓународна акција во период од еден месец, по претходната соработка со грчката полиција, која резултираше со заплена на 324 килограми марихуана.
Во текот на изминатите три дена (23/24/25.10.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 2720 издадени платни налози, 1360 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 67 лица, од кои седум за возење под дејство на алкохол, 21 за возење без возачка дозвола, осум поради претходно изречена забрана за управување со возило, три поради возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место, а едно лице поради возење со брзина поголема од дозволената надвор во населено место. Во истиот период одземени се 27 возила по член 300-б од Кривичниот законик.
Полициските службеници во текот на изминатите три дена, од 23 до 25 октомври, констатирале вкупно 2.720 сообраќајни прекршоци на патиштата низ државата. Од нив, 1.360 се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Како резултат на редовните сообраќајни контроли, 67 лица биле лишени од слобода за безобѕирно управување со возило.
Во текот на изминатите три дена како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 2.720 издадени платни налози, 1.360 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, соопшти МВР. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 67 лица, од кои седум за возење под дејство на алкохол, 21 за возење без возачка дозвола, осум поради претходно изречена забрана за управување со возило, три поради возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место, а едно лице поради возење со брзина поголема од дозволената надвор во населено место. Во истиот период одземени се 27 возила по член 300-б од Кривичниот законик.
Во текот на изминатите три дена (23/24/25.10.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 2720 издадени платни налози, 1360 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР. „Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 67 лица, од кои седум за возење под дејство на алкохол, 21 за возење без возачка дозвола, осум поради претходно изречена забрана за управување со возило, три поради возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место, а едно лице поради возење со брзина поголема од дозволената надвор во населено место. Во истиот период одземени се 27 возила по член 300-б од Кривичниот законик.
Премиерот вечерва присуствуваше на изложбата „Револуција во кадар - ВМРО низ фотографии 1893 -1934“.
По повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, во понеделник, 26 октомври, со почеток во 19 часот, во галеријата на МАНУ ќе биде отворена изложбата „Револуција во кадар“, на која ќе биде претставен избор на оригинални фотографии од приватната колекција на Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски. Изложбата претставува своевидно фотографско патување низ четири децении од македонската историја, од основањето на Македонската револуционерна организација во 1893 година до бурните политички и општествени превирања во меѓувоениот период, заклучно со 1934 година. Преку оригинални портрети, групни фотографии и ретки визуелни сведоштва, посетителите ќе имаат можност да се сретнат со автентичните ликови на македонските револуционери, војводи, комити, интелектуалци, црковни дејци и жени вклучени во револуционерното движење.
Вечерва присуствував на изложбата „Револуција во кадар – ВМРО низ фотографии 1893 -1934“, која преку 60 оригинални историски фотографии, од кои многу ретки и досега необјавени, го оживува споменот на едно време исполнето со борба, жртва и непокор, објави на својот фејсбук профил премиерот Мицкоски. Изборот е направен од приватните колекции на Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски, кои преку оваа изложба ни овозможуваат да се доближиме до едно од најзначајните поглавја на македонската историја. Историјата не е само спомен од минатото, туку аманет за иднината.
Шеесет оригинални фотографии ќе отворат поинаков поглед кон македонското револуционерно минато на изложбата „Револуција во кадар – ВМРО низ фотографии 1893–1934“ , која се отвора утре, 26 октомври, во 19 часот во Галеријата на МАНУ во Скопје. Зад поставката стојат Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски . Тие со години собирале и истражувале фотографски примероци, а значителен дел од избраниот материјал досега не бил објавен. Покрај препознатливите историски личности, посетителите ќе видат и ликови за кои се знае од пишаните извори, но чии фотографии биле ретко достапни.
Со моќна музика, драматичен заплет и силни вокални интерпретации, оваа опера ја раскажува судбината на еврејскиот народ и неговиот копнеж по слобода и татковина, носејќи универзална порака што и денес допира до публиката. Операта ќе биде изведена под диригентската палка на Мирон Михаилидис (Грција), во режија на Ренато Бонајуто (Италија), сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси од Италија, кореограф е Маја Митровска-Богојевска, концерт-мајстор е Климент Тодороски, хор-мајстор е Јасмина Ѓорѓеска, а светло дизајн, Милчо Александров. Насловната улога ќе ја толкува Марјан Јованоски, во улогата на Абигаиле ќе настапи Злата Тошевска Димовска, Николина Јаневска ќе ја игра Фенена, Ѓорѓи Цуцковски ќе настапи како Исмаил, а во улогата на Захарие ќе настапи Александар Стефаноски.
На 30 октомври, со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „ Набуко “ од Џузепе Верди, едно од најпознатите и најзначајните дела во оперската уметност. Со моќна музика , драматичен заплет и силни вокални интерпретации, оваа опера ја раскажува судбината на еврејскиот народ и неговиот копнеж по слобода и татковина, носејќи универзална порака што и денес допира до публиката. Операта ќе биде изведена под диригентската палка на Мирон Михаилидис (Грција), во режија на Ренато Бонајуто (Италија), сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси од Италија, кореограф е Маја Митровска-Богојевска, концерт-мајстор е Климент Тодороски, хор-мајстор е Јасмина Ѓорѓеска, а светло дизајн, Милчо Александров.
На 30 октомври, со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Набуко“ од Џузепе Верди, едно од најпознатите и најзначајните дела во оперската уметност. Со моќна музика, драматичен заплет и силни вокални интерпретации, оваа опера ја раскажува судбината на еврејскиот народ и неговиот копнеж по слобода и татковина, носејќи универзална порака што и денес допира до публиката. Операта ќе биде изведена под диригентската палка на Мирон Михаилидис (Грција), во режија на Ренато Бонајуто (Италија), сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси од Италија, кореограф е Маја Митровска-Богојевска, концерт-мајстор е Климент Тодороски, хор-мајстор е Јасмина Ѓорѓеска, а светло дизајн, Милчо Александров.
На 30 октомври, со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Набуко“ од Џузепе Верди , едно од најпознатите и најзначајните дела во оперската уметност. Со моќна музика, драматичен заплет и силни вокални интерпретации, оваа опера ја раскажува судбината на еврејскиот народ и неговиот копнеж по слобода и татковина, носејќи универзална порака што и денес допира до публиката. Операта ќе биде изведена п од диригентската палка на Мирон Михаилидис (Грција), во режија на Ренато Бонајуто (Италија), сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси од Италија, кореограф е Маја Митровска-Богојевска, концерт-мајстор е Климент Тодороски , хор-мајстор е Јасмина Ѓорѓеска, а светло дизајн, Милчо Александров.
Пари Сен Жермен стигна до осмиот последователен триумф во сите натпреварувања откако на „Паркот на принцовите“ го совлада Олимпик Лион со 2: 0 во рамките на 8. коло од Лига 1. Иако самиот дуел понуди тврда, тактички затворена и на моменти заспана игра, домаќините преку длабочината на својот играчки кадар го пронајдоа патот до трите бода и се искачија на лидерската позиција во француското првенство. Принуден на ротации поради отсуството на клучното четириаголник Маркињос, Мендеш, Дембеле и Кварацхелија, Луис Енрике постави формација која тешко креираше чисти шанси во првото полувреме. Домаќините ја имаа терцијарната посесија, но завршницата во казнетиот простор на Лион беше недоволно зачинета со конкретност.
Евро-фудбал --> ПСЖ со два гола во вториот дел го реши Лион (ВИДЕО) makfudbal 26-10-2026 Пари Сен Жермен славеше со 2-0 против Лион во дербито од осмото коло во Лига 1, стигнувајќи до осмата победа во.
Галатасарај славеше во големото истанбулско дерби против Фенербахче со 2:1 во деветтото коло на турското првенство и направи голем чекор во трката за шампионската титула. По овој триумф, Истанбул е под потполна власт на Галатасарај, Бешикташ сега заостанува четири бода, додека Фенербахче по поразот остана дури шест чекори зад својот лут градски ривал. Апсолутен јунак на вечерта беше Виктор Осимен, кој со два погодоци во првото полувреме го трасираше патот до огромната победа.
Галатасарај и Фенербахче вечерва се во центарот на турското фудбалско внимание. Дербито на „Рамс парк“ има и директна тежина за врвот: пред меѓусебната пресметка, домашниот тим беше лидер со 19 бода, а градскиот ривал трет со 16. Таа разлика од само три бода е причината поради која дуелот носи повеќе од вообичаениот престиж. За Галатасарај, добар исход значи можност за оддалечување од еден од главните конкуренти; за Фенербахче, шанса да ја избрише бодовната разлика.
Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација оствари одличен настап на меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Србија опен 2026“, кој се одржа во Нови Сад, Србија. Во силна меѓународна конкуренција, 18 натпреварувачи од македонската федерација освоија вкупно 16 медали – четири златни, три сребрени и девет бронзени, потврдувајќи го квалитетот и потенцијалот на младите македонски таеквондо-борци. На натпреварот учествуваа 564 натпреварувачи од 14 европски земји: Македонија, Србија, Грција, Бугарија, Чешка, Молдавија, Босна и Херцеговина, Белгија, Словачка, Украина, Ирска, Италија, Франција и Хрватска.
Далија Стојановска го освои златниот медал во категоријата У-19, додека Оља Цветанова се закити со бронза во категоријата У-15. Одличен настап забележаа и останатите членови на репрезентацијата. Марко Чекеровски го освои петтото, а Кирил Анчевски и Мартин Спасевски завршија на седмото место во своите категории. Репрезентацијата настапи под водство на селекторот Милан Нацевски, а постигнатите резултати се потврда за потенцијалот и посветеноста на федерацијата во насока на развој на македонскиот велосипедизам.
Според извештајот на Меѓународната унија за зачувување на природата, (ИУЦН) 96 отсто од 127 корални гребени во плитките води ширум светот се загрозени и во фаза на исчезнување. Станува збор за добро познати шарени корални гребени на длабочина до околу 40 метри. Меѓу загрозените се делови од Големиот корален гребен покрај брегот на Австралија, Коралниот триаголник во западниот дел на Тихиот Океан и во Југоисточна Азија, Мезоамериканскиот корален систем, како и коралните гребени во Црвеното Море.
Извештајот во четвртокот го објави Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN), организација која исто така ја води Црвената листа на загрозени видови. Студијата се занимава со добро познатите, шарени корални гребени кои се наоѓаат на длабочина до околу 40 метри и кои, благодарение на температурата на водата и продирањето на светлината, претставуваат живеалишта со исклучително богат биодиверзитет. Меѓу загрозените подрачја се делови од Големиот корален гребен покрај брегот на Австралија, Коралниот триаголник во западниот дел на Тихиот Океан и Југоисточна Азија, Мезоамериканскиот корален систем, како и коралните гребени во Црвеното Море.
Според извештајот на Меѓународната унија за зачувување на природата, (ИУЦН) 96 отсто од 127 корални гребени во плитките води ширум светот се загрозени и во фаза на исчезнување. Станува збор за добро познати шарени корални гребени на длабочина до околу 40 метри. Меѓу загрозените се делови од Големиот корален гребен покрај брегот на Австралија, Коралниот триаголник во западниот дел на Тихиот Океан и во Југоисточна Азија, Мезоамериканскиот корален систем, како и коралните гребени во Црвеното Море.
Соништата понекогаш можат да нè насмеат, збунат или да нè следат долго откако ќе се разбудиме. Иако сонуваме различни сцени во текот на ноќта, одредени теми се повторуваат кај голем број луѓе. Психолозите често ги поврзуваат со стрес, стравови, потиснати емоции и настани што нè окупираат во текот на денот.
Соништата понекогаш можат да нè насмеат, збунат или да нè следат долго откако ќе се разбудиме. Иако сонуваме различни сцени во текот на ноќта, одредени теми се повторуваат кај голем број луѓе. Психолозите често ги поврзуваат со стрес, стравови, потиснати емоции и настани што нè окупираат во текот на денот.
Според обемно истражување спроведено од Универзитетот за здравје и наука на Орегон, објавена во Клиничкото списание за гастроентерологија и хепатологија (Clinical Gastroenterology and Hepatology), оброците доцна навечер може да го изложат црниот дроб на опасност. Претходните истражувања го поврзуваа јадењето доцна навечер со кардиоваскуларните тешкотии и дебелината, но истражувачкиот тим сега се обиде да утврди дали и оваа навика може да биде поврзана со заболувањата на црниот дроб. Истражувачите ги анализирале податоците од три големи национални истражувања, што опфатиле скоро 200.000 учесници.
Според обемно истражување спроведено од Универзитетот за здравје и наука на Орегон, објавена во Клиничкото списание за гастроентерологија и хепатологија (Clinical Gastroenterology and Hepatology), оброците доцна навечер може да го изложат црниот дроб на опасност. Претходните истражувања го поврзуваа јадењето доцна навечер со кардиоваскуларните тешкотии и дебелината, но истражувачкиот тим сега се обиде да утврди дали и оваа навика може да биде поврзана со заболувањата на црниот дроб. Истражувачите ги анализирале податоците од три големи национални истражувања, што опфатиле скоро 200.000 учесници.
Таа носеше само долен дел од црно бикини и качкет, додека покрај неа седеше нејзината 22-годишна ќерка, Лени. Лени во скутот држеше кученце по име Фриц – кое Хајди го вдоми во април. „Недела“, напиша таа кратко покрај фотографијата.
Хајди Клум (53) го искористи сончевиот викенд за одмор покрај базенот. Манекенката објави фотографија на Инстаграм на која седи на работ од базенот, со нозете во водата и кренати раце. На себе имаше само црн долен дел од бикини и шапка со штитник, додека покрај неа седеше нејзината 22-годишна ќерка Лени.
Хајди Клум (53) го искористи сончевиот викенд за одмор покрај базенот. Манекенката објави фотографија на Инстаграм на која седи на работ од базенот, со нозете во водата и кренати раце. На себе имаше само црн долен дел од бикини и шапка со штитник, додека покрај неа седеше нејзината 22-годишна ќерка Лени.
Ванеса Трамп откри дека екстремниот замор бил првиот знак дека нешто не е во ред пред да ѝ биде дијагностициран инвазивен рак на дојка. По операцијата и зрачењето, денес таа е ослободена од знаци на болест, а во ново интервју зборуваше за симптомите и третманот. Ванеса (48), поранешна сопруга на Доналд Трамп помладиот, зборуваше за своето искуство во разговор со нејзината ќерка Каи и докторката Никол Сафиер.
Ванеса Трамп откри дека екстремниот замор бил првиот знак дека нешто не е во ред пред да ѝ биде дијагностициран инвазивен рак на дојка. По операцијата и зрачењето, денес таа е ослободена од знаци на болест, а во ново интервју зборуваше за симптомите и третманот. Ванеса (48), поранешна сопруга на Доналд Трамп помладиот, зборуваше за своето искуство во разговор со нејзината ќерка Каи и докторката Никол Сафиер.
Skoda ја проширува понудата на Kodiaq со помоќен plug-in хибриден погон и ново највисоко ниво на опрема. Големиот семеен SUV сега добива 272 КС, батерија со капацитет од 25,7 kWh и можност за брзо полнење, додека верзијата Laurin & Klement носи дополнителна удобност и ексклузивни детали. Автомобилските вести – директно на твојот мобилен!
Првата генерација на Kodiaq беше претставена пред јавноста во септември 2016 година во Берлин и до сега постигна тираж над 1,2 милиони примероци. Во 2025 година, Kodiaq беше вториот најпродаван модел во понудата на Škoda. Сега ќе може да се нарача во нови верзии, кои дополнително ја прошируваат палетата на избори.
Европските институции објавија нова сервисна акција за Peugeot 208 произведен во 2026 година. Кај дел од автомобилите е употребена несоодветна течност за ладење, која може да предизвика оштетување на системот, прегревање, па дури и краток спој. Автомобилските вести – директно на твојот мобилен!
Регистрациите отворија простор за шпекулации за идни модели, но не значат дека Peugeot потврдил нови автомобили со тие ознаки. Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber https://abit.ly/24auto-viber Со еден клик до сите вести. Peugeot регистрираше повеќе имиња што би можеле да се користат за идни модели – меѓу нив 1008, 6008, 7008 и 8008.
Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.