Акции од Стопанска банка АД Битола на Алта банка ги продал сватот на Али Ахмети преку неговата фирма велат од ВМРО-ДПМНЕ. Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија – бараат од владејачката партија. „Лицемерието кај Филипче е на високо ниво.
Од ВРЕДИ пак обвинуваат дека функционерите на ДУИ соработувале со Алта Банка во Србија. Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for ВРЕДИ: Функционери на ДУИ директно соработувале со српските центри за моќ Категорија: Македонија.
„Црно на бело, документите покажуваат дека министрите на ДУИ предлагале и гласале точки на седници на Владата со кои на белградската Алта Банка ѝ се овозможува деловна соработка со државата. Наместо да ги штитат интересите на граѓаните, функционерите на ДУИ отворале врати за финансиски аранжмани и партнерства со банка од Србија. Ова е само уште еден доказ за долгогодишната политичка и деловна соработка на ДУИ со структури поврзани со српските центри на моќ.
Денес јавноста беше потресена од информациите за финансиските врски меѓу компании блиски до семејниот круг на Али Ахмети и белградската Алта банка. Овие случувања отвораат сериозни прашања за улогата на ДУИ, поранешниот министер за финансии Фатмир Бесими и трансакциите за кои се потребни итни одговори, велат од ВЛЕН. „Во 2023 година, на предлог на тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими, Владата предводена од СДСМ и ДУИ ѝ даде согласност на Државната правобранителска служба да постапува во врска со продажбата на државните акции во Стопанска банка Битола, која подоцна беше купена од Алта банка.
Случајот со Ива Михаилова денеска доби нова димензија, откако по објавувањето тајно снимени разговори во Бугарија следуваа две важни реакции. Михаилова јавно порача дека никој во Бугарија не ја принудувал да прави што било, а бугарската Државна агенција за национална безбедност – ДАНС официјално негираше дека нејзини службеници вршеле притисок врз неа. Реакциите доаѓаат по снимките што бугарскиот јутјубер Станислав Цанов ги објави вчера.
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар Станислав Цанов, во кое се објавени аудиоразговори со Ива Михаилова со сериозни тврдења за закани и психичко малтретирање од бугарската тајна служба ДАНС. Во разговорите таа опишува положба што новинарот ја споредува со заложништво: тврди дека лица од Државната агенција за национална безбедност — ДАНС ѝ одредувале кај кој новинар смее да гостува, што смее да зборува и дека ѝ се заканувале со ускратување на неопходната рехабилитација. Михаилова, чиј случај бугарски политичари и медиуми го претставуваа како пример за дискриминација во Македонија, во објавените разговори изнесува тешки обвинувања за односот на институциите во Бугарија кон неа.
До каде ќе одат бугарските власти со непријателската политика кон Македонија? До каде се подготвени да одат одредени бугарски институции во својата политика кон Македонија и што навистина се крие зад нивната толку често повторувана приказна за добрососедството? Дали зад дел од приказните за заштита на Бугарите во Македонија се крие организирано политичко и медиумско влијание, во кое најверојатно учествуваат и структури на бугарските безбедносни служби?
Скандал ја тресе Бугарија откако јутјуберот Станислав Цанов вчера објави снимено признание на Михаилова дека бугарска Државната агенција за национална безбедност (ДАНС) ѝ вршела притисок за кои медиуми да дава изјави, наложувајќи и ја да се појави исклучиво кај Матин Карбовски, новинарот кој тврдеше дека македонската историја може да ја спакува во плико и да ни ја прати, алудирајќи на тоа дека сме измислени во 1944 година. Бегалката од македонската правда Михаилова два дена ја бранува бугарската јавност откако јутјуберот Цанов вчера објави дека ДАНС ѝ вршела притисок и ја уценувала со државната помош и лекувањето наложувајќи и за кои медиуми да дава изјави, Михаилова денеска на „Фејсбук“ тврди дека не сака да биде дел од какви било политички спорови и оти само сака да се лекува во Бугарија. ДАНС преку соопштение тврди дека „не вршеле никаков притисок врз бугарската државјанка“.
Од 15 ноември во Македонија стапува на сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, која ќе важи до 15 март следната година. Обврската се однесува на сите учесници во сообраќајот, без оглед на моменталните временски услови. Возачите кои нема да ја почитуваат законската одредба се соочуваат со парична казна од 45 евра во денарска противвредност.
Од 15 ноември до 15 март возилата што учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема. Во согласност со одребите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата за безбедно учество во сообраќајот на патиштата како зимска опрема на моторните возила се подразбира: За моторни возила што не надминуваат 3.500 кг: – зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри; – пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со најмалку 4 мм ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала. За моторни возила со погон на четири тркала (4×4): – зимски пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм; – пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со најмалку 4 мм ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната оска, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената оска.
Обврската важи до 15 март 2027 година, независно од времето. Дозволени се и летни гуми, но само со пропишана длабочина на шарите и соодветни синџири, додека за возилата со погон 4×4 важат посебни правила. И кога коловозите се суви, а температурите над вообичаените за ноември, автомобилот мора да биде подготвен за зимски услови.
Од денеска, 15 ноември возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата, задолжително треба да ја поседуваат пропишаната зимска опрема. Зимски гуми се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS“, „M+S“, „M & S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. Како што информира Министерството за внатрешни работи (МВР), задолжителното поседување зимска опрема е согласно со одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Проф. д-р Сашко Кедев официјално е признат од „Guinness World Records“ како највозрасниот човек во светот што ги искачил сите 14 планински врвови повисоки од 8.000 метри. Федерацијата за планинарство на Македонија му упати честитки за подвигот, со кој македонското планинарство доби светско признание. Кедев го започнал патот кон овој предизвик со искачувањето на Монт Еверест на 19 мај 2009 година, а го завршил на 20 јули 2025 година, на врвот Гашербрум I во Пакистан, висок 8.080 метри.
Македонскиот кардиолог, професор и алпинист Сашко Кедев е најстариот алпинист во светот кој се искачил на сите 14 планини повисоки од 8.000 метри. Со искачување на врвот Гашербрум I Кедев го заокружи овој предизвик на 20 јули 2025 година, на возраст од 63 години и 14 дена, со што влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстарата личност во светот што се искачила на сите планински врвови над осум илјади метри надморска височина. Д-р Кедев, кој е роден на 6 јули 1962 година, исто така, е најстарата личност која ги искачила сите планини повисоки од 8.000 метри, како и „Седумте врвови“ (највисоките точки на секој од континентите). Овој подвиг го остварил во периодот помеѓу 14 јануари 2008 година (Аконкагва во Јужна Америка) и 6 ноември 2011 година (Пункак Џаја, познат и како Пирамида Карстенц, во Океанија). Планини над 8.000 метри, коишто ги има освоено Кедев се: Еверест: 19 мај 2009 Манаслу: 27 септември 2021 Дхаулагири I: 9 април 2022 К2: 22 јули 2022 Брод Пик: 29 јули 2022 Анапурна I: 15 април 2023 Нанга Парбат: 2 јули 2023 Чо Оју: 2 октомври 2023 Макалу: 5 мај 2024 Лхоце: 13 мај 2024 Гашербрум II: 22 јули 2024 Шиша Пангма: 4 октомври 2024 Канченџунга: 23 мај 2025.
Македонскиот кардиолог и алпинист Сашко Кедев влезе во Гинисовата книга на рекорди како највозрасен човек кој освоил 14 планински врвови во светот и стигнал до највисоката точка од над осум илјади метри . Историскиот подвиг го заокружил на 20 јули минатата година со искачувањето на Гашербрум во Пакистан . Кедев е првиот Македонец со вакво достигнување што го призна Гинис. Категорија: Македонија Nadnaslov: достигнување Слика за вест:.
Македонскиот кардиолог, професор и алпинист Сашко Кедев е најстариот алпинист во светот кој се искачил на сите 14 планини повисоки од 8.000 метри. Со искачување на врвот Гашербрум I Кедев го заокружи овој предизвик на 20 јули 2025 година, на возраст од 63 години и 14 дена, со што влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстарата личност во светот што се искачила на сите планински врвови над осум илјади метри надморска височина. Д-р Кедев, кој е роден на 6 јули 1962 година, исто така, е најстарата личност која ги искачила сите планини повисоки од 8.000 метри, како и „Седумте врвови“ (највисоките точки на секој од континентите). Овој подвиг го остварил во периодот помеѓу 14 јануари 2008 година (Аконкагва во Јужна Америка) и 6 ноември 2011 година (Пункак Џаја, познат и како Пирамида Карстенц, во Океанија). Планини над 8.000 метри, коишто ги има освоено Кедев се: Еверест: 19 мај 2009.
Политичката битка околу АЛТА банка доби нов документ и нов круг меѓусебни обвинувања. ВРЕДИ тврди дека потписот на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби на владина одлука од 6. јуни 2023. година покажува дека тогашниот државен врв институционално го отворил патот за акциите во Стопанска банка АД Битола подоцна да завршат кај белградската АЛТА банка. СДСМ возвраќа дека станува збор за мешање на две различни фази – согласност за продажба на конфискуван имот во 2023. година и реалното преземање на банката во 2025. година.
Артан Груби лично потпишал одлуката за продажба на државните акции во Стопанска банка Битола, како заклучок на седница на Влада на која присуствувале Фатмир Бесими, Бујар Османи и Крешник Бектеши. Откако во изминатите денови јавноста виде како сватот на Али Ахмети преку компанијата „АС Сењак“ земал кредит од 5 милиони евра директно од Белград, за потоа да му ги продаде акциите во битолската банка на притворениот српски тајкун Давор Мацура, денес го објавуваме третиот, крунски доказ, наведува ВРЕДИ во соопштението од прес-конференцијата на Саранда Имери Стафаи, кое МИА го пренесува интегрално. Доказ кој покажува како државниот врв на ДУИ институционално го започнал и расчистил патот за преземање на Стопанска банка Битола (денес Алта банка Македонија). Пред вас се два официјални државни документи: Записникот од 158-та седница на Владата одржана на 6 јуни 2023 година и објавена одлука во „Службен весник“ број 123 од 13 јуни 2023 година.
Влен обвини дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби лично ја потпишал одлуката за продажба на државните акции во Стопанска банка Битола, повикувајќи се на записник од владина седница од јуни 2023 година и одлука објавена во „Службен весник“. Од партијата тврдат дека тогашните функционери на ДУИ институционално го отвориле патот за продажба на акциите, а информациите ги поврзуваат со подоцнежното преземање на банката од белградската „Алта банка“. На обвинувањата реагираа од ДУИ, од каде велат дека Влен се обидува да ја префрли одговорноста, бидејќи токму актуелната влада ги потпишала одлуките со кои банката влегла во земјава.
Коалицијата ВРЕДИ обвини дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби лично ја потпишал одлуката за продажба на државните акции во Стопанска банка Битола, кои подоцна завршиле кај српскиот бизнисмен Давор Мацура. На прес-конференција, пратеничката Саранда Имери Стафаи презентирала документи за кои тврди дека го потврдуваат потписот на Груби на одлуката. Од ВРЕДИ велат дека станува збор за записник од 158. седница на Владата, одржана на 6 јуни 2023 година, и одлука објавена во „Службен весник“ број 123 од 13 јуни истата година.
Автопатот Охрид-Кичево целосно ќе биде завршен и пуштен во употреба до крајот на мај, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој информираше дека градежните работи на делницата од Извор до Врбјани, вклучително и тунелите кај Пресека, се целосно завршени. Во моментов се спроведуваат потребните тестирања за безбедност во сообраќајот, согласно најновата европска директива, со посебен акцент на тунелите.
Изградбата на автопатот Охрид – Кичево се одвива со одлична динамика, а за прв пат во Македонија и во целиот регион се применува најновата европска директива за безбедност во сообраќајот, особено во делот на тунелите. Ова го истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски од Охрид каде учествуваше на меѓународната конференција „Современи предизвици за.
Изградбата на автопатот Кичево – Охрид влегува во завршна фаза. Пробиени се двете тунелски цевки, завршени се четирите галерии, мостовите и вијадуктите, а најтешката делница од Извор до Врбјани се очекува да биде пуштена во сообраќај во декември. Во тек се безбедносни тестирања на тунелите, министерот за транспорт уверува дека останува на рокот за целосно завршување на автопатот до крајот на мај 2027 година.
Интензивно се работи на изградбата на автопатот Охрид – Кичево, моментално се применува најновата европска директива за безбедност во сообраќајот, особено во делот на тунелите, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, додавајќи дека целата делница со сите потребни документи ќе биде пуштена во употреба до крајот на мај 2027 година. Министерот Николоски подвлече дека од особена важност за градот е и изградбата на новата терминална зграда и модернизацијата на охридскиот аеродром, каде бројот на патници бележи значителен раст. Особено значајна е најавата за можноста Охрид да добие големи чартер-аранжмани надвор од летната туристичка сезона.
Во Македонија во понеделник, 16 ноември, ќе преовладува променливо облачно време со повремени сончеви периоди, а дождот најпрво ќе се појави во западните делови, па попладне и кон крајот на денот ќе се прошири низ земјата. Според попладневната информација на Управата за хидрометеоролошки работи , објавена на 15 ноември во 16:30 часот, температурите ќе бидат повисоки од денешните, со максимални вредности од 12 до 16 степени. Во одделни котлини утре ќе има услови за појава на магла.
Студеното време што денеска ја зафати земјава ќе трае до утре, а веќе од понеделник се најавува променливо, но потопло време. Температурите ќе бидат во постепен пораст и над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.
УХМР најавува дека следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре, под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.
По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

9 ное – 16 ное · 2 терминивто 10.11.
БилетПлатен влез — потребен е билетУтреСпремен за началник - Гранде финалеСкопјеСкопје
БилетПлатен влез — потребен е билет · 9500 ден15 ное – 16 ноеGirls only искуство во дивинаGrizzly Igloos · СкопјеGrizzly Igloos · Скопје
16 ное – 17 ное · 4 терминипон 16.11. — 20:00
Денес, 22:30Диџеј сет на H&M во Бифе на ФДУ (#skomrahOFF)Бифе на ФДУ · СкопјеБифе на ФДУ · Скопје
30Cineplexx Skopje
21Македонски народен театар
18Драмски театар Скопје
18Македонска филхармонија
13Public Room
950та Дивизија
9СЦ Јане Сандански
8МКЦ
7Арена Борис Трајковски
7Театар Комедија
6Rulebook Cafe
6Киноверзум Штип
6Културно-информативен центар – КИЦ
6НУЦК „Марко Цепенков“
6Народен театар Битола
6Национална опера и балет
5AVRA
5Laboratorium
5Tribeca Park
5Бистро Јужна Пруга
5Ресторан Централ
5Театар за деца и младинци
4Base42
4Book Nook Bookclub

Сите места ›
9 ное – 16 ное · 2 терминивто 10.11.
БилетПлатен влез — потребен е билетУтреСпремен за началник - Гранде финалеСкопјеСкопје
БилетПлатен влез — потребен е билет · 9500 ден15 ное – 16 ноеGirls only искуство во дивинаGrizzly Igloos · СкопјеGrizzly Igloos · Скопје
16 ное – 17 ное · 4 терминипон 16.11. — 20:00
Денес, 22:30Диџеј сет на H&M во Бифе на ФДУ (#skomrahOFF)Бифе на ФДУ · СкопјеБифе на ФДУ · Скопје
ПријаваБесплатен влез со задолжителна регистрација — пријави се кај организаторот пред настанотДенес, 18:00Кулинарски мастерклас со шеф Фарук НезириФЈ Кулинарско училиште · СкопјеФЈ Кулинарско училиште · Скопје

+649 настани ›.116 избирачки места се отворија во 7 часот наутро, каде што повеќе од 1,6 милиони гласачи можат да гласаат до 19 часот. Првите прелиминарни резултати од гласањето се очекуваат по 20 часот, објавува Дело. Меѓу парламентарните партии, Словенечката демократска партија (СДС) има 78 кандидати за градоначалник на локалните избори, Нова Словенија има 50 кандидати, Движењето за слобода има 44 кандидати за градоначалник, а Социјалдемократите (СД) имаат 42 кандидати.
Повеќе од 1,6 милиони гласачи со право на глас во Словене ќе избираат градоначалници и советници во сите 212 општини в недела, 15 ноември. Неизвесна изборна трка во Љубљана каде што актуелниот градоначалник Зоран Јанковиќ бара нов мандат, отворена борба за градоначалник на Марибор и бројни контроверзии, вклучително и обвинувања за злоупотреба, ја одбележаа кампањата пред изборите, јави СТА. Вториот круг избори е закажан за 29 ноември во општините каде што ниту еден кандидат за градоначалник не освои повеќе од половина од гласовите.
По две децении на чело на Љубљана, актуелниот градоначалник Зоран Јанковиќ утре ќе се соочи со нов изборен предизвик во трката за седми последователен мандат. Локалните избори во Словенија се одржуваат на 15 ноември, а вниманието е насочено кон главниот град, каде што анкетите укажуваат на можност за втор изборен круг. Јанковиќ досега победуваше во првиот круг на сите шест изборни циклуси, но овојпат неговата поддршка е значително пониска од резултатот што го имаше на претходните избори.
Повеќе од 1,6 милиони граѓани на Словенија денеска гласаат на локалните избори на кои ќе избираат градоначалници и општински советници во сите 212 општини во земјата. Најголемо внимание привлекуваат изборите во главниот град Љубљана, каде актуелниот градоначалник Зоран Јанковиќ се бори за седми последователен мандат. Сепак, по 20 години на власт, овојпат за првпат би можел да се соочи со втор круг, во кој негов противкандидат се очекува да биде претседателот на партијата Левица, Лука Месец.
Двајца пожарникари, на возраст од 23 и 44 години, загинаа денес, а еден беше повреден кога дел од напуштена зграда се урна при гаснење пожар во градот Зефири, во општина Фили, недалеку од Атина. Пожарот избувнал околу 11:40 часот наутро во зградата на улицата Какантони, објави Прототема. Дваесет пожарникари со шест возила биле испратени на интервенција, а за време на гаснењето, дел од зградата паднал врз пожарникарите кои биле внатре.
При гаснење пожар во напуштен објект во населбата Зефири во северозападниот дел на Атина, паднал дел од внатрешноста на самиот објект со резултат двајца пожарникари да го загубат животот, а еден е пренесен во болница, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот избувна кусо по 11:30 часот, ангажирани беа 20 пожарникари со шест противпожарни возила, а за време на гаснењето дошло до уривање на дел од внатрешната конструкција на објектот, при што тројца пожарникари останале заглавени. Следуваше акција за нивно пронаоѓање, при што еден повреден пожарникар беше пренесен во болница, а беа извлечени безживотните тела на останатите двајца.
Годинава имаме 13 загинати. Уште колкумина загинати треба да види Мицотакис за да сфати дека нешто не е во ред со нашето министерство?, посочи, со солзи во очите, претседателот на грчкото здружение на пожарникари Константинос Папандонис, по денешната несреќа во која двајца припадници на противпожарната служба ги загубија животите при уривање на дел од напуштен објект за време на гаснење пожар во атинска населба, јави дописничката на МИА од Атина. Папандонис упати остри критики и обвинувања за состојбата во противпожарната служба, нагласувајќи дека нивните проблеми многупати ги покренале на средбите со грчкиот премиер, но и дека личната заштитна опрема на пожарникарите не е заменета веќе шест години.
Двајца пожарникари, на возраст од 23 и 44 години, загинаа денес, а трет беше повреден кога се урна дел од напуштен објект додека гаснеле пожар во Зефири, во општината Фили, во близина на Атина. Според грчкиот информативен портал „Прототема“, пожарот избувнал околу 11:40 часот во зграда на улицата „Кацантони“. На местото на настанот биле испратени дваесет пожарникари со шест возила; за време на интервенцијата, дел од објектот се урнал врз пожарникарите кои се наоѓале внатре.
Србија е во процес на раскинување на договорот со компанијата на Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, за „ревитализација“ на поранешниот Генералштаб на поранешната Југословенска народна армија во Белград, кој предвидува изградба на мултимилионски деловен и станбен комплекс, објавија белградските медиуми доцна синоќа. Српското Министерство за градежништво, транспорт и инфраструктура потврди за Радио телевизија Србија (РТС) дека раскинувањето на договорот е „во процес на формализирање“ и се очекува да биде завршено на почетокот од следната седмица. Претходно, неделникот Време, повикувајќи се на извори во српската влада во технички мандат објави дека „договорот е раскинат со откажување од сите можни меѓусебни побарувања“.
„Договорот е раскинат со откажување од сите можни меѓусебни побарувања“, тврди извор од српската влада за неделникот, кој пишува дека тоа би требало да значи дека на Србија повеќе не ѝ се заканува арбитража и можни казни за неисполнување на својот дел од договорот. Генералниот секретаријат на Владата и компанијата на Кушнер не одговорија на барањето на „Време“ до објавувањето на текстот. Договорот за изградба на хотел, казино и станбен комплекс на местото на Генералштабот, кој првично не беше достапен за јавноста, беше потпишан во мај 2024 година од тогашниот министер за градежништво Горан Весиќ, откако претходно беше одобрен од Владата, а неделникот „Радар“ подоцна откри дека Србија се обврзала да ја отстрани заштитата од комплексот оштетен во бомбардирањето во 1999 година, да ги урне објектите на свој трошок и бесплатно да го отстапи земјиштето на користење во траење од 99 години.
Србија е во процес на раскинување на договорот со компанијата на Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, за „ревитализација“ на поранешниот Генералштаб на поранешната Југословенска народна армија во Белград, кој предвидува изградба на мултимилионски деловен и станбен комплекс, објавија белградските медиуми доцна во саботата. Српското Министерство за градежништво, транспорт и инфраструктура потврди за Радио телевизија Србија (РТС) дека раскинувањето на договорот е „во процес на формализирање“ и се очекува да биде завршено на почетокот од следната седмица. Претходно, неделникот Време, повикувајќи се на извори во српската влада во технички мандат објави дека „договорот е раскинат со откажување од сите можни меѓусебни побарувања“.
Србија започна постапка за раскинување на договорот со компанијата Афинити, во сопственост на Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп. Со договорот беше предвидена изградба на деловно-станбен комплекс на местото на поранешниот Генералштаб на ЈНА во Белград. Министерството за градежништво на Србија потврди дека раскинувањето е во постапка на формализација и дека се очекува да биде завршено на почетокот на следната недела.
Нарушувањето во воздухопловниот сообраќај во Соединетите држави продолжи и трет дена, а само во неделата со овој проблем беа опфатени повеќе од 5.200 летови. Сепак, министерот за сообраќај Шон Дафи предвидува дека до понеделник враќање во нормалната состојба. Истовремено, воздухопловните компании настојуваат да воспостават редовен распоред во редовниот ред на летовите по целосното запирање на воздушнот сообраќај.
Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА) ги запре сите летови во земјата на неодредено поради проблем со комуникациите што ги поврзува центрите за контрола на воздушниот сообраќај, објавиСи-ен-ен. „Сообраќајот треба да остане запрен до понатамошното известување“, соопшти ФАА, наведувајќи дека одлуката е донесена од безбедносни причини. Меѓународните летови ќе се разгледуваат одделно. Причината за проблемот засега не е утврдена.
Во САД и денеска продолжува хаосот во авиосообраќајот поради дефект во системот за контрола на летањето. Откажани се најмалку 910 летови, а бројката постојано расте, покажуваат податоците на платформата за следење на воздушниот сообраќај „ФлајтАвер“. Проблемите траат веќе трет ден.
Повеќе од 2.500 летови биле откажани во САД, а неколку стотици доцнеле по повеќечасовната целосна обустава на полетувањата од американските аеродроми поради безбедносни причини и прекин во телекомуникациите. Обуставата на авиосообраќајот беше укината во петокот околу 20:15 часот, но надлежните предупредија дека нормализацијата ќе биде постепена и бавна, со оглед на тоа што станува збор за најдолгиот прекин на летовите во последните 25 години. Американските власти очекуваат авиосообраќајот целосно да се нормализира до почетокот на големиот бран патувања за Денот на благодарноста, пренесе АП. Според процените на компанијата „Сириум“, нарушувањата во воздушниот сообраќај погодиле околу 1,5 милиони патници.
Иран и неговите сојузници го засилија притисокот врз САД и нивните сојузници од Персискиот залив на два фронта во неделата. Антихутистичките сили на сунитските монархии од регионот се повлекоа од брегот на Црвеното Море, додека Иран започна напади со беспилотни летала врз американските воени бази во Бахреин. Воената кампања на сунитската коалиција предводена од Саудиска Арабија против шиитските Хутисти во Јемен претрпе голем пораз откако јеменските сили поддржани од Ријад, кои се борат на страната на меѓународно признатата влада, се повлекоа од областа околу теснецот Баб ел-Мандеб за да ја зајакнат одбраната во Аден, привременото седиште на владата на југот на земјата.
Иранската Револуционерна гарда соопшти дека на 13 ноември извршила напад врз американски радарски систем за рано предупредување во Бахреин и тврди дека постројката е уништена. Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ), пак, ги демантираше овие наводи, соопштувајќи дека двете ирански беспилотни летала испратени кон Бахреин биле пресретнати и уништени пред да предизвикаат каква било штета. Според соопштението на Револуционерната гарда, кое го пренесоа иранските државни медиуми, нападот бил одговор на американски воздушен удар врз телекомуникацискиот тор во градот Сирик, во јужната иранска провинција Хормозган, извршен на 12 ноември.
Иран и неговите сојузници го зголемија притисокот врз САД и сојузничките земји од Персискиот Залив на два фронта. Додека анти-хутиските сили се повлекоа од брегот на Црвеното Море, Иран изврши напади со беспилотни летала врз американските воени бази во Бахреин. Саудиската воена кампања против Хутите во Јемен претрпе голем пораз откако јеменските сили поддржани од Ријад, кои се борат на страната на меѓународно признатата влада, се повлекоа од областа околу теснецот Баб ел-Мандеб за да ја зајакнат одбраната на Аден, кој претставува привремено седиште на владата на југот од земјата.
Иранскиот Корпус на исламската револуционарна гарда (ИРГГ) објави дека неговите воздухопловни сили извршиле напад врз американски радарски систем за рано предупредување во Бахреин, тврдејќи дека објектот е уништен. Централната команда на САД (CENTCOM) ги демантираше овие тврдења, потврдувајќи дека кон Бахреин биле испратени две ирански беспилотни летала, но дека и двете биле пресретнати и соборени. Според соопштението на Револуционарната гарда, пренесено од иранските државни медиуми, операцијата била спроведена како одговор на американски воздушен напад врз телекомуникациска кула во градот Сирик, во јужната иранска провинција Хормозган, што се случил на 12 ноември.
Унгарските власти запленија околу 19,5 милиони долари во готовина, пронајдени на различни локации низ земјата – закопани во шуми, скриени во магацини, земјоделски објекти и сефови, објави британски „Гардијан“. Големата акција била спроведена на 12 и 13 ноември, во рамките на истрага против Миклош Шестак, поранешен министер за национален развој во владата на Виктор Орбан….
Националната канцеларија за повраток и заштита на имот објави дека открила „големи количини готовина закопани во шуми, скриени во земјоделски објекти, магацини и еден станбен објект, како и чувани во сеф со голема вредност на скриена локација“. Пронајдените средства вклучуваат повеќе од 5 милијарди форинти, приближно 2,6 милиони евра и 1,2 милиони долари – со вкупна вредност од околу 18,1 милион долари. Националната канцеларија за повраток и заштита на имот, неодамна формирана од новата унгарска влада, соопшти дека парите биле откриени по дводневна претрага во главниот град Будимпешта и во три унгарски окрузи.
Унгарските власти пронајдоа речиси 20 милиони долари во готово, делумно закопани во шуми, а делумно скриени во земјоделски згради, магацини и станбена зграда, за време на истрагата за корупција против поранешниот министер во владата на Виктор Орбан, Миклош Шестак. Според соопштението од Националната канцеларија за враќање и заштита на средства, истражителите пронашле 5,07 милијарди форинти, 2,66 милиони евра и 1,26 милиони долари за време на претресот, објави Index.hu. Броењето на парите, во вкупна вредност од речиси 20 милиони долари, одзело осум часа работа на десетина вработени во државната каса, кои користеле пет машини за броење банкноти, изјави министерот за финансии Андраш Карман.
Полскиот премиер Доналд Туск иронично го коментираше пронаоѓањето речиси 20 милиони долари во готовина во шуми, земјоделски објекти и други објекти во Унгарија , во рамките на истрагата за корупција против поранешен министер од владата на Виктор Орбан. Туск на социјалната мрежа Икс му порача на поранешниот унгарски премиер дека отсекогаш ја почитувал неговата креативност, но дека овојпат е импресиониран како никогаш досега. „Пред неколку дена, братот на Орбан беше приведен во случај со криумчарење луѓе, а вчера беа пронајдени 20 милиони долари закопани во шума од страна на министер на Орбан.
Охридскиот аеродром годинава би можел да достигне меѓу 370.000 и 400.000 патници, што е значително повеќе од претходните проекции за 130.000 патници до 2030 година, информира вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Како што објави на својот Фејсбук профил, двата македонски аеродроми – скопскиот и охридскиот, годинава се очекува да опслужат близу четири милиони патници. Тоа претставува значителен раст во споредба со 2024 година, кога вкупниот број патници изнесувал 2,4 милиони.
Аеродромите рушат рекорди и тоа е резултат на субвенциите за нови линии и инвестициите што ги правиме во аеродромите, вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Oна што било проектирано за 2030 година, веќе го постигнуваме во 2026 година и ќе продолжи да расте во следниот период. Секако, една од основните причини за тоа е изградбата на нова терминална зграда, на помошните простории.
На двата аеродрома, скопскиот и охридскиот, годинава сме блиску до 4.000.000 патници.
Аеродромите рушат рекорди и тоа е резултат на субвенциите за нови линии и инвестициите што ги правиме во аеродромите, вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Oна што било проектирано за 2030 година, веќе го постигнуваме во 2026 година и ќе продолжи да расте во следниот период. Секако, една од основните причини за тоа е изградбата на нова терминална зграда, на помошните простории.
Она што ме охрабрува е прометот во индустријата што е над 5,5 отсто поголем во споредба со третиот квартал минатата година. Тоа значи дека расте прометот во индустријата, и дома и на меѓународниот пазар, а тоа беше претходно потврдено и с.
Индустриското производство е позитивно и тоа е многу значајно, имајќи ги предвид состојбите во светот, но и во Европската Унија, која е наш најголем трговски партнер. Она што ме охрабрува е прометот во индустријата што е над 5,5 отсто поголем во споредба со третиот квартал минатата година. Тоа значи дека расте прометот во индустријата, и дома и на меѓународниот пазар, а тоа беше претходно потврдено и со растот на извозот“, изјави премиерот Христијан Мицкоски по увидот во градежните активности на проектот „Подобрување на системот за водоснабдување во руралната населба Каменик, Општина Кисела Вода“.
Неколку економски показатели објавени и коментирани денеска упатуваат на поволна завршница на 2026. година: индустрискиот промет расте, бројот на туристи надмина 1,1 милион заклучно со септември, а двата македонски аеродрома веќе во првите 9 месеци опслужиле повеќе од 3,3 милиони патници. Паралелно, Владата го подготвува Буџетот за 2027. година без промена на даночните стапки, со проектиран економски раст од 3,8%. Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека Македонија по речиси две ипол години стигнала до „точка нула“ и дека отсега очекува раст. Формулацијата е политичка оценка, а не статистичка категорија, па вистинската слика треба да се бара во конкретните показатели – производство, извоз, туризам, сообраќај, инвестиции и јавни финансии.
Индустриското производство е позитивно и тоа е многу значајно, имајќи ги предвид состојбите во светот, но и во Европската Унија, која е наш најголем трговски партнер. Она што ме охрабрува е прометот во индустријата што е над 5,5 отсто поголем во споредба со третиот квартал минатата година. Тоа значи дека расте прометот во индустријата, и дома и на меѓународниот пазар, а тоа беше претходно потврдено и со растот на извозот, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Во првите девет месеци од 2026 година Северна Македонија ја посетиле 1.122.264 туристи , што е за 3 проценти повеќе од истиот период лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во истиот период се остварени 2.958.747 ноќевања, или раст од 3,5 проценти . Домашните туристи биле 365.067, а странските 757.197, додека кај ноќевањата поизразен е растот на странските гости – 4,6 проценти. Само во септември биле регистрирани 136.305 туристи и 264.370 ноќевања . Странските гости учествувале со 75,1 процент во вкупниот број туристи, а најмногу посетители дошле од Турција, Србија, Германија и Полска.
Премиерот Христијан Мицкоски ги квалификува како прилично охрабрувачки најновите податоци што ги објави Државниот завод за статистика во однос на туризамот. Како што изјави премиерот, амбицијата на Владата на почеток на година била земјава да има милион туристи и три милиони ноќевања, но заклучно со септември бележи повеќе од 1.100.000 туристи и скоро три милиони ноќевања, а тоа значи дека ќе биде надмината предвидената цел. Податоците се прилично храбрувачки.
Повеќе од 1,1 милион туристи ја посетиле Македонија заклучно со септември, а регистрирани се речиси три милиони ноќевања, што е над првичните очекувања на Владата, изјави премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи ги најновите податоци на Државниот завод за статистика како охрабрувачки. Мицкоски потсети дека целта на почетокот на годината била да се достигне бројка од еден милион туристи и три милиони ноќевања, но според досегашните резултати, таа ќе биде надмината. Само во третиот квартал, во споредба со истиот период лани, биле регистрирани 35.000 туристи повеќе и 110.000 ноќевања повеќе, што претставува раст од над шест отсто кај двата показатели.
Премиерот Христијан Мицкоски ги квалификува како прилично охрабрувачки најновите податоци што ги објави Државниот завод за статистика во однос на туризамот. Како што изјави денеска, амбицијата на Владата на почеток на година била земјава да има милион туристи и три милиони ноќевања, но заклучно со септември бележи повеќе од 1.100.000 туристи и скоро три милиони ноќевања, а тоа значи дека ќе биде надмината предвидената цел. Податоците се прилично храбрувачки.
На 15.11.2026 во 05:05 часот на ул. „7 Ноември“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Х.К.(31) од Охрид, по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата девојка. На 15.11.2026 во 02:20 часот, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода Г.С.(54) од пробиштипско, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 61-годишна сопруга. На 15.11.2026 во 04:50 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ќ.Х. (32) од гостиварско, по претходна пријава дека во 03:10 часот дека околу 00.30 часот во нејзиниот стан физички ја нападнал неговата поранешна 25-годишна девојка од Турција, со привремен престој во Гостивар.
Рано утрово во 05:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 31-годишен охриѓанец, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата девојка. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Вчера, пак, во 17:55 часот во Охрид,.
На 15.11.2026 во 05:05 часот на ул. „7 Ноември“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Х.К.(31) од Охрид, по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата девојка. На 15.11.2026 во 02:20 часот, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода Г.С.(54) од пробиштипско, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 61-годишна сопруга. На 15.11.2026 во 04:50 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ќ.Х. (32) од гостиварско, по претходна пријава дека во 03:10 часот дека околу 00.30 часот во нејзиниот стан физички ја нападнал неговата поранешна 25-годишна девојка од Турција, со привремен престој во Гостивар.
Насилствата не се намалуваат, се уште има нападнати сопруги, мајки, девојки. За 24 часа МВР регистрираше дури 15 насилства. Ова се насилниците: На 15.11.2026 во 05:05 часот на ул. „7 Ноември“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Х.К.(31) од Охрид, по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата девојка.
МВР соопшти дека 11 возачи се лишени од слобода за „безобѕирно управување со моторно возило“. Пет возеле без положен возачки испит, три под дејство на алкохол, двајца со активна забрана, а еден ја пречекорил брзината. Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Од нив, седум лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: 17-годишник од Скопје, Р.Џ.(27) од с.Крушопек, скопско, 16-годишник од Неготино, А.М.(32) од Чашка, Б.М.(45) од Берово, М.К.(20) од с.Драслајца, струшко и Б.С.(39) од с.Обршани, општина Кривогаштани. Двајца возачи управувале возило и покрај активна мерка забрана за управување со моторно возило. Станува збор за Ј.Б.(23) од с.Тремник, неготинско и З.Ј.(55) од Скопје.
МВР соопшти дека 11 возачи се лишени од слобода за „безобѕирно управување со моторно возило“. Пет возеле без положен возачки испит, три под дејство на алкохол, двајца со активна забрана, а еден ја пречекорил брзината. Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека петмина управувале возило без положен возачки испит, тројца биле под дејство на алкохол, двајца возеле и покрај активната забрана за управување, а еден ја пречекорил дозволената брзина. Меѓу лицата затекнати без положен возачки испит се С.А. (63), М.М. (20) од селото Лисец, Тетовско, Е.Д. (28) од Штип, Ф.А. (62) од Радовиш и С.М. (36) од селото Ораовица, Радовишко. Последниот управувал и нерегистрирано возило, а бил и под дејство на алкохол.
Полицијата утринава во 5:05 часот на улицата „7 Ноември“ во Охрид го привела 31-годишниот Х.К., постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал својата девојка, информира СВР Охрид. Од полицијата најавиле дека по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Дел од медиумите објавија неофицијални информации дека нападот се случил во автомобил и дека девојката подоцна била оставена во близина на маркет.
Ужас го потресе Охрид, откако триесет и едно годишен охриѓанец ја претепал девојката. Како што неофицијално дознава Курир, охриѓанецот ја нападнал девојката во автомобил и ја тепал додека паднала во бессознание. По онесвестувањето, тој продолжил да се вози низ Охрид со неа додека девојката повторно не се освестила.
Тешко повредена девојка била оставена во несвест на улица пред маркет во Охрид. Според пријавените информации, таа претходно била физички нападната од нејзиното момче, по што итно била пренесена во болница каде што била задржана на понатамошно лекување, додека осомничениот напаѓач е приведен. За овој немил настан, полицијата го лиши од слобода 31-годишниот охриѓанец Х.К. Според досегашните сознанија, инцидентот започнал во ресторан во Охрид, каде што девојката и Х.К. почнале жестоко да се расправаат.
Неофицијално, девојката синоќа била брутално претепана и оставена буквално без свест на улица во Охрид, по што итно била пренесена во болница. Според информациите во неколку медиуми, двајцата прво биле заедно во ресторан, каде што започнала меѓусебна расправија. По заминувањето од таму, насилството продолжило во автомобил, од каде што наводно насилникот ја исфрлил во близина на маркет.
Филмот „17“, дебитантско долгометражно остварување на режисерката Косара Митиќ, е номиниран за 39. Европски филмски награди во категоријата „Европско откритие – Награда ФИПРЕСЦИ“ (European Discovery – Prix FIPRESCI).
Долгометражниот игран филм „17“, дебитантско остварување на режисерката Косара Митиќ, во продукција на „Црна мачка продукција“ и Томи Салковски официјално е номиниран во категоријата Европско откритие – Награда ФИПРЕСЦИ(European Discovery – Prix FIPRESCI)за 39. издание на престижните Европски филмски награди (European Film Awards). Оваа номинација доаѓа по светската премиера на Берлинале, триумфот на Ерусалимскиот филмски фестивал и Сараево филм фестивал, како и неодамнешната скопска премиера во рамки на Скопје филм фестивал. Наградата во категоријата „Европско откритие“, која се доделува во соработка со Европската федерација на филмски критичари (FIPRESCI), ги афирмира најталентираните нови европски авторски гласови. Вклучувањето на „17“ во оваа ексклузивна селекција е огромно признание за авторскиот тим, но и пошироко – за целокупната македонска култура.
Долгометражниот игран филм „17“, дебитантско остварување на режисерката Косара Митиќ, во продукција на „Црна Мачка Продукција“ и Томи Салковски продолжува со меѓународна афирмација и успеси. Официјално е номиниран во категоријата Европско откритие – Награда ФИПРЕСЦИ (European Discovery – Prix FIPRESCI) за 39. издание на престижните Европски филмски награди (European Film Awards). Оваа значајна номинација претставува уште една потврда за уметничката тежина и автентичноста на филмот „17“, кој по светската премиера на Берлинале, триумфот на Ерусалимскиот филмски фестивал и Сараево Филм Фестивал, како и неодамнешната скопска премиера во рамки на Скопје Филм Фестивал, продолжува моќно да ги освојува срцата на меѓународната филмска критика и публика. Наградата во категоријата „Европско откритие“, која се доделува во соработка со Европската федерација на филмски критичари (FIPRESCI), ги афирмира најталентираните нови европски авторски гласови.
Македонскиот игран филм „17“, дебитантско остварување на режисерката Косара Митиќ, е номиниран во категоријата „Европско откритие – Награда ФИПРЕСЦИ“ за 39. издание на Европските филмски награди. Од продукцијата соопштуваат дека номинацијата претставува значајно признание за филмот, кој претходно беше прикажан на Берлинскиот филмски фестивал, освои награда на Филмскиот фестивал во Ерусалим и беше дел од програмата на Сараево филм фестивал, а неодамна ја имаше и својата скопска премиера во рамки на Скопје филм фестивал. Наградата „Европско откритие“, која се доделува во соработка со Меѓународната федерација на филмски критичари (ФИПРЕСЦИ), е наменета за афирмација на новите авторски гласови на европската кинематографија.
Две музички вечери и две едукативни работилници се најавени за третото издание на Студентскиот џез, поп и рок фестивал во Скопје. Настанот го организира Факултетот за музичка уметност. Според најавата што ја објави „Мета“ на 15 ноември, фестивалот ќе се одржи на 16 и 17 ноември во „Loom Art & Culture“, со слободен влез за посетителите.
Факултетот за музичка уметност-Скопје го организира третото издание на „Студентскиот џез, поп и рок фестивал“, кој ќе се одржи на 16 и 17 ноември во „Loom Art & Culture“. Програмата предвидува две фестивалски вечери со настапи со почеток во 20 часот, како и две работилници со Арменд Џафери, кои ќе се одржат двата дена од 12 часот. Фестивалот е дел од ИКСССА проектите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а влезот за сите посетители е слободен.
Со многу музика, емоции, спомени и гости, Коки Јанков синоќа во Македонската филхармонија одбележа 30 години од песната „Виолина и гитара“, со која заедно со Дуле Љубисављевиќ победија на „Макфест“ во 1996 година. На концертот, насловен „30 години – Виолина и гитара“, публиката имаше можност да ги слушне песните што го одбележаа музичкиот пат на дуото „Дуле и Коки“, но и подоцнежното творештво на Јанков. На сцената му се придружија Игор Џамбазов, Бојана Скендеровска, Ристо Самарџиев, Зоран Илиев и Јована Богдановска.
Под мотото „30 години Виолина и гитара“, Коки ќе одбележи значаен јубилеј од своето музичко творештво, заедно со пријателите, соработниците и публиката која низ годините ги следела неговите песни. Посебно место во оваа приказна има и дуото „Дуле и Коки“, кое остави бројни песни зад себе, а токму „Виолина и гитара“ е една од песните по кои ќе се памети нивното заедничко творештво. На концертот неизбежно ќе оживеат и спомените на Дуле Љубисављевиќ, со кого Коки со години ја делеше сцената, создаваше и настапуваше.
Јуриј Захариев од Украина е победник на 55. издание на престижниот Меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“ што се одржа во Скопје. За најдобра боксерка на годинешното издание на турнирот беше прогласена Лаура Галино Лопез од Шпанија, додека признанието за најдобар македонски боксер му припадна на Алин Насуфи. Репрезентацијата на Украина покажа целосна доминација во финалните борби, поради што беше официјално прогласена за најдобра селекција на турнирот.
Скопје во периодот од 13 до 15 ноември ќе биде центар на меѓународниот бокс, каде што ќе се одржи јубилејното 55. издание на традиционалниот турнир „Златен гонг“. За годинашното издание е пријавен голем интерес, со повеќе од 70 боксери од 17 земји кои ќе се борат за одличја во спортската сала „Расадник“. Покрај македонските претставници, на турнирот ќе настапат и боксери од Албанија, Австрија, Белгија, Белорусија, Бугарија, Косово, Литванија, Молдавија, Словенија, Србија, Турција, Украина, Унгарија, Хрватска и Шпанија.
Денес е финалето на 55.Меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“ во Скопје, кое ќе почне во 17 часот во салата „Расадник“ во Кисела Вода. Репрезентацијата на Украина има 12 боксери и боксерки во финалните борби. За жал, Македонија нема боксер во финалето.
Меѓу најзвучните имиња е Украинецот Јуриј Захарјејев, сениорски светски шампион од Белград 2021. На 19 години тој стана првиот боксер што во иста година освои светско злато и кај младинците и кај сениорите. Во Скопје настапува и Данило Жасан, бронзен медалист од сениорското Светско првенство во Ливерпул во 2025 година.
Фудбалската репрезентација на Франција го обезбеди првото место во Групата А1 и пласманот во четвртфиналето од Лигата на нации, откако пред домашната публика на „Стад Атлантик“ во Бордо забележа важна победа од 2-1 против Турција. По неочекуваниот пораз од Италија во минатото коло, избраниците на Зинедин Зидан имаа императив за триумф и успеаја да го скршат отпорот на жилавите гости. 𝑸𝑼𝑨𝑳𝑰𝑭𝑰𝑬́𝑺 ! 😍💙 Vainqueurs face à la Turquie, nos Bleus finissent 𝑷𝑹𝑬𝑴𝑰𝑬𝑹𝑺 de leur groupe et se qualifient pour les 1/4 de finale de la Ligue des Nations 🔝✨ 🇫🇷 2-1 🇹🇷 #FRATUR pic.twitter.com/cHt7sjgURP — Equipe de France ⭐⭐ (@equipedefrance) Како што се очекуваше, „Триколорите“ доминираа од самиот старт и креираа вистинска опсада кон противничкиот гол.
Килијан Мбапе се врати на заедничките тренинзи на Франција пред дуелот со Турција во Лигата на нации. Капитенот учествувал во целата петочна сесија во Бордо, откако не играше при поразот со 3:1 од Италија во четвртокот. Враќањето на теренот го потврдил стручниот штаб за АФП.
Државниот секретар во Министерството за спорт, Сашо Огњеновски присуствуваше на инклузивната трка „Run Together 2026“ што се одржa во Гевгелија, во рамките на спортскиот настан November Run, и изрази поддршка за учесниците и за организаторите. Трката која годинава го бележи третото издание, ја организира Фондацијата „Ице Бегов“ во соработка со Атлетскиот клуб „7 Ноември“. „Run Together“ е ненатпреварувачка трка на 1 км. на која лица со и без попреченост, деца, семејства, спортисти, волонтери, претставници на училишта и на здруженија се движат заедно на иста патека.
Гевгелија денес го започнува шестото издание на „November Run“ со детски трки и инклузивната „Run Together“. Според Општината, за дводневната програма се пријавени приближно 3.300 учесници . Детската програма на 14 ноември почнува во 11:30 часот за родените во 2020 година и помлади. Во 12:00 трчаат генерациите 2018–2019, во 12:30 децата родени во 2016–2017, а во 13:00 генерациите 2013–2015.
Државниот секретар во Министерството за спорт, Сашо Огњеновски, денеска присуствуваше на инклузивната трка „Run Together 2026“ што се одржа во Гевгелија, во рамките на спортскиот настан November Run. Тој од местото на настанот изрази целосна институционална поддршка за сите учесници и за организаторите. Трката, која се одржува трета година по ред, е во организација на Фондацијата „Ице Бегов“ во партнерство со Атлетскиот клуб „7 Ноември“.
Трката која годинава го бележи третото издание, ја организира Фондацијата „Ице Бегов“ во соработка со Атлетскиот клуб „7 Ноември“. „Run Together“ е ненатпреварувачка трка на 1 км. на која лица со и без попреченост, деца, семејства, спортисти, волонтери, претставници на училишта и на здруженија се движат заедно на иста патека. Настанот создава простор за рамноправно учество и ја поттикнува инклузијата и достапноста на спортот за сите.
Раното откривање, современата терапија и подоброто следење на пациентите во фокусот на Светскиот ден на дијабетесот. Во светот, бројот на возрасни со ова заболување би можел да достигне 853 милиони до 2050 година. Сите пациенти со дијабетес тип 1 да бидат опфатени со сензори за следење на гликемијата во наредните три години, а доколку е.
„Рана акција за дијабетес“ е мотото, под кое денеска ќе се одржи прес-конференција во Клиниката за ендокринологија во Скопје, по повод 14 Ноември – Светскиот ден на дијабетесот. На прес-конференцијата е најавено присуство и на министерот за здравство Сашо Клековски. Целт е подигање на свеста кај здравствениот систем на сите нивоа за потребата од превенција и рана дијагноза на дијабетесот.
Бројот на заболени од дијабетес постојано се зголемува, а клучни фактори за спречување на тешките компликации се раната дијагноза, редовното следење на шеќерот во крвта, правилната терапија, здравата исхрана и редовната физичка активност. На ова беше ставен посебен акцент по повод одбележувањето на 14 Ноември, Светскиот ден на дијабетесот, кој годинава се одвива под мотото „Рана акција за дијабетес“. „Во државата има 135.000 лица со дијабетес, од кои 4.000 се со тип 1 и речиси за 40.000 се смета дека имаат дијабетес, а немаат поставена дијагноза.
Современа терапија, достапна и преку Фондот, сензори и инсулински пумпи за сите до тип 1 дијабетес, но и побрзи термини кај специјалист за превенирање на можните компликации од шеќерната болест – ова се дел од барањата кои здруженијата ги испорачаа на одбележувањето на Светскиот ден. Во Македонија околу 135.000 луѓе живеат со дијабетес, од кои 4.000 се со тип 1, а за 40.000 се проценува дека ја имаат болеста, но сè уште немаат поставена дијагноза. Нездравата исхрана и неактивноста се главните ризик – фактори.
Легендарниот боксер Мајк Тајсон сподели ВИ-генерирана фотографија на која е прикажан како антички владетел, со оклоп, црвена наметка и златен венец. Објавата е означена како содржина создадена со вештачка интелигенција, а фотографијата е придружена со натписот „Mikesander The Great“ – игра на зборови што ги спојува името на Тајсон и Александар Велики. На фотографијата во позадина се гледа и знаме со сончев симбол, што дополнително ја засилува асоцијацијата со Александар Македонски.
Легендарниот боксер Мајк Тајсон се појави во лик на антички војсководец во објава на својата официјална Фејсбук-страница, а пораката со која ја придружи сликата веднаш буди асоцијација на Александар Македонски. „Mikesander The Great“ – од.
Тој на Фејсбук објави фотографија генерирана со ВИ, на која тој е прикажан како Александар Македонски. Во описот на фотографијата стои „Mikesander The Great“.
Легендарниот американски боксер Мајк Тајсон ги насмеа и изненади корисниците на социјалните мрежи со необична фотографија на која е претставен како антички македонски владетел, по примерот на Александар Македонски. На фотографијата, која ја објавил на својот Фејсбук-профил, Тајсон е прикажан во античка облека, со златна ловорова круна на главата. Покрај неговиот лик стои натписот „Mikesander The Great“ (Микесандар Велики). Фотографијата е создадена со помош на вештачка интелигенција, а необичната трансформација брзо привлече внимание на социјалните мрежи, каде што корисниците се пошегуваа со спојот на боксерската легенда и еден од најпознатите владетели во светската историја.
Живееме во општество кое постојано нè уверува дека сме автентични и слободни поединци, додека истовремено правиме исти работи и се обидуваме да оствариме многу слични животни цели кои, најчесто, самите не сме ни ги осмислиле. Декларативно промовираме вредности кои воопшто не сме ги ни потврдиле со сопственото животно искуство, а под слободен човек го подразбираме оној што нема никакви ограничувања, додека всушност слободен е оној што разбира на што се согласува, зошто го прави тоа и какви се последиците од неговите одлуки. И додека потрошувачкиот менталитет кој сме го пренесле во сите полиња на животот направил да живееме под еден вид тиранија на среќата и да веруваме дека само уште ова ни фали за среќа или дека само уште она ни фали за вистинска љубов, животот поминува во чекање конечно да се случи нешто после кое ќе бидеме задоволни, а во меѓувреме го губиме токму она што би можело да му даде смисла на животот.
Живееме во општество кое постојано нè уверува дека сме автентични и слободни поединци, додека истовремено правиме исти работи и се обидуваме да оствариме многу слични животни цели кои, најчесто, самите не сме ни ги осмислиле. Декларативно промовираме вредности кои воопшто не сме ги ни потврдиле со сопственото животно искуство, а под слободен човек го подразбираме оној што нема никакви ограничувања, додека всушност слободен е оној што разбира на што се согласува, зошто го прави тоа и какви се последиците од неговите одлуки. И додека потрошувачкиот менталитет кој сме го пренесле во сите полиња на животот направил да живееме под еден вид тиранија на среќата и да веруваме дека само уште ова ни фали за среќа или дека само уште она ни фали за вистинска љубов, животот поминува во чекање конечно да се случи нешто после кое ќе бидеме задоволни, а во меѓувреме го губиме токму она што би можело да му даде смисла на животот.
Живееме во општество кое постојано нè уверува дека сме автентични и слободни поединци, додека истовремено правиме исти работи и се обидуваме да оствариме многу слични животни цели кои, најчесто, самите не сме ни ги осмислиле. Декларативно промовираме вредности кои воопшто не сме ги ни потврдиле со сопственото животно искуство, а под слободен човек го подразбираме оној што нема никакви ограничувања, додека всушност слободен е оној што разбира на што се согласува, зошто го прави тоа и какви се последиците од неговите одлуки. И додека потрошувачкиот менталитет кој сме го пренесле во сите полиња на животот направил да живееме под еден вид тиранија на среќата и да веруваме дека само уште ова ни фали за среќа или дека само уште она ни фали за вистинска љубов, животот поминува во чекање конечно да се случи нешто после кое ќе бидеме задоволни, а во меѓувреме го губиме токму она што би можело да му даде смисла на животот.
годишната пејачка сподели неколку фотографии по тренинг, на кои позира во кафеаво боди со длабоко деколте. Освен што ја покажува својата фигура, таа откри и со што сака да се почасти по тренингот - колачиња и млеко. „Вежбајте и јадете колачиња.
Џенифер Лопез повторно направи нешто што ретко кому му успева – со едно појавување да.
„Тренирај и јади колачиња. Рамнотежа“, напиша таа покрај фотографиите. Во коментарите набрзо почнаа да се нижат пофалби за нејзиниот изглед.
Џенифер Лопез повторно привлече внимание на социјалните мрежи откако објави фотографии по тренингот на својот Инстаграм-профил. Пејачката позираше во кафеаво боди со длабоко деколте, покажувајќи ја својата фигура, но откри и како сака да се награди по напорното вежбање – со колачиња и млеко. „Тренирај и јади колачиња.
Со почетокот на грејната сезона во домовите повторно работат печки на дрва и пелети, камини, котли, плински бојлери и други уреди што согоруваат гориво. Токму во овој период расте и ризикот од јаглерод моноксид – гас што човек не може ниту да го види ниту да го почувствува по мирис, а во затворен простор може да предизвика тешко труење. Опасноста е во тоа што првите симптоми лесно се мешаат со настинка, вирус, замор или пад на притисок: главоболка, вртоглавица, слабост, мачнина и збунетост.
Автомобилот вчера палел без проблем, а по првата студена ноќ стартерот едвај го врти моторот. Ова е една од најтипичните зимски автомобилски ситуации – и често погрешно ја толкуваме како доказ дека студот преку ноќ го „уништил“ акумулаторот. Во реалноста ниската температура најчесто ја открива слабоста што веќе постоела.
На социјалните мрежи, луѓето почнаа да се прашуваат дали сè е во ред со 57-годишната пејачка, откако видео од нејзино јавно појавување покажа дека таа се движи малку нестабилно додека излегува од автомобил. За време на престојот во Бразил, пејачката делеше автограми и се фотографираше со фановите кои се собраа да ја поздрават, држејќи транспаренти. Иако изгледаше добро расположена, некои гледачи забележаа дека ѝ треперат рацете и дека чекори несигурно.
Снимка од Мараја Кери во Бразил предизвика загриженост кај нејзините обожаватели. На социјалните мрежи, луѓето почнаа да се прашуваат дали сè е во ред со 57-годишната пејачка, откако видео од нејзино јавно појавување покажа дека таа се движи малку нестабилно додека излегува од автомобил. Во Бразил, пејачката делеше автограми и се фотографираше со фановите кои се собраа да ја поздрават, држејќи транспаренти.
Мараја Кери со години е синоним за раскошен гламур, спектакуларен глас и настапи што се.
Славната пејачка се појавила во Бразил, каде што се сретнала со неколку обожаватели за да им даде автограми, но снимките од нејзиното појавување брзо се проширија на социјалните мрежи. Кери (57) оваа недела била снимена како излегува од црн автомобил и со насмевка на лицето им приоѓа на обожавателите. Таа носела црна модна комбинација со високи црни чизми и големи црни очила за сонце.
Ракетата „Vulcan“ на компанијата „United Launch Alliance“ (ULA), заедничко вложување на американските гигнати во авионската индустрија „Boeing“ и „Lockheed Martin“, откажа набрзо по лансирањето од Флорида во неделата, уништувајќи 40 сателити наменети за интернет мрежата Leo на „Amazon“. Станува збор за првото неуспешно лансирање во историјата на компанијата. Ракетата откажа околу десет минути по полетувањето, а причината сè уште е непозната.
Ракета „Вулкан“ на United Launch Alliance (ULA) денеска, 15 ноември, не успеала да ја исполни мисијата за сателитската интернет-мрежа на „Амазон“. Компанијата потврдила аномалија околу десет минути по полетувањето од Флорида и неуспешно доставување на товарот во орбита, пренесе Ројтерс . Товарот го сочинувале 40 сателити за Amazon Leo . Причината за неуспехот засега не е утврдена; ULA соопштила дека сè уште нема доволно податоци за заклучок. Во најавата објавена пред лансирањето, „Амазон“ ја опиша LV-01 како своја прва мисија со овој тип ракета и како најголема дотогаш планирана поединечна пратка сателити за Leo.
Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.