1.0 | 0 | 0Партиски обвинувања
МРТ

МРТ

Акции од Стопанска банка АД Битола на Алта банка ги продал сватот на Али Ахмети преку неговата фирма велат од ВМРО-ДПМНЕ. Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија – бараат од владејачката партија. „Лицемерието кај Филипче е на високо ниво.

Сител

Од ВРЕДИ пак обвинуваат дека функционерите на ДУИ соработувале со Алта Банка во Србија. Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for ВРЕДИ: Функционери на ДУИ директно соработувале со српските центри за моќ Категорија: Македонија.

Република

„Црно на бело, документите покажуваат дека министрите на ДУИ предлагале и гласале точки на седници на Владата со кои на белградската Алта Банка ѝ се овозможува деловна соработка со државата. Наместо да ги штитат интересите на граѓаните, функционерите на ДУИ отворале врати за финансиски аранжмани и партнерства со банка од Србија. Ова е само уште еден доказ за долгогодишната политичка и деловна соработка на ДУИ со структури поврзани со српските центри на моќ.

Курир

ВМРО-ДПМНЕ побара Јавното обвинителство да ги испита одлуката на Владата од 2023 година за деловни односи со „Алта банка“ и кредитот од пет милиони евра што, според објавени информации, го добила компанија поврзана со „АС Сењак“. Во соопштение од партијата се наведува дека тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими ја предложил владината точка за деловни односи со банката. ВМРО-ДПМНЕ прашува дали Бесими и тогашната влада знаеле за подоцнежните деловни релации, како бил одобрен кредитот и какви гаранции биле приложени.

Fresh : 1.80 || 0 | 1 | 0 | 0 | 1 | 0 | 3 | 7 | 6 | 5 | 0 | 361.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]

1.0 | 0 | 0 | [0|0]Михаилова во тајни снимки тврди дека била уценувана од бугарските служби
Сител

Сител

Бугарската тајна служба и се заканувала на Ива Михаилова дека ќе ја изгуби правната помош и рехабилитацијата доколку пред да гостува кај друг новинар, не даде интервју кај новинарот Мартин Карбовски, каде што службата можела да ги контролира прашањата. Ова Михаилова му го открива на бугарскиот јутубер, Станислав Цанов, кој тајно го снима нивниот разговор, откако таа му го откажала договореното интервју поради, како што тврди, притисоци од бугарската тајна служба. Доколку отишла да снима кај друг новинар, и се заканлиле дека видеото ќе биде избришано, а таа ќе ја загуби сета помош.

Лидер

Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар Станислав Цанов, во кое се објавени аудиоразговори со Ива Михаилова со сериозни тврдења за закани и психичко малтретирање од бугарската тајна служба ДАНС. Во разговорите таа опишува положба што новинарот ја споредува со заложништво: тврди дека лица од Државната агенција за национална безбедност — ДАНС ѝ одредувале кај кој новинар смее да гостува, што смее да зборува и дека ѝ се заканувале со ускратување на неопходната рехабилитација. Михаилова, чиј случај бугарски политичари и медиуми го претставуваа како пример за дискриминација во Македонија, во објавените разговори изнесува тешки обвинувања за односот на институциите во Бугарија кон неа.

Алфа

Закани, притисоци, услови. Ива Михаилова обелоденува дека била контролирана од бугарската тајна служба и дека ѝ било укажувано оти постојат работи за кои не смее да зборува, во спротивно би можела да остане без помошта и лекувањето што ги добива во Бугарија. Ова го раскажува во разговор со бугарскиот јутјубер Станислав Цанов, кој објави делови од тајно направени аудиоснимки од разговорите со Михаилова.

24 Часа

Во тајно снимен разговор објавен од бугарскиот јутјубер Станислав Цанов, Ива Михаилова изнесува тврдења за нејзините контакти со бугарските безбедносни служби и наводните притисоци со кои се соочила. Во разговорот таа раскажува дека од ДАНС (Државна агенција за национална безбедност) ѝ било кажано дека можат да влијаат врз тоа какви прашања ќе ѝ поставува новинарот Мартин Карбовски. ПОЗНАТИ СИТЕ ДЕТАЛИ: Кој е 33-годишниот маж кој загина во сообраќајката за која Ива Михајлова пребега во Бугарија?

Fresh : 1.15 || 0 | 0 | 0 | 0 | 2 | 1 | 5 | 3 | 3 | 1 | 0 | 51.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]

1.0 | 0 | 0 | [0|0]Пронајдено тело на машко лице по гаснењето на пожарот во Жданец
МРТ

МРТ

Во пожарот што синоќа пред полноќ избувна во скопската населба Жданец, по целосното гаснење на огнот во опожарената барака било пронајдено безживотно тело на машко лице. Од МВР информираат дека пожарот бил пријавен вчера , околу 23:40 часот, на улицата „Жданец“ во Скопје. Огнот ја зафатил бараката во сопственост на 56-годишен скопјанец, која целосно изгорела.

МКД

Голем пожар избувна вчера во населбата Жданец во Општина Карпош, каде што била зафатена барака со површина од околу 80 квадратни метри. На терен интервенирале екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои со повеќе пожарникари и противпожарни возила го локализирале и го изгаснале пожарот. Од Бригадата за противпожарна заштита информираат дека интервенцијата започнала во 23:35 часот и траела до 1:30 часот по полноќ.

Канал 5

Од МВР информираат дека бараката, сопственост на 56-годишен скопјанец целосно изгорела, а дека откако огнот бил изгаснат, во објектот биле пронајдено тело на починато машко лице. Од Центарот за управување со кризи информираат дека во гасење на пожарот кој избил половина час пред полноќ, интервенирале 19 пожарникари од Скопската противпожарна бригада со седум противпожарни возила. Засега не се познати причините за пожарот.

Република

Тело на починато машко лице е пронајдено во барака која целосно изгорела во пожар што избувнал синоќа на улицата „Жданец“ во Скопје. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пожарот бил пријавен на 14 ноември, во 23:40 часот, во СВР Скопје. Огнот избувнал во барака во сопственост на М.Р. (56) од Скопје, која целосно изгорела.

Fresh : 1.09 || 0 | 0 | 0 | 1 | 1 | 2 | 3 | 6 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]
Комерцијални објави

Македонија

1.0 | 0 | 0 | [0|0]Д-р Сашко Кедев во „Гинис“: Највозрасен планинар кој ги искачил сите 14 врвови во светот над 8.000 метри
Колегиум

Колегиум

Македонскиот кардиолог и планинар Сашко Кедев влезе го Гинисовата книга на рекорди како највозрасен човек кој стигнал до највисоката точка на сите 14 планини во светот повисоки од 8.000 метри. Според гинисовиот запис, Кедев имал 63 години и 14 дена кога на 20 јули 2025 година се искачил на Гашербрум I во Пакистан. Со искачувањето на овој врв, висок 8 080 метри, стана и првиот Македонец кој ги….

Курир

Македонскиот кардиолог, професор и алпинист Сашко Кедев е најстариот алпинист во светот кој се искачил на сите 14 планини повисоки од 8.000 метри. Со искачување на врвот Гашербрум I Кедев го заокружи овој предизвик на 20 јули 2025 година, на возраст од 63 години и 14 дена, со што влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстарата личност во светот што се искачила на сите планински врвови над осум илјади метри надморска височина. Д-р Кедев, кој е роден на 6 јули 1962 година, исто така, е најстарата личност која ги искачила сите планини повисоки од 8.000 метри, како и „Седумте врвови“ (највисоките точки на секој од континентите). Овој подвиг го остварил во периодот помеѓу 14 јануари 2008 година (Аконкагва во Јужна Америка) и 6 ноември 2011 година (Пункак Џаја, познат и како Пирамида Карстенц, во Океанија). Планини над 8.000 метри, коишто ги има освоено Кедев се: Еверест: 19 мај 2009 Манаслу: 27 септември 2021 Дхаулагири I: 9 април 2022 К2: 22 јули 2022 Брод Пик: 29 јули 2022 Анапурна I: 15 април 2023 Нанга Парбат: 2 јули 2023 Чо Оју: 2 октомври 2023 Макалу: 5 мај 2024 Лхоце: 13 мај 2024 Гашербрум II: 22 јули 2024 Шиша Пангма: 4 октомври 2024 Канченџунга: 23 мај 2025.

МКД

Историскиот подвиг го заокружил на 20 јули 2025 година, со искачувањето на Гашербрум I, на возраст од 63 години и 14 дена. Кедев е роден на 6 јули 1962 година. Тој е и најстарата личност која ги искачила сите 14 осумилјадници, како и „Седумте врвови“, односно највисоките планински точки на сите седум континенти.

А1он

Македонскиот кардиолог, професор и алпинист Сашко Кедев е најстариот алпинист во светот кој се искачил на сите 14 планини повисоки од 8.000 метри. Со искачување на врвот Гашербрум I Кедев го заокружи овој предизвик на 20 јули 2025 година, на возраст од 63 години и 14 дена, со што влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстарата личност во светот што се искачила на сите планински врвови над осум илјади метри надморска височина. Д-р Кедев, кој е роден на 6 јули 1962 година, исто така, е најстарата личност која ги искачила сите планини повисоки од 8.000 метри, како и „Седумте врвови“ (највисоките точки на секој од континентите). Овој подвиг го остварил во периодот помеѓу 14 јануари 2008 година (Аконкагва во Јужна Америка) и 6 ноември 2011 година (Пункак Џаја, познат и како Пирамида Карстенц, во Океанија). Текстот Kардиологoт Сашко Кедев влезе во Гинис како највозрасен алпинист во светот кој ги искачи сите 14 врвови над 8.000 метри е превземен од А1он.

Fresh : 1.33 || 0 | 1 | 0 | 1 | 1 | 2 | 5 | 0 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]

1.0 | 0 | 0 | [0|0]Орце Ѓорѓивски: Не ми правите мене штета ако ги палите контејнерите, му правите штета на градот!
Република

Република

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски соопшти дека синоќа биле запалени повеќе контејнери во Ново Лисиче и на булеварот „Македонско-косовска бригада“. и бара МВР да ги расчисти случаите и да ги најде сторителите. Во услови кога набавивме 3.300 нови контејнери и го решивме проблемот со сметот, очигледно дека на некој не му одговара чисто Скопје и развојот на градот. Ова е удар врз сите скопјани и врз заедничкиот имот, платен со нивни пари.

Опсервер

Повеќе контејнери биле запалени синоќа во скопската населба Ново Лисиче и на булеварот „Македонско-косовска бригада“, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој побара итна реакција од МВР и откривање на сторителите. „Го повикувам МВР веднаш да ги провери снимките од „Safe City“, да ги пронајде сторителите и да испита дали палењата се организирани и политички мотивирани. Барам одговорност!“, објави Ѓорѓиевски.

Лидер

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека се запалени повеќе контејнери во Ново Лисиче и на булеварот „Македонско-косовска бригада“ и побара итна реакција од Министерството за внатрешни работи. Тој ги повика надлежните да ги проверат снимките од системот Safe City, да ги пронајдат сторителите и да утврдат дали палењата се организирани и политички мотивирани. „Ова е удар врз сите скопјани и врз заедничкиот имот, платен со нивни пари“, порача Ѓорѓиевски.

МКД

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, бара итна реакција од Министерството за внатрешни работи и откривање на сторителите кои запалиле повеќе контејнери во Ново Лисиче и на булеварот „Македонско-косовска бригада“. Во објава на социјалните мрежи, Ѓорѓиевски наведува дека палењето се случило и покрај неодамнешната набавка на 3.300 нови контејнери, оценувајќи дека станува збор за уништување заеднички имот платен со парите на граѓаните. Тој побара од МВР веднаш да ги провери снимките од системот „Безбеден град“, да ги идентификува сторителите и да испита дали палењата биле организирани и политички мотивирани.

Fresh : 0.47 || 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 2 | 0 | 1 | 5 | 0 | 01.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]

1.0 | 0 | 0 | [0|0]Акциска контрола во Центар: 12 лица лишени поради дрога, затекнати и седум малолетници кои пиеле алкохол
Опсервер

Опсервер

Полицијата спровела акциска контрола во скопски Центар во текот на ноќта меѓу 14 и 15 ноември, при што биле констатирани повеќе прекршоци, а неколку лица биле лишени од слобода. Во акцијата, спроведена од полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар во соработка со Државниот пазарен инспекторат, биле констатирани 18 прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Дванаесет лица биле лишени по член 215 од Кривичниот законик, едно за безобѕирно управување со моторно возило, а три по член 204 од Кривичниот законик.

Сител

На 14/15.11.2026 во периодот од 22:00 до 07:00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар со Државниот пазарен инспекторат спроведоа акциска контрола, при што се констатирани 18 прекршоци по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, 12 лица се лишени по член 215 од Кривичниот законик, едно лице е лишено за безобѕирно управување моторно возило, три лица се лишени по член 204 од Кривичниот законик, а пет лица се приведени по член 4 и член 6 од ЗППЈРМ. Исто така, за време на активноста бе аизвршени контроли во неколку угостителски објект, при што во еден од нив беа затекнати седум малолетници кои консумираат алкохол. Додека, пак, забележано е дека тобако продава алкохол на малолетници, по што заедно со ДПИ се преземени мерки за санкционирање.

МКД

Засилени полициски контроли во централното подрачје на Скопје во текот на ноќта меѓу 14 и 15 ноември откриле повеќе сообраќајни и други прекршоци, при што биле приведени повеќе лица. Акцијата ја спровеле полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, во периодот од 22 до 7 часот, во координација со Државниот пазарен инспекторат. При контролите биле констатирани 18 прекршоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Република

Засилени полициски контроли во централното подрачје на Скопје во текот на ноќта меѓу 14 и 15 ноември откриле повеќе сообраќајни и други прекршоци, при што биле приведени повеќе лица. Акцијата ја спровеле полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, во периодот од 22 до 7 часот, во координација со Државниот пазарен инспекторат. При контролите биле констатирани 18 прекршоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Fresh : 0.64 || 0 | 0 | 0 | 2 | 0 | 0 | 2 | 2 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]

Метео

Настани

Балкан

1.0 | 0 | 0Србија го раскина договорот со Кушнер, за изградба на луксузен станбен комплекс во Белград
Лидер

Лидер

Србија е во процес на раскинување на договорот со компанијата на Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, за „ревитализација“ на поранешниот Генералштаб на поранешната Југословенска народна армија во Белград, кој предвидува изградба на мултимилионски деловен и станбен комплекс, објавија белградските медиуми доцна синоќа. Српското Министерство за градежништво, транспорт и инфраструктура потврди за Радио телевизија Србија (РТС) дека раскинувањето на договорот е „во процес на формализирање“ и се очекува да биде завршено на почетокот од следната седмица. Претходно, неделникот Време, повикувајќи се на извори во српската влада во технички мандат објави дека „договорот е раскинат со откажување од сите можни меѓусебни побарувања“.

МКД

„Договорот е раскинат со откажување од сите можни меѓусебни побарувања“, тврди извор од српската влада за неделникот, кој пишува дека тоа би требало да значи дека на Србија повеќе не ѝ се заканува арбитража и можни казни за неисполнување на својот дел од договорот. Генералниот секретаријат на Владата и компанијата на Кушнер не одговорија на барањето на „Време“ до објавувањето на текстот. Договорот за изградба на хотел, казино и станбен комплекс на местото на Генералштабот, кој првично не беше достапен за јавноста, беше потпишан во мај 2024 година од тогашниот министер за градежништво Горан Весиќ, откако претходно беше одобрен од Владата, а неделникот „Радар“ подоцна откри дека Србија се обврзала да ја отстрани заштитата од комплексот оштетен во бомбардирањето во 1999 година, да ги урне објектите на свој трошок и бесплатно да го отстапи земјиштето на користење во траење од 99 години.

Нетпрес

Србија е во процес на раскинување на договорот со компанијата на Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, за „ревитализација“ на поранешниот Генералштаб на поранешната Југословенска народна армија во Белград, кој предвидува изградба на мултимилионски деловен и станбен комплекс, објавија белградските медиуми доцна во саботата. Српското Министерство за градежништво, транспорт и инфраструктура потврди за Радио телевизија Србија (РТС) дека раскинувањето на договорот е „во процес на формализирање“ и се очекува да биде завршено на почетокот од следната седмица. Претходно, неделникот Време, повикувајќи се на извори во српската влада во технички мандат објави дека „договорот е раскинат со откажување од сите можни меѓусебни побарувања“.

Локално

Србија започна постапка за раскинување на договорот со компанијата Афинити, во сопственост на Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп. Со договорот беше предвидена изградба на деловно-станбен комплекс на местото на поранешниот Генералштаб на ЈНА во Белград. Министерството за градежништво на Србија потврди дека раскинувањето е во постапка на формализација и дека се очекува да биде завршено на почетокот на следната недела.

Fresh : 0.33 || 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 1 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 21.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Прекин на воената помош од Бугарија: Буџетскиот дефицит не дозволува нови средства за Киев, порача Радев
Лидер

Fresh : 0.21 || 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 11.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Рекорден број Руси заминуваат во Грузија, Ерменија и Србија: стравот од нова мобилизација ги тера да бараат излез од земјата
Опсервер

Опсервер

Сè повеќе Руси ја напуштаат земјата, а Грузија, Ерменија и Србија стануваат главни дестинации за оние што бараат привремено или трајно засолниште во странство. Во третиот квартал годинава се регистрирани рекордни 660.300 заминувања на руски државјани кон Грузија, додека рекорди се забележани и за Ерменија и Србија. Податоците на руската гранична служба, кои ги анализирал независниот портал „Вјорстка“, покажуваат дека бројот на заминувања кон Грузија е за 43.300 поголем отколку во истиот период лани, кога бил забележан претходниот рекорд.

Точка

Сè повеќе Руси ја напуштаат земјата, а Грузија , Ерменија и Србија стануваат главни дестинации за оние што бараат привремено или трајно засолниште во странство. Во третиот квартал годинава се регистрирани рекордни 660.300 заминувања на руски државјани кон Грузија, додека рекорди се забележани и за Ерменија и Србија. Податоците на руската гранична служба, кои ги анализирал независниот портал „Вјорстка“, покажуваат дека бројот на заминувања кон Грузија е за 43.300 поголем отколку во истиот период лани, кога бил забележан претходниот рекорд.

Fresh : 0.23 || 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

Фото

Загинати и повредени во нови силни руски напади врз Украина
Загинати и повредени во нови силни руски напади врз Украина
Зеленски: Ограничувањата на „Старлинк“ им помагаат на руските дронови да ја погодуваат Украина
Зеленски: Ограничувањата на „Старлинк“ им помагаат на руските дронови да ја погодуваат Украина
Од понеделник потопло, од среда ќе дува засилен ветер
Од понеделник потопло, од среда ќе дува засилен ветер
Видео | Да се подигне свеста за вацинирање против морбили, апелираат лекарите
Видео | Да се подигне свеста за вацинирање против морбили, апелираат лекарите
Иран тврди дека нападнал американска воена база во Бахреин
Иран тврди дека нападнал американска воена база во Бахреин
Турција може да изгуби 25 отсто од своите водни ресурси до 2100 година
Турција може да изгуби 25 отсто од своите водни ресурси до 2100 година
Средношколци и студенти во пет хрватски градови најавија бојкот на наставата – бараат поевтин живот, достапни станови и подобро здравство
Средношколци и студенти во пет хрватски градови најавија бојкот на наставата – бараат поевтин живот, достапни станови и подобро здравство
ПРЕКИН НА ВОЕНАТА ПОМОШ ОД БУГАРИЈА: Буџетскиот дефицит не дозволува нови средства за Киев, порача Радев
ПРЕКИН НА ВОЕНАТА ПОМОШ ОД БУГАРИЈА: Буџетскиот дефицит не дозволува нови средства за Киев, порача Радев
ПАД НА БЕРЗАТА ВО САД: Инвеститорите реагираат незадоволно по конгресните избори, тврди Трамп
ПАД НА БЕРЗАТА ВО САД: Инвеститорите реагираат незадоволно по конгресните избори, тврди Трамп
УАПСЕНИ 11 ВОЗАЧИ: Возеле пијани и без возачка дозвола!
УАПСЕНИ 11 ВОЗАЧИ: Возеле пијани и без возачка дозвола!
Тиквички полнети со мелено месо и ориз
Тиквички полнети со мелено месо и ориз
Победа со „петарда“ за Питу Гули, Големо Коњари го совлада Венец, прва радост за Млекар
Победа со „петарда“ за Питу Гули, Големо Коњари го совлада Венец, прва радост за Млекар
Загинати и повредени во нови силни руски напади врз Украина
Загинати и повредени во нови силни руски напади врз Украина
Зеленски: Ограничувањата на „Старлинк“ им помагаат на руските дронови да ја погодуваат Украина
Зеленски: Ограничувањата на „Старлинк“ им помагаат на руските дронови да ја погодуваат Украина
Од понеделник потопло, од среда ќе дува засилен ветер
Од понеделник потопло, од среда ќе дува засилен ветер
Видео | Да се подигне свеста за вацинирање против морбили, апелираат лекарите
Видео | Да се подигне свеста за вацинирање против морбили, апелираат лекарите
Иран тврди дека нападнал американска воена база во Бахреин
Иран тврди дека нападнал американска воена база во Бахреин
Турција може да изгуби 25 отсто од своите водни ресурси до 2100 година
Турција може да изгуби 25 отсто од своите водни ресурси до 2100 година
Средношколци и студенти во пет хрватски градови најавија бојкот на наставата – бараат поевтин живот, достапни станови и подобро здравство
Средношколци и студенти во пет хрватски градови најавија бојкот на наставата – бараат поевтин живот, достапни станови и подобро здравство
ПРЕКИН НА ВОЕНАТА ПОМОШ ОД БУГАРИЈА: Буџетскиот дефицит не дозволува нови средства за Киев, порача Радев
ПРЕКИН НА ВОЕНАТА ПОМОШ ОД БУГАРИЈА: Буџетскиот дефицит не дозволува нови средства за Киев, порача Радев
ПАД НА БЕРЗАТА ВО САД: Инвеститорите реагираат незадоволно по конгресните избори, тврди Трамп
ПАД НА БЕРЗАТА ВО САД: Инвеститорите реагираат незадоволно по конгресните избори, тврди Трамп
УАПСЕНИ 11 ВОЗАЧИ: Возеле пијани и без возачка дозвола!
УАПСЕНИ 11 ВОЗАЧИ: Возеле пијани и без возачка дозвола!
Тиквички полнети со мелено месо и ориз
Тиквички полнети со мелено месо и ориз
Победа со „петарда“ за Питу Гули, Големо Коњари го совлада Венец, прва радост за Млекар
Победа со „петарда“ за Питу Гули, Големо Коњари го совлада Венец, прва радост за Млекар

Свет

1.0 | 0 | 0Напад со дронови во Русија: Погоден петрохемиски комплекс, три лица се повредени
Лидер

Лидер

Украински беспилотни летала погодија голем петрохемиски комплекс на руска територија. Во нападот биле повредени најмалку три лица, соопшти регионалното министерство за здравство. Официјалните власти не објавија конкретни детали за тоа кој точно индустриски објект бил цел на ударот.

Опсервер

Украински дронови со долг дострел во текот на ноќта нападнале цели во руските региони Татарстан и Ростов, при што биле оштетени петрохемиски комплекс, енергетска инфраструктура и важен логистички мост. Во нападите загинал главен инженер на трафостаница во Таганрог, а четири лица биле повредени, потврди регионалниот гувернер Јуриј Сљусар. One of Russia’s largest petrochemical plants—Nizhnekamskneftekhim in Tatarstan—is on fire following a drone attack.

Курир

Шест лица се повредени во текот на ноќта при напад врз Одеската област, од кои петмина се хоспитализирани, соопшти претседателот на локалната воена администрација, Олег Кипер. Во нападот е оштетена енергетската и цивилната инфраструктура во регионот, информира Кипер преку неговиот Телеграм профил. „Беше погоден објект на енергетската компанија ДТЕК во Одеса.

Телма

Украина изврши напад со беспилотни летала врз еден од најголемите руски петрохемиски комплекси во Нижнекамск, град во Република Татарстан, објавија денеска локалните медиуми. Во нападот се повредени три лица, соопшти регионалното Министерство за здравство. Властите не објавија детали за тоа кој индустриски објект бил погоден.

Fresh : 1.33 || 0 | 0 | 0 | 1 | 2 | 0 | 6 | 5 | 2 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Милиони долари закопани во шуми и скриени во сефови: Нов корупциски скандал во Унгарија
Колегиум

Колегиум

Унгарските власти запленија околу 19,5 милиони долари во готовина, пронајдени на различни локации низ земјата – закопани во шуми, скриени во магацини, земјоделски објекти и сефови, објави британски „Гардијан“. Големата акција била спроведена на 12 и 13 ноември, во рамките на истрага против Миклош Шестак, поранешен министер за национален развој во владата на Виктор Орбан….

А1он

Националната канцеларија за повраток и заштита на имот објави дека открила „големи количини готовина закопани во шуми, скриени во земјоделски објекти, магацини и еден станбен објект, како и чувани во сеф со голема вредност на скриена локација“. Пронајдените средства вклучуваат повеќе од 5 милијарди форинти, приближно 2,6 милиони евра и 1,2 милиони долари – со вкупна вредност од околу 18,1 милион долари. Националната канцеларија за повраток и заштита на имот, неодамна формирана од новата унгарска влада, соопшти дека парите биле откриени по дводневна претрага во главниот град Будимпешта и во три унгарски окрузи.

Локално

Унгарските власти пронајдоа речиси 20 милиони долари во готово, делумно закопани во шуми, а делумно скриени во земјоделски згради, магацини и станбена зграда, за време на истрагата за корупција против поранешниот министер во владата на Виктор Орбан, Миклош Шестак. Според соопштението од Националната канцеларија за враќање и заштита на средства, истражителите пронашле 5,07 милијарди форинти, 2,66 милиони евра и 1,26 милиони долари за време на претресот, објави Index.hu. Броењето на парите, во вкупна вредност од речиси 20 милиони долари, одзело осум часа работа на десетина вработени во државната каса, кои користеле пет машини за броење банкноти, изјави министерот за финансии Андраш Карман.

Опсервер

Полскиот премиер Доналд Туск иронично го коментираше пронаоѓањето речиси 20 милиони долари во готовина во шуми, земјоделски објекти и други објекти во Унгарија , во рамките на истрагата за корупција против поранешен министер од владата на Виктор Орбан. Туск на социјалната мрежа Икс му порача на поранешниот унгарски премиер дека отсекогаш ја почитувал неговата креативност, но дека овојпат е импресиониран како никогаш досега. „Пред неколку дена, братот на Орбан беше приведен во случај со криумчарење луѓе, а вчера беа пронајдени 20 милиони долари закопани во шума од страна на министер на Орбан.

Fresh : 0.67 || 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 4 | 1 | 2 | 0 | 201.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Иран тврди дека нападнал американска воена база во Бахреин
Експрес

Експрес

Иранската револуционерна гарда соопшти дека нападнала американска воена база во Бахреин како одговор на, како што навела, „непријателските американски постапки“.

Опсервер

Иранската Револуционерна гарда соопшти дека на 13 ноември извршила напад врз американски радарски систем за рано предупредување во Бахреин и тврди дека постројката е уништена. Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ), пак, ги демантираше овие наводи, соопштувајќи дека двете ирански беспилотни летала испратени кон Бахреин биле пресретнати и уништени пред да предизвикаат каква било штета. Според соопштението на Револуционерната гарда, кое го пренесоа иранските државни медиуми, нападот бил одговор на американски воздушен удар врз телекомуникацискиот тор во градот Сирик, во јужната иранска провинција Хормозган, извршен на 12 ноември.

МКД

Бахреин денеска соопшти дека пресретнал и уништил неколку ирански воздушни напади, додека Техеран изјави дека извршил напад врз американска воена база во тоа кралство во Заливот, во време кога постои неизвесност околу договорот за ставање крај на американско-израелската војна против Иран, пренесува денеска новинската агенцијаРојтерс. Ова беа првите пресретнувања на ирански напади извршени од воздушната одбрана на Бахреин од септември, а следеа по две предупредувања за можни закани, со повик до жителите да побараат засолниште. Иранската револуционерна гарда објави дека извршила напад врз американска воена база во Бахреин како одмазда за „непријателските дејствија на Соединетите Држави“, пренесе иранската новинска агенција Фарс.

МРТ

Иранската Исламска револуционерна гарда нападна американски радар во база за хеликоптери во Бахреин. Се огласија сирените за тревога, по што жителите беа повикани да се засолнат. Нападот следува по само еден ден од изјавите на американскиот државен секретар Марко Рубио дека „војната со Иран од воен аспект е завршена“ и дека „засега нема потреба од нови напади врз Иран, бидејќи веќе е многу ослабнат“.

Fresh : 0.77 || 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 3 | 3 | 3 | 4 | 1 | 31.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

Економија

1.0 | 0 | 0 | [0|0](Видео) Николоски: Охридскиот аеродром годинава ќе достигне помеѓу 370.000 и 400.000 патници наспроти предвидените 130.000 до 2030 година
Лидер

Лидер

Охридскиот аеродром годинава ќе достигне помеѓу 370.000 и 400.000 патници наспроти предвидените 130.000 патници до 2030 година, вели вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Како што објави на својот фејсбул профил, на двата аеродрома, скопскиот и охридскиот, годинава сме блиску до 4.000.000 патници, што е значителен раст споредено со 2.400.000 патници во 2024 година. Јасно насочените политики кон поддршка кои ги води оваа Влада и новите конекции коишто ги отворивме допринесоа значително да се зголеми бројот на туристи, а со тоа ја подобруваме и локалната економија, наведува Николоски.

Денешен

Аеродромите рушат рекорди и тоа е резултат на субвенциите за нови линии и инвестициите што ги правиме во аеродромите, вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Oна што било проектирано за 2030 година, веќе го постигнуваме во 2026 година и ќе продолжи да расте во следниот период. Секако, една од основните причини за тоа е изградбата на нова терминална зграда, на помошните простории.

Курир

Аеродромите рушат рекорди и тоа е резултат на субвенциите за нови линии и инвестициите што ги правиме во аеродромите, вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. „Oна што било проектирано за 2030 година, веќе го постигнуваме во 2026 година и ќе продолжи да расте во следниот период. Секако, една од основните причини за тоа е изградбата на нова терминална зграда, на помошните простории.

Точка

Аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид годинава се очекува да заврши со меѓу 370.000 и 400.000 патници , соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Според него, бројката е особено значајна ако се спореди со физибилити-студијата за концесијата, во која за охридскиот аеродром биле проектирани околу 130.000 патници дури во 2030 година . Тоа значи дека очекуваниот сообраќај за 2026 година е речиси трипати поголем од тогашната долгорочна проценка. Николоски оцени дека растот е резултат на политиките за поддршка на авиосообраќајот и отворањето нови линии, кои носат повеќе туристи и дополнителен приход за локалната економија.

Fresh : 0.54 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 3 | 3 | 0 | 0 | 0 | 91.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Коњановски: Декарбонизација не значи деиндустријализација
Лидер

Лидер

Еден од предизвиците на зелената транзиција е токму зависноста на новите енергетски технологии од минералните суровини. За производство на соларни панели, ветерни турбини и друга инфраструктура за обновлива енергија неопходни се бакар, метали и други минерални суровини, чие ископување и преработка бараат стабилно снабдување со енергија. Затоа стратегијата за развој на рударството мора да оди заедно со технолошкиот развој, примена на современи технологии и поефикасни процеси, подобар мониторинг на влијанијата врз околината и одговорно управување со природните ресурси.

Опсервер

Зелената транзиција мора да ги земе предвид потребите на економијата и можностите на енергетскиот систем. Намалувањето на зависноста од јагленот треба да биде постепено, со обезбедено стабилно снабдување за индустријата и граѓаните, оцени директорот на секторот за производство и член Управниот одбор на АД ЕСМ Зоран Коњановски на панелот „Рударство, развој и животна средина: Како до рамнотежа?“, одржан во рамките на Советувањето со меѓународно присуство ПОДЕКС–ПОВЕКС во Охрид. Според него, преминот кон почиста енергија мора да ги земе предвид потребите на економијата и можностите на енергетскиот систем.

Експрес

Зелената транзиција мора да ги земе предвид потребите на економијата и можностите на енергетскиот систем. Намалувањето на зависноста од јагленот треба да биде постепено, со обезбедено стабилно снабдување за индустријата и граѓаните.

МКД

Зелената транзиција мора да ги земе предвид потребите на економијата и можностите на енергетскиот систем. Намалувањето на зависноста од јагленот треба да биде постепено, со обезбедено стабилно снабдување за индустријата и граѓаните, оцени директорот на секторот за производство и член Управниот одбор на АД ЕСМ Зоран Коњановски на панелот „Рударство, развој и животна средина: Како до рамнотежа?“, одржан во рамките на Советувањето со меѓународно присуство ПОДЕКС–ПОВЕКС во Охрид. Според него, преминот кон почиста енергија мора да ги земе предвид потребитена економијата и можностите на енергетскиот систем.„Индустријата има потреба од стабилна енергија во секој момент.

Fresh : 0.19 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 1 | 0 | 0 | 1 | 0 | 11.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Европа тешко ги пополнува клучните професии: здравство, настава и ИТ во хроничен недостиг
Паноптикум

Паноптикум

Европа има работни места, но сè потешко ги наоѓа луѓето со знаења и квалификации што ѝ се најпотребни. Најновата анализа на OECD покажува дека недостигот е особено изразен кај здравствените работници, наставниците и стручњаците за информатички и комуникациски технологии, додека во многу земји полесно се пополнуваат работните места што бараат пониско ниво на квалификации. Сликата, сепак, е посложена од едноставна поделба на „барани“ и „небарани“ професии.

Бизнис Инфо

Во земјите од Европската Унија, најтешко е да се најде кадар во областите образование, здравство и информатичка технологија (ИТ). Полесно е да се најдат работници за поедноставни физички задачи или помагачи во подготовката на храна, според објавените податоци од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Овие недостатоци се присутни и во време кога младите.

Лидер

Европските работодавачи најтешко наоѓаат наставници, здравствени работници и ИТ-специјалисти, додека за физички и помошни работи полесно се обезбедува кадар. Ова го покажува истражување на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), спроведено во 27 европски земји. Наставниците се меѓу петте професии со најголем недостиг во 21 земја, здравствените работници во 23, а ИТ-стручњаците во 18 земји.

Fresh : 0.13 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 1 | 0 | 0 | 0 | 11.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

Хроника

1.0 | 0 | 0Во изминатото деноноќие, на територијата на целата држава регистрирани се 15 пријави за семејно насилство
Канал 5

Канал 5

На 15.11.2026 во 02:20 часот, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода Г.С.(54) од пробиштипско, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 61-годишна сопруга. На 15.11.2026 во 04:50 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ќ.Х. (32) од гостиварско, по претходна пријава дека во 03:10 часот дека околу 00.30 часот во нејзиниот стан физички ја нападнал неговата поранешна 25-годишна девојка од Турција, со привремен престој во Гостивар. На 14.11.2026 во 09:45 во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода М.С.(59) од струмичко, по претходна пријава дека во семејниот дом се однесувал агресивно кон неговата 91-годишна мајка, а на неговиот 63-годишен брат му упатувал закани.

Охрид Њуз

Рано утрово во 05:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 31-годишен охриѓанец, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата девојка. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Вчера, пак, во 17:55 часот во Охрид,.

Лидер

Министерството за внатрешни работи упатува апел до сите граѓани да не го премолчуваат семејното насилство и навремено да го пријавуваат секој поединечен инцидент. Во текот на изминатите 24 часа полицијата евидентираше низа сериозни пријави и физички пресметки во повеќе градови низ државата. На 15.11.2026 во 05:05 часот на улицата „7 Ноември“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Х.К.(31) од Охрид, по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата девојка.

Сител

На 15.11.2026 во 05:05 часот на ул. „7 Ноември“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Х.К.(31) од Охрид, по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата девојка. На 15.11.2026 во 02:20 часот, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода Г.С.(54) од пробиштипско, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 61-годишна сопруга. На 15.11.2026 во 04:50 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ќ.Х. (32) од гостиварско, по претходна пријава дека во 03:10 часот дека околу 00.30 часот во нејзиниот стан физички ја нападнал неговата поранешна 25-годишна девојка од Турција, со привремен престој во Гостивар.

Fresh : 1.53 || 0 | 1 | 0 | 2 | 1 | 2 | 5 | 0 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Безобѕирно возење низ државата: Полицијата приведе 11 возачи под дејство на алкохол и без испит
Лидер

Лидер

Министерството за внатрешни работи соопшти дека 11 возачи се лишени од слобода поради сторено кривично дело за безобѕирно управување со моторно возило. Од нив, пет лица управувале возило без положен возачки испит, три биле под дејство на алкохол, двајца возеле со активна забрана, а еден возач значително ја пречекорил дозволената брзина. Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Канал 5

Од нив, седум лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: 17-годишник од Скопје, Р.Џ.(27) од с.Крушопек, скопско, 16-годишник од Неготино, А.М.(32) од Чашка, Б.М.(45) од Берово, М.К.(20) од с.Драслајца, струшко и Б.С.(39) од с.Обршани, општина Кривогаштани. Двајца возачи управувале возило и покрај активна мерка забрана за управување со моторно возило. Станува збор за Ј.Б.(23) од с.Тремник, неготинско и З.Ј.(55) од Скопје.

Алфа

МВР соопшти дека 11 возачи се лишени од слобода за „безобѕирно управување со моторно возило“. Пет возеле без положен возачки испит, три под дејство на алкохол, двајца со активна забрана, а еден ја пречекорил брзината. Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Курир

МВР соопшти дека 11 возачи се лишени од слобода за „безобѕирно управување со моторно возило“. Пет возеле без положен возачки испит, три под дејство на алкохол, двајца со активна забрана, а еден ја пречекорил брзината. Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Fresh : 1.61 || 0 | 2 | 0 | 1 | 1 | 3 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 71.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Скопјанки се изгореле на забава
Нетпрес

Нетпрес

Ноќеска половина час по полноќ во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди од изгореници биле донесени 35-годишната Н.К. и 24-годишната А.А., двете од Скопје. Според пријавеното, тие се здобиле со повредите за време на семејна прослава во куќа, сопственост на М.К., мајка на Н.К.. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Точка

Две жени од Скопје, на возраст од 35 и 24 години, се здобиле со тешки телесни повреди од изгореници за време на семејна прослава во куќа во Скопје. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен денеска, 15 ноември, по полноќ, откако повредените биле донесени во Ургентниот центар на Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“. Прославата се одржувала во куќа во сопственост на мајката на едната од повредените.

Република

Две жени на возраст од 35 и 24 години се здобиле со тешки телесни повреди од изгореници за време на семејна прослава во куќа во Скопје. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен денеска (15 ноември), во 00:30 часот, во СВР Скопје, од Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Во болницата со тешки телесни повреди од изгореници биле донесени Н.К. (35) и А.А. (24), двете од Скопје.

Утро

Две жени од Скопје, на возраст од 35 и 24 години, се здобиле со тешки телесни повреди од изгореници за време на семејна прослава во куќа во Скопје. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен денеска, 15 ноември, по полноќ, откако по.

Fresh : 0.46 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 2 | 4 | 0 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

Култура

1.0 | 0 | 0ФОТОГАЛЕРИЈА: Емотивен концерт на Коки Јанков во Филхармонија
Република

Република

Со многу музика, емоции, спомени и гости, Коки Јанков синоќа во Македонската филхармонија одбележа 30 години од песната „Виолина и гитара“, со која заедно со Дуле Љубисављевиќ победија на „Макфест“ во 1996 година. На концертот, насловен „30 години – Виолина и гитара“, публиката имаше можност да ги слушне песните што го одбележаа музичкиот пат на дуото „Дуле и Коки“, но и подоцнежното творештво на Јанков. На сцената му се придружија Игор Џамбазов, Бојана Скендеровска, Ристо Самарџиев, Зоран Илиев и Јована Богдановска.

Вистина

Под мотото „30 години Виолина и гитара“, Коки ќе одбележи значаен јубилеј од своето музичко творештво, заедно со пријателите, соработниците и публиката која низ годините ги следела неговите песни. Посебно место во оваа приказна има и дуото „Дуле и Коки“, кое остави бројни песни зад себе, а токму „Виолина и гитара“ е една од песните по кои ќе се памети нивното заедничко творештво. На концертот неизбежно ќе оживеат и спомените на Дуле Љубисављевиќ, со кого Коки со години ја делеше сцената, создаваше и настапуваше.

Fresh : 0.14 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 1 | 0 | 51.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0„Филмска, поп и современа хорска музика“ – концерт на Градскиот мешан хор „Вардар“
Република

Република

Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје во Музејот на македонската борба за самостојност вечерва со почеток во 19:30 часот ќе го одржи својот годишен концерт под наслов „Филмска, поп и современа хорска музика“. Публиката ќе има можност да ужива во музичка програма која ги обединува различните музички жанрови и стилови, преку познати филмски мелодии, современи хорски композиции и обработки на македонски народни композиции. Со овој концерт, хорот „Вардар“ ја продолжува својата мисија за негување и афирмација на хорската уметност, истовремено претставувајќи ја разновидноста и богатството на хорскиот израз.

Република

Во вторник, 17 ноември, во Македонскиот паб „Ѕе“, во 20 часот по двегодишна пауза, повторно ќе настапи Hayvanlar Alemi, еден од најинтересните претставници на современата турска и европска психоделична, дум и експериментална рок музика. Концертот ќе биде можност за непосредна средба со нивниот специфичен инструментален звук, кој се движи меѓу психоделичниот рок, жанровските експерименти и слободната импровизација. Добра увертира за претстојниот концерт е Evidence of Life on Earth: Concert Recordings from Ankara, Istanbul and Belgrade, 2018–2019, концертниот албум на бендот, објавен 2023 година за Inverted Spectrum Records.

Fresh : 0.60 || 0 | 1 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0„Танец“ на турнеја во Малта, македонскиот фолклор на сцената на „St. Vincent De Paul theatre“
Лидер

Лидер

Националната установа Ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“ продолжува со својата меѓународна мисија за презентација и чување на македонското културно наследство. Денеска ансамблот ќе одржи целовечерен концерт во престижната сала „St. Vincent de Paul Theatre“ во Лука, Малта. Како што инфомираат од ансамблот, подиумските уметници, хорот и оркестарот на „Танец“ ќе претстават репрезентативна програма од антологиски кореографии, изворни ора инародни песни.

Експрес

Националната установа Ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“ продолжува со својата меѓународна мисија за презентација и чување на македонското културно наследство. Денеска ансамблот ќе одржи целовечерен концерт во престижната сала„St. Vincent de Paul Theatre“ во Лука, Малта – инфомираат од ансамблот.

Република

Националната установа Ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“ продолжува со својата меѓународна мисија за презентација и чување на македонското културно наследство. Денеска ансамблот ќе одржи целовечерен концерт во престижната сала „St. Vincent de Paul Theatre“ во Лука, Малта. Како што инфомираат од ансамблот, подиумските уметници, хорот и оркестарот на „Танец“ ќе претстават репрезентативна програма од антологиски кореографии, изворни ора инародни песни.

Fresh : 0.11 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 2 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

Колумни

Интервјуа

Спорт

1.0 | 0 | 0Тухел го најави Трафорд против Шпанија: Англија со целосен состав во битката за врвот
Точка

Точка

Џејмс Трафорд ќе брани за Англија против Шпанија вечерва, 15 ноември, во Мадрид. Томас Тухел ја потврди голманската одлука на прес-конференцијата пред последниот натпревар од групната фаза на Лигата на нации, што почнува во 20:45 часот по Скопје . Селекторот соопшти дека повторно располага со сите фудбалери. Езри Конса и Џед Спенс се достапни откако го пропуштија натпреварот со Хрватска.

Точка

Шпанија и Англија веќе го обезбедија четвртфиналето во Лигата на нации, но нивниот последен групен дуел има конкретна тежина. Во недела, 15 ноември од 20:45 часот по скопско време , на „Метрополитано“ во Мадрид ќе се решава кој ќе ја заврши групата А3 на првото место. Шпанците влегуваат со 15 бода од пет натпревари, а Англија има 12 . Победата со 2:0 во Чешка и англиските 2:1 против Хрватска ја задржаа разликата од три бода.

Охрид Њуз

Австрија и Шведска обезбедија пласман во Лигата А, а денешната програма носи и решавачка пресметка меѓу Белгија и Италија. Данска ја забележа највпечатливата победа во синоќешните натпревари од фудбалската Лига на нации, совладувајќи ја Португалија на гости со убедливи 4:1. Во Брага блесна Расмус Хојлунд со два гола, а во листата на стрелците за гостите.

Fresh : 0.29 || 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 1 | 0 | 1 | 0 | 21.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]

1.0 | 0 | 0 | [0|0]Бротен со две победи од две трки: Во Леви прв ја одбрани слаломската титула
Точка

Fresh : 0.41 || 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 11.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]

1.0 | 0 | 0 | [0|0]Ерани и Паолини без пораз до финалето: Синијакова и Таунсенд ги чекаат во битката за трофејот
Точка

Fresh : 0.08 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 11.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]

Магазин

1.0 | 0 | 0Да се подигне свеста за вацинирање против морбили, апелираат лекарите
Телма

Телма

Во период кога се зголемува бројот на респираторни инфекции кај децата, разбирливо е да расте и бројот на амбулантски прегледи во универзитетската Клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“, но она што загрижува велат педијатрите е состојбата со морбилите во земјава, доколку се знае дека само 60 % од децата се вакцинирани. Надлежните институции го прават своето, но сетоа тоа треба да допре до родителите. „Сакаме да ги замолиме родителите, и државата прави напор со отворање на дополнителен пункт за вакцинација втора смена во Полилкиника „Ѓорче Петров“, сите родители кои што сакаат да ги носат своите деца и треба да ги однесат своите деца за да ги заштитат од таа инфекција.

Денешен

Роберт КЕНЕДИ ЈУНИОР. На пример, најраспространетата вакцина во светот е вакцината DTP – против дифтерија, тетанус и пертусис (голема кашлица). Ние ја забранивме, односно ја исфрливме од употреба во оваа земја, бидејќи предизвикувала несакани последици кај децата – оштетувања на мозокот, тешки мозочни повреди, па дури и смрт кај едно од секои 300 деца. Ја користевме во осумдесеттите години и токму затоа имаше бројни судски постапки против производителите на вакцини.

Fresh : 0.21 || 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 11.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0
Fresh : 0.08 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 11.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

Сцена

Технологија

Емисии

Tweets