„Власта бара само бара алиби“ – кажа лидерот на СДСМ, Венко Филипче запрашан дали неговата партија ќе побара предвремени парламентарни избори. Ова следува по изборните резултати од локалните избори за градоначалник во Општина Брвеница, на кои во вториот круг победи Аркин Јахији, кандидатот на Националната алијанса за интеграција (НАИ), предводена од ДУИ, а против кандидатот од Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ не го доби потребниот број гласови. Познат е ставот.
Во фокусот на средбата беше актуелната безбедносна состојба, со посебен акцент на претстојните предвремени локални избори во Општина Брвеница. Беше констатирано дека состојбата е стабилна и дека се преземаат сите неопходни оперативни и безбедносни мерки за непречено одвивање на изборниот процес, заштита на избирачкото право и безбеден транспорт на изборниот материјал. Директорот Јанев нагласи дека полицијата има обврска да обезбеди услови во кои секој граѓанин слободно и без притисоци ќе може да го оствари своето демократско право на глас, потенцирајќи дека нема да има толеранција за криминал, заплашување или каков било обид за нарушување на изборниот процес.
Првиот круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница се одржа пред две недели на 18 октомври, а најмногу гласови освоија кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Синоќа на полноќ почна изборниот молк за вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница. На изборите на 18 октомври право на глас имаа 16.256 граѓани, а излезноста изнесуваше 46,56% (гласале 7.565 избирачи). Стојанчо Радичевски, кандидатот на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – Твоја Македонија освои 2.943 гласа (38,9%), а Аркин Јахији кандидатот на ДУИ коалицијата Национална алијанса за интеграција освоеи 2.152 гласа (28,45%). Бидејќи ниту еден од кандидатите не го освои потребното мнозинство, во општината се организира втор круг гласање.
Вкупно 104 болни и немоќни лица и осум лица кои се наоѓаат во казнено-поправните установи го оствариле своето право на глас во пресрет на вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница. Според податоците на Државната изборна комисија, од деветте пријавени лица за гласање во казнено-поправните установи во државата, гласале осум лица. Од вкупно 107 болни или немоќни лица со право на глас, своето избирачко право го искористиле 104 лица.
Воведувањето администрација во „АЛТА банка“ АД Битола е привремена заштитна мерка и не значи затворање на банката, стечај или одземање на дозволата за работа. Ова го истакнува гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во објава на социјалните мрежи, појаснувајќи дека целта е да се заштитат имотот на банката и заштедите на граѓаните до очекуваната промена на сопственоста. Според Славески, „АЛТА банка“ е ликвидна, високо капитализирана и има солиден квалитет на кредитното портфолио.
Извршниот одбор на Народната банка на Србија донесе одлука за одземање на дозволата за работа на АЛТА банка АД Белград. Во соопштението од Народната банка се наведува дека извршниот одбор констатирал оти на одземањето на дозволата му претходеле контролни активности насочени кон зголемување на ликвидноста на банката. „Утврдено е дека во изминатиот период финансиската состојба на банката….
Во контекст на најновите случувања поврзани со АЛТА банка во Република Србија, АЛТА банка АД Битола ја информира јавноста дека Банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Северна Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива и е под непосредна супервизија на Народната банка на Република Северна Македонија. АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со редовно и непречено работење. Сите експозитури и банкомати во вообичаениот режим, а клиентите имаат непречен пристап до своите средства.
Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на АЛТА банка од Белград, поради значително влошување на финансиската состојба и ризик за средствата на штедачите. Одлуката била донесена по спроведени контролни активности, кои покажале сериозни проблеми со ликвидноста на банката и опасност од нејзино дополнително влошување. Од српската централна банка соопштија дека мерката е преземена согласно Законот за банки, со цел заштита на клиентите и зачувување на стабилноста на финансискиот систем.
Во своето прво обраќање, Јотова се заблагодари на премиерот Румен Радев за поддршката, но и го обвини Ѓуров , за како што рече, исклучително агресивна кампања против неа. Би сакала да изразам најдлабока благодарност до „Прогресивна Бугарија“. Почитуван г. Радев, немаше да успееме без вас.
Бугарија утре, 1 ноември, ќе го одржи вториот круг од претседателските избори, на кои граѓаните ќе избираат меѓу актуелната претседателка Илијана Јотова и поранешниот технички премиер Андреј Ѓуров. Изборната трка влегува во завршницата по првиот круг, одржан на 25 октомври, во кој ниту еден од кандидатите не успеа да обезбеди победа. Според конечните резултати на Централната изборна комисија, Јотова освои 34,76 отсто од гласовите, додека Ѓуров доби 31,95 отсто.
Денес во Бугарија се одржуваат избори, на кои граѓаните на земјата ќе го изберат својот седми претседател. Кандидати се Илијана Јотова – која моментално ја извршува функцијата вршител на должноста претседател на Бугарија – и Андреј Ѓуров, поранешен привремен премиер и поранешен гувернер на Бугарската централна банка. Во првиот круг од изборите, одржан пред една недела, ниту еден од 27-те претседателски кандидати не ја доби потребната поддршка за директна победа, пренесува БТА.
Граѓаните на Бугарија денеска во вториот круг избираат меѓу актуелната претседателка Илијана Јотова и кандидатот Андреј Ѓуров. Јотова, поддржана од Бугарската социјалистичка партија и коалицијата „Прогресивна Бугарија“, во првиот круг освои 34,76 проценти од гласовите, додека Ѓуров доби 31,95 проценти. Неговата кандидатура ја поддржуваат „Продолжуваме со промената“ и „Демократска Бугарија“, а поддршка му даде и лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов.
нови веб коцкарници на удар. Владата ја засилува заштитата против нелегалното онлајн коцкање. Откако влезе во сила законот во јули годинава, заклучно со последната акција блокирани се вкупно 462 онлајн сајтови за приредување на игри на среќа.
Министерството за дигитална трансформација информира дека до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) е доставен нов налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа. Со ова, вкупниот број записи опфатени со досегашните налози за блокирање достигнува 462. „Со ова продолжуваат активностите за спречување на нелегалното приредување игри на среќа.
Министерството за дигитална трансформација информира дека министерот Стефан Андоновски издал налог до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.
Министерството за дигитална трансформација информира дека до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) е доставен нов налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа. Со ова, вкупниот број записи опфатени со досегашните налози за блокирање достигнува 462. Со ова продолжуваат активностите за спречување на нелегалното приредување игри на среќа преку интернет и за ограничување на пристапот до платформи кои работат спротивно на законските прописи во државата.
Двојните аршини на Филипче и СДСM повторно на виделина. СДСM и Филипче да беа вака гласни за Еуростандард банка, како што денес се за Алта банка, можеби граѓаните тогаш, немаше да бидат оштетени, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. Се сеќаваме дека во времето на Филипче и СДСM, пропадна Еуростандард банка, која патем, долго време одобрувала кредити без покритие на фирми блиски до Заев.
СДС се познати по пропаѓањето на банки и штедилници и загрозување на банкарскиот систем во Македонија за време на нивна власт. Како СДС доаѓа на власт, така по некоја банка пропаѓа, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија потсетуваат дека последна уништена банка во време на власт на СДС е Еростандард банка во август 2020 година, а како една од главните причина беше наведено дека давањето кредити без соодветно покритие.
„Банкарскиот систем во Македонија е стабилен, надлежните институции ги преземаат сите неопходни мерки за заштита на штедачите, инвеститорите, граѓаните. Заврши времето на СДС кога пропаѓаа банки, како Еуростандард банка, а најодговорните наместо да ги штитат интересите и парите на граѓаните, работеа за сопствени интереси“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Таков е примерот на тогашната министерка за финансии од редовите на СДС, Нина Ангеловска која требаше да го штити капиталот на граѓаните, штедачите и инвеститорите, гледаше да си ги спаси само своите пари.
Банкарскиот систем во Македонија е стабилен, надлежните институции ги преземаат сите неопходни мерки за заштита на штедачите, инвеститорите, граѓаните. Заврши времето на СДС кога пропаѓаа банки, како Еуростандард банка, а најодговорните наместо да ги штитат интересите и парите на граѓаните, работеа за сопствени интереси. Таков е примерот на тогашната министерка за финансии од редовите на СДС, Нина Ангеловска која требаше да го штити капиталот на граѓаните, штедачите и инвеститорите, гледаше да си ги спаси само своите пари.
Има четири потврдени случаи со морбили во државава од кои еден е странски државјанин и три македонски државјани од Велес, Штип и Скопје. Од домашните случаи две се бебиња под 12 месеци и еден е на возраст над 40 години. Во сите три случаи станува збор за невакцинирани лица.
Институтот за јавно здравје упати препорака и апел до сите родители и граѓани кои не ја примиле МРП вакцината (против мали сипаници, рубеола и паротит), согласно националниот Календар за имунизација, да ги посетат надлежните вакцинални пунктови и да ја надоместат пропуштената доза. „Имајќи го предвид сè уште недоволниот опфат со МРП вакцината во нашата земја,.
Во државата се регистрирани четири лабораториски потврдени случаи на мали сипаници, од кои еден увезен, во време кога во Косово и Бугарија се во тек епидемии. Според проценката на Институтот за јавно здравје, ризикот од нови случаи е зголемен, но засега нема пошироко ширење на национално ниво. Сите заболени се невакцинирани, а две се бебиња кои поради возраста уште не можеле да бидат вакцинирани.
Во државата се регистрирани четири лабораториски потврдени случаи на мали сипаници, од кои еден увезен, во време кога во Косово и Бугарија се во тек епидемии. Според проценката на Институтот за јавно здравје, ризикот од нови случаи е зголемен, но засега нема пошироко ширење на национално ниво. Сите заболени се невакцинирани, а две се бебиња кои поради возраста уште не можеле да бидат вакцинирани.
Најмногу дожд во изминатите 24 часа, до 7 часот утрово, наврнал во Гевгелија – 29 литри на квадратен метар. Во Берово се измерени 16 литри, додека во Прилеп, Демир Капија и на Попова Шапка по 10 литри на квадратен метар. Во Претор и Струмица наврнале по 9 литри, во Маврови Анови 8, а во Скопје-Петровец и Куманово по 6 литри на квадратен метар.
Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд нè очекува во следните денови. Дождот ќе биде поизразен попладне и во текот на ноќта, а во недела и понеделник на одделни места се очекуваат и пообилни врнежи. Температурите ќе се движат во релативно тесен распон, со највисоки дневни вредности до 16 степени.
Србија во наредните денови ја очекува вистинско есенско и дождливо време, со температури од 8 до 12 степени, што се вредности под просекот за овој период од годината. Во исто време, во планинските подрачја се очекуваат врнежи од снег. Обилни снежни врнежи се најавуваат за повисоките планини, каде што во текот на викендот и почетокот на следната недела ќе паднат повеќе од 20 сантиметри снег, а локално и повеќе, особено на планините во југозападна и јужна Србија.
Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 25 l/m²). Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне 12 степени. Под влијание на циклонска активност до вторник времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

БилетПретежно: Платен влез — потребен е билет · 1200 ден (3 од 5 настани)2 ное – 3 ное · 2 терминипон 2.11. — 20:00
БилетПлатен влез — потребен е билет29 окт – 4 ноеНеделна програма во КиноверзумКиноверзум · ШтипКиноверзум · Штип
1 ное – 7 ноеСамостојна изложба „Делови“ на Марко УгарковиќКСП Центар – Јадро · СкопјеКСП Центар – Јадро · Скопје
БилетПлатен влез — потребен е билет26 окт – 6 ноеКурсеви по француски јазик - зимска сесијаФранцуски институт во СкопјеФранцуски институт во Скопје
БесплатноВлез слободен — без билет и без пријава31 окт – 4 ноеWOW ДЕНОВИ ВО АЛФИАлфи Техноцентар · КумановоАлфи Техноцентар · Куманово
39Cineplexx Skopje
25Македонски народен театар
23Драмски театар Скопје
16Македонска филхармонија
1250та Дивизија
12Public Room
10Кинотека на Македонија
9Центар за култура
8Арена Борис Трајковски
8Офицерски дом
8Скопје
6Национална опера и балет
5Portal
5The Nest
5Киноверзум Велес
5Киноверзум Штип
4Base42
4Cuban Cocktail Bar & Restaurant
4East Gate Mall
4Laboratorium
4Stanica 26
4The Yard Lounge Bar
4Лабораториум
4Охрид

Сите места ›
БилетПретежно: Платен влез — потребен е билет · 1200 ден (3 од 5 настани)2 ное – 3 ное · 2 терминипон 2.11. — 20:00
БилетПлатен влез — потребен е билет29 окт – 4 ноеНеделна програма во КиноверзумКиноверзум · ШтипКиноверзум · Штип
1 ное – 7 ноеСамостојна изложба „Делови“ на Марко УгарковиќКСП Центар – Јадро · СкопјеКСП Центар – Јадро · Скопје
БилетПлатен влез — потребен е билет26 окт – 6 ноеКурсеви по француски јазик - зимска сесијаФранцуски институт во СкопјеФранцуски институт во Скопје
БесплатноВлез слободен — без билет и без пријава31 окт – 4 ноеWOW ДЕНОВИ ВО АЛФИАлфи Техноцентар · КумановоАлфи Техноцентар · Куманово
ДенесПроекција на документарен филм за Ајри Демировски „Битола мој роден крај“кино „Манаки“ · Битолакино „Манаки“ · Битола

+520 настани ›Според Обвинителството за организиран криминал, Мацура со помош на директорот на одделението за трезорско работење и уште еден вработен, неовластено влегувал во трезорот и изнесувал пари. При претресите на банката, извршени на 31 октомври и 1 ноември, бил направен и попис на готовината. На тројцата осомничени им е одреден притвор до 48 часа, по што ќе бидат сослушани пред обвинителството.
Името на српскиот бизнисмен Давор Мацура за кратко време стана регионална тема откако Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta banka a.d. Beograd. Зад една банкарска одлука стои многу поголема деловна приказна: мрежа која започнала со менувачница во Земун се проширила во платежните услуги и банкарството, а потоа влегла во малопродажбата, недвижностите и регионалниот финансиски пазар. Народната банка на Србија соопшти дека дозволата била одземена вчера, по контролни активности и привремена мерка, поради значително влошување на финансиската состојба и ризик за ликвидноста на банката.
Според наредбата на Јавното обвинителство за организиран криминал во соработка со полициските службеници на УКП, СБПОК и Одделот за сузбивање на организиран финансиски криминал, денес се лишени од слобода три лица, имено одговорното лице на „Алта банка“ а.д. Белград, Давор Мацура, директорот на Одделот за благајна и управување со готовина Г.М. и соработничката за благајничко работење И.П. На 31 октомври и 1 ноември 2026 година, по наредба на Јавното обвинителство за организиран криминал, извршени се претреси во просториите на банката и во станбената зона на осомничениот Мацура. При претресот на банкарските простории бил извршен детален попис на готовината во трезорот. За осомничениот Мацура постојат основи на сомнение дека сторил кривично дело злоупотреба на положбата на одговорно лице, додека другите двајца осомничени му помагале во извршувањето на делото.
Сопственикот на „Алта банка“, Давор Мацура, синоќа бил приведен во Србија, објавија повеќе српски медиуми. Информацијата доаѓа во период на сериозни случувања околу банката, откако Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа и најави поведување стечајна постапка. Според медиумските извештаи, Народната банка на Србија поднела кривична пријава до Јавното обвинителство за организиран криминал против правното лице „Алта банка“ АД Белград и неколку одговорни лица во банката.
Поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека не се плаши од апсење бидејќи, како што рече, не потпишал ништо во врска со пари. Вучиќ синоќа беше гостин на ТВ Пинк и рече дека ништо не може да се најде против него, пренесе Бета. „Јас не потпишувам ниту правам нешто во врска со парите, и ништо не може да се најде во врска со тоа.
Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ изјави дека не е исплашен од најавите за можно апсење, тврдејќи дека новата администрација нема никакви докази врз кои би можела да заснова кривични пријави против него. Синоќа, за време на гостување на телевизијата „Пинк“, тој истакна дека неговите политички противници се обидуваат да најдат повод за негово апсење, но дека нема да успеат во тоа. „Не знаат што да прават со мене.
Вели дека неговите политички противници се обидуваат да најдат повод за негово апсење, но дека нема да успеат во тоа.
Поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека не се плаши од најавите за можно апсење и дека новата власт нема докази врз основа на кои би можела кривично да го гони. Во синоќешното гостување на телевизијата Пинк порача дека политичките противници се обидуваат да најдат причина за негово апсење, но дека нема да успеат во тоа. „Не знаат што да прават со мене.
Повтореното гласање на 53 избирачки места в неделата ѝ овозможи на малцинската листа на Партијата за правда и помирување (СПП) на бошњачката заедница да влезе во парламентот во формалнaта завршница на предвремените парламентарните избори во Србија, додека Студентската листа изгуби еден мандат и ќе има 140 претставници наместо 141, покажуваат прелиминарните резултати. Гласањето беше повторено во 24 општини и населени места на 53 избирачки места каде што локалните изборни комисии го поништија гласањето или резултатите од 25-ти октомври не можеа валидно да се утврдат, а 24.438 граѓани имаа право на глас. Според прелиминарните и неофицијални резултати објавени од Центарот за истражување, транспарентност и одговорност (ЦРТА), која е блиска до победниците на изборите, излезноста на повтореното гласање била 44,9 отсто, а резултатот е промена во распределбата на мандатите во споредба со проекцијата на Републиканската изборна комисија, па така листата „Усама Зукорлиќ (СПП) – Движење за обединување“ ќе добие едно претставничко место.
Денеска во Србија се повторува гласањето од вонредните парламентарни избори 53 избирачки места на кои гласањето беше поништено или не може да се утврдат резултатите од 25 октомври. Гласањето се повторува на вкупно 53 избирачки места во 24 градови и општини, и тоа на местата каде што не било можно да се утврдат резултатите од гласањето, како и на оние каде што гласањето е поништено со одлуки на надлежните изборни комисии. Поради неможноста да се утврдат резултатите, гласањето се повторува на следните избирачки места: – Алексинац: 3, 13, 24, 42, 46 и 47 – Бачка Топола: 19 – Бојник: 10 – Владичин Хан: 17, 27, 35, 39, 40, 46 и 47 – Инѓија: 20 – Коцељева: 4, 10, 14, 26 и 32 – Кула: 14 – Куршумлија: 30 – Мајданпек: 28, 29, 30, 34 и 35 – Суботица: 73 – Ќуприја: 16 – Шид: 35 Гласањето е поништено на уште 22 избирачки места, на кои исто така ќе се повторат изборите: – Алексинац: 16 и 74 – Бабушница: 24, 26 и 36 – Бачка Топола: 34, 40 и 44 – Земун: 1 и 25 – Кањижа: 4 – Крушевац: 111 – Куршумлија: 13 – Лозница: 32 – Љиг: 20 – Нови Пазар: 81 – Петровац на Млави: 27 – Пирот: 33 – Пожаревац: 3 – Прокупље: 12 – Трстеник: 66 – Ќуприја: 21.
Повтореното гласање на вонредните парламентарни избори во Србија, одржано вчера на 53 избирачки места, доведе до промена во распределбата на пратеничките места во српскиот парламент во споредба со проекциите што претходно ги објави Републичката изборна комисија, соопшти организацијата на граѓанското општество CRTA. Листата „Усаме Зукорлиќ (СПП) – Движење за помирување“ обезбеди едно….
Повторувањето на гласањето на вонредните парламентарни избори, одржано вчера на 53 избирачки места во Србија, доведе до промена во распределбата на пратеничките места во Народното собрание на Србија во споредба со проекциите што претходно ги објави Републичката изборна комисија, соопшти организацијата на граѓанското општество CRTA. Листата „Усаме Зукорлиќ (СПП) – Движење за помирување“ обезбеди едно пратеничко место, објави CRTA на Инстаграм. Од друга страна, листата „Студентска листа – Студентите победуваат“ ќе има едно место помалку, со што вкупниот број на нивни пратеници изнесува 140.
Белгискиот премиер Барт Де Вевер во понеделникот му ја предаде оставката на владата на кралот Филип, откако коалицијата не постигна договор за буџетот. Кралот ја задржа одлуката и од вторник ќе се консултира со лидерите на партиите од владејачкото мнозинство. Како што соопшти Кралската палата, премиерот ја предаде оставката по неуспехот на преговорите за буџетот во рамките на владата.
Белгискиот премиер Барт Де Вевер ќе му ја понуди оставката на својата влада на кралот Филип, јавуваат локалните медиуми. Овој потег доаѓа откако ноќните преговори за државниот буџет завршија без договор. Јавниот сервис VRT пренесува дека средбата на Де Вевер со кралот е закажана за 9:30 часот, наведува Euronews . Владата е исправена пред потребата да обезбеди заштеди во износ од 10 милијарди евра, со цел да ги исполни правилата на Европската унија за јавната потрошувачка.
Белгискиот премиер Барт де Вевер денеска поднесе оставка бидејќи владата не можеше да постигне договор за федералниот буџет за 2027 година. Де Вевер одлучи да го преземе тој чекор по неуспешните состаноци со своите министри во текот на викендот. Кралот на Белгија Филип, изјави дека ќе ја одложи одлуката за неговата оставка додека во наредните денови води разговори со партиите што ја сочинуваат федералната коалиција.
Белгискиот премиер Барт де Вевер денеска официјално поднесе оставка од функцијата, откако коалициската влада не успеа да постигне заеднички договор за федералниот буџет за 2027 година. Ваквата одлука Де Вевер ја донесе по серијата неуспешни и исцрпувачки состаноци со министрите одржани во текот на изминатиот викенд. По потегот на премиерот, кралот на Белгија Филип објави дека ја одложува конечната одлука за прифаќање на оставката додека во наредните неколку дена не спроведе детални политички консултации со сите партии кои ја формираат федералната коалиција.
A post shared by 24 часа 🇲🇰 (@24chasa.mk) Хаос имаше низ цела Европа претходниве денови. (ВИДЕО) ТОТАЛЕН ХАОС ВЕЧЕРВА ВО ФРАНЦИЈА: Ултрасите на Ница се судрија со Антифа и мигранти. Немирите во Германија викендов се проширија во повеќе градови, каде демонстранти ограбувале продавници, палеле барикади и се судриле со полицијата.
Неколку полицајци беа повредени во судирите со демонстрантите за време на протестите на младите во Германија против можното воведување на задолжителна воена служба, објави во саботата германската новинска агенција dpa. Полицијата употреби бибер-спреј и водени топови откако демонстрантите почнаа да фрлаат камења, тули и други предмети кон полицајците. Во Хамбург, неколку илјади луѓе учествуваа на демонстрации за време на кои учесниците, облечени во црно, а некои носеа маски за лице, ги урнаа пластичните бариери за изведување работи на коловозите и ги запалија во близина на станица на метрото.
По претежно мирните демонстрации на млади луѓе во Германија, во текот на ноќта во неколку големи градови избувна насилство. Демонстрантите ограбуваа продавници, палеа барикади и фрлаа молотови коктели врз полицијата; уапсени се повеќе од 200 лица. Најсериозните инциденти се забележани во Франкфурт, Келн, Берлин и Хамбург, пренесува „Дер Шпигел“.
Полицијата сè уште е распоредена во Франкфурт по немирите што избувнаа синоќа, а обемот на материјалната штета сè уште се утврдува, изјави портпаролот на полицијата. Немирите следеа по протестите на младите луѓе кои бараа подобри услови во училиштата, ублажување на последиците од зголемените трошоци за живот и поголема социјална правда. Протести вчера се одржаа во 34 германски градови.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот лидер Владимир Путин во Турција и изрази надеж дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган може да помогне во организацијата на тие разговори. Во интервју за „Си-ен-ен Турк“, Зеленски ги оцени директните преговори на претседателско ниво како неопходни бидејќи досегашните контакти меѓу двете страни не успеаја да ја запрат војната. Подготвени сме за оваа средба во Турција.
Рускиот претседател Владимир Путин никогаш не одбил да разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а доколку сака средба во живо, може да дојде во Москва, изјавил советникот на Путин Јуриј Ушаков. Во разговор со Павел Зарубин, новинар од руската телевизиска станица „Вести“, Ушаков одговорил на прашањето дали Путин би прифатил телефонски повик од украинскиот претседател, пренесува руски ТАСС. „Мислам дека, секако, би се јавил.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот лидер Владимир Путин во Турција и изрази надеж дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган може да помогне во организацијата на тие разговори. Во интервју за „Си-ен-ен Турк“, Зеленски ги оцени директните преговори на претседателско ниво како неопходни бидејќи досегашните контакти меѓу двете страни не успеаја да ја запрат војната. Подготвени сме за оваа средба во Турција.
Новите руски напади со дронови погодија украинска железничка станица во Сумската област и товарен брод во близина на Одеса. Во меѓувреме, стотици украински дронови биле пресретнати над руска територија. На дипломатски план, Зеленски во Истанбул разговараше со Ердоган за безбедноста во Црното Море и можностите за завршување на војната.
Горивата од полноќ повторно поскапуваат. Бензините поскапуваат за два денари, а дизелот за еден денар по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Од утре, 3 ноември, новите максимални цени ќе изнесуваат: • Еуросупер БС-95: 93 денари за литар • Еуросупер БС-98: 95 денари за литар • Дизел: 100 денари за литар Цената на екстра лесното.
Следната редовна одлука за цените на горивата се очекува утре, понеделник, 2 ноември , објави „Вести плус“. Во пресрет на пресметката, на страницата на Регулаторната комисија за енергетика се наведени досегашните максимални малопродажни цени: 91 денар за бензинот БС-95, 93 денари за БС-98 и 99 денари за дизелот. Засега нема потврдена нова цена за следната недела.
Бензините и дизелот од полноќ меѓу 2 и 3 ноември ќе се продаваат по повисоки цени, според пренесената одлука на Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1,55 отсто. ЕУРОСУП.
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,55 отсто. Од полноќ бензините поскапуваат по два, а дизелот еден денар. Според одлуката, цената на моторниот бензин „Еуросупер БС-95“ се зголемува за два денари по литар и ќе изнесува 93 денари, додека „Еуросупер БС-98“ исто така поскапува за два денари и ќе се продава по 95 денари за литар.
Рударството се трансформира во високо технолошка индустрија која има клучна улога во енергетската транзиција и развојот на новите технологии. Ова беше една од пораките на претседателот на Здружението на рударски и геолошки инженери на Македонија, Горан Сарафимов, на последното научно советување. „Потребен е рударски сектор кој ќе биде партнер на европската иднина“, нагласи Сарафимов, посочувајќи дека брзите технолошки промени и растечката потреба за минерални суровини бараат поинаков пристап кон рударството.
РУДАРСТВОТО ДОБИВА ЦЕНТРАЛНО МЕСТО ВО РЕГИОНОТ, МАКЕДОНИЈА ДА НЕ СТОИ НАСТРАНА Експертите го потврдија недостигот на бакар во светот Во Србија се реализираат повеќе милијарди на инвестиции во производ.
Зголемената глобална побарувачка за бакар и други критични минерални суровини го става рударството во фокусот на европските економски и индустриски политики. Во услови на енергетска транзиција и брз технолошки развој, регионот на Западен Б.
„Потребен е рударски сектор кој ќе биде партнер на европската иднина“, порача претседателот на Здружението на рударски и геолошки инженери на Македонија, Горан Сарафимов, на последното научно советување. Тој истакна дека живееме во време на брзи технолошки промени, енергетска транзиција и зголемена потреба од минерални суровини, поради што рударството денес не може да се гледа само како индустрија за ископување руда и метали. „Современото рударство претставува висока технолошка дејност, која применува автоматизација, дигитализација, вештачка интелигенција, далечинско управување со опрема, беспилотни летала за геолошки истражувања и напредни системи за мониторинг на животната средина.
Полициски службеници во Прифатниот центар за странци при РЦ за ГР Север се осомничени дека извршиле „тешка кражба“ и „полово вознемирување“. Кривичните пријави се поднесени против вработената Б.Д. за тешка кражба и против раководителот на смена со иницијали Б.М. за полово вознемирување. Првопријавената, на работно место полицаец во Прифатниот центар за странци при РЦ за ГР Север, на 28.09.2026, за време на посета во Прифатниот центар за странци, од мајката на привремено задржано женско лице одзела еден златен и еден сребрен прстен и 3.000 денари кои ги пронашла при преглед во чантата на привремено задржаното лице.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО ГОКК – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Б.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ и против Б.М. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полово вознемирување“, соопшти денеска МВР. Како што објаснуваат од МВР, првопријавената, на работно место полицаец во Прифатниот центар за странци при РЦ за ГР Север, на 28.09.2026, за време на посета во Прифатниот центар за странци, од мајката на привремено задржано женско лице одзела еден златен и еден сребрен прстен и 3.000 денари кои ги пронашла при преглед во чантата на привремено задржаното лице. Второпријавениот, раководител на смена во Прифатниот центар за странци при РЦ за ГР Север, на 30.09.2026, при извршување на работните задачи влегол во собата каде што била сместена привремено задржаната, со вербално и физичко дејствување, како и преку користење електронски средства за комуникација, изразувал сексуална страст и вршел други дејствија кои јасно потсетуваат на сексуален однос со што го повредил достоинството на оштетената, предизвикувајќи ѝ чувство на непријатност, навреденост, понижување и страв, а која во моментот била во состојба на подреденост.
Кривични пријави против двајца полициски службеници од Прифатниот центар за странци при Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе Одделот за внатрешна контрола при МВР. Полицајката Б.Д. се сомничи за тешка кражба, а нејзиниот ко.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО ГОКК - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Б.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ и против Б.М. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полово вознемирување“. Првопријавената, на работно место полицаец во Прифатниот центар за странци при РЦ за ГР Север, на 28.09.2026, за време на посета во Прифатниот центар за странци, од мајката на привремено задржано женско лице одзела еден златен и еден сребрен прстен и 3.000 денари кои ги пронашла при преглед во чантата на привремено задржаното лице. Второпријавениот, раководител на смена во Прифатниот центар за странци при РЦ за ГР Север, на 30.09.2026, при извршување на работните задачи влегол во собата каде што била сместена привремено задржаната, со вербално и физичко дејствување, како и преку користење електронски средства за комуникација, изразувал сексуална страст и вршел други дејствија кои јасно потсетуваат на сексуален однос со што го повредил достоинството на оштетената, предизвикувајќи ѝ чувство на непријатност, навреденост, понижување и страв, а која во моментот била во состојба на подреденост.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 37-годишната А.А. од Охрид поради сомнение за одземање дете. Според пријавата, на 9 октомври 2026 година, таа не ја вратила малолетната ќерка во договорениот рок, иако детето било доделено на нејзиниот сопруг за грижа, издржување и воспитување. Против неа е поднесена кривична пријава за кривично дело „Одземање дете“ по член 198 од Кривичниот законик.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.А.(37) од Охрид. Таа се сомничи за сторено кривично дело „одземање на дете“ по член 198 од Кривичниот законик. Пријавената А.А. го сторила делото на 09.10.2026, кога навремено и според договорот не ја вратила малолетната ќерка на нејзиниот сопруг, на кого била доделена за грижа, издржување и воспитување.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.А.(37) од Охрид. Таа се сомничи за сторено кривично дело „ одземање на дете “ по член 198 од Кривичниот законик . Пријавената А.А. го сторила делото на 09.10.2026, кога навремено и според договорот не ја вратила малолетната ќерка на нејзиниот сопруг, на кого била доделена за грижа, издржување и воспитување.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 37-годишната А.А. од Охрид поради сомнение за сторено кривично дело „одземање на дете“. Според полициските информации, на 9 октомври годинава пријавената не ја вратила малолетната ќерка кај таткот.
Полициски службеници од ОВР Гостивар лишиле од слобода 48-годишен жител на градот, кај кого била пронајдена дрога. Како што информираат од МВР, на 1 ноември во 00:40 часот, при извршен преглед кај С.Ј., биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом и помошните простории, при што полицијата пронашла и одзела марихуана и дигитална вага.
Денеска (01.11.2026), полициски службеници од СВР Тетово, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, постапувајќи по претходно добиени оперативни сознанија, спроведоа акција за спречување на недозволена трговија со наркотични дроги, при што лишија од слобода две лица од Гостивар, соопшти МВР. „По преземени оперативно-тактички мерки и активности, полициските службеници извршија интервенција во момент на купопродажба на.
Дрога и дигитална вага биле пронајдени при полициски претрес во дом и помошни простории во Гостивар, а 48-годишен маж бил лишен од слобода. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 1 ноември, во 00:40 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С. Ј. (48) од Гостивар. При преглед кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана.
Денеска (01.11.2026), полициски службеници од СВР Тетово – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, постапувајќи по претходно добиени оперативни сознанија, спроведоа акција за спречување на недозволена трговија со наркотични дроги, при што лишија од слобода две лица од Гостивар. По преземени оперативно-тактички мерки и активности, полициските службеници извршија интервенција во момент на купопродажба на улицата „Беличица“ во Гостивар. На местото на настанот од слобода се лишени Б.И.(42) и С.Ј.(48), двајцата од Гостивар.
Комбо ансамблот на Националниот џез оркестар, денеска ќе настапи во престижниот концертен простор PETROF Gallery во Храдец Кралове, Чешка. Ансамблот ќе се претстави со програма составена од авторски композиции, која ја отсликува креативноста, разновидноста и современиот уметнички израз на македонските џез-музичари. Комбо ансамблот го сочинуваат Трајче Велков – труба, Кирил Кузманов – алт-саксофон, Иван Иванов – тенор-саксофон, Гордан Спасовски – пијано, Кирил Туфекчиевски – контрабас и Виктор Филиповски – тапани.
Националниот џез оркестар продолжува со своите меѓународни активности, со два значајни настапи во Чешка и Босна и Херцеговина, претставувајќи ја македонската џез-сцена пред европската публика. На 2 ноември, комбо ансамблот на Националниот џез оркестар ќе настапи во престижниот концертен простор PETROF Gallery во Храдец Кралове, Чешка. Ансамблот ќе се претстави со програма составена од авторски композиции, која ја отсликува креативноста, разновидноста и современиот уметнички израз на македонските џез-музичари.
Комбо ансамблот го сочинуваат Трајче Велков – труба, Кирил Кузманов – алт-саксофон, Иван Иванов – тенор-саксофон, Гордан Спасовски – пијано, Кирил Туфекчиевски – контрабас и Виктор Филиповски – тапани. На 4 ноември, Националниот џез оркестар ќе го отвори 30. издание на еден од најзначајните џез-фестивали во регионот – Jazz Fest Sarajevo. Концертот ќе се одржи во Народниот театар во Сараево, на главната фестивалска сцена, со програмата „Macedonian Dreams“, под диригентската палка на маестро Владимир Николов.
Националниот џез оркестар продолжува со своите меѓународни активности, реализирајќи два значајни настапи во Чешка и Босна и Херцеговина. Преку овие претставувања македонската џез-сцена се позиционира пред европската публика. На 2 ноември, комбо ансамблот на Националниот џез оркестар ќе настапи во престижниот концертен простор „PETROF Gallery“ во градот Храдец Кралове во Чешка.
На 4 ноември во 19:00 часот во Кинотеката во Скопје, амбасадорот Кавахара ќе го отвори 19-тото издание на Неделата на јапонски филм, кое ќе понуди разновиден избор на современи јапонски филмови. Два од филмовите ќе бидат прикажани на 11 ноември во Центарот за култура во Битола. На истото место, Амбасадата ќе организира и работилница за оригами што ќе ја води г. Јошио Којама, предавач по јапонски јазик.
Од 4 до 10 ноември 2026 година, во Кинотеката во Скопје ќе се одржи Недела на јапонски филм, со шест остварувања што ја претставуваат разновидноста на јапонската кинематографија. Програмата опфаќа семејни драми, трилер, приказна за младоста, анимација и историска драма, а на 11 ноември ќе продолжи во Центарот за култура во Битола. Програмата ќе биде отворена на 4 ноември со „Чекор“, во режија на Кен Иизука — трогателна приказна за татко кој, по ненадејната смрт на сопругата, сам ја одгледува својата ќерка.
Амбасадата на Јапонија, Кинотеката и Центарот за култура во Битола ќе го одбележат Денот на културата на Јапонија (кој секоја година се слави на 3 ноември) со 19-тото издание на Неделата на јапонски филм и работилница за оригами. На 4 ноември во 19:00 часот во Кинотеката во Скопје, амбасадорот Кавахара ќе го отвори 19-тото издание на Неделата на јапонски филм, кое ќе понуди разновиден избор на современи јапонски филмови. Два од филмовите ќе бидат прикажани на 11 ноември во Центарот за култура во Битола.
Археолошкиот комплекс кај прилепското село Старо Бонче, познат по кралската гробница и уникатните штитови со сончев симбол, доби прва монографија по две децении истражувања. Монографијата „Археолошки комплекс Старо Бонче“ беше промовирана синоќа во прилепскиот Завод и музеј, а нејзини автори се професорите Антонио Јакимовски и Виктор Лилчиќ Адамс од Филозофскиот факултет во Скопје и археологот Душко Темелкоски од прилепскиот Музеј. Во публикацијата се претставени резултатите од 20-годишните археолошки истражувања, во рамки на кои се откриени 15 нови локалитети и целосно е истражена кралската гробница.
Книгата „Археолошки комплекс Старо Бонче“ ќе биде промовирана вечерва, 1 ноември 2026 година , во просториите на НУ Завод и музеј – Прилеп . Настанот почнува во 18:30 часот , според објавената најава. Автори на публикацијата се Антонио Јакимовски, Виктор Лилчиќ Адамс и Душко Темелкоски. Во неа се претставени резултатите од истражувачката и научната работа поврзана со археолошкото наследство и историското значење на локалитетот.
Во просториите на НУ Завод и Музеј – Прилеп се одржа промоцијата на книгата „Археолошки комплекс Старо Бонче“, значајно научно дело посветено на истражувањето, документирањето и афирмацијата на еден од најзначајните археолошки локалитети во нашиот регион. Преку оваа публикација, богатото културно и археолошко наследство на Старо Бонче добива уште една можност да биде доближено до пошироката јавност, потврдувајќи ја неговата историска и научна вредност. Честитки до авторите проф. д-р Антонио Јакимовски, проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс и Душко Темелкоски,археолог, кустос советник како и до сите соработници кои придонесоа за реализацијата на ова значајно дело.
Милан ја продолжи фантастичната серија на Дерби дела Мадонина од 8 меча без пораз. Има учинок од 6 победи и 2 нерешени. Увертирата пред дербито мина во знак на легендата Кака, кој влезе во Куќата на славните на Милан.
Но, покрај триумфот на теренот, вечерта на „Сан Сиро“ беше исполнета со силни емоции и носталгија, а во центарот на вниманието беше човекот чие име со златни букви е запишано во историјата на клубот – легендарниот Рикардо Кака. Непосредно пред почетокот на натпреварот, бразилскиот волшебник официјално беше примен во Куќата на славните на Милан. Чекорејќи по добро познатиот терен, освојувачот на „Златната топка“ од 2007 година не можеше да ги сокрие солзите, додека преполните трибини громогласно го поздравуваа.
Благословот пристигна директно од Кака, кој беше вклучен во „Куќата на славните“ на Милан пред дербито. „ Ти благодарам што дојде и што ми го даде твојот број “, напиша Диего Мореира на социјалните мрежи. Белгиското крило уживаше во вечерта од соништата, постигнувајќи гол и асистирајќи двапати во победата од 3-1 против Интер.
Валтер „Еди“ Таварес го запиша своето име во историјата на шпанската кошаркарска лига. Центарот на Реал Мадрид се најде на врвот на листата на најдобри блокадери на сите времиња по неговиот настап против Мирафлорес Бургос. Таварес блокираше два шута во првото полувреме и го зголеми својот вкупен број на блокади во шпанската елита на 739.
Валтер Таварес стана најдобриот блокер во историјата на шпанската АЦБ-лига. Центарот на Реал Мадрид во неделата, на натпреварот против Бургос, стигна до 739 блокади и го надмина досегашниот рекордер Фран Васкез, кој застана на 738. Таварес го израмни рекордот во првата четвртина, а на почетокот од третата го блокираше Копривица и изби сам на врвот.
Клиника Жан Митрев во текот на ноември овозможува промотивни цени за превентивни и специјалистички прегледи, дијагностички услуги и лабораториски испитувања за мажите. Иницијативата, по повод месецот посветен на машкото здравје, има цел да ги поттикне мажите да посветат повеќе внимание на сопственото здравје и да не ги одложуваат редовните контроли. Промотивната понуда опфаќа прегледи и услуги од областа на урологијата, кардиологијата, неврологијата, неврохирургијата, нефрологијата, пулмологијата, оториноларингологијата, дерматологијата и пластичната хирургија.
Клиниката „Жан Митрев“ во текот на ноември овозможува промотивни цени за превентивни и специјалистички прегледи, дијагностички услуги и лабораториски испитувања за мажите. Иницијативата, по повод месецот посветен на машкото здравје, има цел да ги поттикне мажите да посветат повеќе внимание на сопственото здравје и да не ги одложуваат редовните контроли. Промотивната понуда опфаќа прегледи и услуги од областа на урологијата, кардиологијата, неврологијата, неврохирургијата, нефрологијата, пулмологијата, оториноларингологијата, дерматологијата и пластичната хирургија.
Клиника Жан Митрев во текот на ноември овозможува промотивни цени за превентивни и специјалистички прегледи, дијагностички услуги и лабораториски испитувања за мажите. Иницијативата, по повод месецот посветен на машкото здравје, има цел да ги поттикне мажите да посветат повеќе внимание на сопственото здравје и да не ги одложуваат редовните контроли. Промотивната понуда опфаќа прегледи и услуги од областа на урологијата, кардиологијата, неврологијата, неврохирургијата, нефрологијата, пулмологијата, оториноларингологијата, дерматологијата и пластичната хирургија.
Клиника Жан Митрев во текот на ноември овозможува промотивни цени за превентивни и специјалистички прегледи, дијагностички услуги и лабораториски испитувања за мажите . Иницијативата, по повод месецот посветен на машкото здравје , има цел да ги поттикне мажите да посветат повеќе внимание на сопственото здравје и да не ги одложуваат редовните контроли. Промотивната понуда опфаќа прегледи и услуги од областа на урологијата , кардиологијата, неврологијата, неврохирургијата, нефрологијата, пулмологијата, оториноларингологијата, дерматологијата и пластичната хирургија. По промотивни цени се достапни и дијагностика на простатата, испитувања за остеопороза, дигитална дермоскопија на целото тело, тестирања за сексуално преносливи микроорганизми, како и одредени генетски и лабораториски анализи.
Истражувањето кое опфати 50 лица кои се нашле на работ на смртта покажува дека на поголемиот дел од нив во тие моменти им се привидувале пространи и светлечки простори, закривени хоризонти или чувство на опкруженост со светлина. Истражувачката на неврофеноменологијата, Франс Лернер од Универзитетот во Хаифа во Израел и нејзините колеги сакале да му пристапат на ова прашање визуелно, бидејќи сметале дека на тој начин ќе откријат обрасци што зборовите не можат да ги доловат, пренесе денеска порталот „Сајенс алерт“ (ScienceAlert). На учесниците им било кажано на цртежот да го претстават обликот на просторот на кој се сеќаваат дека го преживеале и да опишат каде се перципирале себеси во тој простор, како се движеле низ него и на кои бои се сеќаваат. Истражувачите потоа составиле база на податоци од овие реконструкции и ги споредиле, барајќи сличности во геометријата на просторот.
Научно истражување во коешто учествувале 50 луѓе кои се нашле на работ на смртта покажува дека, во тие мигови, повеќето доживеале визии за огромни, светли простори, закривени хоризонти или чувство дека се опкружени со светлина. Истражувачката од областа на неврофеноменологијата, Франс Лернер од Универзитетот на Хаифа, Израел, и нејзините колеги се обидоа да ѝ пристапат на оваа појава од визуелен аспект, верувајќи дека овој метод ќе открие обрасци што зборовите не можат целосно да ги доловат. При испитувањата, од учесниците е побарано да го прикажат обликот на просторот што се сеќаваат дека го доживеале, да опишат каде се наоѓале во тој простор, како се движеле низ него и кои бои ги паметат.
Научно истражување во коешто учествувале 50 луѓе кои се нашле на работ на смртта покажува дека, во тие мигови, повеќето доживеале визии за огромни, светли простори, закривени хоризонти или чувство дека се опкружени со светлина. Истражувачката од областа на неврофеноменологијата, Франс Лернер од Универзитетот на Хаифа, Израел, и нејзините колеги се обидоа да ѝ пристапат на оваа појава од визуелен аспект, верувајќи дека овој метод ќе открие обрасци што зборовите не можат целосно да ги доловат. При испитувањата, од учесниците е побарано да го прикажат обликот на просторот што се сеќаваат дека го доживеале, да опишат каде се наоѓале во тој простор, како се движеле низ него и кои бои ги паметат.
Луѓето кои поминуваат повеќе време на силна светлина во текот на денот имаат помал ризик од развој на деменција, се вели во студија спроведена врз 87.577 возрасни лица во Обединетото Кралство, кои научниците ги следеле повеќе од осум години. Студијата е спроведена од истражувачи од Медицинскиот универзитет во Гуангжу и е објавена во списанието General Psychiatry . Учесниците биле избрани од здравствената база на податоци „UK Biobank“, а никој од нив немал деменција на почетокот на истражувањето. Нивната просечна возраст изнесувала 62 години, а нешто повеќе од половината биле жени.
Луѓето кои во текот на денот поминуваат повеќе време на силна светлина поретко заболуваат од деменција, покажа студија на 87.577 возрасни лица од Велика Британија, кои научниците ги следеле повеќе од осум години. Студијата беше спроведена од научници од Медицинскиот универзитет во Гуангжу и објавена во списанието „Општа психијатрија“. Учесниците се дел од „Биобанка на ВБ“, британска здравствена база на податоци, и никој од нив немал деменција на почетокот на студијата.
Руската манекенка Ирина Шајк повторно го привлече вниманието на светот. Наместо некоја стилска модна комбинација или гламурозна креација, овој пат видовме „секси ѓаволица“ во црвен латекс. Иако Ноќта на вештерките – која се слави ширум светот помина, одредени костими на славните личности сè уште го привлекуваат вниманието на модните критичари на интернет.
Една од најбараните манекенки на светот руската убавица Ирина Шајк се појави на еден настан во Њујорк и покажа како блеска природната убавина. Дали можеби знаете за која убавица станува збор? Руската манекенка Ирина Шајк блесна на доделувањето на наградите „Иноватор“ (Innovator Awards) на списанието WSJ во Њујорк.
За првпат во историјата на изборот за Автомобил на годината во Европа (European Car of the Year), сите седум финалисти се целосно електрични модели. Одлуката ја одразува забрзаната електрификација на европскиот автомобилски пазар, каде што секој трет новопродаден автомобил денес е електричен. Иако електрични модели и претходно ја освојуваа престижната титула, ова е првпат финалната листа да биде составена исклучиво од возила со целосно електричен погон.
Избрани се седум финалисти од кои ќе се избере Европски автомобил на годината 2027, престижна титула што се доделува од 1964 година. Овогодинешен победник е Mercedes-Benz CLA, а финалистите за 2027 година се BMW iX3, Cupra Raval, Hyundai Ioniq 3, Kia EV2, Renault Twingo, Volkswagen ID. Polo и Volvo EX60. Објавени се седумте финалисти за.
Aston Martin ја претстави новата Valhalla Spider, отворената верзија на својот знаменосец, која ја задржува целата хибридна моќност од 1.064 коњски сили, но нуди уште поинтензивно возачко искуство благодарение на покривот што може да се отстрани. Светската премиера на моделот се одржа на 2026 Concours at Wynn Las Vegas, а првите испораки се очекуваат во текот на третото тримесечје следната година. За разлика од многу кабриолет модели, Valhalla Spider не бараше значителни конструкциски измени.
Кај Aston Martin Valhalla Spider отсуството на покрив не значи отстапка од брзината. Британскиот производител најавува максимални 350 км/ч и со отворена кабина — доволно за титулата најбрз отворен „Астон Мартин“ досега. Моделот беше претставен на 28 октомври, а испораките се планирани за третиот квартал од 2027 година . Погонот комбинира четирилитарски твин-турбо V8 со три електромотори, за вкупно 1.079 метрички коњски сили и 1.100 Nm. Карбонската структура и активната аеродинамика се дел од инженерската приказна.
Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.