Гласањето во вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница е во тек. Според информацијата објавена од „Нетпрес“, до 9 часот излезноста изнесувала 3,98 проценти. Според податоците на Државната изборна комисија, во првиот круг, одржан на 18 октомври, до 9 часот гласале 400 граѓани, односно 2,46 проценти од избирачите.
Во фокусот на средбата беше актуелната безбедносна состојба, со посебен акцент на претстојните предвремени локални избори во Општина Брвеница. Беше констатирано дека состојбата е стабилна и дека се преземаат сите неопходни оперативни и безбедносни мерки за непречено одвивање на изборниот процес, заштита на избирачкото право и безбеден транспорт на изборниот материјал. Директорот Јанев нагласи дека полицијата има обврска да обезбеди услови во кои секој граѓанин слободно и без притисоци ќе може да го оствари своето демократско право на глас, потенцирајќи дека нема да има толеранција за криминал, заплашување или каков било обид за нарушување на изборниот процес.
Првиот круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница се одржа пред две недели на 18 октомври, а најмногу гласови освоија кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Синоќа на полноќ почна изборниот молк за вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница. На изборите на 18 октомври право на глас имаа 16.256 граѓани, а излезноста изнесуваше 46,56% (гласале 7.565 избирачи). Стојанчо Радичевски, кандидатот на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – Твоја Македонија освои 2.943 гласа (38,9%), а Аркин Јахији кандидатот на ДУИ коалицијата Национална алијанса за интеграција освоеи 2.152 гласа (28,45%). Бидејќи ниту еден од кандидатите не го освои потребното мнозинство, во општината се организира втор круг гласање.
Вкупно 104 болни и немоќни лица и 8 лица кои се наоѓаат во казнено-поправните установи го остварија своето право на глас во пресрет на вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница. Според податоците на Државната изборна комисија, од деветте пријавени лица за гласање во казнено-поправните установи во државата, гласаа осум лица. Од вкупно 107 болни или немоќни лица со право на глас, своето избирачко право го искористија 104 лица.
СДСМ бара Народната банка да изврши итна контрола во Алта банка во Битола и да ги преземе сите законски мерки за заштита на депозитите, откако Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на Алта банка во Белград поради значително влошување на финансиската состојба и ликвидноста. Од СДСМ обвинуваат дека јавни претпријатија, министерства и компании поврзани со тендери во Македонија биле насочувани да работат со банката, а за состојбата политичка одговорност им припишуваат на премиерот Христијан Мицкоски и гувернерот на Народната банка, Трајко Славески. Во соопштението на СДСМ се наведува дека само еден ден пред одземањето на дозволата, институциите уверувале дека состојбата со банката е редовна.
Извршниот одбор на Народната банка на Србија донесе одлука за одземање на дозволата за работа на АЛТА банка АД Белград. Во соопштението од Народната банка се наведува дека извршниот одбор констатирал оти на одземањето на дозволата му претходеле контролни активности насочени кон зголемување на ликвидноста на банката. „Утврдено е дека во изминатиот период финансиската состојба на банката….
Одземањето на дозволата за работа на Алта банка а.д. Белград од страна на Народната банка на Србија поради нарушена ликвидност и влошена финансиска состојба претставува директен системски шок за нејзината ќерка-банка во Македонија, Алта банка АД Битола. Српската централа поседува 97 отсто од акциите на македонската банка. Прелевањето на кризата е неизбежно.
Во контекст на најновите случувања поврзани со АЛТА банка во Република Србија, АЛТА банка АД Битола ја информира јавноста дека Банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Северна Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива и е под непосредна супервизија на Народната банка на Република Северна Македонија. АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со редовно и непречено работење. Сите експозитури и банкомати во вообичаениот режим, а клиентите имаат непречен пристап до своите средства.
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски од вчера престојува во работна посета во Северна Рајна – Вестфалија, Сојузна Република Германија. Како што соопшти владината прес-служба, во рамки на работната посета предвидени се средби на високо политичко ниво, како и средби со претставници на бројни компании, институции и бизнис заедницата. Предвидено е премиерот Мицкоски да присуствува на првиот самит насловен „Посилни заедно – отпорноста како императив за целото општество“, каде ќе земе активно учество на панел-дискусијата „Од глобални промени до регионални реалности“.
Премиерот Христијан Мицкоски од денеска престојува во работна посета на германската покраина Северна Рајна – Вестфалија. Во рамки на посетата се предвидени средби на високо политичко ниво, како и разговори со претставници на компании, институции и бизнис-заедницата. Како што соопшти владината прес-служба, Мицкоски ќе присуствува на првиот самит насловен „Посилни заедно – отпорноста како императив за целото општество“, на кој ќе учествува и во панел-дискусијата „Од глобални промени до регионални реалности“.
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски од вчера престојува во работна посета во Северна Рајна – Вестфалија, Сојузна Република Германија. Како што соопшти владината прес-служба, во рамки на работната посета предвидени се средби на високо политичко ниво, како и средби со претставници на бројни компании, институции и бизнис заедницата. Предвидено е премиерот Мицкоски да присуствува на првиот самит насловен „Посилни заедно – отпорноста како императив за целото општество“, каде ќе земе активно учество на панел-дискусијата „Од глобални промени до регионални реалности“.
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски од вчера престојува во работна посета во Северна Рајна – Вестфалија, Сојузна Република Германија. Како што соопшти владината прес-служба, во рамки на работната посета предвидени се средби на високо политичко ниво, како и средби со претставници на бројни компании, институции и бизнис заедницата. Предвидено е премиерот Мицкоски да присуствува на првиот самит насловен „Посилни заедно – отпорноста како императив за целото општество“, каде ќе земе активно учество на панел-дискусијата „Од глобални промени до регионални реалности“.
Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и пештерата Врело за граѓаните, со обезбеден автобуски превоз и професионални туристички водичи од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Тој во објава на Фејсбук посочи дека целта на активноста е природните богатства на градот да им бидат подостапни на граѓаните, кои имале можност одблизу да се запознаат со нивните особености и да дознаат повеќе за нивното значење. „Некои од најголемите природни богатства се токму тука, на дофат на секој скопјанец.
Бутел доби ново зелено срце. Место што ќе им припаѓа на граѓаните, ќе зближува генерации и ќе создава спомени. Има посебна радост кога дадениот збор ќе стане место исполнето со детска смеа.
Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и пештерата Врело за граѓаните, со организиран автобуски превоз и професионални туристички водичи од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Во објава на Фејсбук, Ѓорѓиевски посочува дека целта на активноста е природните богатства на Скопје да им бидат поблиски на граѓаните, кои имале можност да се запознаат со нивните особености и да дознаат повеќе за нивното значење. Некои од најголемите природни богатства се токму тука, на дофат на секој скопјанец.
Мегапаркот „Бутелска оаза“, кој се простира на 50.000 квадратни метри, денеска е официјално пуштен во употреба од градоначалниците на Скопје и скопската општина Бутел, Орце Ѓорѓиевски и Дарко Костовски. Паркот има богати зелени површини, плоштад, детски катчиња, пешачки патеки, фитнес-зони и содржини за сите генерации. Градоначалникот на Скопје, Ѓорѓиевски, истакна дека Бутел доби „ново зелено срце, место што ќе им припаѓа на граѓаните, ќе зближува генерации и ќе создава спомени“.
Судиите на Филипче и Ахмети повторно во нивна одбрана, судат само по насоки на нивните наредбодавци, изјави денеска на прес-конференција Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. Откако пред само некој месец Ислам Абази го амнестираше Филипче за било каква вина во случајот со модуларните болници, со тоа што не отвори случај за истите, денес Африм Фидани ги ослободи Артан Етеми и Флорин Бесими, поранешни директори на тетовската болница за пожарот во кој загинаа 14 наши сограѓани“, изјави Петрушевски. То додаде дека Филипче и Ахмети, двајца ликови кои никој не ги поддржува, кои се во длабока опозиција, единствено што можат да направат, пред да си заминат во политичката историја, е преку своите инсталации во судството да се амнестираат.
Врховниот суд на Африм Фидани диригиран од Филипче и Ахмети, ги ослободува од вина директорите на Тетовската болница во која се запали модуларната болница, изјави денеска на прес-конференција Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што го пренесуваме интегрално. Каков срам за правосудството во Македонија. Ај што им дадоа на првото судење по една и пол година казна на Флорим Бесими и Артан Етеми, па потоа Апелација им ги зголеми на 3 години, сега Врховниот суд предводен од рецидивите на СДС и ДУИ, ги ослободија овие двајца поранешни директори.
Заменик-генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Бране Петрушевски денеска остро реагираше на одлуката на Врховниот суд со која беа укинати пресудите за поранешните директори на Клиничката болница во Тетово во случајот со пожарот во модуларната болница и предметот беше вратен на повторно судење. На прес-конференција, Петрушевски упати политички обвинувања кон претседателот на Врховниот суд Африм Фидани, како и кон лидерите на СДСМ и ДУИ, Венко Филипче и Али Ахмети, оценувајќи дека одлуката претставува тежок удар за семејствата на жртвите во трагедијата. Врховниот суд на Африм Фидани, диригиран од Филипче и Ахмети, ги ослободува од вина директорите на Тетовската болница во која се запали модуларната болница.
Врховниот суд на Африм Фидани диригиран од Филипче и Ахмети, ги ослободува од вина директорите на Тетовската болница во која се запали модуларната болница, изјави денеска на прес-конференција Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Каков срам за правосудството во Македонија. Ај што им дадоа на првото судење по една и пол година казна на Флорим Бесими и Артан Етеми, па потоа Апелација им ги зголеми на 3 години, сега Врховниот суд предводен од рецидивите на СДС и ДУИ, ги ослободија овие двајца поранешни директори.
Вчера, во салата на Советот на Округот Корча, се одржа завршниот настан на проектот „Создавање традиционални носии на македонското, ромското, влашкото и египтјанското национално малцинство во регионот на Корча“, имплементиран од македонското друштво „Сонце“, со поддршка на Комитетот за национални малцинства и во партнерство со репрезентативните здруженија на ромската, влашката и египќанската заедница. За време на настанот беа претставени четири традиционални носии, изработени за македонската, ромската, влашката и египќанската заедница, како и информативната брошура „Етнокултурното наследство на Македонците, Ромите, Власите и Египќаните во Округот Корча“, подготвена од Васил Стерјовски. Брошурата е посветена на историјата, културното значење и идентитетот што го претставува традиционалната облека на овие заедници.
Македонското друштво “Сонце“ од Корча со поддршка на Комитетот за национални малцинства, во сабота, 31 октомври, ќе го организира завршниот настан на проектот „Создавање традиционални носии на македонското, ромското, влашкото и египтјанското национално малцинство во регионот на Корча“. Во рамките на настанот ќе бидат презентирани традиционалните носии на четирите национални малцинства, изработени од познатата костимографка од Корча, Лирика Појани. Носиите се создадени со посветеност и љубов кон културното наследство, со цел да се зачуваат и промовираат традициите, автентичноста и културниот идентитет на овие заедници.
Во салата на Советот на Округот Корча, денеска се одржа завршниот настан на проектот „Создавање традиционални носии на македонското, ромското, влашкото и египтјанското национално малцинство во регионот на Корча“, имплементиран од македонското друштво „Сонце“, со поддршка на Комитетот за национални малцинства и во партнерство со репрезентативните здруженија на ромската, влашката и египќанската заедница. За време на настанот беа претставени четири традиционални носии, изработени за македонската, ромската, влашката и египќанската заедница, како и информативната брошура „Етнокултурното наследство на Македонците, Ромите, Власите и Египќаните во Округот Корча“, подготвена од Васил Стерјовски. Брошурата е посветена на историјата, културното значење и идентитетот што го претставува традиционалната облека на овие заедници.
Во салата на Советот на Округот Корча се одржа завршниот настан на проектот насловен како „Создавање традиционални носии на македонското, ромското, влашкото и египтјанското национално малцинство во регионот на Корча“. Овој проект беше имплементиран од страна на македонското друштво „Сонце“, со целосна поддршка на Комитетот за национални малцинства и во партнерство со репрезентативните здруженија на ромската, влашката и египќанската заедница. За време на одржувањето на настанот беа официјално претставени четири традиционални носии, наменски изработени за македонската, ромската, влашката и египќанската заедница.
Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 25 l/m²). Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне 12 степени. Под влијание на циклонска активност до вторник времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.
Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд нè очекува во следните денови. Дождот ќе биде поизразен попладне и во текот на ноќта, а во недела и понеделник на одделни места се очекуваат и пообилни врнежи. Температурите ќе се движат во релативно тесен распон, со највисоки дневни вредности до 16 степени.
Србија во наредните денови ја очекува вистинско есенско и дождливо време, со температури од 8 до 12 степени, што се вредности под просекот за овој период од годината. Во исто време, во планинските подрачја се очекуваат врнежи од снег. Обилни снежни врнежи се најавуваат за повисоките планини, каде што во текот на викендот и почетокот на следната недела ќе паднат повеќе од 20 сантиметри снег, а локално и повеќе, особено на планините во југозападна и јужна Србија.
Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд, особено попладне и во текот на ноќта.

БилетПлатен влез — потребен е билет · 1300 денДенесСергеј Четковиќ Live Tour 2026 5.0 Скопје - Втор концертМакедонска Филхармонија - СкопјеМакедонска Филхармонија - Скопје
БесплатноВлез слободен — без билет и без пријава30 окт – 1 ное11. Фестивал на чајСкопје Сити МолСкопје Сити Мол
БилетПлатен влез — потребен е билет29 окт – 4 ноеНеделна програма во КиноверзумКиноверзум · ШтипКиноверзум · Штип
БилетПлатен влез — потребен е билет · 100 денДенесФК Пелистер - Детонит ПлачковицаСтадион Петар Милошевски · БитолаСтадион Петар Милошевски · Битола
БесплатноВлез слободен — без билет и без пријава26 окт – 1 ноеКрводарителски акцииниз целата земјаниз целата земја
44Cineplexx Skopje
29Македонски народен театар
20Драмски театар Скопје
19Македонска филхармонија
850та Дивизија
8Арена Борис Трајковски
8Офицерски дом
8Скопје
8Центар за култура
7Public Room
6Киноверзум Велес
6Киноверзум Штип
6Национална опера и балет
5СЦ Јане Сандански
4Base42
4CoSense
4East Gate Mall
4Stanica 26
4Лабораториум
4Охрид
4Струмица
3Audiokultura
3Grand Casino Admiral Tetovo
3S.C Boris Trajkovski

Сите места ›
БилетПлатен влез — потребен е билет · 1300 денДенесСергеј Четковиќ Live Tour 2026 5.0 Скопје - Втор концертМакедонска Филхармонија - СкопјеМакедонска Филхармонија - Скопје
БесплатноВлез слободен — без билет и без пријава30 окт – 1 ное11. Фестивал на чајСкопје Сити МолСкопје Сити Мол
БилетПлатен влез — потребен е билет29 окт – 4 ноеНеделна програма во КиноверзумКиноверзум · ШтипКиноверзум · Штип
БилетПлатен влез — потребен е билет · 100 денДенесФК Пелистер - Детонит ПлачковицаСтадион Петар Милошевски · БитолаСтадион Петар Милошевски · Битола
БесплатноВлез слободен — без билет и без пријава26 окт – 1 ноеКрводарителски акцииниз целата земјаниз целата земја
30 окт – 1 ное · 2 терминипет 30.10. — 19:00

+529 настани ›Бугарите во недела излегуваат на гласачки места за да изберат претседател во вториот круг од изборите во сенка на војната во Украина, во кој учествуваат актуелната претседателка Илијана Јотова и поранешниот технички премиер Андреј Ѓуров. Јотова е поранешна членка на Европскиот парламент од редовите на социјалистите, а Ѓуров е прозападен економист поддржан од либерално-конзервативната опозиција, пишува германската агенција ДПА. Во првиот круг минатата недела, Јотова заврши на првото место со 34,76 проценти од гласовите, додека Ѓуров беше втор со 31,95 проценти.
Бугарија утре, 1 ноември, ќе го одржи вториот круг од претседателските избори, на кои граѓаните ќе избираат меѓу актуелната претседателка Илијана Јотова и поранешниот технички премиер Андреј Ѓуров. Изборната трка влегува во завршницата по првиот круг, одржан на 25 октомври, во кој ниту еден од кандидатите не успеа да обезбеди победа. Според конечните резултати на Централната изборна комисија, Јотова освои 34,76 отсто од гласовите, додека Ѓуров доби 31,95 отсто.
Денес во Бугарија се одржуваат избори, на кои граѓаните на земјата ќе го изберат својот седми претседател. Кандидати се Илијана Јотова – која моментално ја извршува функцијата вршител на должноста претседател на Бугарија – и Андреј Ѓуров, поранешен привремен премиер и поранешен гувернер на Бугарската централна банка. Во првиот круг од изборите, одржан пред една недела, ниту еден од 27-те претседателски кандидати не ја доби потребната поддршка за директна победа, пренесува БТА.
Спроти вториот круг од изборите за седмиот претседател на Бугарија каде избирачите треба да се определат помеѓу двете кандидатски двојки Илијана Јотова и Кирил Валчев и Андреј Ѓуров и Георги Кандев, бугарските медиуми анализираат кој има повеќе шанси да биде новиот станар на „Дондуков“ број 2, адресата на претседателската палата. Јотова е веќе претседател, а Валчев е досегашен директор на БТА. Таа ја презеде претседателската функција од Румен Радев во јануари оваа година, кој се повлече за да учествува на парламентарните избори, на кои однесе убедлива победа.
Две години по уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, во кое загинаа 16 лица, меѓу кои и три деца, денеска во градот ќе се одржи комеморативен собир во спомен на жртвите, во организација на студентите. Повик за учество упатија и од неформалната група „Студенти во блокада – Белград“, преку објава на нивниот профил на Фејсбук. „Студентите ве повикуваат во недела, 1 ноември 2026 година, да присуствувате на комеморативниот собир посветен на жртвите од уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад.
Денес се навршуваат две години од уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад – несреќа во која животот го загубија 16 лица, а едно лице се здоби со тешки телесни повреди. Комеморативниот собир треба да започне во 11:52 часот – точното време кога се урна настрешницата на 1 ноември 2024 година. Граѓаните се упатија кон Железничката станица од три локации: Медицинскиот факултет, паркот „Лиман“ и пристапот кон мостот „Дуга“.
Денес, во 11:52 часот, пред железничката станица во Нови Сад ќе се одржи комеморативен собир по повод две години од падот на бетонската настрешница под која загинаа 16 лица, а единствената преживеана, Теодора Мартинко, ги загуби нозете. Падот на настрешницата прво доведе до пад на владата, а минатата недела и на српската влада. Студентите претходно објавија дека заедно со граѓаните….
Две години по несреќата, во Србија се водат три одвоени правни постапки поврзани со уривањето на настрешницата, но сè уште нема правосилна пресуда за трагедијата во која загинаа 16 лица меѓу кои и Васко Саздовски од Свети Николе, научник и истражувач кој работел за Институтот „Биосенс“ во Нови Сад, објавуваат српските медиуми. Една од постапките се води токму пред судот во Нови Сад. Апелацискиот суд во јули годинава го потврди обвинението против 13 лица, меѓу кои е и поранешниот министер за градежништво Горан Весиќ.
Началникот на Управата за криминалистичка полиција Марко Кричак е уапсен утрово по наредба на Више јавно тужилаштво во Белград, под сомнение за злоупотреба на службената положба, според објава на „Радар“ на Н1 Белград. Според истиот извор, по иста кривична пријава што ја поднел адвокатот на заменик директорот на полицијата Веселин Милиќ, е приведен и началникот на Службата за сузбивање на криминалот Бошко Секуловиќ.
Началникот на српската Управа за криминалистичка полиција (УКП), Марко Кричак, утрово е уапсен по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, под сомнение за злоупотреба на службената положба, објави српскиот неделник „Радар“. Уапсен е и Бошко Секуловиќ, началник на Службата за сузбивање криминал. Апсењата се поврзани со кривична пријава што адвокатите на Веселин Милиќ, помошник-директор на полицијата и поранешен началник на белградската полиција, ја поднеле против двајцата високи полициски функционери.
Началникот на Управата за криминалистичка полиција Марко Кричак е уапсен утрово по наредба на Више јавно тужилаштво во Белград, под сомнение за злоупотреба на службената положба, според објава на „Танјуг“. Според истиот извор, по иста кривична пријава што ја поднел адвокатот на заменик директорот на полицијата Веселин Милиќ, е приведен и началникот на Службата за сузбивање на криминалот Бошко Секуловиќ. Кричак бил Началникот на Управата за криминалистичка полиција нешто повеќе од една година , а пред тоа бил раководител на Единицата за заштита на лица и објекти.
Началникот на Управата за криминалистичка полиција (УКП) Марко Кричак и началникот на Службата за сузбивање криминал, Бошко Секуловиќ, се уапсени во голема полициска акција во Србија. Апсењата се спроведени по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, дознава Танјуг. Според информациите на агенцијата, акцијата ја спровела Службата за борба против корупцијата, а двајцата полициски функционери се осомничени за незаконско постапување во случајот „Сењак“.
ФБИ во саботата соопшти дека севернокорејски хакери организирале кражба на 6,3 милијарди долари од Binance, најголемата криптоберза во светот. Американското Федерално истражно биро наведе дека нападот од оваа недела е поврзан со „злонамерна сајбер-активност“ на група позната како TraderTraitor. Станува збор за истите актери кои, според ФБИ, стојат и зад минатогодишниот хакерски напад врз Bybit, вреден 1,5 милијарди долари.
Берзата Binance го запре тргувањето откако хакери украдоа повеќе од 6 милијарди долари. Ова е најголемата кражба на криптовалути во историјата и тежок удар за индустријата која се промовира како заштитена од хакерски напади. Првичната истрага покажа дека нападот го извршила севернокорејска група преку компромитиран лаптоп на инженер во Binance.
Најголемата светска берза за криптовалути Binance привремено ги суспендираше депозитите и исплатите по безбедносниот инцидент, што аналитичарите го нарекуваат најголемиот хакерски напад во историјата на пазарот на криптовалути. Според прелиминарните информации, хакерите добиле пристап до системот преку компјутерот на вработен. Меѓу другото, истрагата ја испитува можната поврзаност на нападот со севернокорејска хакерска група.
Нападот, кој се случил вчеравечер се смета за една од најголемите кражби во историјата на криптовалутите. Според анализата на компанијата „ТРМ ЛАБС“ зад кражбата стои севернокорејска хакерска група, која украдените средства ги пренасочила кон дигитални адреси под нејзина контрола. Од компанијата „Бајненс“ соопштија дека нападот бил овозможен поради компромитиран компјутер на вработен, но истрагата која се уште е во тек, открила и други точки на пробивање.
Демонстрантите ограбуваа продавници, палеа барикади и фрлаа Молотовлеви коктели врз полицијата, а повеќе од 200 лица беа уапсени. Најсериозните инциденти се забележани во Франкфурт, Келн, Берлин и Хамбург, пренесува „Шпигел“. This is multicultural Germany, Frankfurt right now.
Неколку полицајци беа повредени во судирите со демонстрантите за време на протестите на младите во Германија против можното воведување на задолжителна воена служба, објави во саботата германската новинска агенција dpa. Полицијата употреби бибер-спреј и водени топови откако демонстрантите почнаа да фрлаат камења, тули и други предмети кон полицајците. Во Хамбург, неколку илјади луѓе учествуваа на демонстрации за време на кои учесниците, облечени во црно, а некои носеа маски за лице, ги урнаа пластичните бариери за изведување работи на коловозите и ги запалија во близина на станица на метрото.
Масовните протести на младите во Германија поради високите трошоци за живот, мерките за штедење и воениот рок, во текот на саботната ноќ прераснаа во насилни немири. Најтешка била ситуацијата во Франкфурт, каде што биле ограбувани продавници, а инциденти имало и во Берлин, Келн и Хамбург. Германската полиција била принудена да употреби водени топови за да ги растера групите демонстранти кои ги гаѓале припадниците на полицијата и итните служби со пиротехнички средства, камења и стаклени шишиња, пренесува Би-Би-Си. Голем дел од главната трговска улица во Франкфурт, финансискиот центар на земјата, бил целосно блокиран.
Демонстранти ограбија продавници во центарот на Франкфурт доцна во саботата, додека во германските градови избија судири поради трошоците за живот. Покрај Франкфурт, финансискиот центар на Германија, инциденти на насилство имаше и во Берлин, Келн и Хамбург. Полицијата соопшти дека употребила водени топови за да ги растера демонстрантите, кои пак напаѓале припадници на итните служби со огномет, камења и шишиња.
Во Франција вчера беа приведени 511 лица за време на масовните протести против високите трошоци за живот и влошувањето на јавните услуги. Демонстрациите, кои во текот на денот главно беа мирни, завршија со судири меѓу демонстрантите и полицијата во Париз и во неколку други француски градови. Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез соопшти дека биле извршени 40.000 полициски проверки, а еден жандарм бил полесно повреден откако врз него бил фрлен молотов коктел, пренесува парискиот весник Монд.
Судири избувнаа меѓу демонстрантите и полицијата во неколку француски градови во саботата кога 320.000 луѓе излегоа на улиците низ целата земја во знак на протест против високите трошоци за живот и влошувањето на условите во училиштата. Откако протестите првично започнаа претежно мирно, полицијата употреби солзавец во Париз и Лион доцна попладне. Во Париз се слушнале пиротехнички експлозии, снимките емитувани од BFMTV покажаа како демонстрантите фрлаат запаливи направи врз полицајците во заштитна опрема, а неколку од нив беа зафатени од пламен.
Во неколку француски градови денеска дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата, откако низ земјата 320 илјади луѓе излегоа на протести против високите животни трошоци и влошените услови во училиштата. По претежно мирниот почеток на протестите, полицијата во доцните попладневни часови употреби солзавец во Париз и Лион. Во Париз се слушале експлозии од пиротехнички средства, а на телевизиските снимки се гледа како демонстранти фрлаат запаливи средства кон полицајците опремени за разбивање демонстрации.
Во неколку француски градови избувнаа судири меѓу демонстрантите и полицијата, додека низ земјата 320 илјади луѓе протестираа против високите животни трошоци и влошените услови во училиштата. Во Париз се слушаа експлозии од пиротехнички средства, а на снимките емитувани преку телевизија се гледа како кон полицајците во опрема за разбивање демонстрации се фрлаат запаливи средства, при што неколкумина биле зафатени од пламените јазици. Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека на протестите низ земјата учествувале 320 илјади луѓе, од кои 70 илјади во Париз.
Од СДС следат пропаднати банки и штедилници и загрозување на банкарскиот систем во Македонија, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, во кое партијата обвинува дека за време на владеењето на СДС пропаднале повеќе финансиски институции. Како последен пример ја посочуваат Еуростандард банка, која пропадна во август 2020 година, а како една од главните причини за нејзиното пропаѓање било наведено давањето кредити без соодветно покритие. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека меѓу фирмите што добиле големи кредити без покритие имало и 29 струмички компании, меѓу кои и фирми блиски до тогашниот премиер и претседател на СДС, Зоран Заев.
СДС се познати по пропаѓањето на банки и штедилници и загрозување на банкарскиот систем во Македонија за време на нивна власт. Како СДС доаѓа на власт, така по некоја банка пропаѓа, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија потсетуваат дека последна уништена банка во време на власт на СДС е Еростандард банка во август 2020 година, а како една од главните причина беше наведено дека давањето кредити без соодветно покритие.
СДС се познати по пропаѓањето на банки и штедилници и загрозување на банкарскиот систем во Македонија за време на нивна власт. Како СДС доаѓа на власт, така по некоја банка пропаѓа, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија потсетуваат дека последна уништена банка во време на власт на СДС е Еростандард банка во август 2020 година, а како една од главните причина беше наведено дека давањето кредити без соодветно покритие.
СДС се познати по пропаѓањето на банки и штедилници и загрозување на банкарскиот систем во Македонија за време на нивна власт. Како СДС доаѓа на власт, така по некоја банка пропаѓа. Последна уништена банка во време на власт на СДС е Еростандард банка во август 2020 година, а како една од главните причина беше наведено дека давањето кредити без соодветно покритие, се наведува во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Податоците на Народната банка, објавени по повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври, покажуваат дека вкупните депозити во банкарскиот систем во септември достигнале речиси 11,2 милијарди евра. Од нив, депозитите на домаќинствата изнесувале 7,51 милијарда евра , наспроти околу 7,2 милијарди евра на почетокот на годината. Тоа претставува раст од приближно 310 милиони евра за девет месеци.
Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.
Граѓаните во Македонија во банките чуваат околу 7,4 милијарди евра, односно 454 милијарди денари, покажуваат податоците на Македонската банкарска асоцијација и Народната банка. Депозитите на населението бележат годишен раст од 9,2 проценти, додека орочените депозити се зголемиле за 5,7 проценти. Податоците покажуваат дека штедењето продолжува да расте и покрај инфлацијата и зголемените трошоци за живот.
На банкарските сметки на македонските граѓани се наоѓаат 7,51 милијарда евра, а депозитите продолжуваат да растат и покрај инфлацијата и високите животни трошоци. Сепак, оваа сума не открива колкав дел од парите е распределен меѓу населението, а колкав е концентриран кај граѓаните со највисоки приходи. Податоците на Народната банка, објавени по повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври, покажуваат дека вкупните депозити во банкарскиот систем во септември достигнале речиси 11,2 милијарди евра.
Од СДСМ обвинуваат дека јавни претпријатија , министерства и компании поврзани со тендери во Македонија биле насочувани да работат со банката, а за состојбата политичка одговорност им припишуваат на премиерот Христијан Мицкоски и гувернерот на Народната банка, Трајко Славески. Во соопштението на СДСМ се наведува дека само еден ден пред одземањето на дозволата, институциите уверувале дека состојбата со банката е редовна. Според податоците на Народната банка на Србија, на 30 јуни 2026 година граѓаните, стопанството и другите клиенти во банката имале депонирано 172 милијарди динари, односно околу 1,47 милијарди евра.
Гувернерот на НБРМ вели дека СДСМ се однесува како опозиција во Србија, а не во земјава. Ако има сомнителни трансакции вели дека тие би биле проверени од Управата за финансиско разузнавање. Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Народна банка: Сомнителните трансакции ќе бидат предмет на проверки Категорија: Македонија Новинар: Славица Арсова.
Јавното обвинителство за организиран криминал (ЈТОК) на Србија соопшти дека побарало од полицијата да го провери работењето на „Алта банка“ (Alta Banka), како и одговорните лица во Народната банка на Србија (НБС), во врска со можни одливи на пари од сметките на банката и трансфери во странство. Исто така, денеска по електронска пошта до Обвинителството пристигна кривична пријава против „Алта банка“ како правно лице, како и против неколку одговорни лица во таа банка. Од Министерството за внатрешни работи, односно од Службата за борба против организиран криминал (СБПОК), е побарано итно да постапат и да го проверат целокупното работење на банката, како и сите околности што довеле до одземање на дозволата за работа.
Народната банка апелира до јавноста да се потпира на официјални и проверени информации и да не донесува заклучоци врз основа на непотврдени тврдења и шпекулации.
Осум лица биле приведени во Полициската станица Карпош по контрола во угостителски објект во оваа скопска општина, каде што биле затекнати малолетници во видно алкохолизирана состојба. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, контролата била извршена вчера (1 ноември), по претходно добиени сознанија дека во објектот се точи алкохол на малолетни лица. При контролата, полициските службеници од СВР Скопје и Единицата за внатрешни работи и криминалистички работи Карпош затекнале малолетници во видно алкохолизирана состојба.
МВР информира дека вчера попладне во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“ го лишија од слобода Ф.Ц.(26) од Скопје, постапувајќи по претходни пријави дека одзел велосипеди. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Текстот Полицијата во Карпош уапси крадец на велосипеди е превземен од А1он.
Полицијата уапси 26-годишен скопјанец во Карпош по претходни пријави за кражба на велосипеди. Вчера во 17:30 часот во скопската населба Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Ц. (26) од Скопје, поради сомнение за сторени кривични дела „кражба“. Како што информираат од полицијата, 26-годишникот бил уапсен по претходно пријавени случаи на одземање велосипеди.
Осум лица биле приведени во Полициската станица Карпош по контрола во угостителски објект во оваа скопска општина, каде што биле затекнати малолетници во видно алкохолизирана состојба. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, контролата била извршена вчера (1 ноември), по претходно добиени сознанија дека во објектот се точи алкохол на малолетни лица. При контролата, полициските службеници од СВР Скопје и Единицата за внатрешни работи и криминалистички работи Карпош затекнале малолетници во видно алкохолизирана состојба.
Денеска (01.11.2026), полициски службеници од СВР Тетово, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, постапувајќи по претходно добиени оперативни сознанија, спроведоа акција за спречување на недозволена трговија со наркотични дроги, при што лишија од слобода две лица од Гостивар, соопшти МВР. „По преземени оперативно-тактички мерки и активности, полициските службеници извршија интервенција во момент на купопродажба на.
Вчера (30.10.2026) во 14.40 часот полициски службеници од ПС Гостивар го лишиле од слобода Ф.И.(36) од Вруток. „Истиот е лишен од слобода поради сторени неколку кривични дела „кражба“ извршени во текот на овој месец во подрачје на Гостивар. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка.“, соопшти СВР Тетово.
Синоќа пред спортскиот центар „Јане Сандански“ во Аеродром, тепачка меѓу навивачите на кошаркарските клубови МЗТ Скопје и Работнички. Инцидентот го потврди и полицијата. Помала група припадници на „Фемили“ нападнала навивачи на „Работнички“, кои чекале да влезат во салата и да го бодрат својот тим на натпреварот против МЗТ Скопје.
Масовна тепачка вечерва се случила на крстосницата меѓу булевар АСНОМ и улицата Васко Карангелевски кај СЦ „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром. Од видеата што ги направи екипа на „360 степени“ може да се види дека на местото има полициски екипи, а еден од учесниците во тепачката лежи не коловозот. По кратко време на местото пристигна екипа на Брза помош кој го пренесе повредениот до здравствена установа.
Инцидент се случил вечерва пред спортскиот центар „Јане Сандански“, каде се игра кошаркарскиот натпревар меѓу КК Скопје и КК Работнички. Според информациите кои стигнаа до нашиот медиум и за кои објавуваат жители на Општина Аеродром, пред салата се собрала поголема група луѓе, присутна е полицијата, а булеварот бил блокиран. Во инцидентот има и повредени лица, но засега нема официјални информации за нивната состојба и околностите под кои настанале повредите.
По судирот вечерва во Скопје едно лице е однесено во Болница а друго е приведено.
Со музика во која се преплетуваат класични, традиционални и џез звуци, но и мелодии од (неистражениот) Медитеран, грчкиот ансамбл „Mosaico Mediterraneo“ следната сабота ќе настапи во Филхармонијата во Скопје, а во пресрет на првиот нивни концерт кај нас, сопранистката Мариа Костраки и виолинистот Андонис Сусамоглу велат дека заедно со публиката одново ќе го откриваат Медитеранот, а љубителите на сите музички жанрови „ќе пронајдат нешто познато, но истовремено ќе имаат можност да откријат и нешто ново“. Сусамоглу и Костраки говорат за раѓањето на ансамблот, музичката сродност меѓу народите, слободата на импровизацијата и нивната желба секој концерт да биде единствена приказна. „Медитеранскиот мозаик“, создаден за време на карантинот во пандемијата на Ковид-19, го сочинуваат музичари со различни уметнички искуства, а секој од нив, како што велат соговорниците, внесува посебна карактеристика во групата.
Со музика во која се преплетуваат класични, традиционални и џез звуци, но и мелодии од (неистражениот) Медитеран, грчкиот ансамбл „Mosaico Mediterraneo“ следната сабота ќе настапи во Филхармонијата во Скопје, а во пресрет на првиот нивни концерт кај нас, сопранистката Мариа Костраки и виолинистот Андонис Сусамоглу за МИА велат дека заедно со публиката одново ќе го откриваат Медитеранот, а љубителите на сите музички жанрови „ќе пронајдат нешто познато, но истовремено ќе имаат можност да откријат и нешто ново“. Во разговор со дописничката на МИА од Атина, Сусамоглу и Костраки говорат за раѓањето на ансамблот, музичката сродност меѓу народите, слободата на импровизацијата и нивната желба секој концерт да биде единствена приказна. „Медитеранскиот мозаик“, создаден за време на карантинот во пандемијата на Ковид-19, го сочинуваат музичари со различни уметнички искуства, а секој од нив, како што велат соговорниците, внесува посебна карактеристика во групата.
Долго најавуваниот споменик на бардот на македонската патриотска песна. Јонче Христовски (1931-2000) конечно е поставен во неговиот роден град Битола , а свечено ќе биде откриен на Денот на ослободувањето на градот на конзулите 4 ноември. Скулптурата е сместена на самиот влез во чаршијата, во непосредна близина на препознатливиот дрвен мост на реката Драгор, познат меѓу битолчани како Мостот на вљубените.
Доајенот на македонската народна песна – Јонче Христовски добива споменик во Старата битолска чаршија. Свеченото откривање на споменикот се очекува да биде во рамките на прославата по повод 4. Ноември – Денот на ослободувањето на Битола. Христовски е роден во Битола во 1931, а почина во 2000 година во Скопје.
Долго најавуваниот споменик на бардот на македонската патриотска песна Јонче Христовски (1931-2000) конечно е поставен во неговиот роден град Битола, а свечено ќе биде откриен на Денот на ослободувањето на градот на конзулите 4 ноември. Скулптурата е сместена на самиот влез во чаршијата, во непосредна близина на препознатливиот дрвен мост на реката Драгор, познат меѓу битолчани како Мостот на вљубените. Проектот во чест на пејачот, текстописец и композитор се реализира со поддршка и документација од општината, а самата изработка на споменикот е донација од Стопанска банка АД Битола.
Споменикот на легендарниот македонски пејач и композитор Јонче Христовски е поставен во Старата битолска чаршија. Со ова, Битола му оддава почит на уметникот чии песни оставија длабока трага во македонската музичка историја. Христовски е автор и интерпретатор на бројни познати песни, меѓу кои „Македонско девојче“, „Куќа имам на Пелистер“ и „Ај засвирете ми чалгии“.
Стендап-комедијата на Бојан Велевски и Боби Додевски ги полни салите низ Македонија и руши рекорди. Добриот хумор, смеата и одличното расположение се гарантирани, а овој стендап покажа дека Македонците можат да соработуваат кога станува збор за нешто што на сите им е потребно – добро расположение. Уникатниот спој го направија маестралните Бојан Велевски и Боби Додевски, кои со својата комичарска енергија ја освојуваат публиката низ земјата.
Уникатниот спој го направија маестралните Бојан Велевски и Боби Додевски, кои со својата комичарска енергија ја освојуваат публиката низ земјата. Големото финале, закажано за 17 ноември 2026 година во Скопје, е распродадено, но за сите што не успеаја да обезбедат билети следува реприза на 23 декември 2026 година во „Рагуза парк“. Картите се достапни преку Купи карти.мк. И тој ден не се оди во теретана!
Арсенал нема првенствена победа на „Енфилд“ на последните 13 гостувања . Актуелниот англиски шампион денеска, 1 ноември, му гостува на Ливерпул од 17:30 часот по македонско време, со можност да прекине долга неповолна серија. Од победата со 2:0 во сезоната 2012/13, „топчиите“ на овој стадион во Премиер лигата забележаа пет ремија и осум порази. Ливерпул, пак, има шанса првпат да врзе 14 домашни првенствени средби без пораз против Арсенал.
По квалификациите во следната рунда од Карабао Купот среде недела, тимот на Ливерпул се подготвува за тешкиот натпревар против шампионите Арсенал во Премиер лигата. Тренерот Андони Ираола има јасна порака за своите играчи за овој предизвик. „ Мора да играме со максимален интензитет во текот на сите 90 минути.
Реал Мадрид денеска се враќа на „Ел Сардинеро“ по 15 години . Тимот на Жозе Мурињо му гостува на Расинг Сантандер во 11. коло од Ла Лига, со почеток во 16:15 часот по македонско време. Мадриѓаните пристигнуваат со пет последователни победи и сакаат да ја продолжат серијата по успехот во Класико. Но домаќинот сезонава сè уште нема пораз на свој терен: има три победи и две ремија.
Тибо Куртоа се враќа на списокот на Реал Мадрид за гостувањето кај Расинг Сантандер, но Федерико Валверде останува надвор од конкуренција. Клубот во саботата ги објави повиканите фудбалери за натпреварот од 11. коло во Ла Лига. Дуелот ќе се игра во недела, 1 ноември, на „Ел Сардинеро“, со почеток во 16:15 часот по Скопје.
Борусија Менхенгладбах и Падерборн одиграа 0:0 во саботниот натпревар од Бундеслигата на 31 октомври. Голманите Даниел Бац и Науел Нол имаа важна улога во дуелот на „Борусија парк“, на кој домашниот тим остана и без погодок по интервенција на ВАР. Падерборн се закани преку Том Бак по кратко изведен корнер, но Бац одбрани.
Вердер го победи Хофенхајм со 2:0 на „Везер“ во саботниот натпревар од Бундеслигата на 31 октомври. Никлас Филкруг повторно беше меѓу стрелците, а Ерен Динкчи ја потврди победата во завршницата. Во првото полувреме немаше голови, иако двете екипи имаа можности.
Легендарниот британски рок пејач Јан Гилан , фронтменот на „Дип Парпл“ , беше хоспитализиран поради ненадеен здравствен проблем, поради кој бендот мораше да одложи два концерта во Германија. Веста беше потврдена во сабота, 31 октомври, со официјално соопштение на групата, а засега не се објавени детали за здравствената состојба на 81-годишниот музичар. „Дип парпл“ требаше вечерва да настапат во арената „Ки“ во Лајпциг, а следната вечер, 1 ноември, во Спортхале во Хамбург, како дел од тековната светска турнеја „Сплат!“. Сепак, само неколку часа пред првиот настап, групата објави дека двата концерти морале да бидат одложени.
Легендарниот британски рок-бенд Deep Purple беше принуден во последен момент да ги откаже претстојните настапи во Германија, откако нивниот пејач и фронтмен, Ијан Гилан, итно беше хоспитализиран. Познатата група требаше да настапи вечерва во Лајпциг и утревечер во Хамбург, но концертите се одложени поради ненадејни здравствени компликации кај седумдесет и деветгодишниот пејач. По тој повод, бендот им се обрати на јавноста и на загрижените обожаватели преку официјално соопштение на социјалните мрежи, нагласувајќи дека интензивно работат на пронаоѓање нови термини, како и дека сите купени билети ќе важат за одложените концерти.
Легендарниот британски рок пејач Јан Гилан, фронтменот на „Дип парпл“, беше хоспитализиран поради ненадеен здравствен проблем, поради кој бендот мораше да одложи два концерта во Германија. Веста беше потврдена во сабота, 31 октомври, со официјално соопштение на групата, а засега не се објавени детали за здравствената состојба на 81-годишниот музичар. „Дип парпл“ требаше вечерва да настапат во арената „Ки“ во Лајпциг, а следната вечер, 1 ноември, во Спортхале во Хамбург, како дел од тековната светска турнеја „Сплат!“. Сепак, само неколку часа пред првиот настап, групата објави дека двата концерти морале да бидат одложени.
ОВЕН. Неделниот ден може да започне со инспирација и желба да се направи нешто различно од вообичаеното. Сепак, може да се појави тензија во односите, особено доколку некој се обидува да ја наметне својата волја.
ОВЕН Последниот ден од месецот ве насочува кон она што треба да се заврши смирено, а не со поголем притисок. Претпладнето е добро за отворен разговор дома или за разјаснување на тема што неодамна останала неизговорена. Бидете внимателни со стара расправија, бидејќи брзоплетиот одговор лесно може да ја врати тензијата.
ОВЕН. Неделниот ден може да започне со инспирација и желба да се направи нешто различно од вообичаеното. Сепак, може да се појави тензија во односите, особено доколку некој се обидува да ја наметне својата волја.
Овен (21.03 – 20.04) Пред вас е викенд во кој ќе и бидете посветени на работата. Нема да имате време за одмор. Во љубовта слободните лесно ќе склопат некое познанство кое ќе прерасне во нешто повеќе.
Шкорпија 24.10-22.11. Љубов. Сеуште не сте се оладиле од бурното минато , а веќе ви се местат ситуации за нови љубовни предизвици. Бидете смирени.
Шкорпија 24.10-22.11. Љубов. Некои ќеја стават саканата личност на врвот на своите вредности , а при тоа нема да ја запостават кариерата. Ќе успеете се да споите на најдобар начин.
Славната манекенка Хајди Клум која традиционално воодушевува со својот костим за Ноќта на вештерките сподели последна трага пред забавата во Њујорк, а еден необичен протетски додаток поттикна бројни шпекулации. Хајди Клум повторно ја заинтригира јавноста, давајќи навестувања за својот костим за Ноќта на вештерките. Познатата манекенка – која со години е прочуена по своите неверојатни трансформации – сподели последна трага пред забавата во Њујорк.
Хајди Клум ја чува во тајност својата трансформација за Ноќта на вештерките 2026 , но на фановите им го даде последниот знак пред откривањето. Како што пренесува „GALA“, во петокот, 30 октомври , објавила две фотографии со детали што потсетуваат на необична уста и заби. Објавата ја најавува забавата во Њујорк на 31 октомври.
Супермоделот Хајди Клум уште еднаш ги разгоре шпекулациите во јавноста со откривањето нови детали за нејзиниот овогодишен костим по повод Ноќта на вештерките. Позната по своите екстремни трансформации, манекенката подготвува проект што соработниците го опишуваат како технички најбаран досега. Клум на социјалните мрежи сподели фотографии на кои се прикажани усти со крупни, неправилни заби, што предизвика лавина коментари и обиди од фановите да погодат за кој лик станува збор.
Хајди Клум ниту оваа година нема намера да ги разочара љубителите на Ноќта на вештерките. Додека обожавателите се обидуваат да откријат во што ќе се трансформира, манекенката објавува сè побизарни детали. Кралицата на Ноќта на вештерките се враќа!
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 19 октомври. Светиот пророк Јоил. Втор по ред од малите Пророци, Св. Јоил беше син Ватуилов, од коленото Рувимово.
Денеска, 30 октомври, се празнуваат Светите маченици и бесребреници Козма и Дамјан By ekran October 30, 2026 Сподели Facebook X Православните христијани на 30 октомври ги одбележуваат Светите маченици.
Главен спомен: Преподобен Прохор Пчињски. Дополнително: Светиот пророк Јоил; Светиот маченик Уар и со него седум христијански учители; преносот на моштите на Преподобен Јован Рилски; Блажена Клеопатра и нејзиниот син Јован; Свештеномаченик Садок, епископ Персиски, и други светители. Нов календар: 1. ноември 2026. година Стар календар: 19. октомври Ден: Недела – 22-ра недела по Педесетница, глас 5.
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 октомври. Денеска е Св. пророк Осиј. Живеел и пророкувал на околу 800 години пред Христовото раѓање.
Емотивни моменти вечерва во Скопје на концертот на српскиот пејач Сергеј Ќетковиќ, кој настапи во Македонската филхармонија. Еден од најтрогателните моменти беше изведбата на легендарната песна „Остала си увијек иста“ од Мишо Ковач, кој почина денеска на 85-годишна возраст. Ќетковиќ и публиката во еден глас го отпеаја големиот хит, претворајќи го моментот во музички поздрав за легендарниот хрватски пејач.
Замина кралот на емоцијата, Далмација и Балканот во тага за Мишо Ковач.
„BYD“ објави најава за „Yangwang Altior“ – луксузна лимузина позиционирана во ценовниот сегмент од 300.000 долари. Премиерата на возилото е закажана за 5-ти ноември во Обединетите Арапски Емирати, што е јасен показател дека „BYD“ го подготвува „Yangwang Altior“ за глобалниот пазар. Новиот модел го продолжува дизајнерскиот јазик што дебитираше со теренецот „Yangwang U8“.
Кинескиот производител „BYD“ подготвува нов луксузен модел што би требало да се натпреварува со најпрестижните лимузини во светот. „Yangwang Altior“, претходно познат под интерната ознака „HU“, ќе ја има својата светска премиера на 5 ноември во Дубаи. Името „Altior“ потекнува од латински збор што значи „повисок“, што симболично ја означува амбицијата на брендот да се позиционира над своите досегашни предводници, моделите „Yangwang U8“ и „U9“.
Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.