Народнотo правобранителство денеска за време на вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, ќе има дежурна екипа која ќе прима претставки од граѓаните за евентуални повреди на избирачкото право. Како што соопшти омбудсманот, подрачната канцеларија во Тетово ќе биде отворена од 7 до 19 часот, односно за време на гласањето, со цел граѓаните да можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Пријавите ќе можат да се поднесуваат лично во канцеларијата или на телефонскиот број 044/344-082.
Во фокусот на средбата беше актуелната безбедносна состојба, со посебен акцент на претстојните предвремени локални избори во Општина Брвеница. Беше констатирано дека состојбата е стабилна и дека се преземаат сите неопходни оперативни и безбедносни мерки за непречено одвивање на изборниот процес, заштита на избирачкото право и безбеден транспорт на изборниот материјал. Директорот Јанев нагласи дека полицијата има обврска да обезбеди услови во кои секој граѓанин слободно и без притисоци ќе може да го оствари своето демократско право на глас, потенцирајќи дека нема да има толеранција за криминал, заплашување или каков било обид за нарушување на изборниот процес.
Првиот круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница се одржа пред две недели на 18 октомври, а најмногу гласови освоија кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Синоќа на полноќ почна изборниот молк за вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница. На изборите на 18 октомври право на глас имаа 16.256 граѓани, а излезноста изнесуваше 46,56% (гласале 7.565 избирачи). Стојанчо Радичевски, кандидатот на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – Твоја Македонија освои 2.943 гласа (38,9%), а Аркин Јахији кандидатот на ДУИ коалицијата Национална алијанса за интеграција освоеи 2.152 гласа (28,45%). Бидејќи ниту еден од кандидатите не го освои потребното мнозинство, во општината се организира втор круг гласање.
Во десет населени места во Општина Брвеница денеска се одржува втор круг од изборите за градоначалник. Првиот круг од изборите се одржа на 18 октомври, но ниту еден од шестмината кандидати не го доби потребното мнозинство. Право на глас на 18 октомври имаа 16.256 граѓани, а излезноста изнесуваше 46,56% односно гласаа 7.565 избирачи.
Алта банка од сигурна банка за два дена остана без дозвола за работа – Банка за перење пари стекнати со криминал. Народната банка на Србија на 30 октомври ѝ ја одзеде дозволата за работа на Алта банка а.д. Белград. Одлуката е донесена поради значајно влошување на финансиската состојба и ликвидноста.
Извршниот одбор на Народната банка на Србија донесе одлука за одземање на дозволата за работа на АЛТА банка АД Белград. Во соопштението од Народната банка се наведува дека извршниот одбор констатирал оти на одземањето на дозволата му претходеле контролни активности насочени кон зголемување на ликвидноста на банката. „Утврдено е дека во изминатиот период финансиската состојба на банката….
Во контекст на најновите случувања поврзани со АЛТА банка во Република Србија, АЛТА банка АД Битола ја информира јавноста дека Банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Северна Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива и е под непосредна супервизија на Народната банка на Република Северна Македонија. АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со редовно и непречено работење. Сите експозитури и банкомати во вообичаениот режим, а клиентите имаат непречен пристап до своите средства.
АЛТА банка АД Битола ја информира јавноста дека банката е самостојно правно лице, регистрирано во Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива и е под непосредна супервизија на Народната банка на Македонија, се вели во соопштението на банката по последните информации од Србија. „АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со редовно и непречено работење. Сите експозитури и банкомати функционираат нормално, а клиентите имаат непречен пристап до своите средства.
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски од вчера престојува во работна посета во Северна Рајна – Вестфалија, Сојузна Република Германија. Како што соопшти владината прес-служба, во рамки на работната посета предвидени се средби на високо политичко ниво, како и средби со претставници на бројни компании, институции и бизнис заедницата. Предвидено е премиерот Мицкоски да присуствува на првиот самит насловен „Посилни заедно – отпорноста како императив за целото општество“, каде ќе земе активно учество на панел-дискусијата „Од глобални промени до регионални реалности“.
Премиерот Христијан Мицкоски од денеска престојува во работна посета на германската покраина Северна Рајна – Вестфалија. Во рамки на посетата се предвидени средби на високо политичко ниво, како и разговори со претставници на компании, институции и бизнис-заедницата. Како што соопшти владината прес-служба, Мицкоски ќе присуствува на првиот самит насловен „Посилни заедно – отпорноста како императив за целото општество“, на кој ќе учествува и во панел-дискусијата „Од глобални промени до регионални реалности“.
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски од вчера престојува во работна посета во Северна Рајна – Вестфалија, Сојузна Република Германија. Како што соопшти владината прес-служба, во рамки на работната посета предвидени се средби на високо политичко ниво, како и средби со претставници на бројни компании, институции и бизнис заедницата. Предвидено е премиерот Мицкоски да присуствува на првиот самит насловен „Посилни заедно – отпорноста како императив за целото општество“, каде ќе земе активно учество на панел-дискусијата „Од глобални промени до регионални реалности“.
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски од вчера престојува во работна посета во Северна Рајна – Вестфалија, Сојузна Република Германија. Како што соопшти владината прес-служба, во рамки на работната посета предвидени се средби на високо политичко ниво, како и средби со претставници на бројни компании, институции и бизнис заедницата. Предвидено е премиерот Мицкоски да присуствува на првиот самит насловен „Посилни заедно – отпорноста како императив за целото општество“, каде ќе земе активно учество на панел-дискусијата „Од глобални промени до регионални реалности“.
СДС се познати по пропаѓањето на банки и штедилници и загрозување на банкарскиот систем во Македонија за време на нивна власт. Како СДС доаѓа на власт, така по некоја банка пропаѓа, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија потсетуваат дека последна уништена банка во време на власт на СДС е Еростандард банка во август 2020 година, а како една од главните причина беше наведено дека давањето кредити без соодветно покритие.
СДС се познати по пропаѓањето на банки и штедилници и загрозување на банкарскиот систем во Македонија за време на нивна власт. Како СДС доаѓа на власт, така по некоја банка пропаѓа, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија потсетуваат дека последна уништена банка во време на власт на СДС е Еростандард банка во август 2020 година, а како една од главните причина беше наведено дека давањето кредити без соодветно покритие.
СДС се познати по пропаѓањето на банки и штедилници и загрозување на банкарскиот систем во Македонија за време на нивна власт. Како СДС доаѓа на власт, така по некоја банка пропаѓа, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија потсетуваат дека последна уништена банка во време на власт на СДС е Еростандард банка во август 2020 година, а како една од главните причина беше наведено дека давањето кредити без соодветно покритие.
Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и пештерата Врело за граѓаните, со обезбеден автобуски превоз и професионални туристички водичи од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Тој во објава на Фејсбук посочи дека целта на активноста е природните богатства на градот да им бидат подостапни на граѓаните, кои имале можност одблизу да се запознаат со нивните особености и да дознаат повеќе за нивното значење. „Некои од најголемите природни богатства се токму тука, на дофат на секој скопјанец.
Бутел доби ново зелено срце. Место што ќе им припаѓа на граѓаните, ќе зближува генерации и ќе создава спомени. Има посебна радост кога дадениот збор ќе стане место исполнето со детска смеа.
Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и пештерата Врело за граѓаните, со организиран автобуски превоз и професионални туристички водичи од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Во објава на Фејсбук, Ѓорѓиевски посочува дека целта на активноста е природните богатства на Скопје да им бидат поблиски на граѓаните, кои имале можност да се запознаат со нивните особености и да дознаат повеќе за нивното значење. Некои од најголемите природни богатства се токму тука, на дофат на секој скопјанец.
Мегапаркот „Бутелска оаза“, кој се простира на 50.000 квадратни метри, денеска е официјално пуштен во употреба од градоначалниците на Скопје и скопската општина Бутел, Орце Ѓорѓиевски и Дарко Костовски. Паркот има богати зелени површини, плоштад, детски катчиња, пешачки патеки, фитнес-зони и содржини за сите генерации. Градоначалникот на Скопје, Ѓорѓиевски, истакна дека Бутел доби „ново зелено срце, место што ќе им припаѓа на граѓаните, ќе зближува генерации и ќе создава спомени“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информираат од АМСМ. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 25 l/m²). Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне 12 степени. Под влијание на циклонска активност до вторник времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.
Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд нè очекува во следните денови. Дождот ќе биде поизразен попладне и во текот на ноќта, а во недела и понеделник на одделни места се очекуваат и пообилни врнежи. Температурите ќе се движат во релативно тесен распон, со највисоки дневни вредности до 16 степени.
Србија во наредните денови ја очекува вистинско есенско и дождливо време, со температури од 8 до 12 степени, што се вредности под просекот за овој период од годината. Во исто време, во планинските подрачја се очекуваат врнежи од снег. Обилни снежни врнежи се најавуваат за повисоките планини, каде што во текот на викендот и почетокот на следната недела ќе паднат повеќе од 20 сантиметри снег, а локално и повеќе, особено на планините во југозападна и јужна Србија.
Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд, особено попладне и во текот на ноќта.

БилетПлатен влез — потребен е билет · 1300 денДенесСергеј Четковиќ Live Tour 2026 5.0 Скопје - Втор концертМакедонска Филхармонија - СкопјеМакедонска Филхармонија - Скопје
БесплатноВлез слободен — без билет и без пријава30 окт – 1 ное11. Фестивал на чајСкопје Сити МолСкопје Сити Мол
БилетПлатен влез — потребен е билет29 окт – 4 ноеНеделна програма во КиноверзумКиноверзум · ШтипКиноверзум · Штип
БилетПлатен влез — потребен е билет · 100 денДенесФК Пелистер - Детонит ПлачковицаСтадион Петар Милошевски · БитолаСтадион Петар Милошевски · Битола
БесплатноВлез слободен — без билет и без пријава26 окт – 1 ноеКрводарителски акцииниз целата земјаниз целата земја
44Cineplexx Skopje
29Македонски народен театар
20Драмски театар Скопје
19Македонска филхармонија
850та Дивизија
8Арена Борис Трајковски
8Офицерски дом
8Скопје
8Центар за култура
7Public Room
6Киноверзум Велес
6Киноверзум Штип
6Национална опера и балет
5СЦ Јане Сандански
4Base42
4CoSense
4East Gate Mall
4Stanica 26
4Лабораториум
4Охрид
4Струмица
3Audiokultura
3Grand Casino Admiral Tetovo
3S.C Boris Trajkovski

Сите места ›
БилетПлатен влез — потребен е билет · 1300 денДенесСергеј Четковиќ Live Tour 2026 5.0 Скопје - Втор концертМакедонска Филхармонија - СкопјеМакедонска Филхармонија - Скопје
БесплатноВлез слободен — без билет и без пријава30 окт – 1 ное11. Фестивал на чајСкопје Сити МолСкопје Сити Мол
БилетПлатен влез — потребен е билет29 окт – 4 ноеНеделна програма во КиноверзумКиноверзум · ШтипКиноверзум · Штип
БилетПлатен влез — потребен е билет · 100 денДенесФК Пелистер - Детонит ПлачковицаСтадион Петар Милошевски · БитолаСтадион Петар Милошевски · Битола
БесплатноВлез слободен — без билет и без пријава26 окт – 1 ноеКрводарителски акцииниз целата земјаниз целата земја
30 окт – 1 ное · 2 терминипет 30.10. — 19:00

+529 настани ›Бугарите во недела излегуваат на гласачки места за да изберат претседател во вториот круг од изборите во сенка на војната во Украина, во кој учествуваат актуелната претседателка Илијана Јотова и поранешниот технички премиер Андреј Ѓуров. Јотова е поранешна членка на Европскиот парламент од редовите на социјалистите, а Ѓуров е прозападен економист поддржан од либерално-конзервативната опозиција, пишува германската агенција ДПА. Во првиот круг минатата недела, Јотова заврши на првото место со 34,76 проценти од гласовите, додека Ѓуров беше втор со 31,95 проценти.
Бугарија утре, 1 ноември, ќе го одржи вториот круг од претседателските избори, на кои граѓаните ќе избираат меѓу актуелната претседателка Илијана Јотова и поранешниот технички премиер Андреј Ѓуров. Изборната трка влегува во завршницата по првиот круг, одржан на 25 октомври, во кој ниту еден од кандидатите не успеа да обезбеди победа. Според конечните резултати на Централната изборна комисија, Јотова освои 34,76 отсто од гласовите, додека Ѓуров доби 31,95 отсто.
Денес во Бугарија се одржуваат избори, на кои граѓаните на земјата ќе го изберат својот седми претседател. Кандидати се Илијана Јотова – која моментално ја извршува функцијата вршител на должноста претседател на Бугарија – и Андреј Ѓуров, поранешен привремен премиер и поранешен гувернер на Бугарската централна банка. Во првиот круг од изборите, одржан пред една недела, ниту еден од 27-те претседателски кандидати не ја доби потребната поддршка за директна победа, пренесува БТА.
Спроти вториот круг од изборите за седмиот претседател на Бугарија каде избирачите треба да се определат помеѓу двете кандидатски двојки Илијана Јотова и Кирил Валчев и Андреј Ѓуров и Георги Кандев, бугарските медиуми анализираат кој има повеќе шанси да биде новиот станар на „Дондуков“ број 2, адресата на претседателската палата. Јотова е веќе претседател, а Валчев е досегашен директор на БТА. Таа ја презеде претседателската функција од Румен Радев во јануари оваа година, кој се повлече за да учествува на парламентарните избори, на кои однесе убедлива победа.
Началникот на Управата за криминалистичка полиција Марко Кричак е уапсен утрово по наредба на Више јавно тужилаштво во Белград, под сомнение за злоупотреба на службената положба, според објава на „Танјуг“. Според истиот извор, по иста кривична пријава што ја поднел адвокатот на заменик директорот на полицијата Веселин Милиќ, е приведен и началникот на Службата за сузбивање на криминалот Бошко Секуловиќ. Кричак бил Началникот на Управата за криминалистичка полиција нешто повеќе од една година , а пред тоа бил раководител на Единицата за заштита на лица и објекти.
Началникот на српската Управа за криминалистичка полиција (УКП), Марко Кричак, утрово е уапсен по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, под сомнение за злоупотреба на службената положба, објави српскиот неделник „Радар“. Уапсен е и Бошко Секуловиќ, началник на Службата за сузбивање криминал. Апсењата се поврзани со кривична пријава што адвокатите на Веселин Милиќ, помошник-директор на полицијата и поранешен началник на белградската полиција, ја поднеле против двајцата високи полициски функционери.
По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, полицијата го уапси началникот на Управата за криминалистичка полиција, Марко Кричко, објави Радио-телевизија на Србија (РТС). Тој е уапсен под сомнение за злоупотреба на службената положба. Уапсен е и Бошко Секуловиќ, началник на Службата за сузбивање на криминалот. Како што објави РТС, тие се уапсени во врска со нивните незаконски….
Началникот на Управата за криминалистичка полиција (УКП) Марко Кричак и началникот на Службата за сузбивање криминал, Бошко Секуловиќ, се уапсени во голема полициска акција во Србија. Апсењата се спроведени по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, дознава Танјуг. Според информациите на агенцијата, акцијата ја спровела Службата за борба против корупцијата, а двајцата полициски функционери се осомничени за незаконско постапување во случајот „Сењак“.
Денес, во 11:52 часот, пред железничката станица во Нови Сад ќе се одржи комеморативен собир по повод две години од падот на бетонската настрешница под која загинаа 16 лица, а единствената преживеана, Теодора Мартинко, ги загуби нозете. Падот на настрешницата прво доведе до пад на владата, а минатата недела и на српската влада. Студентите претходно објавија дека заедно со граѓаните….
Трагедијата од 1 ноември 2024 година предизвика масовни студентски и граѓански протести кои доведоа до големи политички промени и пад на режимот на Александар Вучиќ во Србија. Tрите правни постапки поврзани со несреќата сè уште чекаат разрешница.
Две години по несреќата, во Србија се водат три одвоени правни постапки поврзани со уривањето на настрешницата, но сè уште нема правосилна пресуда за трагедијата во која загинаа 16 лица меѓу кои и Васко Саздовски од Свети Николе, научник и истражувач кој работел за Институтот „Биосенс“ во Нови Сад, објавуваат српските медиуми. Една од постапките се води токму пред судот во Нови Сад. Апелацискиот суд во јули годинава го потврди обвинението против 13 лица, меѓу кои е и поранешниот министер за градежништво Горан Весиќ.
Несреќата предизвика масовни студентски и граѓански протести низ Србија, кои прераснаа во движење против власта на Александар Вучиќ и на 25 октомври годинава доведоа до изборен пораз на Српската напредна партија (СНС), по 14 години владеење. Но, и покрај политичкиот пресврт, две години по трагедијата сè уште нема ниту едно започнато судење за одговорноста за смртта на 16-те луѓе. Истрагите се водат во три обвинителства, во Нови Сад, Белград и во Обвинителството за организиран криминал.
Демонстрантите ограбуваа продавници, палеа барикади и фрлаа Молотовлеви коктели врз полицијата, а повеќе од 200 лица беа уапсени. Најсериозните инциденти се забележани во Франкфурт, Келн, Берлин и Хамбург, пренесува „Шпигел“. This is multicultural Germany, Frankfurt right now.
Неколку полицајци беа повредени во судирите со демонстрантите за време на протестите на младите во Германија против можното воведување на задолжителна воена служба, објави во саботата германската новинска агенција dpa. Полицијата употреби бибер-спреј и водени топови откако демонстрантите почнаа да фрлаат камења, тули и други предмети кон полицајците. Во Хамбург, неколку илјади луѓе учествуваа на демонстрации за време на кои учесниците, облечени во црно, а некои носеа маски за лице, ги урнаа пластичните бариери за изведување работи на коловозите и ги запалија во близина на станица на метрото.
Масовните протести на младите во Германија поради високите трошоци за живот, мерките за штедење и воениот рок, во текот на саботната ноќ прераснаа во насилни немири. Најтешка била ситуацијата во Франкфурт, каде што биле ограбувани продавници, а инциденти имало и во Берлин, Келн и Хамбург. Германската полиција била принудена да употреби водени топови за да ги растера групите демонстранти кои ги гаѓале припадниците на полицијата и итните служби со пиротехнички средства, камења и стаклени шишиња, пренесува Би-Би-Си. Голем дел од главната трговска улица во Франкфурт, финансискиот центар на земјата, бил целосно блокиран.
Демонстранти ограбија продавници во центарот на Франкфурт доцна во саботата, додека во германските градови избија судири поради трошоците за живот. Покрај Франкфурт, финансискиот центар на Германија, инциденти на насилство имаше и во Берлин, Келн и Хамбург. Полицијата соопшти дека употребила водени топови за да ги растера демонстрантите, кои пак напаѓале припадници на итните служби со огномет, камења и шишиња.
ФБИ соопшти дека Северна Кореја е одговорна за кибернападот во кој беа украдени дигитални средства од берзата за криптовалути „Бајнанс“ (Binance) во вредност од околу 6,3 милијарди долари, јавува ДПА. ФБИ го припиша нападот на севернокорејските хакери кои припаѓаат на групата „TraderTraitor“. И компанијата за анализа на блокчејн „TRM Labs“ претходно за одговорни за нападот ги посочи членовите на истата група.
Берзата Binance го запре тргувањето откако хакери украдоа повеќе од 6 милијарди долари. Ова е најголемата кражба на криптовалути во историјата и тежок удар за индустријата која се промовира како заштитена од хакерски напади. Првичната истрага покажа дека нападот го извршила севернокорејска група преку компромитиран лаптоп на инженер во Binance.
Најголемата светска берза за криптовалути „Binance“ соопшти дека досега успеала да надомести 90 отсто од средствата украдени во големиот хакерски напад, во кој беа извлечени криптовалути во вредност од околу 6,3 милијарди долари. Од компанијата уверуваат дека корисниците нема да претрпат никакви финансиски последици од овој инцидент, бидејќи сите загуби целосно се покриваат со сопствени средства и преку специјализираниот резервен фонд наменет за заштита. За санирање на штетите, берзата издвоила повеќе од 6,34 милијарди долари од сопствените резерви.
Најголемата светска берза за криптовалути Binance привремено ги суспендираше депозитите и исплатите по безбедносниот инцидент, што аналитичарите го нарекуваат најголемиот хакерски напад во историјата на пазарот на криптовалути. Според прелиминарните информации, хакерите добиле пристап до системот преку компјутерот на вработен. Меѓу другото, истрагата ја испитува можната поврзаност на нападот со севернокорејска хакерска група.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, повторно им вети на Американците по пет илјади долари доколку Републиканската партија победи на конгресните избори закажани за 3 ноември, објави американската телевизиска мрежа “Еј-Би-Си“. Ова се најважните избори во историјата“, изјави Трамп пред своите поддржувачи собрани синоќа во Дејтона Бич, во сојузната држава Флорида. Претседателот на САД ја искористи можноста повторно да вети дека секој граѓанин на САД ќе добие по пет илјади долари доколку републиканците победат на изборите.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, повторно им вети на Американците по пет илјади долари доколку Републиканската партија победи на конгресните избори закажани за 3 ноември, објави денеска американската телевизиска мрежа “Еј-Би-Си“. „Ова се најважните избори во историјата“, изјави Трамп пред своите поддржувачи собрани синоќа во Дејтона Бич, во сојузната држава Флорида. Претседателот на САД ја искористи можноста повторно да вети дека секој граѓанин на САД ќе добие по пет илјади долари доколку републиканците победат на изборите.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, повторно им вети на Американците по пет илјади долари доколку Републиканската партија победи на конгресните избори закажани за 3 ноември, објави денеска американската телевизиска мрежа “Еј-Би-Си“. „Ова се најважните избори во историјата“, изјави Трамп пред своите поддржувачи собрани синоќа во Дејтона Бич, во сојузната држава Флорида. Претседателот на САД ја искористи можноста повторно да вети дека секој граѓанин на САД ќе добие по пет илјади долари доколку републиканците победат на изборите.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, повторно им вети на Американците по пет илјади долари доколку Републиканската партија победи на конгресните избори закажани за 3 ноември, објави денеска американската телевизиска мрежа “Еј-Би-Си“. „Ова се најважните избори во историјата“, изјави Трамп пред своите поддржувачи собрани синоќа во Дејтона Бич, во сојузната држава Флорида. Претседателот на САД ја искористи можноста повторно да вети дека секој граѓанин на САД ќе добие по пет илјади долари доколку републиканците победат на изборите.
Податоците на Народната банка, објавени по повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври, покажуваат дека вкупните депозити во банкарскиот систем во септември достигнале речиси 11,2 милијарди евра. Од нив, депозитите на домаќинствата изнесувале 7,51 милијарда евра , наспроти околу 7,2 милијарди евра на почетокот на годината. Тоа претставува раст од приближно 310 милиони евра за девет месеци.
Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.
Граѓаните во Македонија во банките чуваат околу 7,4 милијарди евра, односно 454 милијарди денари, покажуваат податоците на Македонската банкарска асоцијација и Народната банка. Депозитите на населението бележат годишен раст од 9,2 проценти, додека орочените депозити се зголемиле за 5,7 проценти. Податоците покажуваат дека штедењето продолжува да расте и покрај инфлацијата и зголемените трошоци за живот.
На банкарските сметки на македонските граѓани се наоѓаат 7,51 милијарда евра, а депозитите продолжуваат да растат и покрај инфлацијата и високите животни трошоци. Сепак, оваа сума не открива колкав дел од парите е распределен меѓу населението, а колкав е концентриран кај граѓаните со највисоки приходи. Податоците на Народната банка, објавени по повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври, покажуваат дека вкупните депозити во банкарскиот систем во септември достигнале речиси 11,2 милијарди евра.
Цените на становите, кириите и трошоците за енергија во последните години претставуваат сè поголем товар врз буџетите на домаќинствата низ цела Европа. Милиони граѓани трошат повеќе од 40 проценти од својот расположлив приход за домување, а Грција се издвојува меѓу најпогодените земји. Според податоците на Евростат, Хрватска е меѓу земјите со најмал дел од населението.
Колку пари му се потребни на човек во Европа за да живее без секојдневно да размислува за сметките, храната и основните трошоци? Одговорот зависи од земјата, цените, големината на домаќинството, но и од тоа дали некој поседува сопствен стан или мора да плаќа кирија. Сепак, новата споредба на „Euronews Business“ покажала колкав месечен нето-приход на домаќинството е потребен за да се достигне прагот што го означува почетокот на повисоката средна доходовна група.
Трошоците за домување за милиони Европејци одземаат повеќе од 40% од расположливиот приход. Euronews Business подетално разгледува кои земји се најпогодени, а експертите ги објаснуваат причините.
Месечниот приход потребен за релативно удобен живот значително се разликува меѓу европските земји. Според анализата на „Еуроњуз бизнис“, која ја пренесува Н1, прагот за влез во повисоката средна класа за самец се движи од 603 евра во Макед.
На 1-ви ноември ЕУ ќе воведе дополнителна давачка од 2 евра за евтините пратки. Таксите што Европската Унија ги воведува за увозот на евтини пратки од интернет-трговијата, насочени главно кон кинеските платформи како „Shein“ и „Temu“, би можеле да носат по шест милијарди евра годишно во буџетот на ЕУ во периодот од 2028-ма до 2034-та година, покажува документ на Европската комисија во кој увид имал „Reuters“. Досега необјавената процена го покажува обемот на европските мерки против напливот на евтини увозни производи од електронската трговија, за кои ЕУ смета дека главно пристигнуваат од Кина.
Од утре стапува на сила новата такса на ЕУ од 2 евра за секој производ во евтините меѓународни пратки, згора на таксата од 3 евра воведена во јули. Мерката е директно насочена кон популарните кинески синџири за онлајн продажба, како Temu, Shein и AliExpress. Новата давачка ќе важи за секој различен артикл во пакетот.
Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.
Синоќа околу 19 часот пред салата „Јане Сандански“ во Аеродром каде КК Работнички играше против КК Скопје, додека навивачите на клубот од „Градски парк“ чекале да влезат во салата, со факели и други предмети биле нападнати од навивачи на МЗТ Скопје од групата „Фемили Аеродром“. Во физичката пресметка е повредено едно лице кое набрзо било префрлено во ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош. Едно лице било приведено.
Масовна тепачка вечерва се случила на крстосницата меѓу булевар АСНОМ и улицата Васко Карангелевски кај СЦ „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром. Од видеата што ги направи екипа на „360 степени“ може да се види дека на местото има полициски екипи, а еден од учесниците во тепачката лежи не коловозот. По кратко време на местото пристигна екипа на Брза помош кој го пренесе повредениот до здравствена установа.
Инцидент се случил вечерва пред спортскиот центар „Јане Сандански“, каде се игра кошаркарскиот натпревар меѓу КК Скопје и КК Работнички. Според информациите кои стигнаа до нашиот медиум и за кои објавуваат жители на Општина Аеродром, пред салата се собрала поголема група луѓе, присутна е полицијата, а булеварот бил блокиран. Во инцидентот има и повредени лица, но засега нема официјални информации за нивната состојба и околностите под кои настанале повредите.
Физичка пресметка меѓу навивачки групи на МЗТ Скопје и Работнички се случила вечерва во непосредна близина на спортскиот центар „Јане Сандански“, во скопската населба Аеродром. Иако денеска двата градски ривали немаат меѓусебен натпревар, според информациите што се појавија во навивачките кругови, припадници на групата „Фемили“ наводно пресретнале навивачи на Работнички додека тие се движеле кон спортскиот центар, каде што требало да му дадат поддршка на својот тим на првенствениот натпревар против Скопје. Во моментов нема официјална потврда за инцидентот, ниту детали за тоа како и под кои околности дошло до физичката пресметка.
Двајца мажи се здобиле со тешки телесни повреди откако автомобил „мерцедес“ излетал од автопатот „Пријателство“ кај Трубарево и завршил во дворно место на семејна куќа. Несреќата била пријавена денеска во 1.10 часот во СВР Скопје. Според информациите од МВР, патничкото возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.М. (33) од Батинци, скопско, изгубило контрола, излетало од патот и притоа влегло во дворот на семејна куќа.
Денеска во 01:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот „Пријателство“, атар на с. Трубарево, скопско, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(33) од с. Батинци, скопско, изгубило контрола и излетало од патот, кое притоа влегло во дворно место од семејна куќа. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Н.М. и неговиот сопатник Д.Г.(39) од Скопје, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, информира МВР. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Двајца тешко повредени од сообраќајната несреќа по полноќ во атарот на Трубарево.
Двајца мажи се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска на автопатот „Пријателство“, во близина на скопското село Трубарево. Несреќата се случила во 01:10 часот, кога автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 33-годишен жител на селото Батинци, изгубил контрола, излетал од автопатот и влегол во дворот на семејна куќа. Во несреќата тешко се повредени возачот и неговиот 39-годишен сопатник од Скопје.
Три лица вооружени со огнено оружје ограбиле спортска обложувалница во скопската општина Чаир, од каде со закана кон вработениот одзеле пари од дневниот промет. Според информациите од МВР, грабежот бил пријавен на 30 октомври, во 23:54 часот. Тројцата сторители му се заканиле на вработениот со огнено оружје, по што ги зеле парите и побегнале.
Три машки лица со закана со огнено оружје од вработениот одзеле пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Три лица вооружени со огнено оружје ограбиле спортска обложувалница во скопската општина Чаир, од каде со закана кон вработениот одзеле пари од дневниот промет. Според информациите од МВР, грабежот бил пријавен на 30 октомври, во 23:54 часот. Тројцата сторители му се заканиле на вработениот со огнено оружје, по што ги зеле парите и побегнале.
На 30.10.2026 во 23:54 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Чаир во Скопје, три машки лица со закана со огнено оружје од вработениот одзеле пари од дневниот промет, информира МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Долго најавуваниот споменик на бардот на македонската патриотска песна. Јонче Христовски (1931-2000) конечно е поставен во неговиот роден град Битола , а свечено ќе биде откриен на Денот на ослободувањето на градот на конзулите 4 ноември. Скулптурата е сместена на самиот влез во чаршијата, во непосредна близина на препознатливиот дрвен мост на реката Драгор, познат меѓу битолчани како Мостот на вљубените.
Доајенот на македонската народна песна – Јонче Христовски добива споменик во Старата битолска чаршија. Свеченото откривање на споменикот се очекува да биде во рамките на прославата по повод 4. Ноември – Денот на ослободувањето на Битола. Христовски е роден во Битола во 1931, а почина во 2000 година во Скопје.
Долго најавуваниот споменик на бардот на македонската патриотска песна Јонче Христовски (1931-2000) конечно е поставен во неговиот роден град Битола, а свечено ќе биде откриен на Денот на ослободувањето на градот на конзулите 4 ноември. Скулптурата е сместена на самиот влез во чаршијата, во непосредна близина на препознатливиот дрвен мост на реката Драгор, познат меѓу битолчани како Мостот на вљубените. Проектот во чест на пејачот, текстописец и композитор се реализира со поддршка и документација од општината, а самата изработка на споменикот е донација од Стопанска банка АД Битола.
Споменикот на легендарниот македонски пејач и композитор Јонче Христовски е поставен во Старата битолска чаршија. Со ова, Битола му оддава почит на уметникот чии песни оставија длабока трага во македонската музичка историја. Христовски е автор и интерпретатор на бројни познати песни, меѓу кои „Македонско девојче“, „Куќа имам на Пелистер“ и „Ај засвирете ми чалгии“.
Уникатниот спој го направија маестралните Бојан Велевски и Боби Додевски, кои со својата комичарска енергија ја освојуваат публиката низ земјата. Големото финале, закажано за 17 ноември 2026 година во Скопје, е распродадено, но за сите што не успеаја да обезбедат билети следува реприза на 23 декември 2026 година во „Рагуза парк“. Картите се достапни преку Купи карти.мк. И тој ден не се оди во теретана!
Стендап-комедијата на Бојан Велевски и Боби Додевски ги полни салите низ Македонија и руши рекорди. Добриот хумор, смеата и одличното расположение се гарантирани, а овој стендап покажа дека Македонците можат да соработуваат кога станува збор за нешто што на сите им е потребно – добро расположение. Уникатниот спој го направија маестралните Бојан Велевски и Боби Додевски, кои со својата комичарска енергија ја освојуваат публиката низ земјата.
Документарниот филм „Кумство, вера, традиција“ на авторката Надица Петковиќ ја освои бронзената Камера 300 на Меѓународниот фестивал на документарни филмови што се одржа во Битола. Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам и Општина Куманово. Филмот ги обработува народните обичаи, духовноста и значењето на кумството како еден од симболите на заедништвото во македонската традиција.
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследст.
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството на браќата Манаки. Во своето обраќање, Коњановски им честита на организаторите за придонесот во негувањето на делото на првите сниматели на Балканот. Тој оцени дека фестивалот претставува препознатливо културно обележје на Битола, со значење и надвор од државните граници.
Борусија Менхенгладбах и Падерборн одиграа 0:0 во саботниот натпревар од Бундеслигата на 31 октомври. Голманите Даниел Бац и Науел Нол имаа важна улога во дуелот на „Борусија парк“, на кој домашниот тим остана и без погодок по интервенција на ВАР. Падерборн се закани преку Том Бак по кратко изведен корнер, но Бац одбрани.
Вердер го победи Хофенхајм со 2:0 на „Везер“ во саботниот натпревар од Бундеслигата на 31 октомври. Никлас Филкруг повторно беше меѓу стрелците, а Ерен Динкчи ја потврди победата во завршницата. Во првото полувреме немаше голови, иако двете екипи имаа можности.
Реал Мадрид денеска се враќа на „Ел Сардинеро“ по 15 години . Тимот на Жозе Мурињо му гостува на Расинг Сантандер во 11. коло од Ла Лига, со почеток во 16:15 часот по македонско време. Мадриѓаните пристигнуваат со пет последователни победи и сакаат да ја продолжат серијата по успехот во Класико. Но домаќинот сезонава сè уште нема пораз на свој терен: има три победи и две ремија.
Тибо Куртоа се враќа на списокот на Реал Мадрид за гостувањето кај Расинг Сантандер, но Федерико Валверде останува надвор од конкуренција. Клубот во саботата ги објави повиканите фудбалери за натпреварот од 11. коло во Ла Лига. Дуелот ќе се игра во недела, 1 ноември, на „Ел Сардинеро“, со почеток во 16:15 часот по Скопје.
Астон вила и Фулам одиграа 1:1 во саботниот натпревар од Премиер лигата на 31 октомври. Домаќините поведоа преку Николас Џексон, но грешка на голманот Зион Сузуки им овозможи на гостите да си заминат од „Вила парк“ со бод. Вила доби голема шанса за рано водство кога, по интервенција на ВАР, беше досуден пенал поради игра со рака на Сандер Берге.
Астон Вила го пречекува Фулам вечерва во 21:00 часот по македонско време , во саботната програма на Премиер лигата. На „Вила Парк“ ќе се сретнат две екипи кои во средата го завршија настапот во Лига купот. Тимот на Унаи Емери бара враќање на победите по куп-елиминацијата, додека Фулам загуби со 1:0 од Кристал Палас.
Легендарниот британски рок пејач Јан Гилан , фронтменот на „Дип Парпл“ , беше хоспитализиран поради ненадеен здравствен проблем, поради кој бендот мораше да одложи два концерта во Германија. Веста беше потврдена во сабота, 31 октомври, со официјално соопштение на групата, а засега не се објавени детали за здравствената состојба на 81-годишниот музичар. „Дип парпл“ требаше вечерва да настапат во арената „Ки“ во Лајпциг, а следната вечер, 1 ноември, во Спортхале во Хамбург, како дел од тековната светска турнеја „Сплат!“. Сепак, само неколку часа пред првиот настап, групата објави дека двата концерти морале да бидат одложени.
Легендарниот британски рок-бенд Deep Purple беше принуден во последен момент да ги откаже претстојните настапи во Германија, откако нивниот пејач и фронтмен, Ијан Гилан, итно беше хоспитализиран. Познатата група требаше да настапи вечерва во Лајпциг и утревечер во Хамбург, но концертите се одложени поради ненадејни здравствени компликации кај седумдесет и деветгодишниот пејач. По тој повод, бендот им се обрати на јавноста и на загрижените обожаватели преку официјално соопштение на социјалните мрежи, нагласувајќи дека интензивно работат на пронаоѓање нови термини, како и дека сите купени билети ќе важат за одложените концерти.
Легендарниот британски рок пејач Јан Гилан, фронтменот на „Дип парпл“, беше хоспитализиран поради ненадеен здравствен проблем, поради кој бендот мораше да одложи два концерта во Германија. Веста беше потврдена во сабота, 31 октомври, со официјално соопштение на групата, а засега не се објавени детали за здравствената состојба на 81-годишниот музичар. „Дип парпл“ требаше вечерва да настапат во арената „Ки“ во Лајпциг, а следната вечер, 1 ноември, во Спортхале во Хамбург, како дел од тековната светска турнеја „Сплат!“. Сепак, само неколку часа пред првиот настап, групата објави дека двата концерти морале да бидат одложени.
ОВЕН. Неделниот ден може да започне со инспирација и желба да се направи нешто различно од вообичаеното. Сепак, може да се појави тензија во односите, особено доколку некој се обидува да ја наметне својата волја.
ОВЕН Последниот ден од месецот ве насочува кон она што треба да се заврши смирено, а не со поголем притисок. Претпладнето е добро за отворен разговор дома или за разјаснување на тема што неодамна останала неизговорена. Бидете внимателни со стара расправија, бидејќи брзоплетиот одговор лесно може да ја врати тензијата.
ОВЕН. Неделниот ден може да започне со инспирација и желба да се направи нешто различно од вообичаеното. Сепак, може да се појави тензија во односите, особено доколку некој се обидува да ја наметне својата волја.
Овен (21.03 – 20.04) Пред вас е викенд во кој ќе и бидете посветени на работата. Нема да имате време за одмор. Во љубовта слободните лесно ќе склопат некое познанство кое ќе прерасне во нешто повеќе.
Шкорпија 24.10-22.11. Љубов. Сеуште не сте се оладиле од бурното минато , а веќе ви се местат ситуации за нови љубовни предизвици. Бидете смирени.
Шкорпија 24.10-22.11. Љубов. Некои ќеја стават саканата личност на врвот на своите вредности , а при тоа нема да ја запостават кариерата. Ќе успеете се да споите на најдобар начин.
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 19 октомври. Светиот пророк Јоил. Втор по ред од малите Пророци, Св. Јоил беше син Ватуилов, од коленото Рувимово.
Денеска, 30 октомври, се празнуваат Светите маченици и бесребреници Козма и Дамјан By ekran October 30, 2026 Сподели Facebook X Православните христијани на 30 октомври ги одбележуваат Светите маченици.
Главен спомен: Преподобен Прохор Пчињски. Дополнително: Светиот пророк Јоил; Светиот маченик Уар и со него седум христијански учители; преносот на моштите на Преподобен Јован Рилски; Блажена Клеопатра и нејзиниот син Јован; Свештеномаченик Садок, епископ Персиски, и други светители. Нов календар: 1. ноември 2026. година Стар календар: 19. октомври Ден: Недела – 22-ра недела по Педесетница, глас 5.
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 октомври. Денеска е Св. пророк Осиј. Живеел и пророкувал на околу 800 години пред Христовото раѓање.
Ноќта на вештерките повторно им даде на познатите можност да излезат од сопствената кожа — понекогаш буквално, со протетика и целосно скриено лице, а понекогаш со перика и внимателно избран моден цитат. За Halloween 2026 немаше само една формула: покрај хорор-костимите, силно присуство имаа музичките спотови, филмовите и препознатливите изгледи на други славни личности. Овој преглед ги собира костимите претставени во деновите пред празникот и на 31 октомври.
Хајди Клум ја чува во тајност својата трансформација за Ноќта на вештерките 2026 , но на фановите им го даде последниот знак пред откривањето. Како што пренесува „GALA“, во петокот, 30 октомври , објавила две фотографии со детали што потсетуваат на необична уста и заби. Објавата ја најавува забавата во Њујорк на 31 октомври.
Супермоделот Хајди Клум уште еднаш ги разгоре шпекулациите во јавноста со откривањето нови детали за нејзиниот овогодишен костим по повод Ноќта на вештерките. Позната по своите екстремни трансформации, манекенката подготвува проект што соработниците го опишуваат како технички најбаран досега. Клум на социјалните мрежи сподели фотографии на кои се прикажани усти со крупни, неправилни заби, што предизвика лавина коментари и обиди од фановите да погодат за кој лик станува збор.
Хајди Клум ниту оваа година нема намера да ги разочара љубителите на Ноќта на вештерките. Додека обожавателите се обидуваат да откријат во што ќе се трансформира, манекенката објавува сè побизарни детали. Кралицата на Ноќта на вештерките се враќа!
На 1. ноември низ вековите се вкрстуваат уметноста, политиката, војната, спортот и технолошкиот развој. На овој датум светот првпат го видел завршениот таван на Сикстинската капела, Лисабон бил погоден од една од најтешките европски природни катастрофи, а многу подоцна во сила стапил договорот со кој Европската Унија добила нова политичка форма. Во македонската историја, 1 ноември е поврзан и со повторното ослободување на Кичево во 1943 година, со почетокот на електрифицираниот железнички сообраќај и со споменот на драмскиот писател Васил Иљоски.
Последниот ден од октомври во историскиот календар собира настани што оставиле трага во верата, уметноста, науката, политиката и спортот: Европа влегла во една од своите најголеми верски пресвртници, Микеланџело го завршил монументалниот „Страшниот суд“, а векови подоцна бил затворен и еден долг спор околу Галилео. За Македонија датумот е поврзан и со културата и со современата политичка историја. Во 1517. година станал неразделен од името на Мартин Лутер и неговите 95 тези против злоупотребата на индулгенциите.
Во престижниот салон на Audi во рамките на Porsche Macedonia, пред бројни претставници на медиумите, деловни партнери и љубители на автомобилската индустрија, официјално беше промовиран новиот Audi Q7. Настанот обедини врвен дизајн, напредни технолошки иновации и супериорни перформанси, поставувајќи нови стандарди во премиум SUV сегментот на македонскиот пазар. Нашата редакција изработи и кратко видео од настанот: (ВИДЕО) ЛУКСУЗ И МОЌ НА ЧЕТИРИ ТРКАЛА: Новиот Audi Q7 пристигна во Македонија. Промотивниот настан започна со обраќање на генералниот директор на Porsche Macedonia, Златко Муцунски, кој ја истакна стратешката важност на брендот и долгорочната посветеност на компанијата кон носење на највисоките светски стандарди во земјата.
Новата генерација на Audi Q7 е достапна за македонските купувачи со простор за пет, шест или седум патници, V6 мотор со блага хибридна технологија, quattro погон и напредни дигитални системи. Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber https://abit.ly/24auto-viber Со еден клик до сите вести. Новиот Audi Q7 пристигна на македонскиот пазар, носејќи комбинација од голема и приспособлива внатрешност, современа технологија, моќни перформанси и препознатлив премиум карактер.
Во престижниот салон на Audi во рамките на Porsche Macedonia, пред бројни претставници на медиумите, деловни партнери и љубители на автомобилската индустрија, официјално беше промовиран новиот Audi Q7. Настанот обедини врвен дизајн, напредни технолошки иновации и супериорни перформанси, поставувајќи нови стандарди во премиум SUV сегментот на македонскиот пазар.
Во престижниот салон на Audi во рамките на Porsche Macedonia, пред бројни претставници на медиумите, деловни партнери и љубители на автомобилската индустрија, официјално беше промовиран новиот Audi Q7. Настанот обедини врвен дизајн, напредни технолошки иновации и супериорни перформанси, поставувајќи нови стандарди во премиум SUV сегментот на македонскиот пазар. Промотивниот настан започна со обраќање на генералниот директор на Porsche Macedonia, Златко Муцунски, кој ја истакна стратешката важност на брендот и долгорочната посветеност на компанијата кон носење на највисоките светски стандарди во земјата. „Audi Q7 не е само автомобил во нашата гама – тој е столб на семејството на Audi и симбол на довербата што нашите клиенти ја градат со години.
Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.