Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, денеска ќе му го врачи на премиерот Христијан Мицкоски Извештајот на Европската комисија за напредокот на државата. По врачувањето на извештајт, Мицкоски и Рокас ќе одржат заедничка прес-конференција во Медија-центарот на Владата. Во Извештајот, кој беше презентиран вчера во Брисел, се наведува дека земјава активно се вклучила во новиот План за раст за Западен Балкан и ги засилила напорите за реализација на неговите четири столба: постепена интеграција во единствениот пазар на ЕУ, регионална економска интеграција, суштински реформи и зголемена финансиска поддршка.
Македонија во изминатите 12 месеци постигнала некаков или ограничен напредок во најголем дел од поглавјата по кои се мери напредокот на Македонија за членство во Европската Унија (ЕУ), нотирала Европската комисија (ЕК) во новиот Извештај за земјава до кој дојде Телма. Во борбата против корупцијата во изминатите 12 месеци, земјата не постигнала никаков напредок, при што забележува дека случаите на висока корупција продолжуваат да се одолговлекуваат што ја поттикнува перцепцијата за неказнивост. Забелешка има и за амандманите на Кривичниот законик од јануари во 2026 година за злоупотреба на службената положба со кои не е соодветно одговорено на измените на Законот од 2023 година.
Нема напредок во усвојувањето на уставните измени како што налагаат заклучоците на Советот на Европа од 2022 година. Билатералните договори со соседните земји треба да се спроведуваат добронамерно од сите страни – Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија. Независноста на правосудството останува нарушена.
Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, денеска ќе го предаде Извештајот на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија за 2026 година на премиерот Христијан Мицкоски. По средбата, предвидена е заедничка прес-конференција во Владата. Во објавениот извештај, Европската комисија констатира дека Северна Македонија постигнала значителен напредок во спроведувањето на Реформската агенда, но нагласува дека усвојувањето на уставните измени останува неопходен услов за продолжување на евроинтегративниот процес.
Неофицијално за организатор на групата се сомничи лице со прекар Штука, а во неа, наводно, членуваат и други лица од Куманово.
Утрово полициски специјалци во Куманово спроведуваат поголема полициска акција против организирана криминална група од лица добро познати на кумановската криминална сцена, дознава МКД.мк. Групата, според сомневањата на истражните органи, подолг временски период дејствувала на подрачјето на Куманово и пошироко, користејќи насилство, закани и уцени, а се занимавала со изнуда, лихварство, како и перење пари и други приноси од казниви дела. Дел од акцијата се и претреси во една нотарска канцеларија и менувачница, каде што се проверуваат можни поврзаности со истражуваните криминални активности. Веќе се пронајдени пари, возила и разна документација.
Се огласија и од Обвинителството и од МВР за денешната акција која се спроведува во Куманово, а во која се апсат осомничени за изнуда, лихварство, уцени и изнуда. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција координира дејствија на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР. Врз основа на наредби обезбедени од надлежното јавно обвинителство се вршат повеќе претреси за обезбедување докази во врска со кривични дела „изнуда“, „перење пари и други приноси од казниво дело“ и „несовесно работење во службата“.
Како што објави НетПрес, полициски специјалци утрово во Куманово се ангажирани во акција во која Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при Бирото за јавна безбедност разоткрива организирана криминална група, составена од лица добро познати на кумановската криминална сцена. Станува збор за група која, според сомневањата на истражните органи, подолг временски период дејствувала на подрачјето на Куманово и пошироко, користејќи насилство, закани и уцени, а се занимавала со изнуда, лихварство, како и перење пари и други приноси од кривични дела. Според неофицијалните сознанија на НетПрес, криминалната група ja сочинуваат лицата Драган Петровски – Штука, кој се сомничи како организатор на групата, како и Зоран Ристик, Марко Крстевски, Ласте Крстевски, Даниел Живачки сите од Куманово.
Граѓаните што имаат платежни сметки во Алта банка АД Битола, а немаат платежни картички, од денеска ќе може да ги подигнуваат своите средства на шалтерите во главната филијала на банката во Битола. За таа цел, ќе бидат отворени повеќе шалтери на адресата ул. „Добривое Радосављевиќ“ бр. 21, наменети за исплата на готовина, особено за пензионерите и примателите на социјална помош, кои средствата ги добиваат преку сметки во банката, информира Народната банка. Граѓаните ќе може да подигнат најмногу 20.000 денари, колку што изнесува максималниот дозволен износ за повлекување во период од две недели.
Народната банка ги известува граѓаните кои имаат платежни сметки во АЛТА банка АД Битола, а немаат платежни картички, дека од четврток, 5 ноември 2026 година, ќе започне подигањето средства од шалтерите во главната филијала на банката во Битола. За таа цел, ќе бидат отворени повеќе шалтери на адресата ул. „Добривое Радосављевиќ” бр. 21 во Битола.
Од денеска, клиентите на АЛТА банка Битола кои имаат платежни сметки, но немаат платежни картички, ќе можат да ги подигнуваат своите средства на шалтерите во главната филијала на банката во Битола. Народната банка информира дека за оваа намена ќе бидат отворени повеќе шалтери на улицата „Добривое Радосављевиќ“ број 21, со посебен акцент на пензионерите и примателите на социјална помош. Максималниот износ што граѓаните ќе можат да го подигнат е 20.000 денари во период од две недели.
Граѓаните што имаат платежни сметки во Алта банка АД Битола, а немаат платежни картички, од денеска ќе може да ги подигнуваат своите средства на шалтерите во главната филијала на банката во Битола. За таа цел, ќе бидат отворени повеќе шалтери на адресата ул. „Добривое Радосављевиќ“ бр. 21, наменети за исплата на готовина, особено за пензионерите и примателите на социјална помош, кои средствата ги добиваат преку сметки во банката, информира Народната банка. Граѓаните ќе може да подигнат најмногу 20.000 денари, колку што изнесува максималниот дозволен износ за повлекување во период од две недели.
Според информациите од полицијата Билјана е жртва на фемицид. Претходниот напад бил евидентиран во полицискиот билтен од 1 октомври. Според соопштенито на Министерството за внатрешни работи, насилството се случило на 30 септември, околу 21 часот, во домот на момчето во Богданци.
Трагедија во Богданци. Две млади лица се пронајдени мртви во близина на местото викано „Ичева чешма“, во Горно Село во близина на Богданци. Едното тело, на 21-годишно момче од Богданци, било пронајдено покрај опожарен автомобил, додека второто било откриено во внатрешноста на возилото, објави „ Скопје1 “. Случајот бил пријавен на 3 ноември во 18:40 часот, кога лице од Богданци ја известило полицијата дека забележало запален паркиран автомобил и безживотно тело во негова близина.
Седумнаесетгодишната девојка од Богданци, која претходно пријавила физичко насилство од својот партнер, е пронајдена УБИЕНА во опожарено возило. Нејзиниот 21-годишен насилен партнер, по убиството, се самоубил. Само еден месец претходно, на 30 септември, тој физички ја нападнал во својот дом, а на 1 октомври бил лишен од слобода.
.11.2026 во 18:40 часот Т.К. од Богданци пријавил дека на место викано „Ичева чешма“, Горно село во Богданци забележал опожарено паркирано патничко моторно возило, во чија близина има безживотно тело. Веднаш по пријавата полициски службеници од ПС ОН Гевгелија се упатени на местото на настанот, каде било констатирано дека во близина на опожареното возило имало машко лице кое не давало знаци на живот, по што било констатирано дека станува збор за В.Г.(21) од Богданци. Од екипа на Итна медицинска помош при ЈЗУ Општа болница Гевгелија била констатирана смрт.
Во Скопје започна акција за засадување 3.500 нови садници, како дел од поширокиот план за зголемување на зелените површини во градот. Според информациите објавени од Град Скопје на 4 и 5 ноември, активностите ќе се спроведуваат на повеќе локации во главниот град. Планот предвидува садење во постојните градски паркови, во новите парковски површини, долж булеварите и на други јавни простори.
Повеќе сенка за летните денови, почист воздух и повеќе зелени места за прошетки, игра и дружење! Започна големата акција за засадување 3.500 садници низ Скопје, со која го обновуваме зеленилото и ги раззеленуваме јавните површини. До крајот на сезоната ќе бидат засадени вкупно 6.000 нови садници!
Град Скопје започна со големата акција за засадување 3.500 садници низ Скопје, со која се обновува зеленилото и се раззеленуваат јавните површини, а до крајот на сезоната за садење ќе бидат засадени вкупно 6.000 нови садници. Секое ново дрво е влог во градот во кој живееме и во иднината на нашите деца. Повеќе сенка за летните денови, почист воздух и повеќе зелени места за прошетки, игра и дружење.
Во главниот град започна масовна еколошка акција во чии рамки најпрво ќе бидат засадени 3.500 нови садници. Според утврдениот план, до крајот на тековната сезона оваа бројка треба да достигне вкупно 6.000 нови дрвја распоредени на јавните површини низ градот. „Секое ново дрво е влог во градот во кој живееме и во иднината на нашите деца.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, го повика Јавното обвинителство да ги провери сомнежите за можна поврзаност на поранешниот претседател Стево Пендаровски со градежна инвестиција во која, според неговите тврдења, учествува сопругата на поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу. Во гостувањето во утринската емисија „Утринско еспресо“ на Радио Лидер, Стојаноски рече дека партијата располага со информации за кои смета дека треба да бидат предмет на институционална проверка, иако Пендаровски веќе ги демантирал наводите за негова поврзаност со инвестицијата. „Го повикувам Јавното обвинителство да го провери тој наод, затоа што ние сме сигурни дека тоа што го кажуваме има вистина.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски денес одржа прес-конференција во Влае, каде се гради станбена зграда во која како инвеститор се посочува Афродита Муслиу, сопруга на поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, за кој потсетува дека е близок соработник на Стево Пендаровски. Тука се поставува прашањето на кое јавноста заслужува одговори, а тоа е како со административна плата се стигнува до инвеститор на станбена зграда? Од каде се парите за оваа инвестиција?
Пендаровски призна дека објектот во Влае е на Еролд Муслиу, кој ја финансира милионската инвестиција?, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Стево Пендаровски, со својот Фејсбук-статус, практично потврди дека станува збор за објектот во Влае кој се поврзува со семејството на поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу. Наместо да даде конкретни одговори, Пендаровски се обиде да ја пренасочи темата со политички контранапади.
Тука се поставува прашањето на кое јавноста заслужува одговори, а тоа е како со административна плата се стигнува до инвеститор на станбена зграда? Од каде се парите за оваа инвестиција? Дали семејните приходи на Муслиу можат да ја оправдаат вредноста на ваков градежен проект?
Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно, во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 3 до 9, а максималните ќе достигнат од 8 до 15 степени.
Во најголемиот дел од земјата ќе се задржи променливо облачно време со повремени сончеви периоди. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
До недела времето ќе биде стабилно, со сончеви периоди во текот на денот, информира УХМР. За време на викендот утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а по одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Во почетокот на идната недела ќе има услови за слаб локален дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец.

ДенесТатко
5 ное – 22 ное · 2 термини19:00Luis Filipe RODRIGUESСкопјеСкопје
БесплатноВлез слободен — без билет и без пријава4 ное – 11 ное · 11 терминисре 4.11. — 20:00
БилетПлатен влез — потребен е билет26 окт – 6 ноеКурсеви по француски јазик - зимска сесијаФранцуски институт во СкопјеФранцуски институт во Скопје
1 ное – 30 ноеNovember Program at Grand Casino Admiral TetovoGrand Casino Admiral Tetovo (Hotel Lirak) · ТетовоGrand Casino Admiral Tetovo (Hotel Lirak) · Тетово
37Cineplexx Skopje
24Македонски народен театар
19Драмски театар Скопје
16Македонска филхармонија
1250та Дивизија
9Public Room
8Арена Борис Трајковски
8Скопје
8Центар за култура
7СЦ Јане Сандански
6Franz
6Stanica 26
6Киноверзум Велес
6Киноверзум Штип
5Base42
5Cuban Cocktail Bar & Restaurant
5Охрид
4East Gate Mall
4Laboratorium
4Makka Bar
4Киноверзум Кисела Вода
4Лабораториум
4Национална опера и балет
4Офицерски дом

Сите места ›
ДенесТатко
5 ное – 22 ное · 2 термини19:00Luis Filipe RODRIGUESСкопјеСкопје
БесплатноВлез слободен — без билет и без пријава4 ное – 11 ное · 11 терминисре 4.11. — 20:00
БилетПлатен влез — потребен е билет26 окт – 6 ноеКурсеви по француски јазик - зимска сесијаФранцуски институт во СкопјеФранцуски институт во Скопје
1 ное – 30 ноеNovember Program at Grand Casino Admiral TetovoGrand Casino Admiral Tetovo (Hotel Lirak) · ТетовоGrand Casino Admiral Tetovo (Hotel Lirak) · Тетово
БилетПлатен влез — потребен е билет · 800 ден4 ное – 23 ноеЉубовни писма | МАЦ Шеперд ДооелСкопјеСкопје

+616 настани ›Александар Вулин, претседател на Движењето на социјалистите и претседател на Надзорниот одбор на „Србијагас“, вчера се огласи од Москва за да ги демантира обвинувањата дека побегнал од Србија. „По цела ноќ малтретирање од страна на новите власти – еве ме, сепак, во Москва. Тоа беше ноќ на лаги, ноќ на насилство – ноќ во која тврдеа дека носам милиони евра и десетици килограми злато во еден мал ранец.
Според Вијести , надлежните органи покренале постапка за издавање одлука со која му се забранува влез во земјата. Откако неговиот лет за Белград бил одложен, Струков, откако дал изјава пред службениците на Секторот за гранична полиција, ја напуштил Црна Гора. „Одлуката за забрана ќе му биде доставена на домашната адреса подоцна“, ѝ било кажано на Вијести.
Авион на „Ер Србија“ на летот кон Москва бил вратен во Белград доцна синоќа поради дополнителни безбедносни проверки на еден патник, соопшти српскиот национален авиопревозник. Од „Ер Србија“ соопштија дека постапиле согласно упатствата на надлежните институции и важечките процедури, откако добиле информација за потребата од дополнителни безбедносни проверки.
Редовниот лет JU134 на „Ер Србија“ од Белград кон Москва беше вратен во Белград на 3 ноември откако надлежните аеродромски служби побарале дополнителна безбедносна проверка на еден од патниците. Меѓу патниците биле Александар Вулин, директорот на „Србијагас“ Душан Бајатовиќ и Ненад Поповиќ. По дополнителните проверки авионот повторно полета и во средата пристигна во Москва.
Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ изјави дека група криминалци упаднала во белградскиот хотел „Хајат“ и ги малтретирала присутните гости. Тој ги обвини полицијата и обвинителството дека не реагираат на ваквите инциденти, и покрај неговите претходни предупредувања. „По сè што зборував за упадите во ресторани и други инциденти, пред две вечери банда криминалци упадна и во хотелот ‘Хајат’ и ги малтретираше сите присутни“, изјави Вучиќ во видеоснимка објавена на социјалните мрежи.
Српските власти вчера приведоа девет активни полицајци и еден поранешен полицаец поради наводна употреба на прекумерна сила врз приведени лица за време на минатогодишните протести во Белград, соопшти Министерството за внатрешни работи. Протестите против корупцијата ја зафатија Србија, земја кандидат за членство во Европската Унија, во текот на 2025 и 2026 година, откако на 1 ноември 2024 година во Нови Сад загинаа 16 лица во уривање на бетонската настрешница на обновената железничка станица. Протестите на крајот доведоа до падот од власт на Српската напредна партија (СНС), лојална на поранешниот претседател Александар Вучиќ, на вонредните парламентарни избори одржани на 25 октомври, на кои победи „Студентската листа“, движење без истакнат лидер.
Српските власти вчера приведоа девет активни полицајци и еден поранешен полицаец поради наводна употреба на прекумерна сила врз приведени лица за време на минатогодишните протести во Белград, соопшти Министерството за внатрешни работи. Протестите против корупцијата ја зафатија Србија, земја кандидат за членство во Европската Унија, во текот на 2025 и 2026 година, откако на 1 ноември 2024 година во Нови Сад загинаа 16 лица во уривање на бетонската настрешница на обновената железничка станица. Протестите на крајот доведоа до падот од власт на Српската напредна партија (СНС), лојална на поранешниот претседател Александар Вучиќ, на вонредните парламентарни избори одржани на 25 октомври, на кои победи „Студентската листа“, движење без истакнат лидер.
Српските власти вчера приведоа девет активни полицајци и еден поранешен полицаец поради наводна употреба на прекумерна сила врз приведени лица за време на минатогодишните протести во Белград, соопшти Министерството за внатрешни работи. Протестите против корупцијата ја зафатија Србија, земја кандидат за членство во Европската Унија, во текот на 2025 и 2026 година, откако на 1 ноември 2024 година во Нови Сад загинаа 16 лица во уривање на бетонската настрешница на обновената железничка станица. Протестите на крајот доведоа до падот од власт на Српската напредна партија (СНС), лојална на поранешниот претседател Александар Вучиќ, на вонредните парламентарни избори одржани на 25 октомври, на кои победи „Студентската листа“, движење без истакнат лидер.
Холандските власти интензивно ја бараат 41-годишната Нинослава Јовиќ од Ниш, која се наоѓа на листата на најбарани лица на Европол. Таа е осомничена дека имала логистичка улога во спектакуларниот грабеж на накит вреден околу 40 милиони евра, извршен во јуни 2022 година на саемот за уметност и антиквитети TEFAF во Мастрихт. Во грабежот учествувале четворица мажи од Ниш, поврзани со криминалната мрежа „Пинк Пантер“, кои сред бел ден со чекани ги искршиле заштитните витрини и го однеле скапоцениот накит.
Станува збор за спектакуларна кражба на престижниот саем за уметност и антиквитети „TEFAF“ во холандскиот град Мастрихт, што се случила на 28 јуни 2022 година, при што бил украден накит во вредност од околу 40 милиони евра. Нинослава Јовиќ се наоѓа на листата на најбарани бегалци во Европа, а нејзината фотографија и опис се објавени на веб-страниците на холандската полиција и на Европол. Според истражителите, таа моментално живее во Србија, а последен пат е видена во Ниш.
Холандските власти трагаат по 41-годишната Нинослава Јовиќ од Ниш, која е на листата на најбарани бегалци на Европол поради сомневање дека учествувала во организацијата на грабежот на накит вреден околу 40 милиони евра во холандскиот град Мастрихт. Холандското обвинителство нуди награда од 20.000 евра за информации што би довеле до нејзино апсење. Грабежот се случи во јуни 2022 година, за време на престижниот саем за уметност и антиквитети TEFAF.
Холандија нуди 20.000 евра за апсење на Нинослава Јовиќ.
Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис, порача дека завршува периодот во кој Конгресот функционирал како продолжена рака на администрацијата на Доналд Трамп. Во меѓувреме, Трамп призна дека војната во Иран во голема мера придонела за изборниот пораз на републиканската партија. Претходно, потпретседателот Џеј Ди Венс го оцени конфликтот како една од главните причини за поразот.
„Мислам дека дел од причините лежи во Иран, но истовремено, луѓето ја разбраа важноста на она што го направив во однос на Иран“, рече тој.
Американскиот претседател Доналд Трамп се согласи со својот потпретседател, Џеј Ди Венс, дека војната со Иран придонела за тешкиот пораз на Републиканците на вчерашните избори на средината од мандатот. Сепак, тој изјави дека повторно би ја донел истата одлука за започнување на војната. Денес, Трамп за првпат се појави јавно пред камерите по изборниот пораз; сепак, за време на своето обраќање на градилиштето на новата свечена сала во Белата куќа, тој зборуваше само за градежните работи и не ги спомена изборните резултати.
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс упати остри критики кон израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во приватни разговори, обвинувајќи го дека „греши за сè“ кога станува збор за Иран. Со месеци, Венс го предупредувал Доналд Трамп дека војната е крајно непопуларна меѓу Американците и дека може да ги чини републиканците победа на изборите за Конгресот, пренесува „Аксиос“.
Демократската партија оствари убедлива победа на среднорочните избори во САД, освојувајќи мнозинство и во Претставничкиот дом и во Сенатот… Според првичните резултати, демократите добиле најмалку 30 нови места во Претставничкиот дом и обезбедиле мнозинство од најмалку 54 наспроти 44 сенатори. Победата претставува сериозен политички удар за претседателот Доналд Трамп, кој во следните две години ќе мора да управува со Конгрес под контрола на опозицијата. Незадоволството на граѓаните од високите животни трошоци, царинската политика и војната со Иран се посочуваат како главни причини за изборниот пресврт.
Предвременото гласање за претстојните избори во Соединетите Американски Држави бележи исклучително висока излезност која драстично ги надминува параметрите регистрирани за време на претходните среднорочни избори. Според последните пресметки, повеќе од 43 милиони американски граѓани веќе го оствариле своето гласачко право, при што најсилен интензитет на излезност се забележува во сојузните држави каде што се водат клучни и тесни дуели за контрола врз Сенатот. Значителен скок на активноста на гласачите е евидентиран во Тексас, каде што покрај неизвесните битки за места во Сенатот и во Претставничкиот дом, се води и директна трка за гувернерската функција.
Американците утре излегуваат на среднорочни избори што ќе одредат кој ќе го контролира Конгресот во последните две години од вториот претседателски мандат на Доналд Трамп. На гласање се сите 435 места во Претставничкиот дом и 35 од 100-те места во Сенатот, а според сегашниот распоред на силите, демократите треба да освојат нето четири дополнителни места во секој од двата дома за да го преземат мнозинството. Федералната изборна комисија на САД го наведува 3. ноември како датум на федералните општи избори.
Во САД во вторник се одржуваат меѓуизбори (избори на средината на претседателскиот мандат), на кои гласачите ќе избираат нов состав на Конгресот, а исходот може значително да ги одреди рамките и можностите за спроведување на политиките во преостанатиот дел од претседателствувањето на Доналд Трамп. Изборите ќе одлучат дали републиканците на Трамп ќе ја задржат контролата врз двата дома на Конгресот или опозициските демократи ќе успеат да преземат мнозинство во најмалку еден од нив. Американскиот Конгрес се состои од два дома – Претставничкиот дом и Сенатот.
Француските градови се подготвуваат за масовни протести на кои денеска би требало да излезат стотици илјади луѓе, а вработените во јавниот сектор најавија штрајк. Ова е нов тест за претседателот Емануел Макрон, пет месеци пред претседателските избори, откако повеќенеделните немири станаа сериозен проблем за неговата влада, пишува „Ројтерс“ ( Reuters ). Протестите ги организираа синдикатите, меѓу кои е и левичарскиот ЦГТ ( CGT ), а поддршка им дадоа и студентските здруженија. Повод се високите трошоци за живот, како и состојбата во јавните служби и образованието — проблеми кои неодамна доведоа до најтешките граѓански немири во Франција во последниве години.
Франција денеска се соочува со масовен национален штрајк и демонстрации, на кои се очекува да учествуваат над 700.000 луѓе. Протестите, организирани од синдикатите, се насочени против растот на животните трошоци и намалувањето на куповната моќ на граѓаните. На демонстрациите се очекува да им се приклучат и припадници на движењето „Жолти елеци“, како и средношколци и студенти, кои речиси два месеца протестираат поради условите во образовните институции.
Во француските градови денеска се очекуваат стотици илјади демонстранти, а најавен е и штрајк на вработените во јавниот сектор. Новиот бран протести ќе биде уште еден тест за претседателот Емануел Макрон, по повеќенеделните немири што ја разнишаа неговата влада и ја одбележаа политичката сцена пет месеци пред претседателските избори. Протестите ги најавија синдикатите….
Стотици илјади граѓани денеска се очекува да излезат на протести низ Франција, додека вработените во јавниот сектор најавија штрајк поради високите трошоци за живот, состојбата во јавните служби и образованието. Француските власти ќе распоредат околу 70.000 полицајци за да спречат повторување на насилните немири од минатиот месец, пренесува „ Ројтерс “. Протестите ги организираат синдикатите, меѓу кои и левичарскиот ЦГТ, со поддршка од студентските здруженија. Според проценките на француските разузнавачки служби, само надвор од Париз на демонстрациите би можеле да учествуваат меѓу 500.000 и 700.000 луѓе.
Во Извештајот за нашата земја за 2026 година Европската комисија го оценува банкарскиот сектор како отпорен, со солидна капитализираност, квалитет на кредитното портфолио и профитабилност. Воедно, се нотираат активностите на Народната банка за зајакнување на финансиската стабилност и усогласување со европските стандарди. Во Извештајот се истакнува дека Народната банка останува посветена на водењето на монетарната политика во рамките на одржување на ценовната стабилност, истовремено зајакнувајќи ги макропрудентните инструменти и надзорната рамка.
Во Извештајот за нашата земја за 2026 година Европската комисија го оценува банкарскиот сектор како отпорен, со солидна капитализираност, квалитет на кредитното портфолио и профитабилност. Воедно, се нотираат активностите на Народната банка за зајакнување на финансиската стабилност и усогласување со европските стандарди, стои во соопштението на НБРМ. Во Извештајот се истакнува дека Народната банка останува посветена на водењето на монетарната политика во рамките на одржување на ценовната стабилност, истовремено зајакнувајќи ги макропрудентните инструменти и надзорната рамка.
Европската комисија во Извештајот за земјава за 2026 година го оценува банкарскиот сектор како отпорен, со солидна капитализираност, квалитет на кредитното портфолио и профитабилност, соопшти Народната банка. Според соопштението, во извешт.
„Во Извештајот за нашата земја за 2026 година Европската комисија го оценува банкарскиот сектор како отпорен, со солидна капитализираност, квалитет на кредитното портфолио и профитабилност. Воедно, се нотираат активностите на Народната банка за зајакнување на финансиската стабилност и усогласување со европските стандарди“, извести Народната банка. „Во Извештајот се истакнува дека Народната банка останува посветена на водењето на монетарната политика во рамките на одржување на ценовната стабилност, истовремено зајакнувајќи ги макропрудентните инструменти и надзорната рамка.
Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и регулиран со најстроги закони. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Централниот дневник на МРТ. „Банкарскиот сектор во Република Македонија е стабилен и ова не е првпат да го зборувам.
Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и регулиран со најстроги закони. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Централниот дневник на МРТ. „Банкарскиот сектор во Република Македонија е стабилен и ова не е првпат да го зборувам.
Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и регулиран со најстроги закони - истакна министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска. Банкарскиот сектор во Република Македонија е стабилен и ова не е првпат да го зборувам. Ова е резултат на едно долгогодишно искуство и работење во банкарскиот сектор.
Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и регулиран со најстроги закони. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Централниот дневник на МРТ. „Банкарскиот сектор во Република Македонија е стабилен и ова не е првпат да го зборувам.
Ниту знаевме дека Алта банка е во преговори за влез, ниту кои други пројавиле интерес. Министерката за финансии Кочоска негира дека била меѓу оние со кои гувернерот на Народната банка Славевски се консултирал за влез на оваа банка на македонски пазат и за преземањето на Стопанска Битола. Гувернерот на Народната банка пред неколку дена во Топ Тема кажа дека иако НБРМ е независна институција, сепак за ова прашање се консултирал и со Владата.
ги потпишува одлуките донесени во рамките на администрацијата. Тоа го прави главен потписник на одлуките во периодот на привременото управување. Илија Андовски е долгогодишен кадар на Народната банка.
Компаниите кои имаат сметки во Алта Банка – Битола не можат ни да си платат фактури, ни да исплатат плата, ниту пак да одговорат на обврските кон државата. Причината е во расчекорот меѓу тоа што го соопшти Народната банка и тоа со секојдневно се соочуваат фирмите. Станува збор за ограничувањата што ги воведе Народната банка, според кои фирмите ќе можат да вршат трансфер на пари но само кон сметки….
Народната банка веќе назначи тројца администратори назначени од Народната банка го преземаат управувањето со Алта банка АД Битола во наредните три месеци, поради околности што можат сериозно да ја загрозат нејзината солвентност.
годишниот маж во 2024 година како администратор на фејсбук страница незаконски и неовластено преку јавна објава емитувал ексклузивни авторски права на ТВ серија што биле отстапени само за програмски сервис на телевизиска куќа.
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе Кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против 46-годишниот Ј.К. од Скопје за сторени кривични дела „повреда на авторско право и сродни права“ и „пиратерија на аудиовизуелно дело“, по член 157 и член 157 – б од Кривичниот Законик. Имено, пријавениот Ј.К, во 2024 година како администратор на Фејсбук страница незаконски и неовластено преку јавна објава на страната емитувал ексклузивни авторски права на тв серија што биле отстапени само за програмски сервис на телевизиска куќа, врз основа на претходно склучен договор. Согласно пријавата од телевизиската куќа доставена до ОЈО Скопје, пријавениот ги сторил кривичните дела на начин што преку својот кориснички профил на социјалната мрежа Фејсбук, како администратор на Фејсбук страната, меѓу другите објавени серии, филмови и документарци, објавувал и епизоди од серијата за кои не поседувал авторски права.
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика на МВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Ј.К (46) од Скопје за сторени кривични дела „повреда на авторско право и сродни права“ и „пиратерија на аудиовизуелно дело“. Министерството за внатрешни работи соопшти дека пријавениот Ј.К, во 2024 година како администратор на Фејсбук-страница незаконски и неовластено преку јавна објава на страницата емитувал ексклузивни авторски права на ТВ-серија, кои биле отстапени само за програмски сервис на телевизиска куќа, врз основа на претходно склучен договор. Во согласност со пријавата од телевизиската куќа доставена до ОЈО Скопје, пријавениот ги сторил кривичните дела така што преку својот кориснички профил на Фејсбук, како администратор на фејсбук-страницата, меѓу другите објавени серии, филмови и документарци, објавувал и епизоди од серијата за кои не поседувал авторски права.
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе Кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Ј.К (46) од Скопје за сторени кривични дела „повреда на авторско право и сродни права“ и „пиратерија на аудиовизуелно дело“, по член 157 и член 157 - б од Кривичниот Законик. Имено, пријавениот Ј.К, во 2024 година како администратор на Фејсбук страница незаконски и неовластено преку јавна објава на страната емитувал ексклузивни авторски права на тв серија што биле отстапени само за програмски сервис на телевизиска куќа, врз основа на претходно склучен договор. Согласно пријавата од телевизиската куќа доставена до ОЈО Скопје, пријавениот ги сторил кривичните дела на начин што преку својот кориснички профил на социјалната мрежа Фејсбук, како администратор на Фејсбук страната, меѓу другите објавени серии, филмови и документарци, објавувал и епизоди од серијата за кои не поседувал авторски права.
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Тетово против управител на друштво за вршење технички прегледи на моторни возила, поради сомнение за продолжено кривично дело „Проневера во службата“. Според наводите во пријавата, осомничениот во периодот од јануари 2022 до декември 2025 година, искористувајќи го овластувањето на друштвото, противправно присвоил парични средства наплатени од физички и правни лица при регистрација на моторни возила, кои биле наменети за повеќе субјекти по основ на јавни давачки. На овој начин, како што информираат од Финансиската полиција, на правниот субјект му била прибавена противправна имотна корист од 41.518.042 денари, на штета на општините, Министерството за животна средина, Службата за помош и информирање, Црвениот крст и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Тетово против управител на друштво за технички преглед на моторни возила, осомничен за продолжено кривично дело „Проневера во службата“. Според пријавата, во периодот од 2022 до 2025 година, осомничениот противправно присвоил речиси 42 милиони денари денари наплатени од граѓани и компании при регистрација на возила, кои биле наменети за јавни давачки. Средствата биле наменети за општините, Министерството за животна средина, Црвениот крст, Службата за помош и информирање и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава до Основното јавно обвинителство Тетово против управител на друштво за технички прегледи на возила, осомничен за продолжено кривично дело „Проневера во службата“. Според пријавата, осомничениот во периодот од 1 јануари 2022 до 31 декември 2025 година присвојувал пари наплатени од граѓани и компании при регистрација на возила, кои биле наменети за јавни давачки. Финансиската полиција наведува дека на тој начин на правното лице му била прибавена имотна корист од 41.518.042 денари, односно околу 675.000 евра.
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против лицето М.Н. во својство на одговорно лице – управител на друштво за вршење технички прегледи на моторни возила поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривичнo делo “Проневера во службата “од член 354 од Кривичниот законик на Република Македонија. Според прибраните докази постојат основи на сомнение дека пријавениот во својство на одговорно лице-управител, во периодот од 01.01.2022 до 31.12.2025, искористувајќи го овластувањето на друштвото за вршење технички прегледи на моторни возила, противправно присвоил парични средства наплатени од физички и правни лица при регистрација на моторни возила, наменети за повеќе субјекти по основ на јавни давачки. На овој начин, на правниот субјект му прибавил противправна имотна корист во вкупен износ од 41.518.042 денари, на штета на општините, Министерството за животна средина, Службата за помош и информирање, Црвениот крст на Република Македонија и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации на територијата на државата, полициски службеници лишиле од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, седум управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за С.К.(26), Б.Р.(26), П.Т.(51) и 15-годишник, сите од Скопје, 16-годишник од село Батинци, скопско, С.А.(37) од село Гошинце, Општина Липково, и М.Б.(61) од село Блаце, скопско, кој претходно учествувал и во сообраќајна незгода.
Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода пет возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, тројца управувале возило без положен возачки испит и тоа: Н.И. (41) од селото Сарај, Скопско, 16-годишник од селото Танушевци, Скопско и И.Г. (29) од селото Богородица, Гевгелиско. Со забрана за управување на моторно возило возел В.Н. (22) од Грчец, Скопско.
Осум возачи без положен возачки испит и тројца под дејство на алкохол биле лишени од слобода во изминатото деноноќие на различни локации низ државата. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, сите 11 се сомничат за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“. Меѓу приведените се лица на возраст од 19 до 47 години од Скопје, Тетово, Гостивар, Радовиш, Струга и Кичево, кои управувале возила без претходно да положат возачки испит.
Од нив, осум управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за Д.С.(22) од Скопје, И.Л.(47) од село Батинци, скопско, Д.А.(30) од село Порој, тетовско, С.А.(19) од Гостивар, Џ.Р.(31) од Радовиш, Р.Е.(21) од село Раклиш, радовишко, А.Х.(47) од Струга и А.М.(31) од село Лисичани, кичевско. Исто така, во Гостивар бил извршен службен разговор со 16-годишник кој управувал патничко возило без претходно да се стекне со право на управување, во присуство на родител.
Ова е првпат македонски филм да победи на фестивал од А-категорија после „Пред дождот“ на Манчевски во Венеција во 1994. Претседателот на жирито, легендарниот австралиски режисер Ролф де Хер, при доделувањето на наградата го прочита официјалното образложение на жирито: „ За беспрекорното спојување на хуморот, трагедијата и драмата, з а човечноста и сочувството што ги покажува кон своите ликови, а сложениот, но кохерентен филм, кој истовремено успева да биде трогателен и разигран, г олемата награда на Токио – Наградата на гувернерот на Токио за најдобар филм – му се доделува на „СЕСТРА, БРАТ И ШАХТА “ . Манчевски ја сподели радоста од освоената награда и им се заблагодари на сите, кои верувале во создавањето на филмот: Многу ми е мило што светот ја сака нашата шахта. Благодарност до феноменалната екипа, глумците, финансиерите, спонзорите – за довербата во еден чуден филм.
Триесет и деветтото издание на Меѓународниот филмски фестивал во Токио официјално се заокружува со свечената церемонија на затворање и прогласувањето на најдобрите остварувања за 2026 година. Фестивалот понуди богата програма со 11 филмски секции, меѓу кои и главната Интернационална натпреварувачка програма каде што за престижното „Grand Prix“ се натпреваруваа 15 селектирани филмови од целиот свет, вклучувајќи го и новиот македонски филм „Сестра, брат и шахта“ во режија на Милчо Манчевски. Интернационалното жири кое одлучува за главните награди е предводено од познатиот австралиски режисер Ролф де Хер.
„Сестра, брат и шахта“, најновиот филм на Милчо Манчевски победи на Филмскиот фестивал во Токио, фестивал од А-категорија. Филмот ја освои главната награда на фестивалот, „Токио Гран при“ (Tokyo Grand Prix). Ова е првпат македонски филм да победи на фестивал од А-категорија после „Пред дождот“ на Манчевски во Венеција во 1994. Претседателот на жирито, легендарниот австралиски режисер Ролф де Хер, при доделувањето на наградата го прочита официјалното образложение на жирито: „За беспрекорното спојување на хуморот, трагедијата и драмата, за човечноста и сочувството што ги покажува кон своите ликови, за сложениот, но кохерентен филм, кој истовремено успева да биде трогателен и разигран, големата награда на Токио – Наградата на гувернерот на Токио за најдобар филм – му се доделува на „Сестра, брат и шахта“.
„Сестра, брат и шахта“, најновиот филм на Милчо Манчевски победи на Филмскиот фестивал во Токио, фестивал од А-категорија. Филмот ја освои главната награда на фестивалот, „Токио Гран при“ (Tokyo Grand Prix). Ова е првпат македонски филм да победи на фестивал од А-категорија после „Пред дождот“ на Манчевски во Венеција во 1994. Претседателот на жирито, легендарниот австралиски режисер Ролф де Хер, при доделувањето на наградата го прочита официјалното образложение на жирито: „ За беспрекорното спојување на хуморот, трагедијата и драмата, з а човечноста и сочувството што ги покажува кон своите ликови, з а сложениот, но кохерентен филм, кој истовремено успева да биде трогателен и разигран, г олемата награда на Токио – Наградата на гувернерот на Токио за најдобар филм – му се доделува на „СЕСТРА, БРАТ И ШАХТА “ . Манчевски ја сподели радоста од освоената награда и им се заблагодари на сите, кои верувале во создавањето на филмот: „ Многу ми е мило што светот ја сака нашата шахта.
Дигиталната туристичка платформа „Македонија 360“ (Macedonia360.mk), која овозможува виртуелно истражување на природното, културното и историското наследство на земјава преку 360-степени панорами, виртуелни прошетки и видеосодржини, денеска ќе биде свечено промовирана во Музејот на Македонската борба за самостојност во Скопје. Платформата претставува национална интерактивна дигитална мапа со повеќе од 500 локации и над 10.000 панорами, организирани во категории како населени места, природни знаменитости, археолошки локалитети, музеи, верски објекти, авантуристички дестинации, угостителски и туристички капацитети, како и мали агропроизводители. Проектот е реализиран од Агенцијата за туризам и маркетинг „Македонија на дланка“, со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам, преку Конкурсот за проекти од областа на креативните и културните индустрии за 2026 година.
Дигиталната туристичка платформа „Македонија 360“ (Macedonia360.mk), која овозможува виртуелно истражување на природното, културното и историското наследство на земјава преку 360-степени панорами, виртуелни прошетки и видеосодржини, денеска ќе биде свечено промовирана во Музејот на Македонската борба за самостојност во Скопје. Платформата претставува национална интерактивна дигитална мапа со повеќе од 500 локации и над 10.000 панорами, организирани во категории како населени места, природни знаменитости, археолошки локалитети, музеи, верски објекти, авантуристички дестинации, угостителски и туристички капацитети, како и мали агропроизводители. Проектот е реализиран од Агенцијата за туризам и маркетинг „Македонија на дланка“, со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам, преку Конкурсот за проекти од областа на креативните и културните индустрии за 2026 година.
Дигиталната туристичка платформа „Македонија 360“ (Macedonia360.mk), која овозможува виртуелно истражување на природното, културното и историското наследство на земјава преку 360-степени панорами, виртуелни прошетки и видеосодржини, денеска ќе биде свечено промовирана во Музејот на Македонската борба за самостојност во Скопје. Платформата претставува национална интерактивна дигитална мапа со повеќе од 500 локации и над 10.000 панорами, организирани во категории како населени места, природни знаменитости, археолошки локалитети, музеи, верски објекти, авантуристички дестинации, угостителски и туристички капацитети, како и мали агропроизводители. Проектот е реализиран од Агенцијата за туризам и маркетинг „Македонија на дланка“, со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам, преку Конкурсот за проекти од областа на креативните и културните индустрии за 2026 година.
Дигиталната туристичка платформа„Македонија 360“ (Macedonia360.mk), која овозможува виртуелно истражување на природното, културното и историското наследство на земјава преку 360-степени панорами, виртуелни прошетки и видеосодржини, денеска ќе биде свечено промовирана во Музејот на Македонската борба за самостојност во Скопје. Платформата претставува национална интерактивна дигитална мапа со повеќе од 500 локации и над 10.000 панорами, организирани во категории како населени места, природни знаменитости, археолошки локалитети, музеи, верски објекти, авантуристички дестинации, угостителски и туристички капацитети, како и мали агропроизводители. Проектот е реализиран од Агенцијата за туризам и маркетинг „Македонија на дланка“, со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам, преку Конкурсот за проекти од областа на креативните и културните индустрии за 2026 година.
Македонскиот превод на романот „Настанот“ од француската писателка и добитничка на Нобеловата награда за литература за 2022 година, Ани Ерно, ќе биде промовиран вечер од 19 часот во Францускиот институт во Скопје. За романот, кој го објави издавачката куќа „Илика“, ќе говорат Катерина Шекутковска, уредничка во „Илика“, и Елисавета Поповска, преведувачка на делото и професорка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Средбата ќе ја модерира Ведран Диздаревиќ, професор на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет.
На 2 јуни 1945 година, деветмина ја потпишале Резолуцијата за македонскиот правопис. Во книгата што ја објави „Матица македонска“, проф. д-р Димитар Пандев раскажува кои биле потписниците, какво искуство внеле во работата на Комисијата за јазик и правопис и како потоа го обликувале јазикот на повоените читанки, весници и радиоемисии. Венко Марковски, Киро Хаџи Василев, Блаже Конески, Крум Тошев, Васил Иљоски, Мирко Павловски, Илија Топаловски, Владо Малески и Густав Влахов се деветте имиња што Пандев ги наведува по редот на потписите.
На 2 јуни 1945 година, деветмина ја потпишале Резолуцијата за македонскиот правопис. Во книгата што ја објави „Матица македонска“, проф. д-р Димитар Пандев раскажува кои биле потписниците, какво искуство внеле во работата на Комисијата за јазик и правопис и како потоа го обликувале јазикот на повоените читанки, весници и радиоемисии. Венко Марковски, Киро Хаџи Василев, Блаже Конески, Крум Тошев, Васил Иљоски, Мирко Павловски, Илија Топаловски, Владо Малески и Густав Влахов се деветте имиња што Пандев ги наведува по редот на потписите.
Поранешниот австралиски Ф1 возач Алан Џонс почина на 81-годишна возраст, објави прес-службата на австралиското Гран при. Во понеделникот (2 ноември), Џонс го одбележа својот 80. роденден. Со длабока тага ја објавуваме смртта на Алан Џонс и им изразуваме најдлабоко сочувство на неговото семејство, најблиските и пријателите.
Поранешниот австралиски Ф1 возач Алан Џонс почина на 81-годишна возраст, објави прес-службата на австралиското Гран при. Во понеделникот (2 ноември), Џонс го одбележа својот 80. роденден. Со длабока тага ја објавуваме смртта на Алан Џонс и им изразуваме најдлабоко сочувство на неговото семејство, најблиските и пријателите.
Формула 1 светот денеска тагува по веста за смртта на легендарниот австралиски возач Алан Џонс, кој почина на 80-годишна возраст по кратко боледување. Џонс засекогаш ќе остане запаметен како човекот кој му ја донесе првата шампионска титула на тимот на Вилијамс во 1980 година. Роден на 2 ноември 1946 година во Мелбурн, популарниот „Џонси“ дебитираше во елитното натпреварување на Големата награда на Шпанија во 1975 година возејќи за Хескет.
Легендарниот австралиски возач Алан Џонс, светски шампион во Формула 1 во 1980 година и прв освојувач на титулата во автомобил на Вилијамс, почина на 80-годишна возраст, по кратко боледување. Веста за неговата смрт ја потврди неговата сопруга Аманда Батлер-Дејвис во соопштение објавено од „Motorsport Australia“. „Со голема тага објавуваме дека нашиот сакан Алан почина на 5 ноември, по кратко боледување.
Шарл Леклер стана татко; неговата сопруга Александра роди ќерка. Иако парот никогаш официјално не ја потврди бременоста, фотографиите зборуваат сами за себе. Возачот на Ферари во Формула 1, Шарл Леклер, го доби своето прво дете со Александра Леклер.
Двојката денес, на 4 ноември, преку Инстаграм објави дека нивната ќерка се родила на 3 ноември, непосредно по враќањето на Шарл од Мексико. Девојчето се вика Бјанка, со што се потврдија претпоставките на многу обожаватели. Се претпоставува дека името е посветено на Жил Бјанки, француски возач во Формула 1 и близок пријател на семејството Леклер, кој почина во 2015 година, по тешката несреќа на трката.
Оваа година ќе остане особено важна за Шарл Леклер, и тоа не само поради настаните на тркачката патека. Популарниот возач на Формула 1 и неговата сопруга Александра станаа родители за прв пат, а веста за доаѓањето на нивното девојче ја споделија на социјалните мрежи, предизвикувајќи воодушевување кај обожавателите. Дваесет и девет годишниот Леклер и неговата 25-годишна сопруга открија во заедничка објава на Инстаграм дека нивната ќерка е родена еден ден порано, на 3 ноември.
Ѕвездата на Ферари, Шарл Леклер, стана татко откако неговата сопруга Александра на свет ја донесе нивната ќерка Бјанка. Токму овој радосен момент е причината поради која тој подоцна ќе му се приклучи на тимот за претстојниот викенд за Големата награда на Бразил. Леклер веднаш по трката во Мексико отпатува за Монако за да присуствува на раѓањето на своето прво дете.
Евро-фудбал --> Мареска го пофали Халанд, но и призна дека Манчестер Сити има голем проблем makfudbal 05-11-2026 Менаџерот на Манчестер Сити, Енцо Мареска, упати низа пофалби за Ерлинг Халанд по драма.
Откако го започнаа сезоната со седум победи по ред, Манчестер Сити на тренерот Енцо Мареска доживеа голем пад. Два порази по ред, за прв пат од август 2025 година, беа проследени со бројни грешки, прашање на кое италијанскиот тренер дава објаснувања. „ Понекогаш се случува.
Енцо Мареска побара голови и од другите фудбалери на Манчестер сити , пред гостувањето кај Лајпциг вечерва од 21:00 по Скопје. Тренерот ја нагласи потребата нападот да има повеќе решенија, иако Ерлинг Халанд останува неговиот најсилен адут. Пораката доаѓа пред четвртиот натпревар на Сити во лигашката фаза на Лигата на шампионите.
Манчестер Сити успеа да ја прекине лошата серија на резултати со драматична победа од 3-2 на гостувањето кај РБ Лајпциг во Лигата на шампионите. Избраниците на Енцо Мареска, кои претходно врзаа два порази во Премиер лигата, одиграа натпревар полн со подеми и падови во Германија, но на крајот стигнаа до трите бода благодарение на неверојатниот голгетерски инстинкт на Ерлинг Халанд, кој ја продолжи својата тероризирачка форма против овој германски противник. Натпреварот започна со иницијатива на домаќините кои имаа неколку солидни прилики преку Антонио Нуса и Кристоф Баумгартнер.
Секоја четврта млада личност на возраст од 11 до 17 години не се занимава со никаков спорт ниту со активности што барем донекаде ги напрегаат срцето и кардиоваскуларниот систем, се наведува во извештајот на Светската здравствена организација (СЗО). Извештајот „Генерација на која ѝ недостасува движење – Глобални трендови на телесна активност кај адолесцентите 2010 – 2025“ откри дека 25 проценти од припадниците на оваа возрасна група се ускратени за придобивките од таквата физичка активност. „Тие се лишени од добробитите што ги носи доволната и редовна физичка активност“, наведе организацијата на ОН. Само 14 проценти од лицата во таа возрасна група изјавиле дека се физички активни, умерено до интензивно, барем еден час дневно. Извештајот се заснова на истражувања спроведени во 140 земји, во кои учествувале повеќе од три милиони испитаници.
Секој четврти млад човек на возраст од 11 до 17 години не се занимава со спорт или физички активности што придонесуваат за здравјето на срцето и крвните садови, покажува новиот извештај на Светската здравствена организација (СЗО), објавен вчера. Според извештајот „Генерација на која ѝ недостига движење – Глобални трендови во физичката активност на адолесцентите 2010–2025“, само 14 отсто од младите се физички активни најмалку еден час дневно, со умерен до висок интензитет. Истражувањето опфатило повеќе од три милиони испитаници во 140 земји и покажало дека девојчињата се помалку физички активни од момчињата во речиси сите држави.
Секој четврти млад човек на возраст од 11 до 17 години не се занимава со спорт или физички активности што придонесуваат за здравјето на срцето и крвните садови, покажува новиот извештај на Светската здравствена организација (СЗО), објавен вчера. Според извештајот „Генерација на која ѝ недостига движење – Глобални трендови во физичката активност на адолесцентите 2010–2025“, само 14 отсто од младите се физички активни најмалку еден час дневно, со умерен до висок интензитет. Истражувањето опфатило повеќе од три милиони испитаници во 140 земји и покажало дека девојчињата се помалку физички активни од момчињата во речиси сите држави.
Мет Дејмон присуствуваше на еден настан, а за таа пригода одлучи да поведе и специјален гостин. Неговата ќерка, Изабела, беше вистинската ѕвезда на вечерта. На доделувањето на модните награди CFDA се собраа бројни познати личности, меѓу кои и филмски ѕвезди кои блеснаа на настанот.
Доделувањето на наградите на Советот на модни дизајнери на Америка (CFDA), кои често се нарекуваат модни Оскари, се одржа во понеделникот вечерта во Американскиот природонаучен музеј на Менхетен. Меѓу гостите на црвениот тепих беше и Ванг, која позираше пред фоторепортерите со насмевка и опуштено држење, како што може да се види на фотографиите на агенцијата Ројтерс. За оваа пригода избра целосно црна комбинација: краток горен дел без прерамки, долго здолниште и кожна јакна префрлена преку рамениците, така што стомакот ѝ остана откриен.
Иницијативата „Заедно знаеме повеќе“ во организација на Скопје Сити Мол и во соработка со киното Синеплекс, обединува бесплатни едукативни, информативни и инспиративни предавања во рамките на „Платформата за нови сознанија“ и интерактивни работилници за деца „Клуб на истражувачи“, создавајќи простор за учење, истражување, креативност и споделување знаења. Преку програмата „Заедно знаеме повеќе“, се отвора простор за предавања и разговори со професионалци, кои нудат стручни одговори на актуелни општествени прашања и глобални трендови преку искуственото знаење на локалната сцена. Предавањата ќе ги водат професионалци од различни области – помеѓу нив нутриционисти, психотерапевти, писатели, визуелни уметници, претприемачи и стручњаци за детскиот развој, кои ќе отвораат конкретни теми и ќе понудат практични насоки и стручни согледувања.
Преку програмата „Заедно знаеме повеќе“, се отвора простор за предавања и разговори со професионалци, кои нудат стручни одговори на актуелни општествени прашања и глобални трендови преку искуственото знаење на локалната сцена. Предавањата ќе ги водат професионалци од различни области – помеѓу нив нутриционисти, психотерапевти, писатели, визуелни уметници, претприемачи и стручњаци за детскиот развој, кои ќе отвораат конкретни теми и ќе понудат практични насоки и стручни согледувања. За најмладите пак, работилниците нудат можност преку практични активности да откриваат како функционира природата, да поставуваат прашања, да испробуваат нови техники и самостојно да создаваат.
Свеченото отворање помина во знакот на филмот, уметноста и гламурот, а покрај филмските остварувања, внимание привлекоа и модните комбинации на познатите дами кои присуствуваа на настанот. Меѓу нив беа пејачката Тамара Тодевска , манекенката Катарина Ивановска и актерката Ана Стојановска, кои со своите стајлинзи понудија три различни модни приказни. Тамара Тодевска за оваа свечена пригода избра софистицирана црно-бела модна комбинација, во која елеганцијата и впечатливите детали дојдоа до израз.
Македонскиот народен театар блесна во полн сјај за свеченото отворање на Скопје филм фестивал , настан кој уште во првите моменти донесе вистинска европска атмосфера и холивудски гламур во срцето на Скопје. Долгиот црвен килим поставен пред влезот на театарот стана вистински моден епицентар каде што продефилираа бројни познати личности од културниот, јавниот и општествениот живот, филмски професионалци, актери и уметници кои дојдоа да ја прослават магијата на седмата уметност во исполнетата сала. Сепак, најголемото внимание од присутните и фотографите очекувано го привлекоа познатите Македонки, кои со своите внимателно одбрани тоалети докажаа дека совршено го владеат кодексот на високата елеганција.
Десетици китови се насукаа на Северниот остров во Нов Зеланд, а спасувачите се обидуваат да ги вратат преживеаните во морето. Оваа информација во четвртокот ја потврди Министерството за зачувување на природата. Најмалку 20 делфини беа пронајдени на брегот кај Нгави, во близина на Кејп Палисер – најјужната точка на Северниот остров.
Во соопштението се наведува дека најмалку 20 китови се насукале долж брегот кај Нгави, во близина на Кејп Палисер – најјужната точка на Северниот остров. Досега, два кита се успешно вратени во морето. Како што пренесе „Радио Нов Зеланд“, локалните жители изјавиле дека во текот на ноќта на брегот се насукале околу 50 китови.
Остатоци од брод стар околу 4.700 години, откриени при подводни археолошки ископувања во близина на островот Кекова, во јужната турска провинција Анталија, влегоа во Гинисовата книга на рекорди како најстари остатоци од брод во светот. Хакан Ониз, раководител на Катедрата за конзервација и реставрација на културното наследство при Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот „Акдениз“, изјави за агенцијата „Анадолу“ дека неговиот тим со години спроведува истражувања долж брегот на Средоземното Море, во име на Министерството за култура и туризам. За време на подводните истражувања спроведени во близина на островот Кекова од 2024 година, истражувачите открија амфори стари околу 4.700 години на локалитет што сега е идентификуван како најстар потонат брод во светот.
Хакан Ониз, раководител на Одделот за конзервација и реставрација на културното наследство на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот Акдениз, за агенцијата Анадолија изјави дека неговиот тим со години спроведува истражувања по должината на медитеранскиот брег во име на Министерството за култура и туризам. За време на подводните ископувања што се во тек од 2024 година во близина на островот Кекова, истражувачите пронајдоа амфори стари околу 4.700 години, на локација која сега е призната како најстари остатоци од бродолом во светот. Ова е извор на гордост за нас.
Хакан Ониз, раководител на Одделот за конзервација и реставрација на културното наследство на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот Акдениз, изјави дека неговиот тим со години спроведува истражувања по должината на медитеранскиот брег во име на Министерството за култура и туризам. За време на подводните ископувања што се во тек од 2024 година во близина на островот Кекова, истражувачите пронајдоа амфори стари околу 4.700 години, на локација која сега е призната како најстари остатоци од бродолом во светот. „Ова е извор на гордост за нас.
Сателитскиот телескоп „Свифт“ на НАСА ( Swift ), којшто 22 години ги проучуваше најмоќните познати енергетски експлозии во вселената, во средата излезе од орбитата - како што и се очекуваше, и изгоре во атмосферата на Земјата над Индонезија, соопшти американската Национална воздухопловно-вселенска администрација. Огнениот крај на опсерваторијата „Нил Герелс Свифт“, тешка приближно 1.452 килограми, се случи помалку од три месеци откако пропадна мисијата за сочувување - со цел да се подигне сателитот во повисока орбита за да му се продолжи работниот век. Вселенските сили на САД потврдија дека сателитот „Свифт“ навлегол во атмосферата во 7:39 часот наутро според источното стандардно време.
Сателитскиот телескоп „Свифт“ (Swift) на НАСА, кој повеќе од две децении ги проучуваше најмоќните познати енергетски експлозии во вселената, вчера излезе од орбитата – како што и се очекуваше – и изгоре во атмосферата на Земјата над Индонезија, соопшти вселенската агенција. Огнениот крај на опсерваторијата Neil Gehrels Swift, која тежеше приближно 1.452 килограми, се случи помалку од три месеци по неуспешната мисија за спасување – обид сателитот да се подигне во повисока орбита и да му се продолжи работниот век. Вселенските сили на САД потврдија дека сателитот „Свифт“ навлегол во атмосферата во 7:39 часот наутро според источното стандардно време.
Сателитскиот телескоп „ Свифт “ (Swift) на НАСА, кој повеќе од две децении ги проучуваше најмоќните познати енергетски експлозии во вселената, вчера излезе од орбитата – како што и се очекуваше – и изгоре во атмосферата на Земјата над Индонезија, соопшти вселенската агенција. Огнениот крај на опсерваторијата Neil Gehrels Swift, која тежеше приближно 1.452 килограми , се случи помалку од три месеци по неуспешната мисија за спасување – обид сателитот да се подигне во повисока орбита и да му се продолжи работниот век. Вселенските сили на САД потврдија дека сателитот „Свифт“ навлегол во атмосферата во 7:39 часот наутро според источното стандардно време.
Продажбата на нови автомобили „Тесла“ во Германија се зголеми речиси четири пати во октомври, покажаа податоците од Германската федерална канцеларија за моторни возила (KБA) објавени во среда. Во октомври, во Германија се регистрирани 2.932 нови автомобили „Тесла“, што е за 290,9 проценти повеќе на годишно ниво. Од јануари до октомври, регистрирани се 47.742 возила на.
Продажбата на нови возила на американскиот производител на електрични автомобили „Tesla“ во Германија речиси четирикратно се зголеми во октомври, покажаа податоците од германското Сојузно биро за моторни возила (KBA) објавени во средата. Во октомври во Германија се регистрирани 2.932 нови автомобили на „Tesla“, што е за 290,9 отсто повеќе во однос на истиот месец минатата година. Од јануари до октомври, се регистрирани 47.742 возила на „Tesla“, што е приближно три пати повеќе во однос на истиот период минатата година.
Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.