На социјалните мрежи е објавено видео од моментот на уривањето на воен хеликоптер на Еуфор, кој се урна попладнево во градот Горица во близина на Брчко во Босна и Херцеговина. Во несреќата загинаа четири лица, а 11 се повредени. На снимката се гледа хеликоптерот непосредно пред да се урне.
Во местото Горице, во близина на Брчко во Босна и Херцеговина, денеска се урна воен хеликоптер на силите на ЕУФОР. Од ЕУФОР официјално потврдија дека една од нивните летала доживеала несреќа за време на редовна операција во областа на Брчко. Според првичните информации објавени од локалните медиуми, хеликоптерот е целосно уништен.
Тројца италијански војници загинаа, а 12 се повредени во пад на хеликоптер на Европските мировни сили (ЕУФОР) во близина на Брчко во североисточна Босна и Херцеговина, објавија локалните власти и ЕУФОР во четврток. Мировните сили соопштија дека несреќата се случила за време на рутинска операција и дека нема повредени цивили, ниту материјална штета. Причината за падот засега е непозната и е започната истрага.
Во несреќата не е оштетена цивилна инфраструктура, имот или возила и нема повредени цивили, соопшти ЕУФОР.
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека Владата во изминатите 28 месеци ги брани државните интереси, се справува со енергетската криза и е насочена кон реализација на проекти, а истовремено тврди дека во тој период нема ниту една афера директно поврзана со Владата. Изјавите ги даде вечерва во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 . Во разговорот Мицкоски отвори повеќе теми – од економијата и енергетиката, преку борбата против корупцијата, до односите со Србија и можноста политичките случувања во соседството да имаат одраз и во Македонија. Неговата централна оценка е дека земјата денес е во подобра состојба отколку пред три или четири години, иако призна дека институционалниот одговор во повеќе области треба да биде „поробусен“.
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во гостување во гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија вели дека обвинувањата за корупција треба да бидат поткрепени со конкретни докази, наместо да се користат како политички флоскули, нагласувајќи дека Владата е посветена на конкретна и бескомпромисна борба против корупцијата. Каде има корупција? Еве нека ни кажат имате ли вие доказ дека има корупција или тој што вели дека има.
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во неговото гостување во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија истакна дека оваа влада откако е избрана не само што ги брани државните интереси, туку и прилично успешно се справува со енергетската криза периодов, и додава дека сето тоа треба да биде поробусно, иако факт е дека сега се живее подобро од пред 3 или 4 години. „Ние сме влада трета година, некаде околу 28 месеци поминаа откако бевме избрани како влада. Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада.
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија вели дека обвинувањата за корупција треба да бидат поткрепени со конкретни докази, наместо да се користат како политички флоскули, нагласувајќи дека Владата е посветена на конкретна и бескомпромисна борба против корупцијата. „Каде има корупција? Еве нека ни кажат, имате ли вие доказ дека има корупција или тој што вели дека има?
Припадници од Одделот за организиран криминал при Бирото за јавна безбедност изутринава спроведуваат претреси на повеќе од десет локации во Скопје, Тетово и Куманово, а под истрага, според првичните информации, се одговорни лица од приватна болница и вработени во Фондот за здравствено осигурување, осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои злоупотреба на службената положба и овластувањето, несовесно работење во службата, измама и перење пари. Полициски службеници од Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР вршат претреси на повеќе локации во државата, во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, во рамките на истражен процес за финансиски злоупотреби во дел од здравството. По целосно завршување на акцијата, соодветно ќе ја известиме јавноста – потврдија од МВР за МИА.
Под истрага, според првичните информации, се одговорни лица од приватна болница и вработени во Фондот за здравствено осигурување, осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата, измама и перење пари. Според неофицијалните информации, штетата врз буџетот надминува 1,5 милиони евра, додека противправно стекнатата материјална корист за болницата се проценува на околу 4 милиони евра. Оштетени се и поголем број пациенти кои се лекувале во болницата.
Утрово припадници од Одделот за организиран криминал при Бирото за јавна безбедност – МВР се во акција. Во тек се претреси на повеќе од 10 локации во Скопје, Тетово и Куманово. Под истрага, според првичните информации, се одговорни лица од приватна болница и вработени во Фондот за здравствено осигурување, осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата, измама и перење пари.
Полициски претреси на повеќе локации во Скопје, Тетово и Куманово се спроведуваат денеска во рамки на истрага за финансиски злоупотреби во дел од здравството. Во истражниот процес се опфатени лица поврзани со приватна здравствена установа и со Фондот за здравствено осигурување, а една од главните сомнителни практики е двојна наплата на здравствени услуги – еднаш од Фондот, а потоа и од пациентите. Министерот за здравство Сашо Клековски изјави дека, според сознанијата со кои располага, во случајот се инволвирани три лица од ФЗО и две лица од приватна здравствена установа.
Процесот за приклучување на Македонија кон европскиот систем Роаминг како дома влегува во својата финална фаза. Министерот Андоновски вели преговорите меѓу Скопје и Брисел се на добар пат и се интезивираат. Текстот на предлог договорот од ЕУ е пристигнат и разгледан а Владата веќе ги доставила своите забелешки и законски измени.
Ако малку подлабоко се анализираат политиките на Брисел, во сите овие 35 години, јасно ќе се види дека Унијата нема намера да ја прими Македонија! Преговарачката рамка е главен доказ дека тоа е точно. Со неа, Македонија нема никогаш ни да се приближи до Брисел, камоли да стане членка.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје оствари средба со вицепремиерот на Црна Гора задолжен за европски и надворешни работи, Филип Ивановиќ, во годината кога се одбележуваат 20 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји. Соговорниците го потврдија високото ниво на пријателски односи, меѓусебната доверба и сојузништвото во НАТО, како и заедничката определба за стабилен и европски интегриран Западен Балкан. Во фокусот на разговорите беа европската интеграција, реформските процеси и потребата пристапувањето кон Европската Унија да се одвива врз основа на заслуги.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје оствари средба со вицепремиерот на Црна Гора задолжен за европски и надворешни работи, Филип Ивановиќ, во годината кога се одбележуваат 20 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји. Соговорниците го потврдија високото ниво на пријателски односи, меѓусебната доверба и сојузништвото во НАТО, како и заедничката определба за стабилен и европски интегриран Западен Балкан. Во фокусот на разговорите беа европската интеграција, реформските процеси и потребата пристапувањето кон Европската Унија да се одвива врз основа на заслуги.
Премиерот разговарал телефонски со носителот на Студентската листа, Срдановиќ, не и со лидерот на опозицијата Вучиќ.
Премиерот Христијан Мицкоски очекува продолжување на добрососедските односи и продлабочување на економската соработка меѓу Македонија и Србија по изборниот резултат на „Студентската листа“, предводена од Илија Срдановиќ, кому, како што посочи денеска, веќе му ја честитал победата во телефонски разговор. Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за изборните резултати во Србија по промоција на мобилната апликација „m.Uslugi“, рече дека веќе разговарал со Срдановиќ и му честитал за победата, додавајќи дека очекува двете земји да продолжат да соработуваат како добри соседи. Очекувам нашите добрососедски односи да продолжат и понатаму.
„Со носителот на листа се слушнав некаде околу пладне, околу 12 часот, не очекував дека сето тоа треба да го претворам во естрада, дека треба да кажам еве се слушнав“, истакна премиерот Христијан Мицкоски во „Само интервју“ на Канал 5 ТВ на прашање за изборите во Србија. „Повеќе би кажал дека е протоколарен разговорот бидејќи јас не го познавам господинот Срдановиќ, тој е носител на листата којашто победи на изборите. Ние сме соседи, наши интереси се нашите домашни прашања, се надевам дека во иднина ќе имаме уште подобра соработка и добрососедски односи.
Премиерот Христијан Мицкоски очекува продолжување на добрососедските односи и продлабочување на економската соработка меѓу Македонија и Србија по изборниот резултат на „Студентската листа“, предводена од Илија Срдановиќ, кому, како што посочи денеска, веќе му ја честитал победата во телефонски разговор. Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за изборните резултати во Србија по промоција на мобилната апликација „m.Uslugi“, рече дека веќе разговарал со Срдановиќ и му честитал за победата, додавајќи дека очекува двете земји да продолжат да соработуваат како добри соседи. Очекувам нашите добрососедски односи да продолжат и понатаму.
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема проблеми во одржувањето на пензискиот фонд и исплатата на пензиите. Сепак, смета, треба да се размисли што да се направи за да се спречат евентуални проблеми во иднина, особено, како што нагласи, поради тоа што реформата што била спроведена во пензискиот сисем со воведување задолжителен втор столб не ги дала посакуваните резултати. Ова, како што рече, се должи најмногу на тоа што друштвата кои управуваат со парите од вториот столб не ги оплодиле и не обезбедиле доволно приноси за повисоки исплати на дел од пензиите од овој столб.
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема проблеми во одржувањето на пензискиот фонд и исплатата на пензиите. Сепак, смета, треба да се размисли што да се направи за да се спречат евентуални проблеми во иднина, особено, како што нагласи, поради тоа што реформата што била спроведена во пензискиот сисем со воведување задолжителен втор столб не ги дала посакуваните резултати. Ова, како што рече, се должи најмногу на тоа што друштвата кои управуваат со парите од вториот столб не ги оплодиле и не обезбедиле доволно приноси за повисоки исплати на дел од пензиите од овој столб.
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема проблеми во одржувањето на пензискиот фонд и исплатата на пензиите. Сепак, смета, треба да се размисли што да се направи за да се спречат евентуални проблеми во иднина, особено, како што нагласи, поради тоа што реформата што била спроведена во пензискиот сисем со воведување задолжителен втор столб не ги дала посакуваните резултати. Ова, како што рече, се должи најмногу на тоа што друштвата кои управуваат со парите од вториот столб не ги оплодиле и не обезбедиле доволно приноси за повисоки исплати на дел од пензиите од овој столб.
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема проблеми во одржувањето на пензискиот фонд и исплатата на пензиите. Сепак, смета, треба да се размисли што да се направи за да се спречат евентуални проблеми во иднина, особено, како што нагласи, поради тоа што реформата што била спроведена во пензискиот сисем со воведување задолжителен втор столб не ги дала посакуваните резултати. Ова, како што рече, се должи најмногу на тоа што друштвата кои управуваат со парите од вториот столб не ги оплодиле и не обезбедиле доволно приноси за повисоки исплати на дел од пензиите од овој столб.
Времето утре (30 октомври) ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд, а во одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од 3 до 8 степени, додека дневните максимални ќе достигнат од 10 до 18 степени.
Следува период на променливо облачно време, со услови за појава на утринска магла во одделни котлини. Од петок, како и во текот на викендот, се очекуваат повремени локални врнежи од дожд. Според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе дува умерен ветер, а утре наместа долж Повардарието повремено ќе биде засилен до силен од северозападен правец, со брзина над 60 километри на час.
Следува период на променливо облачно време, со услови за појава на утринска магла во одделни котлини. Од петок, како и во текот на викендот, се очекуваат повремени локални врнежи од дожд. Според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе дува умерен ветер, а утре наместа долж Повардарието повремено ќе биде засилен до силен од северозападен правец, со брзина над 60 километри на час.
Следува период на променливо облачно време, со услови за појава на утринска магла во одделни котлини. Од петок, како и во текот на викендот, се очекуваат повремени локални врнежи од дожд. Според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе дува умерен ветер, а утре наместа долж Повардарието повремено ќе биде засилен до силен од северозападен правец, со брзина над 60 километри на час.

БилетПретежно: Платен влез — потребен е билет (3 од 11 настани)26 окт – 31 окт · 8 терминипон 26.10. — 20:00
БесплатноВлез слободен — без билет и без пријава30 окт – 1 ное11. Фестивал на чајСкопје Сити Мол
БилетПлатен влез — потребен е билет29 окт – 4 ноеНеделна програма во КиноверзумКиноверзум · Штип
29 окт – 31 октЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026VIP Arena Boris Trajkovski · Скопје
БесплатноВлез слободен — без билет и без пријава26 окт – 1 ноеКрводарителски акцииниз целата земја
48Cineplexx Skopje
22Македонски народен театар
21Македонска филхармонија
18Драмски театар Скопје
10Национална опера и балет
8Public Room
8Арена Борис Трајковски
7Скопје
7Центар за култура
650та Дивизија
6Македонски Брод
5MSU
5Киноверзум Штип
5СЦ Јане Сандански
4CoSense
4Stanica 26
4Ведра Едукација
4Киноверзум Велес
4Киноверзум Драчево
4Лабораториум
4Струмица
3Art Terrazza
3Base42
3Bros Burgers & Bar

Сите места ›
БилетПретежно: Платен влез — потребен е билет (3 од 11 настани)26 окт – 31 окт · 8 терминипон 26.10. — 20:00
БесплатноВлез слободен — без билет и без пријава30 окт – 1 ное11. Фестивал на чајСкопје Сити Мол
БилетПлатен влез — потребен е билет29 окт – 4 ноеНеделна програма во КиноверзумКиноверзум · Штип
29 окт – 31 октЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026VIP Arena Boris Trajkovski · Скопје
БесплатноВлез слободен — без билет и без пријава26 окт – 1 ноеКрводарителски акцииниз целата земја
26 окт – 30 окт17. ЕХО – Фестивал на планински филмСкопје

+558 настани ›Носителот на листата Обединета Србија Александар Вучиќ денес негираше дека планирал насилство во изборната ноќ, како и дека наводно се откажал од него по телефонски повик од странство. Британски Тајмс вчера објави, повикувајќи се на опозициски политичари и поранешен висок полициски функционер, дека Вучиќ бил подготвен да го оспори изборниот пораз со сила, но дека се откажал по предупредувања и повици од странство. Поранешниот командант на Специјалната антитерористичка единица (САЈ, Спасоје Вулевиќ за британскиот весник изјавил дека верува оти Вучиќ добил повици од европски влади, на највисоко ниво.
Александар Вучиќ бил подготвен да ја задржи власта со сила по поразот на изборите, но се откажал по телефонски повици, тврдат поранешен командант на САЈ и политичари за британскиот „Тајмс“, пренесе „Нова.рс“. Кабинетот на Вучиќ вели дека полицијата била распоредена поради закани од демонстрантите. Според нивните тврдења, по 12 години на чело на Србија, Вучиќ бил решен да не ја предаде власта.
Опозицискиот лидер Александар Вучиќ изјави дека веќе три дена се спроведува револуционерен терор. Тој нагласи дека ќе продолжи да им се спротивставува на оние кои, како што рече, ѝ нанеле зло на оваа земја во изминатите две години. „Сите оние кои никогаш ништо не постигнале во животот, а се сметале себеси за многу важни и одлучиле да живеат на грбот на чесните и нормални луѓе.
Вршителката на должноста претседател на Србија и функционерка на Српската напредна странка (СНС), Ана Брнабиќ изјави дека, според неа, започнува „хајка за апсење“ на поранешниот српски претседател Александар Вучиќ. Нејзината реакција доаѓа помалку од три дена по победата на Студентската листа на предвремените парламентарни избори во Србија. Брнабиќ на социјалната мрежа Икс оцени дека случувањата претставуваат „револуционерен терор“ и тврди дека целта не е утврдување на одговорност, туку политичко отстранување на Вучиќ.
Пратениците на опозициската Демократска партија на Албанија го блокираа и пристапот до собраниската говорница за време на гласањето за законот за Централната банка. „Тие (пратениците на владејачкото мнозинство) се криминалци и тие заслужуваат солзавец, гумени куршуми, скршени черепи и скршени коски, а не младите луѓе“, кажа лидерот на опозицијата Саљи Бериша за време на обраќањето, пред да му биде исклучен микрофонот. Други опозициски пратеници го опкружија за време на говорот, држејќи фотографии од демонстранти повредени од гумени куршуми.
Пратениците на опозициската Демократска партија на Албанија во четвртокот со факели ја нарушија работата на седницата на парламентот во Тирана и го блокираа пристапот до говорницата за време на гласањето за законот за централната банка, по неколкунеделните насилни студентски протести против премиерот Еди Рама. Опозициските пратеници го опколија својот лидер Сали Бериша додека тој зборуваше и држеа фотографии од демонстранти повредени со гумени куршуми. Некои од нив кренаа запалени сини факели, во бојата на нивната партија.
Седницата на албанскиот парламент беше прекината откако пратениците на опозицијата запалија факели и ја блокираа говорницата на собранието. Инцидентот се случи по неколку недели антивладини протести предводени од студенти, кои бараа оставка од премиерот Еди Рама. Пратениците на опозициската Демократска партија на Албанија го блокираа пристапот до претседателот на собранието за време на гласањето за законот за Централната банка, додека некои од нив активираа сини факели, во бојата на нивната партија, објавува Ројтерс.
Фото: Собрание на Албанија. Пленарната седница во Собранието на Албанија се одвиваше во напната атмосфера, откако расправата беше прекината, а постапката продолжи директно со гласање. Како знак на протест, пратеници од опозициската Демократска партија активираа димни бомби и факели во собраниската сала, предизвикувајќи дополнителни тензии и нарушувајќи го редовниот тек на седницата.
Новиот уреднички колегиум на информативната програма на Радиотелевизија Србија (РТС) синоќа упати извинување до гледачите во Србија и го оцени како „прва мерка на заздравувањето“. „Прва мерка за извинување за сите оние што беа изоставени во претходниот период. Ни претстои работа на програмската содржина, а сè во јавен интерес.
Осум уредници на Радио-телевизија Србија (РТС) се разрешени од функциите, меѓу нив и Горислав Папиќ, уредник на емисијата „Око“, и Зоран Станојевиќ, уредник на порталот на РТС, објави порталот Нова.рс. Нив ги разрешил Боривое Ускоковиќ, кој е назначен за в.д. главен уредник на Информативната програма. Ускоковиќ ја потврдил оваа информација за порталот Нова.рс. Денеска биле разрешени Зоран Станојевиќ, уредник на порталот на РТС; Весна Шиљеговиќ, уредничка на „Србија денес“ и на дописничката мрежа на РТС; Николина Ракиќ, одговорна уредничка на Утринската и белградската програма; Горислав Папиќ, уредник на емисијата „Око“; Сузана Гвозденовиќ, одговорна уредничка на „Програм“; како и Милица Недиќ, Душан Убовиќ и Ружа Јеремиќ Турудиќ, уредници на централниот Дневник што се емитува во 19:30 часот. Порталот Нова претходно денеска ги контактирал Папиќ и Станојевиќ и ги прашал дали ќе поднесат оставки, но тие не сакале да одговорат на прашањата.
Новиот уредувачки колегиум на информативната програма на Радио-телевизија Србија (РТС) вечерва им се извини на гледачите, оценувајќи дека тоа е првиот чекор кон закрепнување на јавниот сервис. Извинувањето беше прочитано во централната информативна емисија „Дневник 2“, со порака дека медиумот сака повторно да ја стекне довербата на јавноста. „Ова првично извинување е упатено до сите оние кои во блиското минато беа занемарени или исклучени.
Три лица загинаа, а петмина се повредени откако дел од карактеристична карпеста формација се урна во туристичкиот регион Кападокија, во централна Турција. Несреќата се случила во четвртокот, во близина на влезот во Музејот на отворено во Гореме, по обилните дождови што го зафатиле подрачјето. Според информациите што ги објавија турските медиуми, свлечиште предизвикало одвојување и паѓање на карпести делови од една од препознатливите формации во областа.
Во познатата туристичка област Кападокија во Турција денеска се урна парче карпа, при што, според првичните информации, има загинати и повредени. Несреќата се случила на влезот во Музејот на отворено во Ѓореме, една од најпосетуваните туристички знаменитости во Кападокија, кога од засега непознати причини се урнала една од карактеристичните карпести формации, познати како „самовилски оџаци“. Според турските медиуми, на местото на несреќата веднаш биле испратени многу екипи на брзата помош, пожарникари, полиција, жандармерија и спасувачки служби.
Две лица загинаа, а едно е повредено откако делови од огромна карпеста формација се откорнале и паднале врз луѓе во турскиот регион Кападокија. Несреќата се случила по обилните дождови во близина на музејот на отворено во Гореме, пренесува „Ројтерс“. Според гувернерот на покраината Невшехир, Хусеин Аксој, одронот се случил околу 15:15 часот по локално време, кога делови од познатите карпести формации наречени „самовилски оџаци“ паднале врз луѓето во близина.
Најмалку две лица загинаа, а едно е повредено кога карпа позната како „Самовилски оџак“ се урна во градот Гореме, во Кападокија во централниот дел на турската покраина Невшехир, објавија денес турските медиуми. По пријавата, полициски и жандармериски единици, екипи на Агенцијата за управување со вонредни состојби (AFAD) и екипи на брза помош беа испратени на местото на несреќата. Nevşehir Kapadokya'da peribacası çöktü. ▪️Ölü ve yaralılar olduğu bildiriliyor.
Рускиот претседател Владимир Путин упати ново директно предупредување во врска со односите меѓу Москва и европските држави. Тој оцени дека евентуален воен судир меѓу Русија и Европа нема да има победник и ќе предизвика неповратни штети за целиот континент. Путин порача дека доколку актуелната безбедносна ситуација ескалира премногу далеку, последиците ќе бидат такви што ниедна страна нема да може да се прогласи за победник.
Рускиот претседател Владимир Путин директно ги обвини западните земји за „уништување на либиската државност“ и рече дека Русија ќе направи сè за да придонесе за конечно решавање на внатрешниот конфликт во Либија и развојот на нејзината економија. „Најважното прашање што ги засега Либија и либискиот народ е враќањето на единството на земјата, нејзиниот територијален интегритет, како и потребата од одржување претседателски и парламентарни избори“, рече Путин на пленарната седница на самитот „Русија-Африка“. Коментирајќи го излагањето на претседателот на Претседателскиот совет на Либија, Мухамед ал-Менфи, Путин посочи на „диктатот што ни го наметнаа западните земји“.
Во евентуален воен конфликт меѓу Русија и Европа нема да има победници. Изјави рускиот претседател Владимир Путин за време на прес-конференцијата одржана по завршувањето на самитот Русија-Африка. Оценувајќи ги актуелните геополитички тензии, тој нагласи дека западните земји не ја оствариле својата намера да ѝ нанесат стратешки пораз на неговата држава, прогнозирајќи дека такво нешто тешко ќе биде возможно и до 2030 година, пренесува руската државна новинска агенција ТАСС.
Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез изјави во четвртокот дека претстојната сабота ќе биде ден со „многу висок ризик“ за јавниот ред и најави повторно распоредување на 70.000 припадници на безбедносните сили на улиците низ целата земја. Нуњез предупреди во четвртокот дека бројни радикални групи повикуваат на насилни собири в сабота, Ноќта на вештерките. Францускиот министер рече дека одговорот од безбедносните сили ќе биде „исклучително цврст“.
Франција во сабота, на 31 октомври, на улиците низ земјата ќе распореди 70 илјади припадници на безбедносните сили поради страв од насилни протести. Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез предупреди дека Ноќта на вештерките ќе биде ден со „многу висок ризик“ за јавниот ред и мир. Нуњез денес изјави дека бројни радикални групи повикуваат на насилни собири во сабота преку социјалните мрежи.
Франција ќе распореди 70.000 безбедносни сили во сабота, 31 октомври, низ целата земја поради страв од насилни протести. Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез предупреди дека „Ноќта на вештерките“ ќе биде со „многу висок ризик“ за јавниот ред и мир. Нуњез денес изјави дека бројни радикални групи повикуваат на насилни собири во сабота преку социјалните медиуми.
Со ова соопштение таа ги заврши повеќемесечните шпекулации за нејзината иднина во ЕЦБ. Лагард потврди дека ќе ја напушти функцијата во март следната година, а не во октомври. Таа објасни дека правилата за неутралност наметнати од нејзината позиција ја спречуваат да учествува во дискусии за клучни финансиски и економски прашања.
Лагард ќе се повлече од челото на ЕЦБ на 7 февруари следната година.
Лагард го информираше Управниот совет на ЕЦБ и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, за својата одлука, се вели во соопштението. Кристин Лагард е на чело на банката од јули 2019 година и ќе замине пред крајот на нејзиниот мандат во октомври 2027 година. Нејзиниот наследник ќе го назначи Европскиот совет, по постапката за номинирање предвидена во член 283 од Договорот за функционирање на Европската унија.
Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард (70), ќе се повлече од функцијата на 7 февруари 2027 година. Ова повлекување доаѓа околу осум месеци пред официјалниот истек на нејзиниот мандат, соопшти денеска Банката со седиште во Франкфурт. Редовниот мандат на Лагард требаше да заврши на крајот на октомври 2027 година.
Комерцијална банка АД Скопје за периодот од 01.01. до 30.09.2026 година оствари позитивен финансиски резултат во износ од 4.204,8 милиони денари, наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 4.250,1 милион денари, што претставува намалување за 1,1 %. Планираната бруто-добивка за трите квартали од годинава е остварена со 111,1 %. Намалувањето главно е резултат на помалку реализирани останати приходи од дејноста (пред сè помал износ на евидентирана капитална добивка од продажба на преземен имот), додека приходите од редовно работење (нето-приходите од камати, провизии и курсни разлики) се зголемени. Дополнително, во извештајниот период пораст забележаа вкупните расходи од работењето и исправката на вредност на нето-основа, што соодветно влијаеше на остварениот финансиски резултат. И покрај тоа, остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето, е за 0,9 % повисока во однос на истиот период минатата година.
.10.2026 - Кланица со ладилник АД Струмица - Други ценовно чувствителни информации.
Владата на Хрватска усвои уредба со која се утврдува висината на минималната плата за следната година. Со новата владина одлука, основните работнички примања добиваат ново зголемување од почетокот на следниот период. „Одлучивме минималната плата да биде 1.130 евра“, изјави премиерот Андреј Пленковиќ на отворениот дел од владината седница.
Колку треба да заработувате за да бидете меѓу најбогатите еден процент во Хрватска? -> 28 Октомври, 2026 0.0639 Маркетинг | Импресум | Факторметар | --> Контакт Економија Финансии Македонија Агробизн.
Минималната бруто плата во Хрватска од 1 јануари 2027 година ќе изнесува 1.130 евра, објави премиерот Андреј Пленковиќ на денешната седница на Владата. Тоа е за 80 евра повеќе од оваа година, кога минималната плата е 1050 евра бруто. „Денес, бруто минималната плата е 1.050 евра.
Владата на Хрватска денеска усвои Уредба со која ја одреди висината на минималната плата за следната година. Одлучивме минималната плата да биде 1.130 евра – изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на отворениот дел од седницата на Владата. Тој додаде дека минималната заработка денес во Хрватска изнесува 1.050 евра, така што следната година минималната плата ќе биде повисока за 80 евра.
Уапсените во врска со двете убиства кои се случија за неколку дена во Ѓорче Петров во Скопје, при распитот во полициска станица ги признале делата, објави ТВ Телма повикувајќи се на извори од истргата. Телевизијата објави дека во едниот напад учествувале двајца, а во вториот тројца. Четвртиот уапсен бил возачот кој ги превезувал, кој се бранел дека не знае што планирале и правеле неговите патници.
СВР Скопје во текот на вчерашниот ден (27.10.2026) лиши од слобода четири лица, А.С.(22), Х.Е.(20), К.А.(58) сите од Скопје и М.Р.(26) од Струмица, кои се сомничат за двете кривични дела „разбојништво“ со последица смрт по член 237 став 5 од Кривичниот законик извршени на територија на скопски Хром на 22.10.2026 и Ѓорче Петров на 27.10.2026. Во координација и по издадени Наредби од ОЈО Скопје, а со цел комплетирање на целокупниот доказен материјал за понатамошна постапка, за лицата е побаран краткотраен притвор согласно член 170 вв член 165 од Законот за кривична постапка, по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
СВР Скопје во текот на вчерашниот ден (27.10.2026) лиши од слобода четири лица, А.С.(22), Х.Е.(20), К.А.(58) сите од Скопје и М.Р.(26) од Струмица, кои се сомничат за двете кривични дела „разбојништво“ со последица смрт по член 237 став 5 од Кривичниот законик извршени на територија на скопски Хром на 22.10.2026 и Ѓорче Петров на 27.10.2026. Во координација и по издадени Наредби од ОЈО Скопје, а со цел комплетирање на целокупниот доказен материјал за понатамошна постапка, за лицата е побаран краткотраен притвор согласно член 170 вв член 165 од Законот за кривична постапка, по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти МВР.
Четворицата приведени во врска содвата случаи на разбојништво со смртни последици во скопските населби Хром и Ѓорче Петровпризнале вина. Информацијата засега е неофицијална и не е потврдена со јавно соопштение од надлежното обвинителство, бидејќи се работи за истрага за оваа постапка. Според информациите објавени во дел од медиумите, тројца од осомничените биле директно вклучени во извршувањето на делата, додека за четвртото лице се проверува неговата можна улога во помагањето.
Во него се наоѓал накит, монети , парфем, алатки за шминкање и прибор за готвење, што дава увид во секојдневниот живот на жителите на градот пред ерупцијата на Везув во 79 година од н.е. Делови од кабинетот се откриени во куќа на Виа дел’Абонданка, една од најпрометните улици во античка Помпеја , соопшти администрацијата на археолошкото наоѓалиште, објави Ројтерс. Меѓу наодите е и ѓердан со најмалку 24 мали предмети направени од коска, стаклена паста, глинени садови и камен кристал, вклучувајќи претстави на боговите Бес и Меркур, како и минијатурни раце, стапала, борови шишарки и гроздови грозје. Ваквите ѓердани, познати како крепунтија, им биле давани на римските деца како заштитни амајлии и ѕвечкалки, а понекогаш се чувале и во зрелоста како сувенири од детството.
Помпеја била затрупана при ерупцијата на вулканот во 79 година. Археолозите реконструирале делови од дрвениот ормар врз основа на трагите пронајдени во куќа на улицата „Виа дел Абонданца“, една од најпрометните улици во античка Помпеја, се наведува во соопштението на археолошкиот парк. „Не можеме со сигурност да утврдиме кој живеел во куќата, но овие фрагменти нè доближуваат до нивниот секојдневен живот“, изјавил директорот на паркот, Габриел Цухтригел, за Ројтерс.
Партнерство што ѝ дава сила на културата и ја поврзува публиката преку филмот. А1 Македонија со гордост го најавува партнерството со 26. издание на Скопје филм фестивал, кое од 4 до 9 ноември ќе донесе филмски откритија, авторски средби и заеднички доживувања пред големото платно. Како генерален партнер, А1 го поддржува новото поглавје на фестивалот, со уверување дека силните партнерства создаваат нови можности за културата, за творците и за публиката.
Партнерство што ѝ дава сила на културата и ја поврзува публиката преку филмот. А1 Македонија со гордост го најавува партнерството со 26. издание на Скопје филм фестивал, кое од 4 до 9 ноември ќе донесе филмски откритија, авторски средби и заеднички доживувања пред големото платно. Како генерален партнер, А1 го поддржува новото поглавје на фестивалот, со уверување дека силните партнерства создаваат нови можности за културата, за творците и за публиката.
Скопје филм фестивал го подготвува своето 26. издание, кое од 4 до 9 ноември ќе донесе богат избор на филмски проекции, средби со автори и разновидни содржини на големото платно. Како генерален партнер оваа година застанува А1 Македонија, продолжувајќи ја својата заложба за развој и унапредување на културниот живот и уметноста. Свеченото отворање на фестивалот ќе биде означено со проекцијата на филмот „ИДИОТ(И)“, во режија на реномираните автори Малгоржата Шумовска и Михал Енглерт.
Пред една година се собравме група филмски продуценти и филмски автори со цел да направиме нешто повеќе за градот Скопје и да направиме еден филмски фестивал како што доликува за секој главен град, како што има во сите големи градови- црвен килим, богара филмска програма, дебати, диксутирање, запознвање, дружење, бизнис…, рече Томи Салковски на денешната прес конференција и го најави рестартирањето на Скопски филмски фестивал. Скопски филмски фестивал ќе се одржи од 4-9 ноември. Свеченото отворање ќе се случи на 4 ноември во МНТ со црвен килим и проекција на филмот „Идиоти“ на Малгоржата Шумовска и Михал Енглерт, а следниот ден, исто така во МНТ ќе се случи премиерата на македонскиот кандидат за Оскар, филмот „17“ на Косара Митиќ.
Ѓоковиќ добро го почна мечот, првиот сет го доби во тајбрејк и поведе со 1-0. Но, Штруф не се предаде го доби следниот сет со 7-5 и го однесе мечот во трет решавачки сет. И овојпат тајбрејк го решаваше добитникот на сетот, сега Германецот беше поуспешен и победи со 2-1. Мечот траеше повеќе од два и пол часа.
Бен Шелтон погоди 44 аса и сепак мораше да се бори до последниот тајбрејк за да го мине првото коло на турнирот во Базел. Во вторникот, 27 октомври, Американецот го совлада сонародникот Александар Ковачевиќ со 6:7 (4:7), 7:6 (7:3), 7:6 (7:4). Натпреварот траеше два часа и 38 минути. Во ниту еден од трите сета немаше брејк, па исходот секојпат се решаваше во дополнителната игра.
Министерот за спорт, Борко Ристовски, гостуваше во емисијата „Спорт фокус“ на ТВ Телма во која се разговараше за работата на Министерството за спорт во изминатите две и пол години, реализираните активности и проекти од спортската инфраструктура, како и за идните планови и цели на Министерството во насока на создавање подобри услови за развој и унапредување на македонскиот спорт. „Се трудиме сите оние градови коишто нешто значат и имаат историја во спортот, да ги вратиме во живот, затоа што навистина немаат никаква спортска инфраструктура. Основата на спортот и на спортските резултати, развојот на спортот и привлекување на дечиња да спортуваат е спортската инфраструктура.
Министерот за спорт, Борко Ристовски, гостуваше во емисијата „Спорт фокус“ на ТВ Телма во која се разговараше за работата на министерството во изминатите две и пол години, реализираните активности и проекти од спортската инфраструктура, како и за идните планови и цели во насока на создавање подобри услови за развој и унапредување на македонскиот спорт. Се трудиме сите оние градови коишто нешто значат и имаат историја во спортот, да ги вратиме во живот, затоа што навистина немаат никаква спортска инфраструктура. Основата на спортот и на спортските резултати, развојот на спортот и привлекување на дечиња да спортуваат е спортската инфраструктура.
Министерот за спорт, Борко Ристовски, гостуваше во емисијата „Спорт фокус“ на ТВ Телма во која се разговараше за работата на министерството во изминатите две и пол години, реализираните активности и проекти од спортската инфраструктура, како и за идните планови и цели во насока на создавање подобри услови за развој и унапредување на македонскиот спорт. Се трудиме сите оние градови коишто нешто значат и имаат историја во спортот, да ги вратиме во живот, затоа што навистина немаат никаква спортска инфраструктура. Основата на спортот и на спортските резултати, развојот на спортот и привлекување на дечиња да спортуваат е спортската инфраструктура.
Лионел Меси би можел да направи еден од најемотивните потези во својата кариера на почетокот на 2027 година. Аргентинскиот фудбалер наводно е поблиску од кога било до враќање во Њуелс Олд Бојс, клубот каде што го започна своето фудбалско патување како момче, пред да се пресели во Барселона и да стане еден од најдобрите играчи на сите времиња. Иако има договор со Интер Мајами до крајот на 2028 година, се зголемуваат шпекулациите дека Лионел Меси би можел да се врати во Аргентина веќе во јануари 2027 година.
Барселона веќе во јануари би можела да се соочи со неочекувано заминување. Гави, еден од најголемите таленти што излегоа од клупската академија во последните години, сè повеќе се оддалечува од улогата што ја имаше пред повредата. Малата минутажа го отвори прашањето за неговата иднина на „Камп Ноу“, а сè почесто се споменува и негово заминување од клубот.
Кога во 1987 година премиерно беше прикажана серијата „Ѕвездени патеки: Следната генерација“, еден весник го опиша нејзиниот главен актер како „непознат британски шекспировски актер“. Патрик Стјуарт тогаш веќе имаше 47 години и зад себе 14 години како постојан член на Кралската шекспировска трупа. Но дотогаш немаше искусено ништо слично на славата што наскоро ќе му ја донесе улогата на Жан-Лук Пикард – капетанот на вселенскиот брод „Ентерпрајз“ и олицетворение на префинетата машкост.
Почина Патрик Стјуарт, актерот од „Ѕвездени патеки“ (Star Trek) и „Икс-мен“ (X-Men). Тој беше и ветеран на британската театарска сцена и икона на научната фантастика. Имаше 86 години. Стјуарт почина во средата во својот дом во Лос Анџелес, по „кратка и трогателна борба со Алцхајмерова болест и деменција со Левиеви тела“, соопшти неговата долгогодишна портпаролка, Кели Буш Новак.
Британскиот господин Патрик Стјуарт, најпознат по своите ролји во Star Treck и X-Men почина на 86 годишна возраст. Починал во својот дом во Лос Анџелес по „кратко и трогателно патување со деменција и Алцхајмерова болест“. „Засекогаш ќе го чуваме споменот на спокојната леснотија и замисленоста на неговото лице – траен потсетник на неговата невидлива грациозност“, стои во изјавата на неговата агентка за односи со јавноста.
Патрик Стјуарт, кој од сиромаштијата во Англија се издигна до признат шекспировски театарски актер, а потоа стана глобална ѕвезда како учениот капетан Жан-Лук Пикар во телевизиската серија „Ѕвездени патеки: Следната генерација“ и професорот телепат Чарлс Ксавиер во филмовите „Икс-мен“, почина на 87-годишна возраст. Стјуарт, кому британската кралица Елизабета Втора го прогласи за витез во 2010 година за неговите заслуги во драмските уметности, починал во својот дом во Лос Анџелес, според објавата на неговиот X профил. „Со голема тага објавуваме дека сер Патрик Стјуарт почина вчера во својот дом во Лос Анџелес, опкружен со љубезната грижа на неговата сакана сопруга Сани, по кратка и трауматска борба со Алцхајмеровата болест и деменцијата со Левиевите тела“, се вели во објавата.
Уна Чолиќ, постарата ќерка на познатиот пејач Здравко Чолиќ, го прослави роденденот во Виена, каде што отпатувала со својот партнер. Според медиумските пишувања, нејзиното момче, бизнисмен кој е постар од неа, ѝ приредил изненадување со луксузни подароци и романтична атмосфера. Во хотелската соба ја пречекал огромен букет црвени рози, а Уна споделила фотографии од роденденското патување на социјалните мрежи.
Уна го живее својот идиличен живот, а нејзиното момче реши да ја изненади за нејзиниот роденден. Имено, ќерката на Здравко Чолиќ објави серија фотографии од Виена, на кои покажа како уживала во краткото патување за роденден со својот емотивен партнер. Постариот бизнисмен ја изненадил својата подобра половина, во нивната хотелска соба прво пристигнал огромен букет црвени рози, додека Уна избрала часовник „Картие“ вреден околу 7.000 евра.
Холивудската актерка Џенифер Лоренс отворено се присети на незгоден момент што го доживеала со колегата Бредли Купер за време на снимањето на популарниот филм „Silver Linings Playbook“. Сцената што ја раскажа предизвика големо внимание кај нејзините обожаватели. За време на гостувањето во подкастот „Call Her Daddy“, 36-годишната оскаровка детално опиша како целосно го затекнала својот колега со неочекувана шега веднаш по завршувањето на една од клучните сцени.
Актерката Џенифер Лоренс се присети на еден незгоден момент со Бредли Купер за време на снимањето на филмот „ Silver Linings Playbook “. Во гостувањето во подкастот „Call Her Daddy“, 36-годишната актерка раскажа како целосно го изненадила својот колега со шега. Сè се случило откако снимиле важна сцена со бакнеж кон крајот на филмот од 2012 година. Џенифер Лоренс призна дека овој конкретен момент останал во нејзиното особено убаво сеќавање.
Инстаграм тестира нов формат за долги видеосодржини со кој директно влегува во конкуренција со Јутјуб. Функцијата наречена „Features“ им овозможува на избрани креатори да објавуваат хоризонтални видеа во траење до 90 минути, наменети за подкасти, интервјуа, комичарски настапи и цели епизоди. Тестирањето се проширува на избрани креатори во САД, по претходните проби во Бразил, а засега не е познато кога новата можност ќе биде достапна за сите корисници.
Социјалната платформа Instagram започна со тестирање нова функција наречена “ Features” , која на одбрана група креатори на содржини во САД им овозможува да објавуваат подолги видеа во хоризонтален формат, кои во некои случаи може да траат и до 90 минути. Со овој потег, платформата настојува да привлече повеќе креатори и да ја зајакне конкуренцијата со YouTube во областа на долгите видеосодржини. Извршниот директор на Instagram , Адам Мосери , соопшти дека функцијата сè уште е во рана фаза на тестирање и дека компанијата ги следи реакциите на корисниците.
Компанијата „Meta“ повторно експериментира со видеосодржини во долг формат. „Instagram“ повторно експериментира со видеосодржини во долг формат, надевајќи се дека корисниците ќе гледаат подкасти и други видеа на своите телевизори. Компанијата тестира нов хоризонтален видеоформат наречен „features“, кој поддржува видеа со времетраење до 90 минути, а воведува и неколку други функции со кои сака да привлече поголем број корисници кон овој тип содржини.
Новата можност моментално се тестира со избрани креатори во Соединетите Американски Држави, по претходното тестирање во Бразил. Тоа значи дека функцијата сè уште не им е достапна на сите корисници, но јасно покажува во која насока компанијата сака да ја развива својата платформа. Ако се покаже успешна, „Instagram“ би можел да стане посериозна алтернатива на сервисите што веќе се етаблираа како места за гледање долги видеосодржини.
Во разговор со биографот Волтер Исаксон на подкастот „Градителите“, Маск истакна дека идната валута може да се изрази преку основни физички мерни единици како вати и тони, особено кога цивилизацијата почнува да населува други планети и кога достапната енергија станува клучен ресурс за опстанок. Роботите како единствено решение за американскиот долг. Маск верува дека масовната автоматизација е единствениот реален начин за рехабилитација на огромниот јавен долг на Америка.
Во разговор со биографот Волтер Ајзаксон во поткастот „The Builders“, Маск истакна дека идната валута би можела да се изразува преку основни физички мерни единици како вати и тони, особено кога цивилизацијата ќе почне да населува други планети и кога расположливата енергија ќе стане клучен ресурс за опстанок. Маск смета дека масовната автоматизација е единствениот реален начин за справување со огромниот американски јавен долг. Неговата пресметка се заснова на тоа дека роботите и напредните алгоритми драстично ќе го зголемат производството на стоки и услуги со значително помалку човечки труд.
Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.