1.0 | 0 | 0Извештај на ЕК: Уставните измени и натаму главната пречка за Македонија,
Нетпрес

Нетпрес

Македонија покажува напредок во усогласувањето со европското законодавство и во спроведувањето на реформите од Планот за раст, но уставните измени и натаму се главната пречка за отворање на првиот преговарачки кластер со Европската унија. Европската комисија во најновиот извештај за земјава предупредува и на недоволни резултати во борбата против корупцијата, одолжување на судските постапки и потреба од дополнителни реформи во јавната администрација. Ова се дел од клучните оценки во „Извештајот за напредокот на Северна Македонија за 2026 година“, кој вчера беше претставен во Брисел, а денеска амбасадорот на Европската унија во земјава, Михалис Рокас, ќе му го врачи на премиерот Христијан Мицкоски.

Телма

Македонија во изминатите 12 месеци постигнала некаков или ограничен напредок во најголем дел од поглавјата по кои се мери напредокот на Македонија за членство во Европската Унија (ЕУ), нотирала Европската комисија (ЕК) во новиот Извештај за земјава до кој дојде Телма. Во борбата против корупцијата во изминатите 12 месеци, земјата не постигнала никаков напредок, при што забележува дека случаите на висока корупција продолжуваат да се одолговлекуваат што ја поттикнува перцепцијата за неказнивост. Забелешка има и за амандманите на Кривичниот законик од јануари во 2026 година за злоупотреба на службената положба со кои не е соодветно одговорено на измените на Законот од 2023 година.

Колегиум

Нема напредок во усвојувањето на уставните измени како што налагаат заклучоците на Советот на Европа од 2022 година. Билатералните договори со соседните земји треба да се спроведуваат добронамерно од сите страни – Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија. Независноста на правосудството останува нарушена.

Опсервер

Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, денеска ќе го предаде Извештајот на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија за 2026 година на премиерот Христијан Мицкоски. По средбата, предвидена е заедничка прес-конференција во Владата. Во објавениот извештај, Европската комисија констатира дека Северна Македонија постигнала значителен напредок во спроведувањето на Реформската агенда, но нагласува дека усвојувањето на уставните измени останува неопходен услов за продолжување на евроинтегративниот процес.

Fresh : 1.76 || 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 1 | 3 | 15 | 2 | 0 | 0 | 451.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]

1.0 | 0 | 0 | [0|0]Претреси за изнуда и перење пари во Куманово
Колегиум

Колегиум

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција потврди дека во тек е полициска акција со претреси на повеќе локации, во рамки на истрага за изнуда, перење пари и несовесно работење во службата. Oттаму соопштија дека јавен обвинител ги координира дејствијата на полициските службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР.

МКД

Утрово полициски специјалци во Куманово спроведуваат поголема полициска акција против организирана криминална група од лица добро познати на кумановската криминална сцена, дознава МКД.мк. Групата, според сомневањата на истражните органи, подолг временски период дејствувала на подрачјето на Куманово и пошироко, користејќи насилство, закани и уцени, а се занимавала со изнуда, лихварство, како и перење пари и други приноси од казниви дела. Дел од акцијата се и претреси во една нотарска канцеларија и менувачница, каде што се проверуваат можни поврзаности со истражуваните криминални активности. Веќе се пронајдени пари, возила и разна документација.

Куманово Њуз

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, од утринава вршат претреси во координација со надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), во врска со сомневања за кривични дела „изнуда“, „перење пари и други приноси од казниво дело“ и „несовесно работење во службата“, информираат од МВР. Акцијата ја потврдија и од ОЈО ГОКК, од каде соопштуваат дека се вршат повеќе претреси со цел обезбедување докази. „Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција координира дејствија на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР.

Нетпрес

Засиленото присуство на полициски специјалци утрово на улиците во Куманово, според неофицијални информации, е најава за поголема полициска акција во која Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при Бирото за јавна безбедност разоткрива организирана криминална група, составена од лица добро познати на кумановската криминална сцена. Станува збор за група која, според сомневањата на истражните органи, подолг временски период дејствувала на подрачјето на Куманово и пошироко, користејќи насилство, закани и уцени, а се занимавала со изнуда, лихварство, како и перење пари и други приноси од казниви дела. Според неофицијалните информации, за организатор на групата се сомничи лице со прекар Штука, а меѓу нејзините припадници се и други лица од Куманово.

Fresh : 1.66 || 0 | 1 | 1 | 0 | 0 | 5 | 3 | 6 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Следната недела надзорна расправа за работењето на Алта банка во Собранието
Сител

Сител

Алта банка од денеска почнува со исплата на средства на граѓаните без картички. Како што вчера информираше Народната банка, граѓаните ќе може да подигнат до 20.000 денари, што е максимален износ дозволен за повлекување во период од две недели. Граѓание ќе добијат и СМС-порака за денот и часот кога треба да дојдат во филијалата.

Телма

Расте револтот кај граѓаните, клиенти на Алта банка во Битола. Утрово дел од нив повторно не можеа да подигнат пари од банкоматите, бидејќи платежните картички сè уште не им се во функција. Велат дека веќе четири дена, иако на сметките имаат плата или пензија, немаат пристап до сопствените средства и се гневни поради ваквата состојба.

Бизнис Инфо

Народната банка ги известува граѓаните кои имаат платежни сметки во АЛТА банка АД Битола, а немаат платежни картички, дека од четврток, 5 ноември 2026 година, ќе започне подигањето средства од шалтерите во главната филијала на банката во Битола. За таа цел, ќе бидат отворени повеќе шалтери на адресата ул. „Добривое Радосављевиќ” бр. 21 во Битола.

24 Часа

Клиентите на АЛТА банка АД Битола кои немаат платежни картички од утре, 5 ноември, ќе можат да ги подигнуваат своите пари директно на шалтерите во главната филијала во Битола, информираат од Народната банка. За таа намена ќе бидат ставени во функција повеќе шалтери на улицата „Добривое Радосављевиќ“ бр. 21, каде што ќе се вршат исклучиво исплати на готовина. Мерката особено се однесува на пензионерите и корисниците на социјална помош кои примаат средства преку сметки во банката.

Fresh : 1.19 || 0 | 0 | 0 | 1 | 1 | 0 | 2 | 6 | 1 | 0 | 0 | 321.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]
Комерцијални објави

Македонија

1.0 | 0 | 0 | [0|0]Котеска и Зајкова со повик за одговорност по трагедијата во Богданци: „Насилниците мора да се следат“
МКД

МКД

Според информациите од полицијата Билјана е жртва на фемицид. Претходниот напад бил евидентиран во полицискиот билтен од 1 октомври. Според соопштенито на Министерството за внатрешни работи, насилството се случило на 30 септември, околу 21 часот, во домот на момчето во Богданци.

24 Часа

Трагедија во Богданци. Две млади лица се пронајдени мртви во близина на местото викано „Ичева чешма“, во Горно Село во близина на Богданци. Едното тело, на 21-годишно момче од Богданци, било пронајдено покрај опожарен автомобил, додека второто било откриено во внатрешноста на возилото, објави „ Скопје1 “. Случајот бил пријавен на 3 ноември во 18:40 часот, кога лице од Богданци ја известило полицијата дека забележало запален паркиран автомобил и безживотно тело во негова близина.

Опсервер

Седумнаесетгодишната девојка од Богданци, која претходно пријавила физичко насилство од својот партнер, е пронајдена УБИЕНА во опожарено возило. Нејзиниот 21-годишен насилен партнер, по убиството, се самоубил. Само еден месец претходно, на 30 септември, тој физички ја нападнал во својот дом, а на 1 октомври бил лишен од слобода.

Сител

.11.2026 во 18:40 часот Т.К. од Богданци пријавил дека на место викано „Ичева чешма“, Горно село во Богданци забележал опожарено паркирано патничко моторно возило, во чија близина има безживотно тело. Веднаш по пријавата полициски службеници од ПС ОН Гевгелија се упатени на местото на настанот, каде било констатирано дека во близина на опожареното возило имало машко лице кое не давало знаци на живот, по што било констатирано дека станува збор за В.Г.(21) од Богданци. Од екипа на Итна медицинска помош при ЈЗУ Општа болница Гевгелија била констатирана смрт.

Fresh : 0.68 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 591.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]

1.0 | 0 | 0 | [0|0](Видео) Манасиевски: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на неговиот близок соработник Еролд Муслиу
Лидер

Лидер

Пендаровски призна дека објектот кој се гради во Влае е на неговиот близок соработник Еролд Муслиу. Поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу кој беше директно назначен од Пендаровски, гради зграда во Влае, нешто коешто со административна плата како директор, или пак како обичен вработен, не се заработува таа сума, посочува Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Токму ова е таа шема на СДС која за жал владееше со години во Македонија.

Курир

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски денес одржа прес-конференција во Влае, каде се гради станбена зграда во која како инвеститор се посочува Афродита Муслиу, сопруга на поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, за кој потсетува дека е близок соработник на Стево Пендаровски. Тука се поставува прашањето на кое јавноста заслужува одговори, а тоа е како со административна плата се стигнува до инвеститор на станбена зграда? Од каде се парите за оваа инвестиција?

Денешен

Пендаровски призна дека објектот во Влае е на Еролд Муслиу, кој ја финансира милионската инвестиција?, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Стево Пендаровски, со својот Фејсбук-статус, практично потврди дека станува збор за објектот во Влае кој се поврзува со семејството на поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу. Наместо да даде конкретни одговори, Пендаровски се обиде да ја пренасочи темата со политички контранапади.

Нетпрес

Пендаровски призна дека објектот кој се гради во Влае е на неговиот близок соработник Еролд Муслиу. Поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу кој беше директно назначен од Пендаровски, гради зграда во Влае, нешто коешто со административна плата како директор, или пак како обичен вработен, не се заработува таа сума, посочува Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Токму ова е таа шема на СДС која за жал владееше со години во Македонија.

Fresh : 2.01 || 0 | 1 | 1 | 0 | 2 | 2 | 8 | 1 | 0 | 0 | 0 | 121.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]

1.0 | 0 | 0 | [0|0]СДСМ: Наместо оставка, Славески го заташкува скандалот со Алта банка
Сител

Сител

Привремениот администратор на Алта банка е човекот кој ги издал лиценците на акционерите и членовите на управниот и надзорниот одбор, обвинуваат денеска од СДСМ. Опозицијата и натаму бара отставка од гувернерот Славески. Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for СДСМ: Наместо оставка, Славески го заташкува скандалот со Алта банка Категорија: Македонија.

Опсервер

„Славески ги уверува граѓаните дека „сè е во ред“ со Алта банка. Во меѓувреме, луѓето не можат да дојдат до своите пари. Експозитурите не работат, на банкомати се чека со часови, додека пак компаниите слободно префрлаат пари.

Телма

„Во еден момент во мојот настап во емисијата „Топ тема“ на Телма вчера изнесов став околу една од можните причини за брзото пропаѓање на Алта банка од Белград. Спомнав дека „Медиумите ја урнаа банката …“, мислејќи на мноштвото шпекулации и непроверени информации кои циркулираа во медиумскиот простор во Србија неколку дена пред одлуката на НБС за одземање на дозволата за работа на банката“, пишува гувернерот Трајко Славески на мрежата Х. Тој објаснува дека до него допираат информации дека наводно вперил прст кон домашните медиуми и се извинува доколку, макар и ненамерно, навредил некого од новинарската фела. Во еден момент во мојот настап во емисијата „Топ тема“ на Телма во минатиот понеделник изнесов став околу една од можните причини за брзото пропаѓање на Алта банка од Белград.

Алфа

Во еден момент во мојот настап во емисија на една од националните телевизии изнесов став околу една од можните причини за брзото пропаѓање на Алта банка од Белград. Спомнав дека „Медиумите ја урнаа банката …“, мислејќи на мноштвото шпекулации и непроверени информации кои циркулираа во медиумскиот простор во Србија неколку дена пред одлуката на НБС за одземање на дозволата за работа на банката, се посочува во соопштението од Народната банка (НБ) од постот на Х на гуверенрот Трајко Славески во кој тој дополнително појаснува дел од својата изјава во емисија на една од националните телевизии, која предизвика реакции во јавноста. До мене допираат информации дека наводно сум вперил прст кон домашните медиуми.

Fresh : 1.31 || 0 | 0 | 0 | 1 | 2 | 1 | 3 | 0 | 0 | 0 | 0 | 411.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]

Метео

Настани

Балкан

1.0 | 0 | 0 | [0|0]Голема акција во Србија: Уапсени десет полицајци осомничени за тортура врз демонстранти
24 Часа

24 Часа

Девет активни полицајци и еден поранешен полициски службеник се уапсени во Србија под сомнение дека вршеле тортура и употребувале прекумерна сила врз приведени демонстранти за време на протестите во Белград во август 2025 година. Според Министерството за внатрешни работи, осомничените биле припадници на елитна полициска единица и на 14 и 15 август физички малтретирале, заплашувале и им се заканувале на повеќе приведени лица. Случаите наводно се случиле во гаража на владин комплекс во центарот на Белград.

Канал 77

Српските власти вчера приведоа девет активни полицајци и еден поранешен полицаец поради наводна употреба на прекумерна сила врз приведени лица за време на минатогодишните протести во Белград, соопшти Министерството за внатрешни работи. Протестите против корупцијата ја зафатија Србија, земја кандидат за членство во Европската Унија, во текот на 2025 и 2026 година, откако на 1 ноември 2024 година во Нови Сад загинаа 16 лица во уривање на бетонската настрешница на обновената железничка станица. Протестите на крајот доведоа до падот од власт на Српската напредна партија (СНС), лојална на поранешниот претседател Александар Вучиќ, на вонредните парламентарни избори одржани на 25 октомври, на кои победи „Студентската листа“, движење без истакнат лидер.

МКД

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека група криминалци пред две вечери упаднала во белградскиот хотел Хајат и ги малтретирала гостите. Притоа, тој ги обвини полицијата и обвинителството дека не реагираат на ваквите инциденти, и покрај неговите претходни јавни предупредувања. Во видеоснимка тој тврдеше дека граѓаните добиваат директни закани и барања за изнуда на пари, додека надлежните државни институции не преземаат ништо за да ги заштитат.

Лидер

Српските власти вчера приведоа девет активни полицајци и еден поранешен полицаец поради наводна употреба на прекумерна сила врз приведени лица за време на минатогодишните протести во Белград, соопшти Министерството за внатрешни работи. Протестите против корупцијата ја зафатија Србија, земја кандидат за членство во Европската Унија, во текот на 2025 и 2026 година, откако на 1 ноември 2024 година во Нови Сад загинаа 16 лица во уривање на бетонската настрешница на обновената железничка станица. Протестите на крајот доведоа до падот од власт на Српската напредна партија (СНС), лојална на поранешниот претседател Александар Вучиќ, на вонредните парламентарни избори одржани на 25 октомври, на кои победи „Студентската листа“, движење без истакнат лидер.

Fresh : 0.90 || 0 | 0 | 1 | 0 | 1 | 1 | 3 | 2 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Ученици, студенти и наставници протестираат во Атина
Нетпрес

Нетпрес

Ученици, студенти и наставници се собраа во четвртокот на протест во центарот на Атина со барања за зголемување на средствата за јавно образование и подобрување на условите во училиштата и универзитетите. Демонстрациите започнаа околу пладне по локално време пред централната зграда на Универзитетот во Атина, позната како Пропилеја, каде што се собраа претставници на срдношколските и студентски организации, како и наставници. Учесниците бараат зачувување на бесплатниот карактер на јавното образование и обезбедување подобри услови за учење.

Република

Учениците и студентите, поддржани и од просветните работници, претпладнево ќе одржат протести во Атина, но и во низа други градови под слоганот „Од Грција до Франција се бориме за бесплатно, јавно образование“, јави дописничката на МИА од Атина. Француските синдикати денеска повикаа на нови протести, со барање за повисоки плати и против кратењето на социјалните расходи, а членството се мобилизира и за генерален штрајк.

Fresh : 0.38 || 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 11.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Европол ја бара Нинослава Јовиќ: Осомничена за грабеж на накит вреден 40 милиони евра
24 Часа

24 Часа

Холандските власти интензивно ја бараат 41-годишната Нинослава Јовиќ од Ниш, која се наоѓа на листата на најбарани лица на Европол. Таа е осомничена дека имала логистичка улога во спектакуларниот грабеж на накит вреден околу 40 милиони евра, извршен во јуни 2022 година на саемот за уметност и антиквитети TEFAF во Мастрихт. Во грабежот учествувале четворица мажи од Ниш, поврзани со криминалната мрежа „Пинк Пантер“, кои сред бел ден со чекани ги искршиле заштитните витрини и го однеле скапоцениот накит.

Канал 5

Станува збор за спектакуларна кражба на престижниот саем за уметност и антиквитети „TEFAF“ во холандскиот град Мастрихт, што се случила на 28 јуни 2022 година, при што бил украден накит во вредност од околу 40 милиони евра. Нинослава Јовиќ се наоѓа на листата на најбарани бегалци во Европа, а нејзината фотографија и опис се објавени на веб-страниците на холандската полиција и на Европол. Според истражителите, таа моментално живее во Србија, а последен пат е видена во Ниш.

А1он

Холандските власти трагаат по 41-годишната Нинослава Јовиќ од Ниш, која е на листата на најбарани бегалци на Европол поради сомневање дека учествувала во организацијата на грабежот на накит вреден околу 40 милиони евра во холандскиот град Мастрихт. Холандското обвинителство нуди награда од 20.000 евра за информации што би довеле до нејзино апсење. Грабежот се случи во јуни 2022 година, за време на престижниот саем за уметност и антиквитети TEFAF.

Експрес

Холандија нуди 20.000 евра за апсење на Нинослава Јовиќ.

Fresh : 0.12 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 51.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

Фото

Какви тајни крие вилата на Заев во Грција, во неа се криеле и криминалци од црната листа
Какви тајни крие вилата на Заев во Грција, во неа се криеле и криминалци од црната листа
ВИДЕО: Пред 15 години итно бил опериран поради пукната аорта во Клиника Жан Митрев, денес го живее својот втор живот
ВИДЕО: Пред 15 години итно бил опериран поради пукната аорта во Клиника Жан Митрев, денес го живее својот втор живот
На кој датум паѓа „Црниот петок“: Има несекојдневна историја, а малкумина знаат зошто го добил ова име и што се случило
На кој датум паѓа „Црниот петок“: Има несекојдневна историја, а малкумина знаат зошто го добил ова име и што се случило
Интер подготвува одговор на рекордниот договор објавен од Милан
Интер подготвува одговор на рекордниот договор објавен од Милан
Пејачот во програма во живо го потврди неверството: „Се покајав, кај мене нема скриени карти“
Пејачот во програма во живо го потврди неверството: „Се покајав, кај мене нема скриени карти“
И дата-центрите изгубија на изборите во САД
И дата-центрите изгубија на изборите во САД
Yamaha NMAX E: Нов електричен скутер со спортски карактер
Yamaha NMAX E: Нов електричен скутер со спортски карактер
Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија
Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија
ВМРО-ДПМНЕ: Криминалци во бегство, се криеле во вила на Заев во Грција
ВМРО-ДПМНЕ: Криминалци во бегство, се криеле во вила на Заев во Грција
Секој трет што позајмил пари на пријател останал без позајмените парите, а многумина и без пријателството
Секој трет што позајмил пари на пријател останал без позајмените парите, а многумина и без пријателството
МАНАСИЕВСКИ: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на неговиот близок соработник Муслиу, ЈО да постапи по допрен глас
МАНАСИЕВСКИ: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на неговиот близок соработник Муслиу, ЈО да постапи по допрен глас
(Видео) Дац и Александар објавија обработка на „Ѕма Ѕма Ѕм“ од Славе Димитров
(Видео) Дац и Александар објавија обработка на „Ѕма Ѕма Ѕм“ од Славе Димитров
Какви тајни крие вилата на Заев во Грција, во неа се криеле и криминалци од црната листа
Какви тајни крие вилата на Заев во Грција, во неа се криеле и криминалци од црната листа
ВИДЕО: Пред 15 години итно бил опериран поради пукната аорта во Клиника Жан Митрев, денес го живее својот втор живот
ВИДЕО: Пред 15 години итно бил опериран поради пукната аорта во Клиника Жан Митрев, денес го живее својот втор живот
На кој датум паѓа „Црниот петок“: Има несекојдневна историја, а малкумина знаат зошто го добил ова име и што се случило
На кој датум паѓа „Црниот петок“: Има несекојдневна историја, а малкумина знаат зошто го добил ова име и што се случило
Интер подготвува одговор на рекордниот договор објавен од Милан
Интер подготвува одговор на рекордниот договор објавен од Милан
Пејачот во програма во живо го потврди неверството: „Се покајав, кај мене нема скриени карти“
Пејачот во програма во живо го потврди неверството: „Се покајав, кај мене нема скриени карти“
И дата-центрите изгубија на изборите во САД
И дата-центрите изгубија на изборите во САД
Yamaha NMAX E: Нов електричен скутер со спортски карактер
Yamaha NMAX E: Нов електричен скутер со спортски карактер
Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија
Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија
ВМРО-ДПМНЕ: Криминалци во бегство, се криеле во вила на Заев во Грција
ВМРО-ДПМНЕ: Криминалци во бегство, се криеле во вила на Заев во Грција
Секој трет што позајмил пари на пријател останал без позајмените парите, а многумина и без пријателството
Секој трет што позајмил пари на пријател останал без позајмените парите, а многумина и без пријателството
МАНАСИЕВСКИ: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на неговиот близок соработник Муслиу, ЈО да постапи по допрен глас
МАНАСИЕВСКИ: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на неговиот близок соработник Муслиу, ЈО да постапи по допрен глас
(Видео) Дац и Александар објавија обработка на „Ѕма Ѕма Ѕм“ од Славе Димитров
(Видео) Дац и Александар објавија обработка на „Ѕма Ѕма Ѕм“ од Славе Димитров

Свет

1.0 | 0 | 0Лажни дојави за поставени бомби на европските летови, неколку авиони извршија принудно слетување
Курир

Курир

Дојави за поставени експлозивни направи биле добиени утринава за неколку авиони на летови низ Европа, јави австриската новинска агенција АПА. Меѓу погодените биле и летови со појдовна или крајна дестинација на италијанските аеродроми. Според италијанската новинска агенција АНСА, авион „Ербас А321“ на авиокомпанијата „Виз ер“ бил принуден привремено да слета на аеродромот во Виена.

МРТ

Седум патнички авиони низ Европа, од кои два кои полетаа од Обединетото кралство, беа подложени на проверки по серија закани за поставени бомби. Два лета од Даблин и од Лисабон – беа претресени по слетувањето во Рим, откако биле добиени анонимни дојави. Сепак, експлозиви не биле пронајдени.

Нетпрес

Поради дојава за поставена бомба, авион „Ербас А320“ на линијата Даблин – Рим денеска е пренасочен во воената база на Француското воено воздухопловство и вселенски сили, Евре во Нормандија, соопшти кабинетот на францускиот премиер Себастијан Лекорни. Во соопштението се наведува дека е пренасочен авион на лет од Ирска до Италија, како и дека ситуацијата се следи „во реално време“ и во согласност со утврдените процедури, пренесува „Фигаро“. Не беа соопштени податоци за бројот на луѓе во авионот или за операциите што се во тек.

Локално

Новиот бран дојави за бомби предизвика безбедносни узбуни во европскиот воздушен сообраќај. Патнички авион на лет од Даблин кон Рим е пренасочен кон француска воена база со придружба на воени авиони, додека закани се пријавени и на летовите кон Италија, Австрија, Чешка и Бугарија. Серија дојави за бомби во четвртокот предизвика безбедносни интервенции на повеќе европски летови, само два дена откако десетина авиони беа погодени од слични закани, наведува „Еуроњуз“ ( Euronews ). Еден од најсериозните инциденти се случи на летот на ирската авиокомпанија „Ер Лингус“ ( Aer Lingus ) од Даблин кон Рим.

Fresh : 2.72 || 0 | 2 | 1 | 2 | 4 | 3 | 2 | 0 | 0 | 0 | 0 | 11.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Демократите најавуваат дека нивен приоритет ќе бидат пониските цени, политичката одговорност и прекинот на војната во Иран
Канал 5

Канал 5

Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис, порача дека завршува периодот во кој Конгресот функционирал како продолжена рака на администрацијата на Доналд Трамп. Во меѓувреме, Трамп призна дека војната во Иран во голема мера придонела за изборниот пораз на републиканската партија. Претходно, потпретседателот Џеј Ди Венс го оцени конфликтот како една од главните причини за поразот.

Експрес

„Мислам дека дел од причините лежи во Иран, но истовремено, луѓето ја разбраа важноста на она што го направив во однос на Иран“, рече тој.

Опсервер

Американскиот претседател Доналд Трамп се согласи со својот потпретседател, Џеј Ди Венс, дека војната со Иран придонела за тешкиот пораз на Републиканците на вчерашните избори на средината од мандатот. Сепак, тој изјави дека повторно би ја донел истата одлука за започнување на војната. Денес, Трамп за првпат се појави јавно пред камерите по изборниот пораз; сепак, за време на своето обраќање на градилиштето на новата свечена сала во Белата куќа, тој зборуваше само за градежните работи и не ги спомена изборните резултати.

Колегиум

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс упати остри критики кон израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во приватни разговори, обвинувајќи го дека „греши за сè“ кога станува збор за Иран. Со месеци, Венс го предупредувал Доналд Трамп дека војната е крајно непопуларна меѓу Американците и дека може да ги чини републиканците победа на изборите за Конгресот, пренесува „Аксиос“.

Fresh : 0.54 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 2 | 5 | 0 | 0 | 0 | 151.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]

1.0 | 0 | 0 | [0|0]Демократите освоија мнозинство во двата дома на Конгресот
Телма

Телма

Демократската партија оствари убедлива победа на среднорочните избори во САД, освојувајќи мнозинство и во Претставничкиот дом и во Сенатот… Според првичните резултати, демократите добиле најмалку 30 нови места во Претставничкиот дом и обезбедиле мнозинство од најмалку 54 наспроти 44 сенатори. Победата претставува сериозен политички удар за претседателот Доналд Трамп, кој во следните две години ќе мора да управува со Конгрес под контрола на опозицијата. Незадоволството на граѓаните од високите животни трошоци, царинската политика и војната со Иран се посочуваат како главни причини за изборниот пресврт.

Лидер

Предвременото гласање за претстојните избори во Соединетите Американски Држави бележи исклучително висока излезност која драстично ги надминува параметрите регистрирани за време на претходните среднорочни избори. Според последните пресметки, повеќе од 43 милиони американски граѓани веќе го оствариле своето гласачко право, при што најсилен интензитет на излезност се забележува во сојузните држави каде што се водат клучни и тесни дуели за контрола врз Сенатот. Значителен скок на активноста на гласачите е евидентиран во Тексас, каде што покрај неизвесните битки за места во Сенатот и во Претставничкиот дом, се води и директна трка за гувернерската функција.

Паноптикум

Американците утре излегуваат на среднорочни избори што ќе одредат кој ќе го контролира Конгресот во последните две години од вториот претседателски мандат на Доналд Трамп. На гласање се сите 435 места во Претставничкиот дом и 35 од 100-те места во Сенатот, а според сегашниот распоред на силите, демократите треба да освојат нето четири дополнителни места во секој од двата дома за да го преземат мнозинството. Федералната изборна комисија на САД го наведува 3. ноември како датум на федералните општи избори.

Нетпрес

Во САД во вторник се одржуваат меѓуизбори (избори на средината на претседателскиот мандат), на кои гласачите ќе избираат нов состав на Конгресот, а исходот може значително да ги одреди рамките и можностите за спроведување на политиките во преостанатиот дел од претседателствувањето на Доналд Трамп. Изборите ќе одлучат дали републиканците на Трамп ќе ја задржат контролата врз двата дома на Конгресот или опозициските демократи ќе успеат да преземат мнозинство во најмалку еден од нив. Американскиот Конгрес се состои од два дома – Претставничкиот дом и Сенатот.

Fresh : 0.60 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 531.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]

Економија

1.0 | 0 | 0 | [0|0]Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен, законската регулатива е строга, граѓаните да бидат спокојни
Денешен

Денешен

Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и регулиран со најстроги закони - истакна министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска. Банкарскиот сектор во Република Македонија е стабилен и ова не е првпат да го зборувам. Ова е резултат на едно долгогодишно искуство и работење во банкарскиот сектор.

Денар

Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и регулиран со најстроги закони. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Централниот дневник на МРТ. „Банкарскиот сектор во Република Македонија е стабилен и ова не е првпат да го зборувам.

МКД

„Банкарскиот сектор во Република Македонија е стабилен и ова не е првпат да го зборувам. Ова е резултат на едно долгогодишно искуство и работење во банкарскиот сектор. Законите во Македонија се најстроги кога станува збор за овој дел или финансискиот систем целокупно, особено банкарскиот би го издвоила.

Лидер

Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и регулиран со најстроги закони. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Централниот дневник на МРТ. Банкарскиот сектор во Република Македонија е стабилен и ова не е првпат да го зборувам.

Fresh : 1.65 || 0 | 1 | 0 | 4 | 1 | 2 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0ДЗР објави ревизија на железничката инфраструктура: загуба од 188,8 милиони денари во 2024
Точка

Точка

Државниот завод за ревизија на 5 ноември ги објави наодите од ревизијата на финансиските извештаи и на усогласеноста на ЈП ЖРСМ Инфраструктура Скопје за 2024 година. Според ревизорите, претпријатието таа година забележало загуба од 188,8 милиони денари . Со загубите пренесени од претходните години, вкупниот износ достигнал околу 4,72 милијарди денари. ДЗР наведува дека за изградба и обновување на железничката инфраструктура биле одобрени заеми од 191,4 милиони евра.

МРТ

Со ревизијата на финансиските извештаи и усогласеноста на работењето на ЖРСМ Транспорт се утврдени слабости во управувањето со средствата, возниот парк, имотот, залихите, трошоците и приходите на друштвото. Според ревизорскиот извештај, покрај деветте функционални локомотиви, од вкупно 16 патнички гарнитури во функција се пет. Од 1.382 товарни вагони, само 378 имаат важечка ревизија и се способни за сообраќај, додека 1.004 се надвор од сообраќај поради истечена ревизија.

ФинПортал

Ревизија во Железници: 40 години само се разграбувало, работат стари луѓе, половината без квалификации 05/11/2026 10:23 Фото: Б. Грданоски ЈП ЖРСМ Инфраструктура Скопје повеќе години континуирано иска.

МКД

Државната железничка инфраструктура е во лоша состојба, работи со милионски загуби, а проектите за изградба и реконструкција на пругите се одолжуваат со години, па и со децении, велат од Државниот завод за ревизија. Ревизорите констатирале дека при планирањето и изградбата на источниот дел од коридорот 8 имало сериозни пропусти. Во извештајот наведуваат дека е утврдено „отсуство на системски и аналитичен пристап и недоволна подготвеност при планирање, првично проектирање, градење и реконструкција на делниците 1 и 2 од источниот дел на железничкиот коридор 8“. Според ревизорите, државата одобрила кредити од вкупно 191,4 милиони евра за изградба, реконструкција и обновување на железничката инфраструктура, но 44 отсто од тие пари сè уште не се искористени.

Fresh : 1.55 || 0 | 2 | 1 | 0 | 0 | 1 | 3 | 0 | 0 | 0 | 0 | 151.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Народна банка: СДСМ манипулираат, повторуваат веќе демантирани невистини и свесно ја поткопуваат довербата на штедачите
Денешен

Денешен

Народната банка најостро ги отфрла денешните обвинувања на СДСМ во врска со назначувањето на еден од администраторите на АЛТА банка АД Битола. Станува збор за повторување на веќе демантирани тврдења, со кои свесно се извртуваат фактите и се создава погрешна слика во јавноста, се наведува во соопштението од НБ што МИА го пренесува интегрално. Овие наводи беа објавени вчера во неколку медиуми, по што Народната банка веднаш реагираше и ги демантираше.

ФинПортал

Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK › ЛДП: Народна банка бара нов сопственик за Алта Банка, народот ба.

МКД

Народната банка најостро ги отфрла денешните обвинувања на СДСМ во врска со назначувањето на еден од администраторите на Алта банка АД Битола. Станува збор за повторување на веќе демантирани тврдења, со кои свесно се извртуваат фактите и се создава погрешна слика во јавноста, се наведува во соопштението од НБ. „Овие наводи беа објавени вчера во неколку медиуми, по што Народната банка веднаш реагираше и ги демантираше. Демантот беше професионално објавен од страна на новинарите и медиумите, со што јавноста веќе беше запознаена со точните информации и законските надлежности.

Курир

Народната банка најостро ги отфрла денешните обвинувања на СДСМ во врска со назначувањето на еден од администраторите на АЛТА банка АД Битола. Од таму велат дека станува збор за повторување на веќе демантирани тврдења, со кои свесно се извртуваат фактите и се создава погрешна слика во јавноста. Овие наводи беа објавени вчера во неколку медиуми, по што Народната банка веднаш реагираше и ги демантираше.

Fresh : 1.60 || 0 | 1 | 1 | 1 | 3 | 0 | 1 | 0 | 1 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

Хроника

1.0 | 0 | 0Кривична пријава за едно лице за „повреда на авторско право и сродни права“ и „пиратерија на аудиовизуелно дело“
МРТ

МРТ

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе Кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Ј.К (46) од Скопје за сторени кривични дела „повреда на авторско право и сродни права“ и „пиратерија на аудиовизуелно дело“, по член 157 и член 157 - б од Кривичниот Законик. Имено, пријавениот Ј.К, во 2024 година како администратор на Фејсбук страница незаконски и неовластено преку јавна објава на страната емитувал ексклузивни авторски права на тв серија што биле отстапени само за програмски сервис на телевизиска куќа, врз основа на претходно склучен договор. Согласно пријавата од телевизиската куќа доставена до ОЈО Скопје, пријавениот ги сторил кривичните дела на начин што преку својот кориснички профил на социјалната мрежа Фејсбук, како администратор на Фејсбук страната, меѓу другите објавени серии, филмови и документарци, објавувал и епизоди од серијата за кои не поседувал авторски права.

Опсервер

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе Кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против 46-годишниот Ј.К. од Скопје за сторени кривични дела „повреда на авторско право и сродни права“ и „пиратерија на аудиовизуелно дело“, по член 157 и член 157 – б од Кривичниот Законик. Имено, пријавениот Ј.К, во 2024 година како администратор на Фејсбук страница незаконски и неовластено преку јавна објава на страната емитувал ексклузивни авторски права на тв серија што биле отстапени само за програмски сервис на телевизиска куќа, врз основа на претходно склучен договор. Согласно пријавата од телевизиската куќа доставена до ОЈО Скопје, пријавениот ги сторил кривичните дела на начин што преку својот кориснички профил на социјалната мрежа Фејсбук, како администратор на Фејсбук страната, меѓу другите објавени серии, филмови и документарци, објавувал и епизоди од серијата за кои не поседувал авторски права.

МКД

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика на МВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Ј.К (46) од Скопје за сторени кривични дела „повреда на авторско право и сродни права“ и „пиратерија на аудиовизуелно дело“. Министерството за внатрешни работи соопшти дека пријавениот Ј.К, во 2024 година како администратор на Фејсбук-страница незаконски и неовластено преку јавна објава на страницата емитувал ексклузивни авторски права на ТВ-серија, кои биле отстапени само за програмски сервис на телевизиска куќа, врз основа на претходно склучен договор. Во согласност со пријавата од телевизиската куќа доставена до ОЈО Скопје, пријавениот ги сторил кривичните дела така што преку својот кориснички профил на Фејсбук, како администратор на фејсбук-страницата, меѓу другите објавени серии, филмови и документарци, објавувал и епизоди од серијата за кои не поседувал авторски права.

Канал 5

годишниот маж во 2024 година како администратор на фејсбук страница незаконски и неовластено преку јавна објава емитувал ексклузивни авторски права на ТВ серија што биле отстапени само за програмски сервис на телевизиска куќа.

Fresh : 0.95 || 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 1 | 8 | 0 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Управител на станица за технички преглед осомничен за проневера на над 41,5 милиони денари
МРТ

МРТ

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Тетово против управител на друштво за вршење технички прегледи на моторни возила, поради сомнение за продолжено кривично дело „Проневера во службата“. Според наводите во пријавата, осомничениот во периодот од јануари 2022 до декември 2025 година, искористувајќи го овластувањето на друштвото, противправно присвоил парични средства наплатени од физички и правни лица при регистрација на моторни возила, кои биле наменети за повеќе субјекти по основ на јавни давачки. На овој начин, како што информираат од Финансиската полиција, на правниот субјект му била прибавена противправна имотна корист од 41.518.042 денари, на штета на општините, Министерството за животна средина, Службата за помош и информирање, Црвениот крст и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Телма

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Тетово против управител на друштво за технички преглед на моторни возила, осомничен за продолжено кривично дело „Проневера во службата“. Според пријавата, во периодот од 2022 до 2025 година, осомничениот противправно присвоил речиси 42 милиони денари денари наплатени од граѓани и компании при регистрација на возила, кои биле наменети за јавни давачки. Средствата биле наменети за општините, Министерството за животна средина, Црвениот крст, Службата за помош и информирање и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Република

Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава до Основното јавно обвинителство Тетово против управител на друштво за технички прегледи на возила, осомничен за продолжено кривично дело „Проневера во службата“. Според пријавата, осомничениот во периодот од 1 јануари 2022 до 31 декември 2025 година присвојувал пари наплатени од граѓани и компании при регистрација на возила, кои биле наменети за јавни давачки. Финансиската полиција наведува дека на тој начин на правното лице му била прибавена имотна корист од 41.518.042 денари, односно околу 675.000 евра.

Канал 5

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против лицето М.Н. во својство на одговорно лице – управител на друштво за вршење технички прегледи на моторни возила поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривичнo делo “Проневера во службата “од член 354 од Кривичниот законик на Република Македонија. Според прибраните докази постојат основи на сомнение дека пријавениот во својство на одговорно лице-управител, во периодот од 01.01.2022 до 31.12.2025, искористувајќи го овластувањето на друштвото за вршење технички прегледи на моторни возила, противправно присвоил парични средства наплатени од физички и правни лица при регистрација на моторни возила, наменети за повеќе субјекти по основ на јавни давачки. На овој начин, на правниот субјект му прибавил противправна имотна корист во вкупен износ од 41.518.042 денари, на штета на општините, Министерството за животна средина, Службата за помош и информирање, Црвениот крст на Република Македонија и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Fresh : 0.60 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 2 | 6 | 0 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Десет возачи приведени во изминатото деноноќие – седум возеле без положен возачки испит, тројца со активна забрана
Сител

Сител

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации на територијата на државата, полициски службеници лишиле од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, седум управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за С.К.(26), Б.Р.(26), П.Т.(51) и 15-годишник, сите од Скопје, 16-годишник од село Батинци, скопско, С.А.(37) од село Гошинце, Општина Липково, и М.Б.(61) од село Блаце, скопско, кој претходно учествувал и во сообраќајна незгода.

МКД

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода пет возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, тројца управувале возило без положен возачки испит и тоа: Н.И. (41) од селото Сарај, Скопско, 16-годишник од селото Танушевци, Скопско и И.Г. (29) од селото Богородица, Гевгелиско. Со забрана за управување на моторно возило возел В.Н. (22) од Грчец, Скопско.

МРТ

Осум возачи без положен возачки испит и тројца под дејство на алкохол биле лишени од слобода во изминатото деноноќие на различни локации низ државата. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, сите 11 се сомничат за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“. Меѓу приведените се лица на возраст од 19 до 47 години од Скопје, Тетово, Гостивар, Радовиш, Струга и Кичево, кои управувале возила без претходно да положат возачки испит.

Канал 5

Од нив, осум управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за Д.С.(22) од Скопје, И.Л.(47) од село Батинци, скопско, Д.А.(30) од село Порој, тетовско, С.А.(19) од Гостивар, Џ.Р.(31) од Радовиш, Р.Е.(21) од село Раклиш, радовишко, А.Х.(47) од Струга и А.М.(31) од село Лисичани, кичевско. Исто така, во Гостивар бил извршен службен разговор со 16-годишник кој управувал патничко возило без претходно да се стекне со право на управување, во присуство на родител.

Fresh : 0.34 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 3 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 71.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

Култура

1.0 | 0 | 0Промоција на „Македонија 360“ – виртуелен водич низ природното и културното наследство
Курир

Курир

Дигиталната туристичка платформа „Македонија 360“ (Macedonia360.mk), која овозможува виртуелно истражување на природното, културното и историското наследство на земјава преку 360-степени панорами, виртуелни прошетки и видеосодржини, денеска ќе биде свечено промовирана во Музејот на Македонската борба за самостојност во Скопје. Платформата претставува национална интерактивна дигитална мапа со повеќе од 500 локации и над 10.000 панорами, организирани во категории како населени места, природни знаменитости, археолошки локалитети, музеи, верски објекти, авантуристички дестинации, угостителски и туристички капацитети, како и мали агропроизводители. Проектот е реализиран од Агенцијата за туризам и маркетинг „Македонија на дланка“, со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам, преку Конкурсот за проекти од областа на креативните и културните индустрии за 2026 година.

Република

Дигиталната туристичка платформа „Македонија 360“ (Macedonia360.mk), која овозможува виртуелно истражување на природното, културното и историското наследство на земјава преку 360-степени панорами, виртуелни прошетки и видеосодржини, денеска ќе биде свечено промовирана во Музејот на Македонската борба за самостојност во Скопје. Платформата претставува национална интерактивна дигитална мапа со повеќе од 500 локации и над 10.000 панорами, организирани во категории како населени места, природни знаменитости, археолошки локалитети, музеи, верски објекти, авантуристички дестинации, угостителски и туристички капацитети, како и мали агропроизводители. Проектот е реализиран од Агенцијата за туризам и маркетинг „Македонија на дланка“, со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам, преку Конкурсот за проекти од областа на креативните и културните индустрии за 2026 година.

Алфа

Дигиталната туристичка платформа „Македонија 360“ (Macedonia360.mk), која овозможува виртуелно истражување на природното, културното и историското наследство на земјава преку 360-степени панорами, виртуелни прошетки и видеосодржини, денеска ќе биде свечено промовирана во Музејот на Македонската борба за самостојност во Скопје. Платформата претставува национална интерактивна дигитална мапа со повеќе од 500 локации и над 10.000 панорами, организирани во категории како населени места, природни знаменитости, археолошки локалитети, музеи, верски објекти, авантуристички дестинации, угостителски и туристички капацитети, како и мали агропроизводители. Проектот е реализиран од Агенцијата за туризам и маркетинг „Македонија на дланка“, со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам, преку Конкурсот за проекти од областа на креативните и културните индустрии за 2026 година.

МКД

Дигиталната туристичка платформа„Македонија 360“ (Macedonia360.mk), која овозможува виртуелно истражување на природното, културното и историското наследство на земјава преку 360-степени панорами, виртуелни прошетки и видеосодржини, денеска ќе биде свечено промовирана во Музејот на Македонската борба за самостојност во Скопје. Платформата претставува национална интерактивна дигитална мапа со повеќе од 500 локации и над 10.000 панорами, организирани во категории како населени места, природни знаменитости, археолошки локалитети, музеи, верски објекти, авантуристички дестинации, угостителски и туристички капацитети, како и мали агропроизводители. Проектот е реализиран од Агенцијата за туризам и маркетинг „Македонија на дланка“, со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам, преку Конкурсот за проекти од областа на креативните и културните индустрии за 2026 година.

Fresh : 0.35 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 3 | 1 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]

1.0 | 0 | 0 | [0|0]Галерија| Свечено отворање на Скопје Филм Фестивал 2026
Нетпрес

Нетпрес

По тригодишна пауза, синоќа во Македонскиот народен театар беше свечено отворено 26-то издание на Скопје Филм Фестивал. Голем број филмски автори, актери, гости од странство и истакнати културно-уметнички дејци продефилираа на црвениот тепих. Во рамките на отворањето, за првпат беше доделена фестивалската награда „Златна Скополија“ за исклучителен придонес кон светската кинематографија.

Република

Во среда, на 4 ноември, во Н.У. Македонски Народен Театар (МНТ), официјално ќе започне 26. издание на Скопје Филм Фестивал , со премиерна проекција на најновиот игран филм „ ИДИОТ(и)“, во режија на познатото режисерско дуо Малгоржата Шумовска ( Małgorzata Szumowska ) и Михал Енглерт ( Michał Englert ) . Свечената вечер ќе започне со дефилето на црвениот тепих во 19:30 часот, по што во 20:00 часот ќе следи официјалното отворање на фестивалот. Фестивалската проекција на „ИДИОТ(и)“ е закажана за 20:30 часот. Филмот го следи тазе венчаниот пар Фјодор и Ана чиј меден месец во Баден се претвора во неочекуван, повеќегодишен престој исполнет со искушенија додека тој го пишува своето ремек-дело „Идиот“.

Култура 24

Во пресрет на 26. Издание на Скопје Филм Фестивал (СФФ26), најавено е востановување на фестивалската награда за исклучителен придонес кон светската кинематографија – „Златна Скополија“, посветена на авторите кои оставиле неизбришлива трага во развојот и еволуцијата на светскиот филмски јазик. Оваа година, „Златна Скополија“ ќе се додели на режисерското дуо од Полска Малгоржата Шумовска (Małgorzata Szumowska) и Михал Енглерт (Michał Englert). Оддавајќи му признание на реткото и извонредно уметничко партнерство меѓу Малгоржата Шумовска и Михал Енглерт, оваа награда ја става на пиедестал нивната заедничка повеќедецениска креативна визија. Нивната соработка претставува совршен пример за тоа како спојувањето на два автохтони уметнички сензибилитети, нејзината смела режисерска нарација и неговиот софистициран визуелен јазик, создава единствен, силен и препознатлив филмски глас во европската и светската кинематографија.

Лидер

Со доделување на нововостановената награда „Златна Скополија“ на полските филмски автори Малгоржата Шумовска и Михал Енглерт, вечерва во Македонскиот народен театар (МНТ) беше отворено 26. издание на Скопскиот филмски фестивал. Признанието, кое годинава се доделува за првпат, е наменето за исклучителен придонес кон светската кинематографија. Шумовска е режисерка, додека Енглерт е снимател и режисер.

Fresh : 0.20 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 111.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]

1.0 | 0 | 0 | [0|0]„Тивки актери, гласни приказни“ – ретроспективна изложба за македонското куклено наследство
МРТ

МРТ

Во Музејот на Македонија вечерва во 19 часот ќе биде отворена ретроспективната изложба „Тивки актери, гласни приказни“, посветена на македонското куклено наследство и развојот на куклената уметност. Авторка на изложбата е Љубица Велкова, кураторка е Јасминка Намичева, а продукцијата е на Театарот „Сенки и облаци“. Поставката го претставува развојот на македонското кукларство од неговите почетоци во 1946 година до современите сценски остварувања, нагласувајќи ја куклената уметност како значајна уметничка дисциплина и дел од македонската театарска традиција.

Република

Од денеска до 4 јули 2027 година, Музејот на град Скопје со археолошката изложба: „Лица од новата ера: првите земјоделци во Македонија пред 8 000 години“ ќе гостува во Археолошкиот музеј во Франкфурт, Германија. Изложбата ќе биде отворена вечер, кога ќе биде промовирано и изданието за претставените локалитети, под авторство на кустосот на изложбата, Љубо Фиданоски. Во рамки на изложбата ќе бидат изложени 83 артефакти од неолитската збирка на два локалитети од Скопскиот Регион: Церје – Говрлево и Слатина – Зелениково, како едни од најзначајните локалитети од овој период, не само во државата, туку и пошироко.

Курир

Во етнолошката поставка во Музејот на Македонија на 05.11.2026 (четврток) во 19 ч. че се одржи ретроспективната изложба на македонското куклено наследство „Тивки актери, гласни приказни“. Изложбата „Тивки актери, гласни приказни“ е ретко ретроспективно патување низ децениите на македонското кукларство. Од историските почетоци во 1946 година со визијата на Светлана Малахова, па сѐ до современите дизајни на Театарот за деца и младинци, оваа поставка го слави кукленото творештво не како минлива игра, туку како комплексна и рамноправна уметничка дисциплина.

Точка

Во Музејот на Македонија на 5 ноември (четврток) со почеток во 19 часот ќе биде отворена ретроспективната изложба на македонското куклено наследство „Тивки актери, гласни приказни“. Изложбата „Тивки актери, гласни приказни“ ве повикува на ретко ретроспективно патување низ децениите на македонското кукларство. Од историските почетоци во 1946 година со визијата на Светлана Малахова , па сѐ до современите дизајни на Театарот за деца и младинци, оваа поставка го слави кукленото творештво не како минлива игра, туку како комплексна и рамноправна уметничка дисциплина.

Fresh : 0.34 || 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 71.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]

Колумни

Интервјуа

Спорт

1.0 | 0 | 0Почина Алан Џонс, шампионот во Формула 1 од 1980 година
Сител

Сител

Поранешниот австралиски Ф1 возач Алан Џонс почина на 81-годишна возраст, објави прес-службата на австралиското Гран при. Во понеделникот (2 ноември), Џонс го одбележа својот 80. роденден. Со длабока тага ја објавуваме смртта на Алан Џонс и им изразуваме најдлабоко сочувство на неговото семејство, најблиските и пријателите.

Курир

Поранешниот австралиски Ф1 возач Алан Џонс почина на 81-годишна возраст, објави прес-службата на австралиското Гран при. Во понеделникот (2 ноември), Џонс го одбележа својот 80. роденден. Со длабока тага ја објавуваме смртта на Алан Џонс и им изразуваме најдлабоко сочувство на неговото семејство, најблиските и пријателите.

Спорт М

Поранешниот австралиски Ф1 возач Алан Џонс почина на 81-годишна возраст, објави прес-службата на австралиското Гран при. Во понеделникот (2 ноември), Џонс го одбележа својот 80. роденден. Со длабока тага ја објавуваме смртта на Алан Џонс и им изразуваме најдлабоко сочувство на неговото семејство, најблиските и пријателите.

Опсервер

Легендарниот австралиски возач Алан Џонс, светски шампион во Формула 1 во 1980 година и прв освојувач на титулата во автомобил на Вилијамс, почина на 80-годишна возраст, по кратко боледување. Веста за неговата смрт ја потврди неговата сопруга Аманда Батлер-Дејвис во соопштение објавено од „Motorsport Australia“. „Со голема тага објавуваме дека нашиот сакан Алан почина на 5 ноември, по кратко боледување.

Fresh : 0.55 || 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 1 | 3 | 1 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]

1.0 | 0 | 0 | [0|0]Јапонецот Ташима противкандидат на Инфантино
Нетпрес

Fresh : 0.50 || 0 | 0 | 1 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]
Fresh : 0.29 || 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]

Магазин

1.0 | 0 | 0СЗО предупредува: Секој четврт адолесцент од 11 до 17 години е недоволно физички активен, девојчињата помалку се движат од машките
Денешен

Денешен

Секоја четврта млада личност на возраст од 11 до 17 години не се занимава со никаков спорт ниту со активности што барем донекаде ги напрегаат срцето и кардиоваскуларниот систем, се наведува во извештајот на Светската здравствена организација (СЗО). Извештајот „Генерација на која ѝ недостасува движење – Глобални трендови на телесна активност кај адолесцентите 2010 – 2025“ откри дека 25 проценти од припадниците на оваа возрасна група се ускратени за придобивките од таквата физичка активност. „Тие се лишени од добробитите што ги носи доволната и редовна физичка активност“, наведе организацијата на ОН. Само 14 проценти од лицата во таа возрасна група изјавиле дека се физички активни, умерено до интензивно, барем еден час дневно. Извештајот се заснова на истражувања спроведени во 140 земји, во кои учествувале повеќе од три милиони испитаници.

Опсервер

Секој четврти млад човек на возраст од 11 до 17 години не се занимава со спорт или физички активности што придонесуваат за здравјето на срцето и крвните садови, покажува новиот извештај на Светската здравствена организација (СЗО), објавен вчера. Според извештајот „Генерација на која ѝ недостига движење – Глобални трендови во физичката активност на адолесцентите 2010–2025“, само 14 отсто од младите се физички активни најмалку еден час дневно, со умерен до висок интензитет. Истражувањето опфатило повеќе од три милиони испитаници во 140 земји и покажало дека девојчињата се помалку физички активни од момчињата во речиси сите држави.

Точка

Секој четврти млад човек на возраст од 11 до 17 години не се занимава со спорт или физички активности што придонесуваат за здравјето на срцето и крвните садови, покажува новиот извештај на Светската здравствена организација (СЗО), објавен вчера. Според извештајот „Генерација на која ѝ недостига движење – Глобални трендови во физичката активност на адолесцентите 2010–2025“, само 14 отсто од младите се физички активни најмалку еден час дневно, со умерен до висок интензитет. Истражувањето опфатило повеќе од три милиони испитаници во 140 земји и покажало дека девојчињата се помалку физички активни од момчињата во речиси сите држави.

Fresh : 0.30 || 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 2 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Традицијата и врвниот квалитет на „Тиквеш“ со меѓународно признание: Златен медал за „Kumova Reserve“ на „Spirits Selection by CMB“
Денар

Fresh : 0.50 || 0 | 0 | 1 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Отворено предавање за родители и креативна работилница за деца: Започнува програмата „Заедно знаеме повеќе“
Точка

Точка

Преку програмата „Заедно знаеме повеќе“, се отвора простор за предавања и разговори со професионалци, кои нудат стручни одговори на актуелни општествени прашања и глобални трендови преку искуственото знаење на локалната сцена. Предавањата ќе ги водат професионалци од различни области – помеѓу нив нутриционисти, психотерапевти, писатели, визуелни уметници, претприемачи и стручњаци за детскиот развој, кои ќе отвораат конкретни теми и ќе понудат практични насоки и стручни согледувања. За најмладите пак, работилниците нудат можност преку практични активности да откриваат како функционира природата, да поставуваат прашања, да испробуваат нови техники и самостојно да создаваат.

Република

Иницијативата „Заедно знаеме повеќе“ во организација на Скопје Сити Мол и во соработка со киното Синеплекс, обединува бесплатни едукативни, информативни и инспиративни предавања во рамките на „Платформата за нови сознанија“ и интерактивни работилници за деца „Клуб на истражувачи“, создавајќи простор за учење, истражување, креативност и споделување знаења. Преку програмата „Заедно знаеме повеќе“, се отвора простор за предавања и разговори со професионалци, кои нудат стручни одговори на актуелни општествени прашања и глобални трендови преку искуственото знаење на локалната сцена. Предавањата ќе ги водат професионалци од различни области – помеѓу нив нутриционисти, психотерапевти, писатели, визуелни уметници, претприемачи и стручњаци за детскиот развој, кои ќе отвораат конкретни теми и ќе понудат практични насоки и стручни согледувања.

Fresh : 0.18 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 2 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

Сцена

1.0 | 0 | 0Боб Дилан се сретна со папата Лав: Разменија подароци и разговараа во срдечна атмосфера
Канал 5

Канал 5

Папата Лав го прими американскиот кантаавтор и добитник на Нобеловата награда за литература, Боб Дилан – чии стихови претходно ги цитираше говорејќи за опасностите од нуклеарното оружје – во Апостолската палата во Ватикан. Според „Ватикан њуз“ (Vatican News), средбата била кратка и се одвивала во опуштена атмосфера. По поздравите и разговорот, Папата му подари бројаница на Дилан, додека американскиот музичар возврати со примерок од својата автобиографија, „Хроники: Том први“ (Chronicles: Volume One). Дилан пристигна во Ватикан облечен во црн дуксер со капуљача.

Точка

Средбата поминала во краток и срдечен разговор, со размена на поздрави и неколку неформални забелешки, а Дилан за време на приемот носел црн дуксер со качулка, пренесува „Vatican News“. Папата Лав XIV претходно цитираше стихови од Дилан во предговорот на книгата „Разоружаните и оние што разоружуваат: Мирот е дар“, објавена од Ватиканската издавачка куќа, предупредувајќи на опасноста од глобалното вооружување и нуклеарното оружје. Станува збор за стихови од песната „Go Away You Bomb“, која Дилан ја напишал во 1963 година, во времето на Студената војна.

Нетпрес

Боб Дилан помина повеќе од шест децении тропајќи на вратата на рајот. Во среда, вратата му се отвори во Ватикан, каде што на легендарниот музичар му беше овозможена приватна аудиенција од папата Лав XIV. Лав и Дилан, сопатници од американскиот Среден Запад, се сретнале во канцеларијата на папата во раскошниот Апостолски дворец, според фотографиите што ги сподели ватиканскиот весник на социјалните медиуми.

Локално

Папата Лав XIV вчера во Апостолската палата во Ватикан го прими американскиот кантавтор и поет Боб Дилан, добитник на Нобелова награда за литература, кој престојува во Рим како дел од италијанскиот дел од својата концертна турнеја „Сурови и немирни патишта“. Средбата се протекла во краток и срдечен разговор, со размена на поздрави и неколку неформални забелешки, а Дилан во теокт на приемот носел црн дуксер со качулка, пренесува „Ватикан њуз“ . Папата Лав претходно ги цитираше стиховите на Дилан во предговорот на книгата „Разоружените и оние што разоружуваат: Мирот е дар“, објавена од издавачката куќа на Ватикан, во која се предупредува на опасностите од глобалното вооружување и нуклеарното оружје. Станува збор за стиховите од песната „Go Away You Bomb“, која Дилан ја напишал во 1963 година, во времето на Студената војна.

Fresh : 0.28 || 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 31.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Хаос околу наследството на Брижит Бардо: Протече тајно писмо на актерката, партнерот иселен од вилата
Курир

Курир

Во рачно напишано писмо со датум од ноември 2022 година – три години пред нејзината смрт во нејзиниот дом во Сен Тропе – Брижит Бардо го обвинува Бернар д’Ормал, нејзиниот партнер со кого беше повеќе од 30 години, дека „трпеливо ја уништува, ден по ден“. Објавувањето на ова писмо претставува значаен адут за спротивната страна во спорот околу наследството на Брижит Бардо: фондацијата за заштита на животните која го носи нејзиното име. Всушност, самата фондација беше цел на обвинувања од страна на Д’Ормал, кој тврди дека постои неоправдана брзање при распродажбата на нејзиниот имот, без притоа да се води сметка за пријателите и блиските соработници на покојната актерка.

Опсервер

Спорот околу наследството на починатата француска актерка Брижит Бардо дополнително се заостри откако во јавноста се појави нејзино приватно писмо, во кое таа остро го критикува својот долгогодишен партнер Бернар де Кјара, со кого поминала повеќе од 30 години, пренесува Би-би-си. Во рачно напишаното писмо од ноември 2022 година, Бардо го обвинува партнерот дека „трпеливо ја уништува од ден на ден“ и дека не ѝ ја дава потребната љубов и поддршка. „Денес стигнав до крајната граница на моето страдање. Толку многу ми треба рамо на кое можам да се потпрам, поддршка, нежност и присуство – нешто што ти не си способен да ми го дадеш“, напишала актерката.

Fresh : 0.29 || 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0
Fresh : 0.25 || 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

Технологија

1.0 | 0 | 0 | [0|0]Огнен крај за сателитскиoт телескоп „Свифт“ на НАСА, стар 22 години+
Курир

Курир

Сателитскиот телескоп „Свифт“ на НАСА ( Swift ), којшто 22 години ги проучуваше најмоќните познати енергетски експлозии во вселената, во средата излезе од орбитата - како што и се очекуваше, и изгоре во атмосферата на Земјата над Индонезија, соопшти американската Национална воздухопловно-вселенска администрација. Огнениот крај на опсерваторијата „Нил Герелс Свифт“, тешка приближно 1.452 килограми, се случи помалку од три месеци откако пропадна мисијата за сочувување - со цел да се подигне сателитот во повисока орбита за да му се продолжи работниот век. Вселенските сили на САД потврдија дека сателитот „Свифт“ навлегол во атмосферата во 7:39 часот наутро според источното стандардно време.

Опсервер

Сателитскиот телескоп „Свифт“ (Swift) на НАСА, кој повеќе од две децении ги проучуваше најмоќните познати енергетски експлозии во вселената, вчера излезе од орбитата – како што и се очекуваше – и изгоре во атмосферата на Земјата над Индонезија, соопшти вселенската агенција. Огнениот крај на опсерваторијата Neil Gehrels Swift, која тежеше приближно 1.452 килограми, се случи помалку од три месеци по неуспешната мисија за спасување – обид сателитот да се подигне во повисока орбита и да му се продолжи работниот век. Вселенските сили на САД потврдија дека сателитот „Свифт“ навлегол во атмосферата во 7:39 часот наутро според источното стандардно време.

Точка

Сателитскиот телескоп „ Свифт “ (Swift) на НАСА, кој повеќе од две децении ги проучуваше најмоќните познати енергетски експлозии во вселената, вчера излезе од орбитата – како што и се очекуваше – и изгоре во атмосферата на Земјата над Индонезија, соопшти вселенската агенција. Огнениот крај на опсерваторијата Neil Gehrels Swift, која тежеше приближно 1.452 килограми , се случи помалку од три месеци по неуспешната мисија за спасување – обид сателитот да се подигне во повисока орбита и да му се продолжи работниот век. Вселенските сили на САД потврдија дека сателитот „Свифт“ навлегол во атмосферата во 7:39 часот наутро според источното стандардно време.

Fresh : 0.23 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 2 | 0 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0ECOBEST Challengе: Renault Twingo постави рекорд за ефикасност, а ЕВ продолжуваат да напредуваат
Авто Плус

Авто Плус

Независниот европски тест AUTOBEST ECOBEST Challenge 2026 повторно покажа како електричните автомобили се однесуваат во реални услови на возење, откривајќи важни податоци за вистинската автономија, ефикасноста, брзината на полнење и загубите на енергија. Тестирањето, кое се одржа на крајот на септември 2026 година во Ваиано, Италија, стави 15 нови електрични модели од 15 различни производители под исти услови. Автомобилите беа оценувани преку седум различни тестови и специјално развиени индекси на AUTOBEST, со цел купувачите да добијат пореална слика за можностите на современите електрични возила.

Авто Магазин

Тестовите во реални сообраќајни услови ги ставија на вистински испит 15 нови електрични возила, а технологијата Vehicle-to-Load (V2L) за првпат беше вклучена во улога на „спасувачка мисија“. Со цел да им помогне на европските возачи да разберат какви се реалните перформанси на денешните електрични автомобили, независната меѓународна организација AUTOBEST го спроведе изданието за 2026 година од својот предизвик ECOBEST Challenge кон крајот на септември 2026 година, во Ваирано, Италија. Петнаесет нови електрични возила од 15 различни производители беа тестирани во идентични, репродуктивни и реални сообраќајни услови.

Fresh : 0.37 || 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Honda Africa Twin влегува во нова генерација: Повеќе моќ, радар и верзија инспирирана од Дакар
Авто Плус

Авто Плус

Honda на саемот EICMA 2026 ја претстави целосно новата генерација на својот легендарен авантуристички мотоцикл Africa Twin. Новата CRF1150L Africa Twin пристигнува со поголем мотор, целосно ревидирана шасија, пониско тежиште и значително унапредена технологија, а јапонскиот производител првпат ја дели понудата на три јасно профилирани верзии – стандардна Africa Twin, теренски ориентирана Enduro Sports и туристичката Adventure Sports. Со ова Honda сака да понуди решение за различни типови возачи, без разлика дали станува збор за долги патувања, екстремен офроуд или секојдневно возење.

Мотори

KTM приреди изненадување на EICMA 2026 во Милано со претставувањето на новиот KTM 450 RC , спортски мотоцикл со двоцилиндричен агрегат кој треба да ја прошири понудата на австрискиот производител во класата на спортски мотоцикли со помала и средна зафатнина.

Fresh : 0.41 || 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 11.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

Емисии

Tweets