1.0 | 0 | 0Гувернерот Славески: Нема милионски одливи од „АЛТА банка“, трансакциите со Србија се редовни плаќања на клиентите
Денар

Денар

Вкупните одливи на средства од „АЛТА банка“ АД Битола кон Србија по 26 октомври изнесуваат околу 180.000 евра, додека приливите од Србија во земјава во истиот период изнесуваат околу 16.000 евра. Станува збор за редовни трансакции на клиентите на Банката поврзани со нивното работење, меѓу кои и плаќања за увоз на стоки. Не се евидентирани милионски трансфери, ниту податоци што би ги потврдиле тврдењата за такви одливи и перење пари.

Колегиум

Извршниот одбор на Народната банка на Србија донесе одлука за одземање на дозволата за работа на АЛТА банка АД Белград. Во соопштението од Народната банка се наведува дека извршниот одбор констатирал оти на одземањето на дозволата му претходеле контролни активности насочени кон зголемување на ликвидноста на банката. „Утврдено е дека во изминатиот период финансиската состојба на банката….

Сител

Во контекст на најновите случувања поврзани со АЛТА банка во Република Србија, АЛТА банка АД Битола ја информира јавноста дека Банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Северна Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива и е под непосредна супервизија на Народната банка на Република Северна Македонија. АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со редовно и непречено работење. Сите експозитури и банкомати во вообичаениот режим, а клиентите имаат непречен пристап до своите средства.

24 Часа

Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на АЛТА банка од Белград, поради значително влошување на финансиската состојба и ризик за средствата на штедачите. Одлуката била донесена по спроведени контролни активности, кои покажале сериозни проблеми со ликвидноста на банката и опасност од нејзино дополнително влошување. Од српската централна банка соопштија дека мерката е преземена согласно Законот за банки, со цел заштита на клиентите и зачувување на стабилноста на финансискиот систем.

Fresh : 3.09 || 0 | 0 | 0 | 3 | 1 | 1 | 6 | 5 | 1 | 0 | 0 | 1501.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]

1.0 | 0 | 0 | [0|0]Од јануари зголемени плати во Армијата и одбраната за 10%
Локално

Локално

Денеска на прес-конференција министерот за одбрана Владо Мисајловски најави десет-процентно зголемување на платите на сите припадници на македонската Армија и вработените во одбраната од јануари следната година. Зголемувањето на платите, рече министерот, е „историски чекор, историско најголемо зголемување во апсолутна вредност.” „Ако заеднички работиме може да има одлични резултати. Во просек платата би се зголемила од 4.000 до 11.000 денари, што е во апсолутна вредност историски најмногу до сега.

Курир

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска ќе се обрати на прес-конференција посветена на покачувањето на платите во Армијата и одбраната од почетокот на следната година. Како што е најавено, на прес-конференцијата ќе присуствуваат и претставници на синдикатите во одбраната и Армијата.

Алфа

Платата на вработените во Армијата и во одбраната се зголемуваат за 10 отсто од 1 јануари 2027 година – изјави денеска министерот за одбрана, Владо Мисајловски. Ова е историско најголемо зголемување во апсолутна вредност. Тоа значи дека се зголемува основната плата, но и сите компоненти што се опфатени во платата.

Опсервер

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, најави десет-процентно зголемување на платите на сите припадници на македонската Армија и вработените во одбраната од јануари следната година. Зголемувањето на платите, рече министерот, е „историски чекор, историско најголемо зголемување во апсолутна вредност.“ „Ако заеднички работиме може да има одлични резултати. Во просек платата би се зголемила од 4.000 до 11.000 денари, што е во апсолутна вредност историски најмногу до сега.

Fresh : 2.83 || 0 | 1 | 2 | 3 | 0 | 6 | 7 | 4 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]

1.0 | 0 | 0 | [0|0]Полициска акција на УГД
Сител

Сител

Полициски службеници од утрово вршат претреси на повеќе локации во Штип и Скопје, во рамки на истрага за сомневања за злоупотреба на службената положба и неовластено навлегување во компјутерски систем на штипскиот Универзитет„Гоце Делчев“. Според неофицијалните информации до кои дојде Сител, под истрага е раководител на ИТ секторот на Универзитетот. Постои сомнение дека подолг временски период манипулирал со студентската евиденција, овозможувајќи внесување бодови од испити, запишување семестри без исполнети услови, но и бришење оценки, за што наводно добивал паричен надомест.

Република

Полициски службеници од СВР Штип, во координација со Одделот за криминалистичка полиција, СВР Скопје и секторот за компјутерски криминал, вршат претреси на повеќе локации во Штип и Скопје. Како што дознава „Република“ од извори во МВР, во фокусот на истрагата е лице вработено на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, на раководна позиција во ИТ-секторот, кое подолг временски период наводно манипулирало со електронската евиденција на студентите. Според првичните информации, осомничениот се сомничи дека овозможувал внесување бодови од испити, запишување семестри без исполнети услови, како и бришење оценки, главно за студенти од Турција, за што за возврат добивал паричен надомест.

Лидер

Полициски службеници од СВР Штип, во координација со Одделот за криминалистичка полиција, СВР Скопје и секторот за компјутерски криминал, вршат претреси на повеќе локации во Штип и Скопје. Во фокусот на истрагата е лице вработено на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, на раководна позиција во ИТ-секторот, кое подолг временски период наводно манипулирало со електронската евиденција на студентите. Според првичните информации, осомничениот се сомничи дека овозможувал внесување бодови од испити, запишување семестри без исполнети услови, како и бришење оценки, главно за студенти од Турција, за што за возврат добивал паричен надомест.

24 Часа

Полициски службеници вршат претреси на повеќе локации во Штип и Скопје поради сомнежи за незаконско менување оценки, испитни бодови и студентски досиеја на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Според неофицијалните информации, постои сомнеж дека биле внесувани испитни бодови, запишувани семестри без исполнети услови и бришани веќе евидентирани оценки. Наводните злоупотреби, според информациите, главно се однесувале на студентски досиеја на студенти од Турција.

Fresh : 1.75 || 0 | 0 | 0 | 1 | 1 | 1 | 18 | 0 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]
Комерцијални објави

Македонија

1.0 | 0 | 0 | [0|0]Бугарија врати над 40 тони македонски јаболка поради зголемено ниво на пестициди
Гостивар Прес

Гостивар Прес

Втора пратка со јаболка од Македонија е запрена на бугарската граница за помалку од една недела. Во двата случаи лабораториските анализи покажале присуство на пестициди над дозволените граници. Бугарските власти запреле уште една пратка со јаболка од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на остатоци од пестициди над максимално дозволените нивоа.

А1он

Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ) забрани влез на пратка јаболка од Македонија, откако лабораториските анализи покажаa ниво на остатоци од пестициди повисоки од максимално дозволените граници. Пратката, со вкупна тежина од 19.350 килограми, ќе биде вратена во Македонија. Како што соопшти БАБХ, лабораториските анализи утврдиле нивоа на остатоци од пестициди над законски пропишаните максимално дозволени граници, поради што пратката не ги исполнува безбедносните стандарди.

Експрес

Според бугарската агенција за безбедност на храната, лабораториските анализи утврдиле нивоа на остатоци од пестициди над максимално дозволени граници.

Алфа

Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ) забранила влез на пратка јаболка од Македонија, откако лабораториските анализи покажале нивоа на остатоци од пестициди повисоки од максимално дозволените граници. Пратката, со вкупна тежина од 19.350 килограми, ќе биде вратена во Македонија. Како што соопшти БАБХ, лабораториските анализи утврдиле нивоа на остатоци од пестициди над законски пропишаните максимално дозволени граници, поради што пратката не ги исполнува безбедносните стандарди.

Fresh : 1.33 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 2 | 15 | 2 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]

1.0 | 0 | 0 | [0|0]Брвеница ја отвори сметката меѓу партнерите во власта – eтнички обвинувања и коалициски уверувања
Република

Република

Победата на кандидатот на ДУИ во Брвеница отвори политичка расправа за етничкото гласање, поддршката меѓу коалициските партнери и можните последици врз Владата. Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека изборниот пораз нема да ја промени владината политика кон општината ниту ќе ја запре реализацијата на заедничката програма. Истовремено, партијата го обвинува ВЛЕН дека ја пропуштил можноста да покаже дека е поинаков од ДУИ.

24 Часа

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, ја обвини коалицијата ВЛЕН дека на изборите во Брвеница одиграла во корист на ДУИ, наместо да покаже дека политички се разликува од оваа партија. Во гостување на централниот дневник на Сител телевизија, таа посочи дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ во првиот круг го поддржале својот кандидат Стојанчо Радичевски, додека ВЛЕН настапила со сопствен кандидат. Според Стојаноска, во вториот круг ВЛЕН одлучила да застане зад кандидатот на Националната алијанса за интеграција (НАИ), Аркин Јахија.

Канал 77

ДУИ објави дека нивниот кандидат за градоначалник Аркин Јахии, победил на вонредните избори за градоначалник во Брвеница. Државната изборна комисија за 21 часот закажа прес конрефенција, на која ќе ги соопшти првични неофицијални резултати од денешните избори. На славењето се придружи и лидерот на ДУИ Али Ахмети заедно со Арбен Таравари од Алијанса за Албанците.

Канал 5

За 21 часот Државната изборна комисија најави дека ќе ги објави првичните резултати од денешниот втор круг избои за градоначалник на Брвеница. ВМРО-ДПМНЕ пред малку го призна поразот на нивниот кандидат Стојанче Радичевски и ја честиташе победата на на кандидатот на ДУИ Аркин Јахиј.

Fresh : 1.70 || 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 4 | 0 | 0 | 0 | 1301.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]

1.0 | 0 | 0 | [0|0]Митева остро реагираше на изјавите на Богојески: Жената не е личност на која ѝ треба надзор
Република

Република

Марија Митева, владината портпаролка и претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за жените и наводната потреба од „машки надзор“, оценувајќи ги како понижувачки, ретроградни и опасни. Митева истакна дека со згрозување и длабоко неверување ги проследила изјавите, нагласувајќи дека ваквите сфаќања претставуваат директен напад врз достоинството на жените и вредностите на демократското општество. Да се зборува за жената како за личност на која ѝ е потребен надзор е недозволиво.

Лидер

Универзитетскиот професор и лидер на политичката партија Македонски концепт, Петар Богојески, изнесе серија контроверзни ставови за положбата на жените, брачните односи и семејното насилство во телевизиска дебата на национална телевизија. Неговите изјави отвораат сериозни прашања за релативизирањето на насилството врз жените, оправдувањето на агресивното однесување во бракот и промовирањето на традиционални родови хиерархии. Во дебатата со адвокатката Катерина Котеска, водена од новинарката Паола Костадиновска на Телевизија Алфа, Богојески го проблематизираше прашањето што претставува насилство во брачните односи, при што реакцијата на сопругот по неверство од сопругата ја претстави како прашање на заштита на машкото достоинство.

Опсервер

„Некаков средновековен „машки надзор“ е скандал од невидени димензии, реагира со огорченост Либерално-демократската партија (ЛДП) на огласувањето на коалициониот партнер на власта на национална телевизија, со отворено оправдување на насилството врз жените! Ова е директен атак врз достоинството, слободата и безбедноста на секоја жена во Македонија. Го прашуваме Премиерот да одговори веднаш: дали ова е официјалниот став на Владата и дали токму поради вакви шовинистички сфаќања во сопствените редови со месеци се блокира и не се изгласува законското решение за електронски нараквици за насилниците“, прашува ЛДП.

Алфа

Со згрозување и длабоко неверување ги проследив изјавите на Петар Богојески за жените и наводната потреба од „машки надзор“. Ова се понижувачки, ретроградни и опасни сфаќања кои го навредуваат достоинството и директно удираат врз вредностите на едно демократско општество, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ во кое се пренесува ставот на Марија Митева. Да се зборува за жената како за личност на која ѝ е потребен надзор е недозволиво.

Fresh : 1.94 || 0 | 0 | 0 | 1 | 6 | 2 | 5 | 0 | 0 | 0 | 0 | 11.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]

Метео

Настани

Балкан

1.0 | 0 | 0Притвори за двајца високи полициски функционери во Србија
Канал 77

Канал 77

Први функционерски притвори во Србија 30 дневен притвор за двајца началници на МВР. Обвинети се за злоставување и мачење. Вишиот суд во Белград им одреди притвор до 30 дена на началник на Управата за криминалистичка полиција Марко Кричак и началник на Службата за сузбивање на криминал Бошко Секуловиќ, осомничени за злоупотреба на службената положба во врска со случајот на убиство во ресторанот „27“.

А1он

Началникот на српската Управа за криминалистичка полиција (УКП), Марко Кричак, утрово е уапсен по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, под сомнение за злоупотреба на службената положба, објави српскиот неделник „Радар“. Уапсен е и Бошко Секуловиќ, началник на Службата за сузбивање криминал. Апсењата се поврзани со кривична пријава што адвокатите на Веселин Милиќ, помошник-директор на полицијата и поранешен началник на белградската полиција, ја поднеле против двајцата високи полициски функционери.

Паноптикум

Началникот на Управата за криминалистичка полиција на Србија Марко Кричак и началникот на Службата за сузбивање на криминалот Бошко Секуловиќ се уапсени денеска по налог на Посебното одделение за сузбивање на корупцијата при Вишото јавно обвинителство во Белград. На двајцата им е одредено задржување до 48 часа, а случајот е поврзан со постапувањето на полицијата по убиството на Александар Нешовиќ во ресторанот „27“ во белградски Сењак во мај годинава. Според соопштението на Вишото јавно обвинителство во Белград , постојат основи на сомнение дека Кричак и Секуловиќ, во периодот од 12. мај до 3. јуни годинава, ги пречекориле и ги искористиле своите службени овластувања и не извршиле дел од службените должности, со што му нанеле штета и сериозно ги повредиле правата на поранешниот началник на белградската полиција Веселин Милиќ.

Лидер

Главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, изјави дека на началникот на Управата за криминалистичка полиција (УКП), М. К., и на началникот на Службата за сузбивање криминал, Б. С., им е одреден притвор до 48 часа поради сомнение за злоупотреба на службената положба. Стефановиќ на прес-конференција повтори дека Вишото јавно обвинителство во Белград и сите негови јавни обвинители постапуваат исклучиво во согласност со Уставот и законите на Република Србија. „Во таа смисла беше спроведено и ова апсење, кое нема никаква врска со изборните процеси и резултатите од парламентарните избори“, истакна Стефановиќ.

Fresh : 0.54 || 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 1 | 1 | 0 | 0 | 0 | 121.01.0 | 0 | 01.0 | 1 | 11.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Вучиќ го помилува возачот кој прегази студентка; „Студентска листа“: Помилувањата не смеат да служат како алатка за политичка одмазда
Опсервер

Опсервер

По објавувањето на списоци со поединци помилувани од поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, „Студентска листа“ излезе со реакција. Тие посочуваат дека институтот помилување е целосно обезвреднет. „Одлуката на поранешниот претседател да помилува возач обвинет за обид за тешко убиство – во случајот со прегазувањето на нашата колешка Соња во јануари минатата година – е неприфатлива“, велат од „Студентска листа“.

А1он

Вишиот суд во Белград потврди дека ги примил одлуките на српскиот претседател Александар Вучиќ за помилување на пет лица против кои се водела или сè уште се води кривична постапка пред овој суд. Меѓу помилуваните е и Дијана Хркаловиќ, поранешна државна секретарка во Министерството за внатрешни работи на Србија, објави „Нова.рс“. Според соопштението на судот, со одлука донесена на 27 септември 2026 година, Хркаловиќ е ослободена од кривично гонење за делото трговија со влијание.

Експрес

Откриени имињата на петте лица што Вучиќ ги помилувал пред заминувањето од власт.

Локално

Вишите судови во Белград и Нови Сад ги објавија имињата на 23 од 49-те лица што Александар Вучиќ ги помилува на денот на оставката. Меѓу нив се Дијана Хркаловиќ, возачот кој удри студентка и луѓе обвинети за напади врз демонстранти. Одлуките за помилување Вучиќ ги донесе на 27 септември, но Министерството за правда им ги достави на судовите дури на 2 ноември, повеќе од еден месец подоцна.

Fresh : 0.22 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 2 | 1 | 0 | 0 | 0 | 31.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Црна Гора во Европската Унија: oткриен е датумот кога би можела да го потпише пристапниот договор
Опсервер

Опсервер

Во среда, заедно со извештајот за напредокот на земјите во процесот на проширување на Европската Унија, Европската комисија ќе објави насоки што содржат временска рамка и конкретни чекори за завршување на пристапните преговори на Црна Гора, која досега најмногу напредуваше на патот кон членство. Според планот на Европската комисија, Црна Гора треба да ги затвори сите преостанати 12 преговарачки поглавја до крајот на оваа година. Планирано е шест поглавја да бидат затворени во текот на ноември, додека преостанатите шест треба да бидат затворени во декември, пренесува загрепскиот „Јутарњи лист“, кој имал увид во нацртот од документот.

Точка

Во среда, заедно со извештајот за напредокот на земјите во процесот на проширување на Европската Унија , Европската комисија ќе објави насоки што содржат временска рамка и конкретни чекори за завршување на пристапните преговори на Црна Гора , која досега најмногу напредуваше на патот кон членство. Според планот на Европската комисија, Црна Гора треба да ги затвори сите преостанати 12 преговарачки поглавја до крајот на оваа година. Планирано е шест поглавја да бидат затворени во текот на ноември, додека преостанатите шест треба да бидат затворени во декември, пренесува загрепскиот „Јутарњи лист“, кој имал увид во нацртот од документот.

Fresh : 0.60 || 0 | 0 | 2 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

Фото

(Видео) СДСМ поднесе интерпелација за министерот Иван Стоилковиќ
(Видео) СДСМ поднесе интерпелација за министерот Иван Стоилковиќ
ЖРСМ Транспорт: Препораките на ДЗР ги претвораме во конкретни мерки за финансиска и оперативна стабилизација
ЖРСМ Транспорт: Препораките на ДЗР ги претвораме во конкретни мерки за финансиска и оперативна стабилизација
Хаџи Василева: Притисоците врз обвинителите се реалност, но мора да одлучуваат врз основа на закон, факти и докази
Хаџи Василева: Притисоците врз обвинителите се реалност, но мора да одлучуваат врз основа на закон, факти и докази
Закани за бомби во авион и во институции во Бугарија
Закани за бомби во авион и во институции во Бугарија
Гази Баба утре шест часа без струја
Гази Баба утре шест часа без струја
Емери: ВАР системот ќе беше корисен во големиот пресврт на Барселона против ПСЖ
Емери: ВАР системот ќе беше корисен во големиот пресврт на Барселона против ПСЖ
(Видео) Продолжи судењето за Ѓоко Ристов, вештаците не се појавија
(Видео) Продолжи судењето за Ѓоко Ристов, вештаците не се појавија
(Видео) Хаџи Василева најавува ефективен прогон и отпор на притисоци
(Видео) Хаџи Василева најавува ефективен прогон и отпор на притисоци
Елмас влезе кога Аталанта веќе губеше со 0:3: Парма го реши мечот пред неговото влегување
Елмас влезе кога Аталанта веќе губеше со 0:3: Парма го реши мечот пред неговото влегување
„Енвидија“ го ограничува кинескиот пазар: им нареди на партнерите да ја намалат соработката со кинеските компании
„Енвидија“ го ограничува кинескиот пазар: им нареди на партнерите да ја намалат соработката со кинеските компании
СКАНДАЛОЗНО ОДНЕСУВАЊЕ НА ГОЛМАНОТ ВО ШПАНИЈА: Овоно се расправаше со публиката додека фудбалерот Де Мигуел умираше
СКАНДАЛОЗНО ОДНЕСУВАЊЕ НА ГОЛМАНОТ ВО ШПАНИЈА: Овоно се расправаше со публиката додека фудбалерот Де Мигуел умираше
Влен: Вучиќ падна, време е да се разоткријат врските на семејството Ахмети со Алта банка
Влен: Вучиќ падна, време е да се разоткријат врските на семејството Ахмети со Алта банка
(Видео) СДСМ поднесе интерпелација за министерот Иван Стоилковиќ
(Видео) СДСМ поднесе интерпелација за министерот Иван Стоилковиќ
ЖРСМ Транспорт: Препораките на ДЗР ги претвораме во конкретни мерки за финансиска и оперативна стабилизација
ЖРСМ Транспорт: Препораките на ДЗР ги претвораме во конкретни мерки за финансиска и оперативна стабилизација
Хаџи Василева: Притисоците врз обвинителите се реалност, но мора да одлучуваат врз основа на закон, факти и докази
Хаџи Василева: Притисоците врз обвинителите се реалност, но мора да одлучуваат врз основа на закон, факти и докази
Закани за бомби во авион и во институции во Бугарија
Закани за бомби во авион и во институции во Бугарија
Гази Баба утре шест часа без струја
Гази Баба утре шест часа без струја
Емери: ВАР системот ќе беше корисен во големиот пресврт на Барселона против ПСЖ
Емери: ВАР системот ќе беше корисен во големиот пресврт на Барселона против ПСЖ
(Видео) Продолжи судењето за Ѓоко Ристов, вештаците не се појавија
(Видео) Продолжи судењето за Ѓоко Ристов, вештаците не се појавија
(Видео) Хаџи Василева најавува ефективен прогон и отпор на притисоци
(Видео) Хаџи Василева најавува ефективен прогон и отпор на притисоци
Елмас влезе кога Аталанта веќе губеше со 0:3: Парма го реши мечот пред неговото влегување
Елмас влезе кога Аталанта веќе губеше со 0:3: Парма го реши мечот пред неговото влегување
„Енвидија“ го ограничува кинескиот пазар: им нареди на партнерите да ја намалат соработката со кинеските компании
„Енвидија“ го ограничува кинескиот пазар: им нареди на партнерите да ја намалат соработката со кинеските компании
СКАНДАЛОЗНО ОДНЕСУВАЊЕ НА ГОЛМАНОТ ВО ШПАНИЈА: Овоно се расправаше со публиката додека фудбалерот Де Мигуел умираше
СКАНДАЛОЗНО ОДНЕСУВАЊЕ НА ГОЛМАНОТ ВО ШПАНИЈА: Овоно се расправаше со публиката додека фудбалерот Де Мигуел умираше
Влен: Вучиќ падна, време е да се разоткријат врските на семејството Ахмети со Алта банка
Влен: Вучиќ падна, време е да се разоткријат врските на семејството Ахмети со Алта банка

Свет

1.0 | 0 | 0Како изгледаат меѓуизборите во САД?
Нетпрес

Нетпрес

Меѓуизборите во САД се оцртуваат како пресвртна точка во вториот претседателски мандат на Доналд Трамп. Анкетите укажуваат дека Републиканците на Трамп би можеле да го изгубат своето тесно мнозинство во Претставничкиот дом, а можеби дури и во Сенатот – но овој исход е далеку од извесен и во многу изборни единици ривалските кандидати се изедначени. За што точно се гласа?

Лидер

Предвременото гласање за претстојните избори во Соединетите Американски Држави бележи исклучително висока излезност која драстично ги надминува параметрите регистрирани за време на претходните среднорочни избори. Според последните пресметки, повеќе од 43 милиони американски граѓани веќе го оствариле своето гласачко право, при што најсилен интензитет на излезност се забележува во сојузните држави каде што се водат клучни и тесни дуели за контрола врз Сенатот. Значителен скок на активноста на гласачите е евидентиран во Тексас, каде што покрај неизвесните битки за места во Сенатот и во Претставничкиот дом, се води и директна трка за гувернерската функција.

Курир

Во САД утре се одржуваат меѓуизбори (избори на средината на претседателскиот мандат), на кои гласачите ќе избираат нов состав на Конгресот, а исходот може значително да ги одреди рамките и можностите за спроведување на политиките во преостанатиот дел од претседателствувањето на Доналд Трамп. Изборите ќе одлучат дали републиканците на Трамп ќе ја задржат контролата врз двата дома на Конгресот или опозициските демократи ќе успеат да преземат мнозинство во најмалку еден од нив. Американскиот Конгрес се состои од два дома – Претставничкиот дом и Сенатот.

Колегиум

Денеска во САД се одржуваат меѓуизбори (избори на средината на претседателскиот мандат), на кои гласачите избираат нов состав на Конгресот, а исходот може значително да ги одреди рамките и можностите за спроведување на политиките во преостанатиот дел од претседателствувањето на Доналд Трамп. Изборите ќе одлучат дали републиканците на Трамп ќе ја задржат контролата врз двата дома на Конгресот….

Fresh : 1.29 || 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 3 | 7 | 1 | 0 | 0 | 101.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Харков е тешко погоден – десетици повредени, во училиште загинале 26 лица
Нетпрес

Нетпрес

Русија ноќта меѓу 2 и 3 ноември извршила масовен ракетен и дронски напад врз Украина, при што биле погодени енергетска инфраструктура, станбени објекти и медицински установи во повеќе региони. Во Харков се повредени најмалку 62 лица, а во одделен напад врз училиште во Комишуваха, каде што се делела хуманитарна помош, загинале најмалку 26 луѓе. Според информациите од украинската страна, руските сили употребиле стратешки бомбардери „Tu-160“ и „Tu-95MS“, крстосувачки и балистички ракети, како и беспилотни летала „Shahed“.

Опсервер

Осумнаесет лица загинаа, а петмина се повредени денес во серија руски напади врз село во југоисточна Украина, соопшти претседателот Володимир Зеленски, опишувајќи го бомбардирањето како „апсолутно ужасно“. „Од утрово, селото беше погодено од бомби во повеќе наврати. Нападите беа насочени кон училиште кое се користеше за хуманитарни цели, тоа беше место каде што локалното население добиваше помош“, напиша тој на социјалните мрежи.

Лидер

Руските сили во текот на ноќта меѓу 2 и 3 ноември извршија обемен ракетен и дронски напад врз повеќе региони во Украина, таргетирајќи клучна енергетска инфраструктура, медицински установи и станбени зони. Во градот Харков се регистрирани најмалку 62 повредени лица, додека при напад врз училиште во местото Комишуваха, каде што се организирало делење хуманитарна помош, загинаа најмалку 26 луѓе. Според извештаите од украинските власти, во нападите биле активирани стратешки бомбардери „Tu-160“ и „Tu-95MS“, комбинирани со лансирање крстосувачки и балистички проектили, како и поголем бран беспилотни летала „Shahed“.

Паноптикум

Најмалку 24 лица загинаа во повеќекратен руски воздушен напад врз селото Комишуваха во Запорошката област во Украина. Меѓу погодените објекти биле училиште што се користело за делење хуманитарна помош и засолниште во кое се наоѓале жители, додека спасувачките екипи продолжиле да трагаат по луѓе под урнатините. Украинската Државна служба за вонредни состојби соопшти дека меѓу загинатите има и двајца припадници на спасувачките служби.

Fresh : 0.88 || 0 | 0 | 0 | 0 | 2 | 0 | 4 | 2 | 1 | 0 | 0 | 71.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]

1.0 | 0 | 0 | [0|0]Авион полн со патници добил дојава за бомба, извршил принудно слетување
Канал 5

Канал 5

Ова доведе до затворање на аеродромот, соопштија аеродромските власти. Авионот слетал во Модлин во 10:01 часот со 181 лице во него, изјави Адам Шабловски, портпарол на аеродромот „Варшава-Модлин“, пренесува „TVN24“. Тој додаде дека во моментов се очекува пристигнување на екипи за деактивирање експлозивни направи.

Телма

Патнички авион на „Виз ер“, кој летал од Лондон кон Софија, бил пренасочен кон Будимпешта по добиена закана за бомба за време на летот. Унгарски борбен авион „Грипен“ го придружувал патничкиот авион до безбедното слетување на меѓународниот аеродром „Франц Лист“ во Будимпешта. Информацијата ја потврди унгарскиот министер за одбрана Ромулус Русин-Сенди, кој соопшти дека по добиената закана била активирана итна процедура за воздушна одбрана на НАТО.

Лидер

Борбен авион на унгарското воено воздухопловство придружувал патнички авион на компанијата „Виз Ер“ до аеродромот во Будимпешта, откако за време на летот од Лондон кон Софија била примена сериозна закана за поставена бомба. Патничкото летало безбедно слетало на унгарска територија, а деталните безбедносни проверки утврдиле дека нема никаква експлозивна направа во него. Унгарскиот министер за одбрана Ромулус Русин-Санди официјално потврди дека веднаш бил испратен воен авион за пресретнување и придружба на цивилното летало до меѓународниот аеродром „Лист Ференц“ во главниот град.

Канал 77

Авион на компанијата „Виз Ер“ што леташе од Лондон до Софија денеска беше пренасочен кон аеродромот во Будимпешта откако за време на летот беше примена закана за бомба, објави авиокомпанијата. Унгарскиот министер за одбрана Ромулус Русин-Санди изјави дека е испратен унгарски борбен авион да го придружува авионот до Будимпешта, каде што безбедно слета на меѓународниот аеродром „Лист Ференц“, пренесува „Скај њуз“. Компанијата „Виз Ер“ објави дека авионот е пренасочен во согласност со безбедносните протоколи и процедури, по што е паркиран на одреденото место, каде што надлежните служби започнаа безбедносна проверка на авионот и патниците.

Fresh : 1.37 || 0 | 1 | 0 | 0 | 3 | 3 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 101.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

Економија

1.0 | 0 | 0 | [0|0]Возови на слеп колосек: Од 62 локомотиви во функција се само 9, од 16 патнички гарнитури само 5, а од 1.382 товарни вагони само 378
Денешен

Денешен

Од 62 локомотиви со кои располага Железници на Република Македонија (ЖРСМ) Транспорт АД Скопје, во функција се само девет, а загубата за 2024 година изнесува 331,8 милиони денари или заедно со пренесените загуби од претходните години достигнува 6,75 милијарди денари, утврди Државниот завод за ревизија (ДЗР) . Според ДЗР, друштвото располага со 62 локомотиви од кои во функција се само 9, со 16 патнички гарнитури од кои во функција се 5 и 47 патнички вагони од кои две се во редовен сообраќај и се користат за превоз на патници. Постојат неправилности и во начинот на управување и евидентирање на дел од залихите на суровини, материјали, резервни делови, ситен инвентар, амбалажа и авто гуми. Имајќи предвид дека 71% од залихите или 342.345 илјади денари односно 5.548.000 евра се постари од 2019 година, констатирано е дека на крајот на пресметковниот период, не е направено нивно вредносно усогласување.

МРТ

Со ревизијата на финансиските извештаи и усогласеноста на работењето на ЖРСМ Транспорт се утврдени слабости во управувањето со средствата, возниот парк, имотот, залихите, трошоците и приходите на друштвото. Според ревизорскиот извештај, покрај деветте функционални локомотиви, од вкупно 16 патнички гарнитури во функција се пет. Од 1.382 товарни вагони, само 378 имаат важечка ревизија и се способни за сообраќај, додека 1.004 се надвор од сообраќај поради истечена ревизија.

Денар

Очајната сосотојба во која со децении се наоѓа македонската железница уште еднаш ја потврдува Државниот завод за ревизија со својот најнов извештај. Имено, ревизорите забележале дека од вкупно 62 локомотиви со кои располага „ЖРСМ Транспорт“ АД – Скопје во функција се само девет. Дополнително, компанијата секоја година тоне во долгови, а 2024 година за кога е направено ова истражување минусот во касата им бил нешто над 109 милиони евра.

Алфа

Од 62 локомотиви со кои располага Железници на Македонија (ЖРСМ) Транспорт АД Скопје, во функција се само девет, а загубата за 2024 година изнесува 331,8 милиони денари или заедно со пренесените загуби од претходните години достигнува 6,75 милијарди денари, утврди Државниот завод за ревизија (ДЗР) . Според ДЗР, друштвото располага со 62 локомотиви од кои во функција се само 9, со 16 патнички гарнитури од кои во функција се 5 и 47 патнички вагони од кои две се во редовен сообраќај и се користат за превоз на патници. Постојат неправилности и во начинот на управување и евидентирање на дел од залихите на суровини, материјали, резервни делови, ситен инвентар, амбалажа и авто гуми. Имајќи предвид дека 71% од залихите или 342.345 илјади денари односно 5.548.000 евра се постари од 2019 година, констатирано е дека на крајот на пресметковниот период, не е направено нивно вредносно усогласување.

Fresh : 1.10 || 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 3 | 9 | 0 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Околу 3.500 пензионери во АЛТА банка, без платежни картички, еднократно ќе може да подигнат до 20.000 денари
Република

Република

Народната банка подготвува посебно решение за исплата на пензиите на речиси 3.500 пензионери што примаат пензија преку АЛТА банка АД Битола, а немаат платежни картички. Се разгледува можноста за еднократно подигнување до 20.000 денари преку шалтер, со цел да им се олесни пристапот до нивните средства. Истовремено, се бараат решенија и за компаниите што имаат средства во банката, а треба да ги исплатат платите и да ги намират обврските за даноци и придонеси.

Лидер

Пензионерите и другите клиенти на Алта банка што немаат платежни картички ќе можат да подигнуваат по 20.000 денари со едно одење на шалтер. Оваа мерка ја најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, при своето гостување на ТВ Телма. За клиентите што подигнуваат пари со платежни картички останува на сила неделниот лимит од 10.000 денари.

Локално

„Додека гувернерот Трајко Славески ја уверува јавноста дека АЛТА банка Битола е ликвидна и високо капитализирана, илјадници граѓани се соочуваат со ограничен пристап до сопствените пари. Славески пресметал дека 10.000 денари неделно се доволни за секојдневните потреби, но очигледно во неговата математика нема место за кирија, лекување, рати, сметки и непредвидени трошоци. Дополнително, за апсурдот да биде поголем, обврските кон самата банка се изземени од лимитот.

Алфа

Народната банка подготвува посебно решение за исплата на пензиите на околу 3.500 пензионери коишто примаат пензија преку АЛТА банка АД Битола, а немаат платежни картички. Се разгледува можноста за еднократно подигнување до 20.000 денари преку шалтер, со цел да им се олесни пристапот до нивните средства. Истовремено, се бараат решенија и за компаниите коишто имаат средства во Банката, а треба да ги исплатат платите и да ги подмират обврските за даноци и придонеси.

Fresh : 0.85 || 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 4 | 0 | 5 | 0 | 0 | 0 | 41.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Цени на горивата: бензините поскапуваат за 2 денари, дизелот е 100 денари
Паноптикум

Паноптикум

Од денес, 3 ноември 2026 година, во Македонија важат нови максимални малопродажни цени на горивата. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги зголеми цените на двата бензина за по 2 денари за литар, додека дизелот поскапува за еден денар и достигнува 100 денари за литар. Новата пресметка се применува од 00:01 часот на 3 ноември, а просечното зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати изнесува 1,55% во однос на одлуката од 26 октомври.

Точка

Следната редовна одлука за цените на горивата се очекува утре, понеделник, 2 ноември , објави „Вести плус“. Во пресрет на пресметката, на страницата на Регулаторната комисија за енергетика се наведени досегашните максимални малопродажни цени: 91 денар за бензинот БС-95, 93 денари за БС-98 и 99 денари за дизелот. Засега нема потврдена нова цена за следната недела.

Авто Магазин

Со последната одлука на РКЕ еуродизелот, иако поскапи за само еден денар по литар, сега повторно ја достигна трицифрената цена. Бензините поскапуваат за два денари по литар, па видете колку ќе плаќате за гориво по полноќ во малопродажбата: ЕУРОСУПЕР БС-95 93,00 ден/лит; ЕУРОСУПЕР БС-98 95,00 ден/лит; ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 100,00 ден/лит.

Експрес

Применети се владините мерки за намален ДДВ на дизелот и пониски акцизи.

Fresh : 0.35 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 281.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]

Хроника

1.0 | 0 | 0Обвинителството го оспори вештачењето за „Пулс“: Русески не ги исполнува стручните и методолошките стандарди
Алфа

Алфа

Јавното обвинителство на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани истакна сериозни забелешки на трите вештачења и на директното и на вкрстеното сослушување на градежниот вештак Петре Русески, кој го има изработено градежното вештачење за првообвинетиот Дејан Јованов и уште двајца обвинети, оценувајќи дека Русески не ги исполнува законските и стручните услови, како и методолошките стандарди неопходни за едно вештачење да претставува објективно и веродостојно доказно средство. ​ Според Обвинителството, вештакот сам потврдил дека не е стручен за повеќе области клучни за овој предмет, а сепак изведува заклучоци од области како противпожарна заштита, урбанизам, инсталации, безбедност на објектот, неговата намена и подобност за вршење угостителска дејност. ​ – Овие прашања се суштински и не може да се расчистат со парцијално согледување на објектот и без притоа да се земат предвид изведените инсталации и сите други услови што со закон треба да ги исполнува објектот од ваков вид.

Курир

Со изведување докази предложени од одбраната денеска во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На денешното рочиште, како што е најавено, треба да биде сослушано вешто лице предложено од одбраната на обвинетата Милка Едровска - инженерка од фирмата „Венци Проект“. Претходно заврши сослушувањето на вештакот Петре Русески, кој го има изработено градежното вештачење за првообвинетиот Дејан Јованов и уште двајца обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Лидер

Со изведување нови докази предложени од одбраната, во судницата сместена во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје продолжува судењето за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На закажаното рочиште е предвидено да биде сослушано вешто лице предложено од страна на тимот на одбраната на обвинетата Милка Едровска, инженерка ангажирана во фирмата „Венци Проект“. Претходно заврши испрашувањето на вештакот Петре Русески, кој го изготви специјализираното градежно вештачење за првообвинетиот Дејан Јованов и уште двајца други обвинети во судскиот предмет за трагедијата во Кочани.

А1он

Бранителот на обвинетиот Шофкет Хазари, адвокатот Петре Шилегов на почетокот на денешното рочиште на судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани повика Јавното обвинителство да земе предвид две неодамнешни одлуки на Врховен суд во кои, како што рече, недокажувањето на причинско-последичните врски меѓу обвинетите било причина за укинување на пресудите. Да не се случи по 6-7 години од сега и во овој предмет истото, да не се трошат ресурси залудно – изјави Шилегов. Родителите на децата што ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во изјава за медиумите на пауза од денешното рочиште, реагираа на барањето на Шилегов.

Fresh : 2.01 || 0 | 2 | 1 | 2 | 0 | 1 | 6 | 0 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 030 дена притвор за 20-годишник осомничен за напад врз дете пред „Јане Сандански“
Паноптикум

Паноптикум

Дваесетгодишник е во 30-дневен притвор по насилниот инцидент меѓу навивачки групи пред спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, во кој дете било удрено во главата и се онесвестило. Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривично дело насилство. Според официјалното соопштение на Обвинителството , конфликтот се случил пред влезот на спортскиот центар, каде осомничениот му задал удар во главата на дете од спротивната навивачка група.

Канал 5

Кривичниот суд му биде одреди 30-дневен притвор на 20-годишник кој е осомничен дека во саботата, за време на тепачката помеѓу навивачките групи на МЗТ Скопје и Работнички, пред спортската сала „Јане Сандански“ повредил малолетник од спротивниот табор. Според информациите на Обвинителството, за време на конфликтот осомничениот 20-годишник му задал удар во глава на дете од спротивниот табор, кое се онесвестило и паднало на земја. Малолетникот бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

24 Часа

Кривичниот суд му одреди 30-дневен притвор на 20-годишник осомничен дека повредил малолетник за време на тепачката меѓу навивачките групи на МЗТ Скопје и Работнички, пред спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје. Според информациите од Обвинителството, осомничениот за време на конфликтот му задал удар во главата на момчето од спротивниот табор, по што малолетникот се онесвестил и паднал на земја. Повредениот бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Fresh : 0.42 || 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 1 | 1 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Превртено возило на Плетвар со бугарски таблички
Нетпрес

Fresh : 0.80 || 0 | 1 | 0 | 0 | 2 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

Култура

1.0 | 0 | 0Филмска недела и традиционални работилници по повод Денот на јапонската култура
Алфа

Алфа

Јапонската амбасада во земјава, Кинотеката на Македонија и Центарот за култура во Битола ќе го одбележат Денот на културата на Јапонија со 19. издание на Неделата на јапонски филм, како и со работилници за оригами и традиционалниот јапонски чај. Денот на културата во Јапонија, познат како „Bunka no Hi“, се одбележува секоја година на 3 ноември, во чест на слободата и мирот, како и со цел промовирање на културата, уметноста и науката. Програмата ќе почне на 4 ноември, во 19 часот, во Кинотеката во Скопје, каде што амбасадорот на Јапонија, Кавахара, ќе го отвори 19. издание на Неделата на јапонски филм.

Република

Од 4 до 10 ноември 2026 година, во Кинотеката во Скопје ќе се одржи Недела на јапонски филм, со шест остварувања што ја претставуваат разновидноста на јапонската кинематографија. Програмата опфаќа семејни драми, трилер, приказна за младоста, анимација и историска драма, а на 11 ноември ќе продолжи во Центарот за култура во Битола. Програмата ќе биде отворена на 4 ноември со „Чекор“, во режија на Кен Иизука — трогателна приказна за татко кој, по ненадејната смрт на сопругата, сам ја одгледува својата ќерка.

Опсервер

Од 4 до 10 ноември 2026 година, во Кинотеката на Македонија ќе се одржи Недела на јапонски филм. Публиката ќе има можност да проследи шест остварувања што ја претставуваат разновидноста на јапонската кинематографија – од семејни драми и трилер до анимација и историска приказна. Сите проекции започнуваат во 19:00 часот, а влезот е бесплатен.

МКД

Јапонската амбасада во Maкедонија, Кинотеката на Македонија и Центарот за култура во Битола ќе го одбележат Денот на културата на Јапонија со 19. издание на Неделата на јапонски филм, како и со работилници за оригами и традиционалниот јапонски чај. Денот на културата во Јапонија, познат како „Bunka no Hi“, се одбележува секоја година на 3 ноември, во чест на слободата и мирот, како и со цел промовирање на културата, уметноста и науката. Програмата ќе почне на 4 ноември, во 19 часот, во Кинотеката во Скопје, каде што амбасадорот на Јапонија, Кавахара, ќе го отвори 19. издание на Неделата на јапонски филм.

Fresh : 0.36 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 1 | 3 | 0 | 0 | 0 | 51.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Изложбата „Природно“ на Јана Луловска од денес во Македонскиот КИЦ во Белград
МРТ

МРТ

Самостојната изложба „Effortless“ (Природно) на македонската интердисциплинарна уметница Јана Луловска вечерва ќе биде отворена во Македонскиот културно-информативен центар во Белград. Преку дигитални алатки, спонтани гестови и експериментирање со форми и линии, уметницата нуди поинаков поглед на современиот уметнички израз. Изложбата ќе биде отворена во 19:30 часот, а ќе ја отвори директорот на КИЦ Белград, Васко Шутаров.

МКД

Изложбата „Епиграми и епитафи“, на Игор Поп Трајков, ќе биде отворена в петок во 19 часот во галеријата Ко-Ра, при ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“, Скопје. Љубителите на уметноста и сите заинтересирани ќе можат да ја посетат во периодот 6-16 ноември. Кураторка на изложбата е Џоана Пентала.

Точка

Инспирирана од движењето Флуксус , изложбата Effortless се фокусира на играта, флуидноста и експериментирањето, при што креативниот процес има предност пред завршеното дело. Со прифаќање на флуидноста и во концептот и во медиумот, делата на Луловска нудат визија за уметност која е неограничена, постојано менлива и која длабоко резонира со комплексноста на современиот живот. Тие потсетуваат дека и среде предизвиците на секојдневниот живот постои убавина која може да се најде во течението, во природните премини кои го дефинираат нашето постоење.

Република

Самостојната изложба Effortless на македонската интердисциплинарна уметница Јана Луловска ќе биде отворена вечерва во 19:30 часот во Македонскиот Културно-информативен центар во Белград (адреса ул. Македонска 30). Инспирирана од движењето „Флуксусѝ3, изложбата Effortless се фокусира на играта, флуидноста и експериментирањето, при што креативниот процес има предност пред завршеното дело. Со прифаќање на флуидноста и во концептот и во медиумот, делата на Луловска нудат визија за уметност која е неограничена, постојано менлива и која длабоко резонира со комплексноста на современиот живот. Тие потсетуваат дека и среде предизвиците на секојдневниот живот постои убавина која може да се најде во течението, во природните премини кои го дефинираат нашето постоење.

Fresh : 0.47 || 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 1 | 4 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Пристапна изложба на Жарко Башески и пристапно предавање на Стојко Стојков во МАНУ
Алфа

Алфа

Пристапна изложба на Жарко Башески и пристапно предавање на Стојко Стојков ќе се одржат денеска во Македонската академија на науките и уметностите. Пристапната изложба на дописен член Жарко Башески ќе биде отворена во 19 часот и пригоден говор ќе одржи академик Влада Урошевиќ. Проф.

Култура 24

Шест театарски претстави од Црна Гора и регионот ќе бидат дел од натпреварувачката програма на фестивалот на камерни драмски остварувања – „Макадо“ во Подгорица, Црна Гора. Меѓу нив се најде и македонската монодрама „Фетишист“ на актерот Здравко Стојмиров. На 4 ноември ќе биде изведена монодрамата „Фетишист“ адаптирана според расказ на Мишел Турние, а во изведба на самиот Стојмиров.

МРТ

Утре, 3 ноември 2026 година, вторник, во 19 часот, во Салон „Империјал 2“ на Културно-информативниот центар – Скопје ќе биде промовирана книгата „Без повод за поводи“ од Иван Антоновски, во издание на „Матица македонска“. Организатор на настанот е КИЦ – Скопје. Промоторка е проф. д-р Соња Стојменска-Елзесер, директорка на Институтот за македонска литература, која ќе се осврне на научниот и книжевно-критичкиот придонес на книгата.

Република

Денеска, 3 ноември 2026 година, вторник, во 19 часот, во Салон „Империјал 2“ на Културно-информативниот центар – Скопје ќе биде промовирана книгата „Без повод за поводи“ од Иван Антоновски, во издание на „Матица македонска“. Организатор на настанот е КИЦ – Скопје. Промоторка е проф. д-р Соња Стојменска-Елзесер, директорка на Институтот за македонска литература, која ќе се осврне на научниот и книжевно-критичкиот придонес на книгата.

Fresh : 0.40 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 2 | 3 | 0 | 0 | 0 | 21.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

Колумни

Интервјуа

Спорт

1.0 | 0 | 0 | [0|0]ФИФА ќе ги открие документите за спорниот план на Инфантино, но само во седиштето во Цирих
ФинПортал

ФинПортал

ФИФА се согласи да достави документи за планот за продажба на акции за Светското првенство 03/11/2026 10:52 Цирих – Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) се согласи да им достави на членовите на одбо.

Контра

Документацијата поврзана со неуспешниот план на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, да продаде удел во своите натпреварувања на приватни инвеститори ќе им биде достапна на членовите на советот на организацијата, објавија денес британските медиуми. Минатиот месец, Европската фудбалска централа (УЕФА) ѝ ​​даде рок на светската фудбалска организација до 2 ноември да објави детали за контроверзниот предлог наречен ФИФА Форвард Ентерпрајз (FFE) и да одговори на низа прашања за процесот на управување и донесување одлуки на организацијата. Ова следеше по состанокот на советот на кој Инфантино се извини откако се откажа од планот за продажба на акции.

Fresh : 0.08 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 11.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]

1.0 | 0 | 0 | [0|0]МВП издание на Шeј: Десеткуваната Оклахома го сруши Кливленд (Видео)
Спортеи

Спортеи

Екипата на Оклахома Сити Тандер покажа шампионски карактер и покрај сериозните проблеми со повредите, совладувајќи го Кливленд Кавалирс на гостувањето во Охајо со 117:112 во исклучително драматичен натпревар. Апсолутен херој на средбата беше Шeј Гилџес-Александер, кој го предводеше својот тим со дури 43 поени, осум асистенции и четири скокови. Оклахома пристигна на ова гостување без речиси половина од стандардната ротација, надвор од стројот беа Чет Холмгрен, Џејлен Вилијамс, Алекс Карузо и Кејсон Волас, a по два убедливи порази, но канадскиот бек ја презеде целата одговорност во клучните моменти.

Точка

Шеј Гилџес-Александер постигна 43 поени, свој најдобар ефект сезонава, во победата на Оклахома сити над Кливленд со 117:112 . Натпреварот се одигра на 2 ноември по американско време, односно ноќта кон 3 ноември по македонско. Канадскиот кошаркар ја погоди тројката за водство на 32,6 секунди пред крајот . Аџеј Мичел помогна со 20 поени, а Ајзеа Хартенштајн со 14 скока. Еван Мобли во борба за топката со Џерет Ален и Ајзеа Хартенштајн.

Fresh : 0.10 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 1 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]

1.0 | 0 | 0 | [0|0]Ниту 40 поени на Џером не го спасија Мемфис: Њу Орлеанс ја прекина совршената серија
Точка

Fresh : 0.08 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 11.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]

Магазин

1.0 | 0 | 0Фото: Секси „чуварка на плажа“ во проѕирен фустан
Канал 5

Канал 5

Црвениот тепих на модната манифестација „CFDA Fashion Awards 2026“ во Њујорк уште еднаш послужи како сцена за модни изданија што ги поместуваат границите на гламурот, но меѓу гостите, посебно внимание привлече Брукс Нејдер. Американската манекенка и инфлуенсерка Брукс Нејдер повторно привлече внимание со модно издание кое не остава многу простор за рамнодушност. На доделувањето на модните награди CFDA за 2026 година во Њујорк, таа се појави во долг црн проѕирен фустан со капуљача, кој спојуваше гламур, провокација и доза сексапил.

Лидер

Вера Ванг на 77 години повторно беше меѓу најзабележителните гостинки на црвениот тепих. Легендарната модна дизајнерка се појави на доделувањето на наградите на Советот на модни дизајнери на Америка (ЦФДА), во Американскиот природонаучен музеј во Њујорк. За свеченоста избра црн топ без прерамки, комбиниран со долго здолниште, а минималистичката комбинација го истакна нејзиниот рамен стомак и витката линија.

Опсервер

Памела Андерсон на голема врата го врати гламурот на стариот Холивуд, докажувајќи дека елеганцијата ѝ прилега совршено. Познатата Памела Андерсон уште еднаш покажа дека елеганцијата не познава години; таа се појави на престижното доделување на модните награди CFDA за 2026 година во Њујорк, во издание што потсетуваше на гламурот на стариот Холивуд. За оваа пригода, актерката направи интересно отстапување од својот препознатлив стил, одлучувајќи се за софистициран црн фустан и дискретна шминка – откривајќи сосема поинаква страна на својата модна и естетска визија.

Вистина

Американската манекенка и инфлуенсерка Брукс Нејдер повторно го привлече вниманието со модно издание кое никого не остави рамнодушен. На доделувањето на наградите CFDA Fashion Awards 2026 во Њујорк се појави во долг црн фустан со качулка, кој на впечатлив начин ги спои гламурот, провокацијата и сексапилот. Ѕвездата од насловните страници на списанието.

Fresh : 0.50 || 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 1 | 3 | 0 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Откажување од презимето на таткото: Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално го избриша Пит
Лидер

Лидер

Вивиен, 18-годишната ќерка на познатите холивудски актери Анџелина Џоли и Бред Пит, официјално повеќе нема да го носи презимето на својот татко. Таа го поднесе официјалното барање за промена на своето презиме во текот на јули, само неколку дена откако стана полнолетна, наведувајќи лични причини за таквата одлука. Судот во Лос Анџелес го прифати и го одобри нејзиното правно барање за промена на податоците.

Опсервер

Вивиен, 18-годишната ќерка на Анџелина Џоли и Бред Пит, официјално го отстрани презимето на својот татко. Судија во Калифорнија го одобри нејзиното барање во понеделникот, на 2 ноември, со што таа стана четвртото од шесте деца на поранешната двојка кое законски го променило своето презиме, пренесува „People“. Според судските документи, Вивиен сега се вика Вивиен Маршелин Џоли, наместо Вивиен Маршелин Џоли-Пит.

Канал 5

Таа поднесе барање за промена на името во јули, неколку дена откако наполни 18 години, наведувајќи лични причини за одлуката. Вивиен, 18-годишната ќерка на холивудските актери Анџелина Џоли и Бред Пит, официјално повеќе нема да го носи презимето на својот татко. Суд во Лос Анџелес во понеделникот го одобри нејзиното барање за промена на името, пренесува „Пејџ сикс“ (Page Six). Судијката Вирџинија Кини од Вишиот суд на округот Лос Анџелес ја одобри промената на нејзиното име од Вивиен Маршелин Џоли-Пит во Вивиен Маршелин Џоли.

Fresh : 0.57 || 0 | 0 | 1 | 1 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Прилепска Пиварница и оваа година ја поддржува кампањата „Movember“ со донација и едукативна брошура за машкото здравје
Локално

Локално

Прилепска Пиварница, преку брендовите Златен Даб и Златен Даб Амбер, и годинава се приклучува на глобалната кампања Movember, посветена на подигнување на свеста за машкото здравје. Во рамките на кампањата, компанијата ќе донира опрема и средства што се потребни за спроведување на прегледите во Одделот за урологија при ЈЗУ Општа болница Струмица и подготви едукативна брошура за важноста на превенцијата и навременото информирање. Светското движење Movember поттикнува отворен разговор за здравствените предизвици кај мажите, вклучувајќи ги ракот на простата и ракот на тестисите.

Офф.нет

Прилепска Пиварница, преку брендовите Златен Даб и Златен Даб Амбер, и годинава се приклучува на глобалната кампања Movember, посветена на подигнување на свеста за машкото здравје. Во рамките на кампањата, компанијата ќе донира опрема и средства што се потребни за спроведување на прегледите во Одделот за урологија при ЈЗУ Општа болница Струмица и подготви едукативна брошура за важноста на превенцијата и навременото информирање.

МКД

Прилепска пиварница, преку брендовите Златен Даб и Златен Даб Амбер, и годинава се приклучува на глобалната кампања Moвембер, посветена на подигнување на свеста за машкото здравје. Во рамките на кампањата, компанијата ќе донира опрема и средства што се потребни за спроведување на прегледите во Одделот за урологија при ЈЗУ Општа болница Струмица и подготви едукативна брошура за важноста на превенцијата и навременото информирање. Светското движење Movember поттикнува отворен разговор за здравствените предизвици кај мажите, вклучувајќи ги ракот на простата и ракот на тестисите.

Fresh : 0.70 || 0 | 0 | 1 | 2 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

Сцена

1.0 | 0 | 0 | [0|0]Денеска во Хрватска е Ден на национална жалост по повод смртта на Мишо Ковач
Република

Република

Хрватска денеска, 3 ноември, одбележува Ден на национална жалост по смртта на пејачот Мате Мишо Ковач, кој почина на 85-годишна возраст. Во знак на почит кон еден од најпознатите музичари во земјата и регионот, државните знамиња се спуштени на половина копје. Официјалната комеморација и погребот се закажани за утре, 4 ноември, во Загреб.

Телма

Мишо Ковач за време на својот живот рекол дека сака да биде погребан во Загреб, каде што е погребан неговиот син Еди, кој почина во 1992 година на 16-годишна возраст. Неговата последна желба ќе биде исполнета и тој ќе биде погребан во загрепскиот Мирогој, покрај неговиот син, кого никогаш не го преболел. Тој важи за легенда на Шибеник, Хајдук и Далмација, човек кој продал повеќе од 20 милиони плочи во речиси половина век кариера.

Локално

Веста за смртта на легендарниот пејач Мишо Ковач го потресе целиот регион, а бројни колеги, пријатели и обожаватели се збогуваа со музичкиот великан. Меѓу нив е и Здравко Чолиќ, кој сподели емотивна порака на социјалните мрежи посветена на колегата чии песни обележаа генерации. Чолиќ објави црно-бела фотографија од Мишо Ковач на својот официјален профил на Инстаграм, заедно со кратка, но моќна порака во која покажа колку неговото музичко дело значеше за генерациите пејачи.

Лидер

Последната желба на легендарниот хрватски пејач Мате Мишо Ковач ќе биде исполнета. По смртта на 31 октомври, на 86-годишна возраст, тој ќе биде погребан на загрепските гробишта Мирогој, веднаш покрај својот син Еди, чија прерана загуба никогаш не успеа да ја преболи во текот на животот. Веста дека Мишо ќе почива покрај својот единствен син дополнително ги растажи неговите многубројни обожаватели, кои добро знаат колку голема трага остави оваа семејна трагедија во животот на пејачот.

Fresh : 0.52 || 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 1 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 81.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0„Моментално сум по малку бездомник“: Кејџ живее по хотели поради свлечиште пред неговата вила во Малибу
Лидер

Лидер

Холивудскиот актер Николас Кејџ привремено не може да живее во својот дом вреден 10,5 милиони долари во Малибу. Свлечиште и силна крајбрежна ерозија предизвикаа огромно пропаѓање на земјиштето точно пред неговата луксузна резиденција, поради што актерот моментално престојува по хотели. Шеесет и двегодишниот актер отворено зборуваше за овој проблем во саботата за време на настанот „Лос Анџелес комик кон“, откако беше прашан за плановите за прославата на Халовин.

Точка

Потсетуваме, пред неговата вила вредна 10,5 милиони долари се создала огромна дупка, токму на местото каде што претходно се наоѓал приодот до пространата модерна куќа. Асфалтот и бетонот пред затворената гаража, се чинело, едноставно напукнале и пропаднале во земјата, заедно со предмети како мобилен тоалет и искршени делови од заштитната ограда. Актерот (62) во саботата се појавил на конвенцијата „Л.А Комик-кон“, каде што го прашале какви планови има за таа вечер, во пресрет на Ноќта на вештерките.

Fresh : 0.60 || 0 | 1 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Кога срцето копнее по дома: Актерите Марија Кондовска и Владо Јовановски во спотот за макфестовската – „Дом“ на Давид Темелков (Видео)
Вистина

Fresh : 0.08 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 11.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

Технологија

1.0 | 0 | 0Ултразвучни бранови може да намалат нарушени размислувања кај лицата со шизофренија и шизоафективно растројство
Република

Република

Научници откриле дека насочените звучни бранови можат да помогнат во намалувањето на нарушени размислувања кај луѓето со шизофренија и шизоафективно растројство. Ваквиот заклучок доаѓа од ново истражување објавено во научното списание „npj Acoustics“. Научниците од „NYU Langone Health“ тестирале метод познат како транскранијална ултразвучна стимулација на десет лица чии симптоми перзистирале и покрај земањето лекови.

Курир

Научници открија дека насочените звучни бранови можат да помогнат во намалувањето на нарушени размислувања кај луѓето со шизофренија и шизоафективно растројство. Тоа го покажа ново истражување објавено во научното списание npj Acoustics. Научниците од NYU Langone Health тестираа метод познат како транскранијална ултразвучна стимулација на десет лица чии симптоми перзистираа и покрај земањето лекови.

Fresh : 0.08 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 11.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Теоријата стара неколку децении за тоа како започнал животот на Земјата е погрешна: Научниците дојдоа до нови сознанија
МКД

МКД

Научници од Универзитетот во Кембриџ, преку ново истражување, ја доведоа во прашање претпоставката дека клучните органски молекули пристигнале на нашата планета преку ледени комети од оддалечени делови на Сончевиот систем,пренесува Дејли мејл. Според оваа теорија, кометите донеле на Земјата големи количества хемиски соединенија неопходни за да се поттикнат процесите од кои настанал животот. Сепак, компјутерските симулации покажаа дека повеќето комети се движат со преголема брзина и со неповолен агол кога влегуваат во атмосферата на Земјата.

Денар

Една од долгогодишните научни теории сугерира дека состојките неопходни за живот на Земјата пристигнале од вселената, можеби благодарение на кометите. Оваа идеја е поткрепена со откривањето на органски молекули во кометите, но новите истражувања покажуваат дека веројатноста тие да стигнат до Земјата на тој начин е многу помала отколку што се сметаше претходно. „Малку е романтична идеја, но нашите резултати покажуваат дека е многу малку веројатно“, вели астрономот Ричард Енслоу од Универзитетот во Кембриџ, објавува ScienceAlert.

Fresh : 0.08 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 11.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

Емисии

Tweets