Џабе се разговори за инфраструктура, ако македонските превозници не можат да ја преминат границата. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на швајцарско-македонскиот бизнис форум го посочи како итен за решавање проблемот на транспортерите кои не можат слободно да возат во Шенген зоната. Вели дека другите држави треба да го земат примерот на Швајцарија, која е првата држава која почна да им дава долгорочни визи на македонските превозници.
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски денеска уште еднаш порача дека не е доволно само да се одржуваат конференции и дебати, ако не се најде конкретно решение за проблемот со превозниците. Учествувајќи на панел во рамки на швајцарско-македонскиот бизнис форум што го организира СвисЧем, Николоски во однос на билатералните договори, како решение за транспортерите, ја посочи Швајцарија и изрази надеж дека нејзиниот пример ќе го следат и останатите земји членки на Шенген зоната. Ние можеме да имаме одлични конференции, да си муабетиме, но ако потоа останеме затворени, беспредметен е секој разговор, оцени Николоски.
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски денеска уште еднаш порача дека не е доволно само да се одржуваат конференции и дебати, ако не се најде конкретно решение за проблемот со превозниците. Учествувајќи на панел во рамки на швајцарско-македонскиот бизнис форум што го организира СвисЧем, Николоски во однос на билатералните договори, како решение за транспортерите, ја посочи Швајцарија и изрази надеж дека нејзиниот пример ќе го следат и останатите земји членки на Шенген зоната. Ние можеме да имаме одлични конференции, да си муабетиме, но ако потоа останеме затворени, беспредметен е секој разговор, оцени Николоски.
Инвестициите во патната и железничката мрежа на коридорите 8 и 10 се реализираат забрзано, Македонија бележи раст на економијата, цената на горивото е убедливо најниска не само во целиот регион туку во цела Европа. Владата продолжува да го стимулира извозот зашто тоа е прв приоритет за домашната економија, рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на Форумот за глобална трговија и раст 2026 што го организира Швајцарската комора на Македонија. Како што истакна Николоски, извозот е приоритет зашто доколку се ограничиме само на домашниот пазар, тогаш би биле далеку и од ова ниво на економски раст што го имаме сега.
Дека повторно ќе го направиме силен, достоинствен и пред се горд град. Ви ветив работа и дела. Денес сум повторно пред вас, да положам отчет за тоа ветување.
Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 19.10.2026 до 22.10.2026 зема 159 примероци за физичко-хемиска и 159 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).
Поради посета на делегација од Косово утре во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај. Како што соопштува МВР, на 27.10.2026 (вторник) во официјална посета на Македонија ќе присуствува претседателката на Собранието на Република Косово, Албулена Хаџиу. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.
Плоштадот „Македонија“ во Скопје темелно се чисти со специјални средства и вода под притисок, со цел да се отстрани насобраната нечистотија и просторот повторно да добие уреден изглед. Активностите се спроведуваат на една од најпрепознатливите локации во центарот на градот, која секојдневно ја посетуваат голем број граѓани и туристи. Целта на активностите е подобрување на изгледот и одржувањето на плоштадот, кој претставува едно од главните места за собирање на граѓаните и за туристички посети во Скопје.
Кочанското обвинителство поднесе обвиненија за даночни контролори и инспектори од УЈП, меѓу кои и Драган Паунов, братот на претседателката на Кривичниот суд, Даниела Димовска. Обвиненија има и за газдата на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов Деко, неговиот син Михајло како и вработена во Државниот пазарен инспекторат. Обвинетите се гонат за поткуп, злоупотреба на службена положба, оддавање службена тајна и фалсификување, во врска со контролите на УЈП во дискотеката “Пулс” во Кочани и во други поврзани фирми.
Основното јавно обвинителство Кочани поднесе обвинителен акт против три лица и обвинителен предлог против шест лица за дејствија на поткуп, злоупотреба на службена положба, оддавање службена тајна и фалсификување, во врска со контролите на Управата за јавни приходи во дискотеката “Пулс” во Кочани и во други поврзани фирми. Обвинителен акт за кривично дело – Примање поткуп од член 357 од Кривичниот законик е поднесен против двајца даночни контролори, од кои еден е обвинет за две вакви дејствија. Тие од третото лице, обвинето за – Давање поткуп од член 358 од Кривичниот законик, побарале и примиле очила и рачен часовник со цел да го информираат за ненајавени вонредни контроли во фирмите каде тој бил одговорно лице.
Обвинение за даночни контролори и инспектори од УЈП, меѓу кои и Драган Паунов, братот на претседателката на Кривичниот суд, Даниела Димовска, газдата на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов Деко и неговиот син Михајло, како и вработена во Државниот пазарен инспекторат поднесе кочанското обвинителство. Обвинетите се гонат за поткуп, злоупотреба на службена положба, оддавање службена тајна и фалсификување, во врска со контролите на УЈП во дискотеката “Пулс” во Кочани и во други поврзани фирми. Двајца даночни контролори се гонат дека побарале и добиле очила и рачен часовник за да го информираат Михајло Јованов за ненајавени вонредни контроли на УЈП.
Очила и рачен часовник во замена за информација кога ќе се врши ненајавена инспекција. Двајца даночници, меѓу кои и братот на претседателката на скопскиот Кривичен суд, заработија обвинение, бидејќи го известувале газдата на дискотеката „Пулс“ Дејан Јованов кога МВР и УЈП ќе прават контроли. За возврат добивале скапи подароци.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со претседателката на Собранието на Република Косово, Албулена Хаџиу, на која во фокусот биле унапредувањето на билатералната соработка и зајакнувањето на пријателските односи меѓу двете земји. Мицкоски информираше за средбата преку објава на социјалните мрежи, посочувајќи дека отворениот дијалог, меѓусебното почитување и засилената регионална соработка се важни предуслови за напредокот на регионот. Премиерот изрази уверување дека со продлабочување на соработката може да се придонесе за поголема стабилност, економски развој и забрзана европска интеграција на регионот.
Претседателката на Собранието на Република Косово, Аљбуљена Хаџиу, денеска ќе престојува во посета на македонското Собрание. Како што информира собраниската прес-служба, по пречекот со високи државни и воени почести, Хаџиу ќе оствари тет-а- тет средба со претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, и делегација, и ќе се потпише во Книга на впечатоци. МИА.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши и неговата косовска колешка, Албулена Хаџиу, денес во Скопјe разговарале за процесот на европска интеграција и оцениле дека меѓусебната соработка треба да биде насочена кон создавање услови за забрзување на европската интеграција на целиот регион врз основа на заслуги, исполнување на критериумите и доследно спроведување на реформите. Хаџиу се заложила за понатамошно подобрување на конструктивната соработка меѓу македонскиот и косовскиот парламент, наведувајќи дека нејзината прва официјална посета како претседател на Собранието на Косово на Македонија е „силна потврда за важноста на одличните билатерални односи и плодната соработка меѓу две пријателски земји“. Таа изразила благодарност што Македонија континуирано има афирмативен став кон пристапувањето на Косово во сите мултилатерални и регионални организации и иницијативи.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со претседателката на Собранието на Република Косово, Аљбуљена Хаџиу, која претстојува во официјална посета на земјава. На средбата присуствуваа: потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, претседателката на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Косово, Имрлие Салиу-Фетаи и генералната секретарка, Марина Димовска. Претседателот Африм Гаши изрази задоволство од реализирањето на официјалната посета на претседателката Аљбуљена Хаџиу, што претставува потврда на заемната посветеност на унапредувањето на добрососедските односи, парламентарниот дијалог и соработката меѓу Северна Македонија и Косово.
Во Македонија првпат е извршена трансплантација на бубрег од мајка на дете со Алпортов синдром, ретка наследна генетска болест која го оштетува бубрежното ткиво и може да доведе до бубрежна слабост, соопшти Министерството за здравство. По спроведените потребни медицински испитувања, била утврдена компатибилност меѓу донорот и примателот, а мајката оценета како соодветен жив дарител. Нејзината.
Во Македонија првпат е извршена трансплантација на бубрег од мајка на дете со Алпортов синдром, ретка наследна генетска болест која го оштетува бубрежното ткиво и може да доведе до бубрежна слабост, извести Министерството за здравство. По спроведените потребни медицински испитувања, утврдена е компатибилност меѓу донорот и примателот, а мајката е оценета како соодветен жив дарител. Нејзината одлука му дава на детето нова шанса за живот и претставува значаен медицински успех во третманот на пациентите со ретки заболувања.
Министерството за здравство соопшти дека во Македонија првпат е извршена трансплантација на бубрег од мајка на дете со Алпортов синдром, ретка наследна генетска болест која го оштетува бубрежното ткиво и може да доведе до бубрежна слабост. По спроведените потребни медицински испитувања, утврдена е компатибилност меѓу донорот и примателот, а мајката е оценета како соодветен жив дарител.
Во Македонија првпат е извршена трансплантација на бубрег од мајка на дете со Алпортов синдром, ретка наследна генетска болест која го оштетува бубрежното ткиво и може да доведе до бубрежна слабост. „Ова е пример за најдоброто во нашето здравство – стручност, тимска работа и човечност. Секој трансплантиран бубрег значи нова шанса за живот”, вели министерот за здравство, Сашо Клековски.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на потпишувањето на Националната програма за достоинствена работа за периодот 2026–2030 година, при што порача дека целта на Владата е создавање економија во која трудот се почитува, а работата обезбедува достоинствен живот за секое семејство. Денес зборуваме за една од најважните теми за секое општество. За работата.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека Македонија треба да биде земја во која трудот се почитува, знаењето се вреднува, а работата обезбедува достоинствен живот, истакнувајќи дека економскиот раст мора да донесе конкретни придобивки за граѓаните. Ова го истакна на потпишувањето на Националната програма за достоинствена работа за периодот 2026–2030 година, која претставува заедничка обврска на Владата, работодавачите, синдикатите и институциите за унапредување на условите за работа и заштитата на работничките права. Мицкоски посочи дека економијата не се сведува само на бројки, статистики и проценти, туку дека зад секоја плата стои семејство, а зад секое ново работно место надеж за подобар живот.
Националната програма за достоинствена работа 2026-2030 претставува заедничка обврска на Владата, работодавачите, синдикатите и институциите за унапредување на условите на пазарот на трудот, обезбедување квалитетни работни места и поголема заштита на работничките права, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски на свеченоста по повод потпишувањето на програмата. Како што соопштуваат од Владата, Мицкоски истакна дека програмата е насочена кон надминување на предизвиците со кои се соочува државата, меѓу кои недостигот од квалификувана работна сила, иселувањето на младите, недоволната продуктивност и неусогласеноста меѓу образовниот систем и потребите на стопанството. Според него, целта е економскиот раст да се преточи во подобар животен стандард за граѓаните и отворање квалитетни и добро платени работни места.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека Македонија треба да биде земја во која трудот се почитува, знаењето се вреднува, а работата обезбедува достоинствен живот, истакнувајќи дека економскиот раст мора да донесе конкретни придобивки за граѓаните. Ова го истакна на потпишувањето на Националната програма за достоинствена работа за периодот 2026–2030 година, која претставува заедничка обврска на Владата, работодавачите, синдикатите и институциите за унапредување на условите за работа и заштитата на работничките права. Мицкоски посочи дека економијата не се сведува само на бројки, статистики и проценти, туку дека зад секоја плата стои семејство, а зад секое ново работно место надеж за подобар живот.
Најстудено утрово е на Попова Шапка, каде што се измерени -4 степени. Минусни температури се измерени и во Лазарополе (-3) и во Берово и Маврови Анови (-1). Како што соопшти УХМР, 0 степени се измерени во Скопје-Петровец, Крива Паланка и Крушево, 1 степен во Тетово и Демир Капија, 2 во Охрид и Струмица, 3 степени во Виница и Кавадарци, 4 степени во Претор, Прилеп, Штип, Велес и Куманово, 5 степени во Скопје-Зајчев Рид и Битола и 11 во Гевгелија. Во изминатите 24 часа, најмногу дожд (два литра на квадратен метар) наврнал во Виница и еден во Пожар-Радовиш.
Во понеделник на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (над 50 km/h). Утринските температури се движат од 4 до 11, а највисоките дневни соодветно ќе бидат меѓу 11 и 20 Целзиусови степени.
Утре времето ќе биде променливо облачно, а во северните делови од земјата се очекуваат врнежи од дожд, кои на повисоките планини ќе преминуваат во снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во среда и четврток се очекува релативно стабилно време, додека во петок и за време на викендот повторно ќе има услови за појава на врнежи. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, кој денеска и утре наместа долж Повардарието повремено ќе засилува и ќе достигнува силен интензитет.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен, наместа повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени. Во Скопје, променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд.

26 окт – 30 окт17. ЕХО – Фестивал на планински филмСкопје
ДенесGlobal Trade & Growth Forum 2026Скопје
Платен влез — потребен е билет · 200 ден25 окт – 27 октСКЕЈТБОРДИНГОТ НЕ Е ЗА ДЕВОЈЧИЊА - Проекции | КОТУР КАФЕ И ФИЛМСкопје
Влез слободен — без билет и без пријава26 окт – 1 ноеКрводарителски акцииниз целата земја
Платен влез — потребен е билет26 окт – 6 ноеКурсеви по француски јазик - зимска сесијаФранцуски институт во Скопје
38Cineplexx Skopje
24Македонски народен театар
20Македонска филхармонија
17Драмски театар Скопје
9Public Room
8Арена Борис Трајковски
7Киноверзум Велес
650та Дивизија
6Киноверзум ШтипP5Portal
5Киноверзум Драчево
5Национална опера и балет
5СЦ Јане Сандански
5Центар за култура
4Ведра Едукација
4Кино Фросина
4Лабораториум
4Македонски Брод
4Скопје
4Струмица
3East Gate Mall
3Stanica 26
3Киноверзум Кисела Вода
3Младински културен центар

Сите места ›
26 окт – 30 окт17. ЕХО – Фестивал на планински филмСкопје
ДенесGlobal Trade & Growth Forum 2026Скопје
Платен влез — потребен е билет · 200 ден25 окт – 27 октСКЕЈТБОРДИНГОТ НЕ Е ЗА ДЕВОЈЧИЊА - Проекции | КОТУР КАФЕ И ФИЛМСкопје
Влез слободен — без билет и без пријава26 окт – 1 ноеКрводарителски акцииниз целата земја
Платен влез — потребен е билет26 окт – 6 ноеКурсеви по француски јазик - зимска сесијаФранцуски институт во Скопје
Бесплатен влез со задолжителна регистрација — пријави се кај организаторот пред настанот26 окт – 13 ноеОбука „Дигитални иновации и психосоцијална отпорност“Меѓународен Славјански Универзитет · Свети Николе

+379 настани ›Според прелиминарните резултати од Републичката изборна комисија на Србија, 2 267 615 граѓани гласале за Студентската листа, а 1 685 022 за листата „Обединета Србија“ на Александар Вучиќ. Излезноста на предвремените избори во Србија достигна околу 68,8 насто. Врз основа на прелиминарните резултати, во српскиот парламент влегуваат Студентска листа со 140 пратенички места, која има апсолутно мнозинство, листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ со 104 места, како и четири листи на малцинствата, кои освоиле вкупно шест пратенички места.
Излезноста на денешните предвремени парламентарни избори во Србија е значително поголема отколку на претходните избори. Според податоците на Цесид и Ипсос објавени од Јуроп илектс, до 9:00 часот наутро гласале 12 проценти од гласачите. За споредба, во исто време на парламентарните избори во 2023 година, излезноста била 5,2 проценти, во 2022 година 5,1 процент, во 2020 година 5,2 проценти, во 2016 година 5,2 проценти, а во 2014 година 5,3 проценти.
Оо 09:00 часот излезноста достигнала 12 отсто – што е повеќе од двојно во споредба со истиот период за време на парламентарните избори во 2023 година, кога изнесувала 5,2 отсто.
Утринскиот дел од изборниот ден се одбележа со многу висока излезност на гласачите, но и со низа неправилности што ги забележаа набљудувачите на избирачките места, сооштија од мисијата за набљудување на изборите CRTA. Меѓу неправилностите, најчеста e фотографирање на гласачките ливчиња, што е забележано на 25 отсто од избирачките места во Србија. Во Белград, оваа појава – која укажува на загрозување на тајноста на гласањето и вршење притисок врз гласачите – беше забележана на повеќе од половина од избирачките места.
Лидерот на опозицијата, Александар Вучиќ, рече дека никој нема да може да го замолчи. Тие не знаат колку е силна нашата структура. Некои од нас ќе си заминат и тоа е во ред.
Ја обвини ,,Длабоката држава" за поразот.
Лидерот на Кавачкиот криминален клан Радое Звицер ја прослави победата на „Студентската листа“ и изборниот пораз на Александар Вучиќ, објави српска „Политика“. По тој повод Звицер организираше забава, а на видеоекран беше прикажана навредлива порака што тој му ја упати на Вучиќ. Текстот (ВИДЕО) „Политика“: Лидерот на Кавачкиот клан го славеше поразот на Вучиќ е превземен од А1он.
Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта Категорија: Балкан Новинар: Александар Спасовски.
Носителот на изборната листа „Обединета Србија“, Александар Вучиќ, изјави денеска, во врска со упадот во телевизијата Информер, дека поддржувачите на Српската напредна партија ќе мора да се самоорганизираат доколку државните органи не преземат ништо во врска со тоа. Како што пренесе телевизијата Информер, Вучиќ на прославата на партиската слава побара од државните органи да си ја вршат работата и да реагираат во, како што се изрази, „случаите на терор врз луѓето“. „Ако државата не реагира, во деновите што следуваат ќе мора да донесеме сопствени одлуки.
Најновите вести за изборите во Србија следете ги ОВДЕ . Драган Ј. Вучиќевиќ, главниот уредник и сопственик на српскиот таблоид „Информер“, утрово дошол на гласање со сопругата, но додека чекал во редот на избирачкото место, дел од присутните почнале да го провоцираат. Според српскиот портал „Нова.рс“, неколкумина граѓани почнале да имитираат ржење на коњ, на што други присутни реагирале со аплауз. Во видеоснимката се слушаат и дофрлувања како „Гледај колку те сакаат луѓето“ и „Убаво му почна утрото“.
Група од неколку десетици граѓани вечерва упадна во редакцијата на таблоидот и телевизијата Информер.рс за време на програмскиот сегмент Колегиум, кој се емитува во живо. ТВ Информер важи за едно од главните пропагандни гласила на српскиот претседател Александар Вучиќ. Меѓу граѓаните кои влегоа во телевизијата беше и Дијана Хрка, мајка на Стефан Хрка, кој загина при уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.
Меѓу нив е и Дијана Хрка, мајка на една од жртвите од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад. Видео на кое се гледа групата пред Информер беше објавено на социјалните мрежи. „Да одржиме колегиум заедно“, стои во описот на видеото, во кое се слуша викање од толпата.
Излезноста на парламентарните избори во Израел достигна 31,5 отсто до пладне, што е највисок одѕив во овој дел од денот во последните 53 години. Израелците денеска масовно излегуваат на гласање на изборите што се сметаат за клучен тест за политичката иднина на премиерот Бенјамин Нетанјаху, кој се соочува со силен противкандидат и со сè поголемо незадоволство од неговото владеење. Според податоците објавени од израелските медиуми, ваква излезност до пладне не е забележана од 1973 година, кога тогашната премиерка Голда Меир успеа да остане на власт и покрај избувнувањето на Јомкипурската војна два месеци пред изборите.
Илјадници луѓе се собраа во саботата ноќта на „Плоштадот на заложниците“ во Тел Авив, барајќи формирање истражна комисија за пропустите направени за време на масакрот од 7 октомври 2023 година. Настанот беше организиран од „Октомврискиот совет“ (October Council) – група составена од семејства и пријатели на жртвите и преживеаните киднапирани од палестинските милитанти на 7 октомври 2023 година, за да повика на одговорност за неуспехот да се спречи нападот на Хамас што ја предизвика војната во Газа. На собирот беа присутни и опозициските челици Гади Ајзенкот (Yashar), Нафтали Бенет (B’Yachad) и Авигдор Либерман (Yisrael Beytenu), извести The Jerusalem Post.
Протестот беше организиран од Октомврискиот совет, група основана од семејства на жртви и заложници киднапирани од палестинските милитанти на 7 октомври 2023 година, за да побара одговорност за неуспехот да се спречи нападот на Хамас што ја предизвика војната во Газа. „Три дена пред изборите, ќе одржиме последен настан за да одбележиме три години борба за откривање на вистината, барање одговорност и формирање државна истражна комисија“, напиша Октомврискиот совет на X пред митингот. Тесна трка.
Први избори по нападот на Хамас и војната во Газа.
„Многу сум скептична во однос на оваа норвешка и финска иницијатива. Таа не беше усогласена со никого од нас останатите“, изјави Фредериксен, пренесува данскиот јавен сервис ДР. Според неа, Русија не сака мир со Европа и секојдневно води хибридна војна. „Она на што сме сведоци во последните недели е екстремна бруталност од страна на Русија.
Русија ќе се обиде да ја искористи новата рунда преговори за Украина за да направи отстапки што би го ослабнале НАТО, а Владимир Путин може да побара алијансата да го врати своето присуство во Европа на нивото од 1997 година, пишува британскиот „Телеграф“. Јуриј Ушаков, советник за надворешна политика на Кремљ, изјави дека Европа треба да учествува и во преговорите меѓу руските, украинските и американските претставници, бидејќи, како што рече, тоа е клучно за постигнување договор. Дипломатски извори за „Телеграф“ тврдат дека Москва сака Европејците да бидат на маса за да добие отстапки за проширувањето на НАТО, што Путин го нарекува „коренска причина“ на војната.
Финскиот претседател Александар Стуб и норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе во вторникот разговараа по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, а потоа и со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Разговорот со Путин беше за претстојните состаноци во Абу Даби, објави кабинетот на финскиот претседател. Истовремено и Кремљ извести за телефонскиот разговор истакнувајќи дека рускиот претседател со соговорниците зборувал за „состојбата и причните“ за војната во Украина како и дека постигнувањето мир мора да ги остварува интересите на Москва.
Финскиот претседател Александер Стуб и норвешкиот премиер Јонас Гар Стере денеска телефонски разговарале со рускиот претседател Владимир Путин, а потоа и со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Разговорот со Путин бил посветен на претстојните средби во Абу Даби, соопштија од кабинетот на финскиот претседател. Зеленски во петокот откри дека преговарачите на Украина….
Прекинот на борбите почна во 3 часот наутро, за да се овозможи влез на хуманитарна мисија во градот Олешки, кој е под руска окупација, подоцна во текот на неделава. Меланија Трамп водеше разговори со цивилни преговарачи од Русија и Украина, по средбата со претставници на Обединетите нации, кои ја запознаа со состојбата во градот, соопшти нејзиниот кабинет. Околу 2.000 луѓе останаа заробени во Олешки, на околу 550 километри југоисточно од Киев, со сè помали резерви храна и лекови.
Во последните денови, Меланија Трамп се вклучи и во хуманитарни преговори поврзани со војната. Белата куќа соопшти дека таа помогнала да се обезбеди локален прекин на огнот за окупираниот град Олешки во регионот Херсон, со што се овозможило доставување хуманитарна помош и евакуација на цивили.
Првата дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп, потврди дека за време на дипломатското посредување за воспоставување прекин на огнот во градот Олешки остварила директни разговори со претседателот на Русија, Владимир Путин, и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Оваа иницијатива резултираше со конкретен договор на теренот. Официјалните претставници на двете завојувани страни потврдија дека договорот е склучен.
Прекинот на борбите почна во 3 часот наутро, за да се овозможи влез на хуманитарна мисија во градот Олешки, кој е под руска окупација, подоцна во текот на неделава. Меланија Трамп водеше разговори со цивилни преговарачи од Русија и Украина, по средбата со претставници на Обединетите нации, кои ја запознаа со состојбата во градот, соопшти нејзиниот кабинет. Околу 2.000 луѓе останаа заробени во Олешки, на околу 550 километри југоисточно од Киев, со сè помали резерви храна и лекови.
Собранието, во рамките на 122. седница, ги усвои измените и дополнувањата на Законот за јавните набавки, со кои се предвидуваат решенија за модернизација на системот на јавни набавки, зголемување на транспарентноста и конкуренцијата, како и поефикасно и поодговорно користење на јавните средства – информираат од Министерството за финансии (МФ). Измените произлегуваат од досегашните искуства во примената на законот, потребата од негово усогласување со актуелните економски услови и реформските приоритети утврдени во реформската агенда и планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан. Еден од клучните сегменти е унапредувањето на електронскиот пазар на набавки од мала вредност, со цел зголемување на неговата употреба и поттикнување поголема конкуренција меѓу економските оператори. Истовремено, се воведува задолжителна примена на критериумот – најдобар сооднос помеѓу цена и квалитет, со што при изборот на најповолната понуда, покрај цената, ќе се земаат предвид и квалитетот и долгорочната оправданост – појаснуваат од МФ. Со законските измени се зајакнува и дигитализацијата на јавните набавки преку проширување на надлежностите на Бирото за јавни набавки за користење современи дигитални алатки и решенија базирани на вештачка интелигенција.
Собранието на на 122. седница, ги усвои измените и дополнувањата на Законот за јавните набавки, со кои се предвидуваат решенија за модернизација на системот на јавни набавки, зголемување на транспарентноста и конкуренцијата, како и поефикасно и поодговорно користење на јавните средства. Измените произлегуваат од досегашните искуства во примената на Законот, потребата од негово усогласување со актуелните економски услови и реформските приоритети утврдени во Реформската агенда и Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан. Еден од клучните сегменти е унапредувањето на Електронскиот пазар на набавки од мала вредност, со цел зголемување на неговата употреба и поттикнување поголема конкуренција меѓу економските оператори.
Собранието ги усвои измените на Законот за јавните набавки, со кои се воведуваат нови решенија за поголема транспарентност, конкуренција и поефикасно користење на јавните средства. Меѓу клучните новини е задолжителната примена на критериумот „најдобар сооднос меѓу цена и квалитет“, како и унапредување на електронскиот пазар за набавки од мала вредност. Бирото за јавни набавки ќе добие пошироки надлежности за користење дигитални алатки и решенија базирани на вештачка интелигенција за следење на постапките и препознавање ризици од злоупотреби.
Собранието на 122. седница, ги усвои измените и дополнувањата на Законот за јавните набавки, со кои се предвидуваат решенија за модернизација на системот на јавни набавки, зголемување на транспарентноста и конкуренцијата, како и поефикасно и поодговорно користење на јавните средства. Измените произлегуваат од досегашните искуства во примената на Законот, потребата од негово усогласување со актуелните економски услови и реформските приоритети утврдени во Реформската агенда и Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан. Еден од клучните сегменти е унапредувањето на Електронскиот пазар на набавки од мала вредност, со цел зголемување на неговата употреба и поттикнување поголема конкуренција меѓу економските оператори.
Од полноќ стапуваат во сила новите цени на горивата, според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика. Бензините поевтинуваат за пет денари по литар, додека цената на дизелот останува иста. Со новата одлука, цената на бензините се намалува за пет денари за литар.
Утре одлука за повисоки цени на горивата во Македонија? -> 25 Октомври, 2026 0.0841 Маркетинг | Импресум | Факторметар | --> Контакт Економија Финансии Македонија Агробизнис Анализа Мои пари Балкан С.
Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе одлука за цените на горивата. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 5,00 ден/лит. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 91,00 ден/лит, додека новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 93,00 ден/лит.
Од ноќеска на полноќ, бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе се продаваат поевтино за пет денари за литар, соопштија од компанијата „Макпетрол“. Со новите цени, литар Еуросупер БС-95 ќе чини 91 денар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава за 93 денари. Цената на дизеолот останува непроменета и ќе изнесува 97 денари за литар.
Преку официјалната веб-страница loto.mk, Државна лотарија ја нуди можноста за онлајн играње на најпопуларните игри на среќа – Лото 7 и Џокер. Лото 7 и Џокер се игри што веќе со години носат возбуда и надеж на илјадници играчи. Секое извлекување носи нова приказна, а секоја комбинација е нова можност за добивка.
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK › Играј online: Лото 7 и Џокер на Државна лотарија Автор: Скопје1.
Лото 7 и Џокер се игри што веќе со години носат возбуда и надеж на илјадници играчи.
Лото 7 и Џокер се игри што веќе со години носат возбуда и надеж на илјадници играчи. Секое извлекување носи нова приказна, а секоја комбинација е нова можност за добивка. Со едноставна регистрација на официјалната веб-страница loto.mk, секој полнолетен играч може да ја проба својата среќа без потреба од посета на уплатно место.
Шок во Ѓорче Петров – 76-годишна жена е пронајдена мртва во својата куќа, а на телото имало видливи траги на насилство. Случај кој е речиси идентичен со оној од пред пет дена, кога во својот дом беше најдено телото на 62-годишен маж, кој исто така имал видливи повреди. Засега нема никакви информации дали станува збор за убиства, на што укажуваат повредите или дали воопшто двата случаи се поврзани, или станува збор за несреќна коинциденција.
Денеска (27.10.2026) во 09:18 часот во СВР Скопје М.А. пријавила дека во куќа на ул.„Ѓурчин Кокале“ во Скопје ја пронашла нејзината мајка О.А.(76), без знаци на живот. Од страна Итна медицинска помош констатирана е смрт со видливи траги од насилство. Известен е јавен обвинител по чии насоки телото е дадено на обдукција.
годишна жена била пронајдена мртва во својот дом на улицата „Ѓурчин Кокале“ во скопската општина Ѓорче Петров. Случајот бил пријавен денеска (27 октомври) во 9:18 часот во СВР Скопје од страна на М.А., која ја пронашла својата мајка О.А. без знаци на живот. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт со видливи траги на насилство.
годишна жена е пронајдена почината во својот дом на улицата „Ѓурчин Кокале“ во скопската населба Ѓорче Петров, информираат од Министерството за внатрешни работи. Случајот бил пријавен денеска во 09:18 часот во СВР Скопје од страна на нејзината ќерка, која ја пронашла мајка си О.А. без знаци на живот. Од Итната медицинска помош била констатирана смрт, при што биле забележани видливи траги од насилство.
Јавното обвинителство ги оцени како целосно неприфатливи предлозите на одбраната за сослушување на сопственикот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов и неговиот син Михајло Јованов во судскиот процес против деветмината полициски службеници за наводни пропусти при проверките и издавањето согласности за угостителскиот објект. Јавната обвинителка Спасенка Андонова на денешното рочиште во Основниот кривичен суд Скопје, по презентирањето на обемните доказни листи од страна на одбраната, посочи дека предложените сведоци немаат никаква допирна точка со суштината на обвинението. За обвинителството ваквите предлози апсолутно беа неприфатливи, прво немаат допирна точка со она што е предмет на обвинение, ниту пак околностите коишто одбраната ги наведе како причина зошто се истите предложени како сведоци, за обвинителството не беа прифатливи – изјави јавната обвинителка Спасенка Андонова, во изјава за медиумите по денешното рочиште во Основниот кривичен суд Скопје.
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето против деветмината полициски службеници обвинети во предметот поврзан со дискотеката „Пулс“ во Кочани, при што одбраната ги образложуваше предлог-доказите од доказните листи. Одбраната предложи изведување на повеќе материјални докази, како и распит на повеќе сведоци, меѓу кои и Дејан Јованов - Деко. Според предлогот, сведокот треба да се изјасни за околностите дали се стекнал со противправна имотна корист и дали имал контакти и се познавал со обвинетиот Боби Гидиоски.
Во Кривичниот суд во Скопје се одржа ново рочиште за деветмината полицајци обвинети во случајот „Пулс“. Бранителите, предлагајќи ја листата на докази и сведоци, побараа и нивните клиенти да бидат сослушани во својство на сведоци. Тие се обвинети дека со злоупотреба на службената положба придонеле објектот „Пулс“ да добие лиценца за работа од Министерството за економија, при што не ги извршиле потребните проверки и дале согласност без целосно утврдување на условите.
Јавното обвинителство ги оцени како целосно неприфатливи предлозите на одбраната за сослушување на сопственикот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов и неговиот син Михајло Јованов во судскиот процес против деветмината полициски службеници за наводни пропусти при проверките и издавањето согласности за угостителскиот објект. Јавната обвинителка Спасенка Андонова на денешното рочиште во Основниот кривичен суд Скопје, по презентирањето на обемните доказни листи од страна на одбраната, посочи дека предложените сведоци немаат никаква допирна точка со суштината на обвинението. За обвинителството ваквите предлози апсолутно беа неприфатливи, прво немаат допирна точка со она што е предмет на обвинение, ниту пак околностите коишто одбраната ги наведе како причина зошто се истите предложени како сведоци, за обвинителството не беа прифатливи – изјави јавната обвинителка Спасенка Андонова, во изјава за медиумите по денешното рочиште во Основниот кривичен суд Скопје.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против 18-годишен скопјанец поради сомнение дека извршил кривично дело „ силување на дете кое не наполнило 15 години “. „На 2 октомври 2025 година, во напуштена куќа на подрачјето на Шуто Оризари , пријавениот Ј. А. извршил обљуба врз малолетничка“, велат од МВР.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 19-годишник од Скопје, со привремен престој во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“. На 08.09.2026, со судска наредба, бил извршен претрес во домот кој го користел во Струга, пријавениот бил пронајден со 16-годишна малолетничка од Скопје. Малолетничката е предадено на претставници на Центарот за социјални работи од Струга за натамошна постапка.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднела кривична пријава против 19-годишник од Скопје, кој привремено престојувал во Струга, под сомнение за кривично дело „вонбрачен живот со дете“. Според информациите, на 8 септември 2026 година, при претрес во домот што го користел младиот скопјанец, извршен со судска наредба, била затекната 16-годишна малолетничка од Скопје. Малолетничката потоа била предадена на претставници на Центарот за социјални работи во Струга, кои треба да преземат понатамошни мерки.
Кривична пријава за сомнение за „вонбрачен живот со дете“ е поднесена против 19-годишник од Скопје, кој привремено престојувал во Струга. Според информациите од МВР, на 8 септември 2026 година, со судска наредба бил извршен претрес во домот што го користел пријавениот. Таму бил пронајден со 16-годишна малолетничка од Скопје.
Во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје ќе се одржи второто издание на меѓународната научна конференција со наслов Мит и драма: кризи, граници, другости (27-28 октомври 2026). Настанот е организиран под покровителство на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје, а во соорганизација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, УКИМ, Скопје, Институтот за македонска литература, УКИМ, Скопје и Факултетот за драмски уметности, УКИМ, Скопје. Шеесетина експерти од областа на хуманистичките науки и театарските студии, кои истражуваат во земјава и во странство (Франција, Обединетото Кралство, Шведска, Соединети Американски Држави, Грција, Полска, Турција, Индија, Шпанија, Италија, Словенија, Хрватска, Србија, Нигер и др.), ќе дискутираат за комплексните релации меѓу драмата и митот, од времето на антиката па сѐ до денес, во глобални рамки. Конференцијата предвидува и три пленарни предавања, од истакнати професори и професорки од оваа област: Пјер Лонгенес, Оддел за театарски студии, Универзитет Нова Сорбона – Париз 3, Душка Радосављевиќ, Универзитет во Лондон и Универзитет во Лунд – Шведска, и Маја Бојаџиевска, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Настанот е организиран под покровителство на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје, а во соорганизација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, УКИМ, Скопје, Институтот за македонска литература, УКИМ, Скопје и Факултетот за драмски уметности, УКИМ, Скопје. Шеесетина експерти од областа на хуманистичките науки и театарските студии, кои истражуваат во земјава и во странство (Франција, Обединетото Кралство, Шведска, Соединети Американски Држави, Грција, Полска, Турција, Индија, Шпанија, Италија, Словенија, Хрватска, Србија, Нигер и др.), ќе дискутираат за комплексните релации меѓу драмата и митот, од времето на антиката па сѐ до денес, во глобални рамки. Конференцијата предвидува и три пленарни предавања, од истакнати професори и професорки од оваа област: Пјер Лонгенес, Оддел за театарски студии, Универзитет Нова Сорбона – Париз 3, Душка Радосављевиќ, Универзитет во Лондон и Универзитет во Лунд, и Маја Бојаџиевска, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Со промоција на книгата „Зад мене белина“ од австрискиот театарски и оперски режисер Мартин Кушеј, вечерва (27.10.) во 18.30 часот во барот „Бистро“ на Театар Комедија, ќе почне работниот дел на Генералната асемблеја на „Еуродрам“ – Европската мрежа за драма и превод. Книгата на македонски јазик ја преведоа Дарко Јан Спасов и Горан Додевски, а за делото ќе зборуваат Тина Махкота, Ѓорѓи Јолевски и авторот Мартин Кушеј. На настаните до 1 ноември ќе учествуваат 60 драмски автори, преведувачи, режисери, драматурзи, издавачи и театарски професионалци од 28 земји.
Скопје ќе биде домаќин на Генералната асемблеја на Еуродрам – Европската мрежа за драма и превод, со седиште во Париз, која годинава се одржува во знакот на 25-годишнината од основањето на мрежата. На настаните од 27 октомври до 1 ноември 2026 година ќе присуствуваат 60 меѓународни гости од 28 земји: драмски автори, преведувачи, режисери, драматурзи, издавачи, театарски уметници, истражувачи и други професионалци. Програмата ја организира Еуродрам во партнерство со Театар Комедија – Скопје, кој е главен домаќин на манифестацијата.
Со промоција на блу-реј издание на „Македонска крвава свадба“, во Кинотека денеска се одбележа Светскиот ден на аудиовизуелното наследство. Македонскиот филм на Трајче Попов од 1967 година, всушност претставува екранизација на истоимената драма на Војдан Чернодрински од 1900 година. Филмот беше дигитализиран во 2025 година како дел од проектот „Сезона на филмски класици“, инициран и координиран од Асоцијацијата на европски кинотеки (АЦЕ) и поддржан од програмата Creative Europe MEDIA на Европската Унија.
На 27 октомври (вторник), сите архиви, кинотеки, филмски музеи и институти во светот ќе го одбележат Светскиот ден на аудиовизуелното наследство со активности, промоции и настани со кои фокусот на светската јавноста го насочуваат кон значењето и ранливоста на аудиовизуелното наследство. Како дел од тоа големо семејство на професионалци и институции посветени на заштитата и сочувувањето на филмското културно наследство, и Кинотеката се вклучува со свои активности во одбележувањето на овој значаен ден. Во таа насока, на 27 октомври (вторник) со почеток во 12 ч. во кинотечното кино ќе се одржи промоција на блу-реј изданието на македонскиот игран филм МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА на Трајче Попов од 1967 г., кој всушност претставува екранизација на истоимената драма на Војдан Чернодрински од 1900 г. Филмот беше дигитализиран во 2025 г. како дел од проектот „Сезона на филмски класици“ инициран и координиран од Асоцијацијата на европски кинотеки (АЦЕ) и поддржан од програмата Creative Europe MEDIA на Европската Унија.
Со промоција на блу-реј изданието на македонскиот игран филм „Македонска крвава свадба“ на Трајче Попов од 1967 година, кој е екранизација на истоимената драма на Војдан Чернодрински од 1900 година, денеска напладне во Кинотека ќе се одбележи 27 Октомври – Светскиот ден на аудиовизуелното наследство. Филмот беше дигитализиран во 2025 година како дел од проектот „Сезона на филмски класици“ инициран и координиран од Асоцијацијата на европски кинотеки (АЦЕ) и поддржан од програмата Creative Europe MEDIA на Европската Унија. Во оваа пригода, на публиката ќе ѝ се обратат директорот на Кинотеката, Бошко Грујоски и филмолозите Александар Трајковски и Дамјана Патчева, како промотори на изданието.
Со промоција на блу-реј издание на „Македонска крвава свадба“, во Кинотека денеска се одбележа Светскиот ден на аудиовизуелното наследство. Македонскиот филм на Трајче Попов од 1967 година, всушност претставува екранизација на истоимената драма на Војдан Чернодрински од 1900 година. Филмот беше дигитализиран во 2025 година како дел од проектот „Сезона на филмски класици“, инициран и координиран од Асоцијацијата на европски кинотеки (АЦЕ) и поддржан од програмата Creative Europe MEDIA на Европската Унија.
„Сопатници“ и „Писма од Норвешка“ од Исидора Секулиќ се објавени на македонски јазик во издание на „Матица македонска“. Двете дела се достапни како одделни книги, во превод од српски јазик на Ана Антоновска. Со нив, македонската публика добива можност да се запознае со раното творештво на авторката што остави значаен белег во српската модерна проза, есеистика и патописна книжевност.
Книгата „Кругови“ од Санде Стојчевски излезе во издание на „Матица македонска“. Во неа се застапени песни од повеќе негови книги и авторски размислувања за создавањето на песната. Изданието содржи предговор од Раде Силјан и овозможува поширок увид во творештвото на еден од истакнатите современи македонски поети.
„Сопатници“ и „Писма од Норвешка“ од Исидора Секулиќ се објавени на македонски јазик во издание на „Матица македонска“. Двете дела се достапни како одделни книги, во превод од српски јазик на Ана Антоновска. Со нив, македонската публика добива можност да се запознае со раното творештво на авторката што остави значаен белег во српската модерна проза, есеистика и патописна книжевност.
Во македонската поезија има автори кои го користат јазикот како средство за да кажат нешто за светот и автори за кои самиот јазик е свет што треба повторно да се открие. Во песните на Санде Стојчевски зборот е ретко само ознака за предмет, чувство или настан. Тој има своја старост, звучност, сенка, родослов, понекогаш и тајна.
Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација оствари одличен настап на меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Србија опен 2026“, кој се одржа во Нови Сад, Србија. Во силна меѓународна конкуренција, 18 натпреварувачи од македонската федерација освоија вкупно 16 медали – четири златни, три сребрени и девет бронзени, потврдувајќи го квалитетот и потенцијалот на младите македонски таеквондо-борци. На натпреварот учествуваа.
Далија Стојановска го освои златниот медал во категоријата У-19, додека Оља Цветанова се закити со бронза во категоријата У-15. Одличен настап забележаа и останатите членови на репрезентацијата. Марко Чекеровски го освои петтото, а Кирил Анчевски и Мартин Спасевски завршија на седмото место во своите категории. Репрезентацијата настапи под водство на селекторот Милан Нацевски, а постигнатите резултати се потврда за потенцијалот и посветеноста на федерацијата во насока на развој на македонскиот велосипедизам.
Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација оствари одличен настап на меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Србија опен 2026“, кој се одржа во Нови Сад, Србија. Во силна меѓународна конкуренција, 18 натпреварувачи од македонската федерација освоија вкупно 16 медали – четири златни, три сребрени и девет бронзени, потврдувајќи го квалитетот и потенцијалот на младите македонски таеквондо-борци. На натпреварот учествуваа 564 натпреварувачи од 14 европски земји: Македонија, Србија, Грција, Бугарија, Чешка, Молдавија, Босна и Херцеговина, Белгија, Словачка, Украина, Ирска, Италија, Франција и Хрватска.
Оклахома Сити Тандер ги победија Феникс Санс со 125:114 синоќа, а еден од најбизарните кошеви некогаш беше виден на овој натпревар. Ова е момент од четвртата четвртина, кога играчот на Санс, Дилон Брукс, се најде под кошот, каде што се обидуваше да ја добие топката. Во дуел со играч на Оклахома, Брукс ја доби топката и успеа да ја уфрли во кошот од паркетот.
Кошаркарот на Феникс Санс, Дилон Брукс, го постигна еден од најнеобичните поени во кошарката. Во последната четвртина од мечот против Оклахома Сити Тандер, во борба за топка, Канаѓанецот ја тапна топката, а таа заврши во кош.
Како клучно се покажа првото полувреме кое домаќините го добија со 67:53 за да потоа ги одбија сите напади на гостите од Аризона. Токму во финишот на оваа битка беше постигнат еден од најчудните кошеви во историјата на НБА, а за тоа заслужен беше Дилон Брукс. По шутот на Бриџис, Брукс и Шеј водеа битка под кошот, а овој првиот успеа да ја удри топката во паркетот и истата да заврши во мрежичката.
Кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва ги очекува натпревар на кој ќе мора да ја покажат вистинската сила. Македонскиот шампион се соочува со тежок предизвик во ФИБА Европа купот, но и со можност да го сврти текот на својата европска сезона. Пред домашната публика во „Јане Сандански“, „металците“ ќе се обидат да стигнат до првата победа во групната фаза и да ги задржат надежите за продолжување на натпреварувањето.
Почетна Кошарка Европа МЗТ Скопје го пречекува АЕК Ларнака во обид за прва победа во... Кошарка Европа МЗТ Скопје го пречекува АЕК Ларнака во обид за прва победа во ФИБА Еврокупот Објавено од Д.Т. - 2.
Првото сеопфатно истражување на сите 127 корални гребени во плитки води во светот покажа дека 96 отсто од нив се загрозени од исчезнување, првенствено поради климатските промени, морските топлотни бранови и прекумерниот риболов. Студијата на Меѓународната унија за зачувување на природата (ИУЦН) се занимава со добро познатите, шарени корални гребени што се наоѓаат на длабочина до околу 40 метри и кои, благодарение на температурата на водата и продирањето на светлината, претставуваат живеалишта со исклучително богат биодиверзитет. Меѓу загрозените области се наоѓаат Големиот корален гребен покрај брегот на Австралија, Коралниот триаголник во западниот дел на Тихиот Океан и во Југоисточна Азија, Мезоамериканскиот корален систем, како и гребените во Црвеното Море.
Извештајот во четвртокот го објави Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN), организација која исто така ја води Црвената листа на загрозени видови. Студијата се занимава со добро познатите, шарени корални гребени кои се наоѓаат на длабочина до околу 40 метри и кои, благодарение на температурата на водата и продирањето на светлината, претставуваат живеалишта со исклучително богат биодиверзитет. Меѓу загрозените подрачја се делови од Големиот корален гребен покрај брегот на Австралија, Коралниот триаголник во западниот дел на Тихиот Океан и Југоисточна Азија, Мезоамериканскиот корален систем, како и коралните гребени во Црвеното Море.
Според извештајот на Меѓународната унија за зачувување на природата, (ИУЦН) 96 отсто од 127 корални гребени во плитките води ширум светот се загрозени и во фаза на исчезнување. Станува збор за добро познати шарени корални гребени на длабочина до околу 40 метри. Меѓу загрозените се делови од Големиот корален гребен покрај брегот на Австралија, Коралниот триаголник во западниот дел на Тихиот Океан и во Југоисточна Азија, Мезоамериканскиот корален систем, како и коралните гребени во Црвеното Море.
Според извештајот на Меѓународната унија за зачувување на природата, (ИУЦН) 96 отсто од 127 корални гребени во плитките води ширум светот се загрозени и во фаза на исчезнување. Станува збор за добро познати шарени корални гребени на длабочина до околу 40 метри. Меѓу загрозените се делови од Големиот корален гребен покрај брегот на Австралија, Коралниот триаголник во западниот дел на Тихиот Океан и во Југоисточна Азија, Мезоамериканскиот корален систем, како и коралните гребени во Црвеното Море.
Мозочниот удар се почесто ги погодува и младите, а последиците можат да бидат ненадејни и доживотни. Најмладата пациентка на Клиниката за неврологија имала само 16 години, а сега таму се лекува и 37-годишен пациент. Загрижува и фактот што во последните две години лекарите сè почесто се соочуваат со млади пациенти со мозочен удар.
Само на Клиниката за неврологија секоја година има по околу 5000 нови случаи, а ова е доволно за вклучување на алармот за превенција, вели д-р Арсовска. Навременото препознавање на симптомите и брзата медицинска интервенција кога ќе се забелжи симптом како што е парализа на едната страна на телото, се клучни за намалување на ризикот од смрт и тешки последици. Сепак, во околу 90 проценти мозочниот удар може да се спречи, а треба да се започне со утврдување на факторите на ризик што ги имаме, како што се маснотии во крвта, висок крвен притисок, шеќер, вели д-р Арсовска.
Висок крвен притисок, стрес и зголемена гликемија во крвта се едни од ризик факторите за мозочен удар. Клиниката за неврологија е со исполнет капацитет, а најмладиот пациент што пред еден месец бил на болничко лекување со мозочен удар имал само 16 години. Во пресрет на светскиот ден за мозочен удар, клиниката три дена организира бесплатни прегледи за граѓаните.
Состојки за денешниот рецепт: 500 гр. мали компири 3 лажици маслиново масло 30 гр. путер 3 парчиња пилешки стек 4 лажици кечап 4 лажици мајонез 1 лажиче сол половина лажиче бибер малку рузмарин, лук во прав и магдонос Погледнете како се подготвува овој рецепт:.
Состојки за денешниот рецепт: 5 јајца 1 пиперка 1 главица кромид 2 - 3 чешниња лук 100 гр. кашкавал 100 гр. маслинки 10 шери домати масло сол, бибер и др. зачини по избор Прилог 3 потпечени лепчиња 2 парчиња сирење. Погледнете како се подготвува овој рецепт:.
Ќе ви треба: 500 г свеж спанаќ 1 лажица путер 1 лажица брашно 150–200 мл млеко 1–2 чешниња лук сол и бибер по вкус Подготовка : Исчистете го спанаќот и добро измијте го. Оставете го во врела вода две минути да омекне, потоа исцедете го и ситно исечкајте го. Растопете го путерот во тенџере на средна температура. Потоа додадете го ситно исечканиот лук и пржете го кратко додека не замириса, потоа додадете го брашното и мешајте околу половина час. Додадете го млекото, мешајќи постојано за да нема грутки, додека смесата не стане мазна.
Потребни состојки: 2 јајца 200 мл јогурт 100 мл масло 250 г брашно 1 прашок за печиво 150 г бело сирење 100 г рендан кашкавал 1 мала црвена пиперка, ситно исечкана 2 лажици сусам. Малку сол (по вкус, зависно од соленоста на сирењето) Малку оригано или магдонос по желба. Начин на подготовка: Во длабок сад изматете ги јајцата, па додајте ги јогуртот и маслото.
Својата слободна недела ја поминала релаксирајќи се покрај базенот, каде што позира без горниот дел од костимот за капење во топлес , а покрај фотографијата напиша едноставно: „Неделаааа“. Клум го користи секој слободен момент за одмор и релаксација, а редовно ги почестува своите следбеници со фотографии на кои ужива во сончањето. За оние што ја следат со години, ваква глетка не претставува никакво изненадување.
Хајди Клум (53) го искористи сончевиот викенд за одмор покрај базенот. Манекенката објави фотографија на Инстаграм на која седи на работ од базенот, со нозете во водата и кренати раце. На себе имаше само црн долен дел од бикини и шапка со штитник, додека покрај неа седеше нејзината 22-годишна ќерка Лени.
Кралицата на топлес изданијата повторно максимално го искористи сончевото време. Таа објави провокативна фотографија на социјалните мрежи, која за кратко време собра голем број допаѓања. Манекенката Хајди Клум сака да ги истакнува своите прекрасни атрибути.
Хајди Клум (53) го искористи сончевиот викенд за одмор покрај базенот. Манекенката објави фотографија на Инстаграм на која седи на работ од базенот, со нозете во водата и кренати раце. На себе имаше само црн долен дел од бикини и шапка со штитник, додека покрај неа седеше нејзината 22-годишна ќерка Лени.
Пејачката Теа Таировиќ беше итно оперирана, а сега се огласија членовите на нејзиниот тим. Како што открија од нејзината ПР-служба, пејачката се чувствува добро по интервенцијата. Теа Таировиќ сега е добро.
Пејачката Теа Таировиќ синоќа(недела) била итно оперирана откако била примена во болница во тешка здравствена состојба поради внатрешно крварење кое го загрозило нејзиниот живот. Според извори од нејзиниот тим, лекарите реагирале во последен момент бидејќи состојбата била критична, но за среќа самата операција поминала добро и пејачката сега успешно се опоравува. Од менаџментот на Таировиќ апелираат за разбирање и јавноста да покаже почит кон нејзината приватност во овие моменти.
Веста за здравствената состојба на популарната пејачка предизвика загриженост во јавноста, откако се појавија информации дека таа во текот на ноќта била хоспитализирана, нејзиниот ПР-тим излезе со соопштение. Како што пренесува „Блиц“, лекарите одлучиле да извршат итна операција по извршениот преглед. Во соопштението од нејзиниот тим се потврдува дека Теа сега е добро.
Фотографиите од повредите предизвикале бројни реакции на социјалните мрежи, а нејзините следбеници се загрижиле поради она што го виделе.
Водителката Душица Јаковљевиќ доживеала незгода при која се повредила. Како што пренесуваат тамошните медиуми, Душица открила дека се повредила при пад по скали. Фотографиите од повредите предизвикале бројни реакции на социјалните мрежи, а нејзините следбеници се загрижиле поради она што го виделе.
Петтата генерација на популарниот SUV на Hyundai го надмина рекордот на претходникот за речиси 39 проценти. Најголем интерес има за хибридот со 245 КС, а изненадување е што купувачите најчесто ја избираат најбогатата опрема. Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber https://abit.ly/24auto-viber Со еден клик до сите вести.
Новиот „Hyundai Tucson“ веќе покажа дека би можел да стане најпопуларната генерација на овој SUV досега. Според порталот „The Korean Car Blog“, во првиот ден од продажбата биле забележани дури 15.045 преднарачки, што е повеќе од досегашниот рекорд од 10.842 нарачки, колку што собрала четвртата генерација при претставувањето во 2020 година. Купувачите најчесто го избирале најбогатиот пакет опрема, на кој отпаѓаат 44 отсто од преднарачките, додека основната верзија го зазела второто место со удел од 33 отсто.
Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.