Прекинот на летови во САД не се должи на странско мешање, изјави денеска американскиот министер за транспорт Шон Дафи. Тој додаде дека авионите веќе полетуваат и слетуваат на аеродромите, но влијанието на техничкиот проблем може да се почувствува уште неколку дена. Директорот на американската Федерална администрација за воздухопловство (ФАА), Брајан Бедфорд наведе дека воздушниот сообраќај во САД треба да се нормализира до утревечер од најлошото нарушување во изминатите 25 години.
Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА) ги запре сите летови во земјата на неодредено поради проблем со комуникациите што ги поврзува центрите за контрола на воздушниот сообраќај, објавиСи-ен-ен. „Сообраќајот треба да остане запрен до понатамошното известување“, соопшти ФАА, наведувајќи дека одлуката е донесена од безбедносни причини. Меѓународните летови ќе се разгледуваат одделно. Причината за проблемот засега не е утврдена.
Системот за контрола на воздушниот сообраќај во САД е стабилен по големиот прекин што во петокот ги погоди аеродромите низ земјата, но авиокомпаниите денеска би можеле да откажат уште од 4.000 до 5.000 летови, соопшти директорот на Федералната управа за воздухопловство (ФАА), Брајан Бедфорд. Авиокомпаниите се обидуваат да го нормализираат сообраќајот и повторно да ги распоредат авионите и екипажите, откако вчерашниот дефект предизвика големи нарушувања во воздушниот транспорт. „Системот и утрово е стабилен, а нашите партнери, авиопревозниците, работат на повторно воспоставување на редовниот сообраќај“, изјави Бедфорд на прес-конференција со американскиот министер за транспорт Шон Дафи.
Повеќе од 2.500 летови биле откажани во САД, а неколку стотици доцнеле по повеќечасовната целосна обустава на полетувањата од американските аеродроми поради безбедносни причини и прекин во телекомуникациите. Обуставата на авиосообраќајот беше укината во петокот околу 20:15 часот, но надлежните предупредија дека нормализацијата ќе биде постепена и бавна, со оглед на тоа што станува збор за најдолгиот прекин на летовите во последните 25 години. Американските власти очекуваат авиосообраќајот целосно да се нормализира до почетокот на големиот бран патувања за Денот на благодарноста, пренесе АП. Според процените на компанијата „Сириум“, нарушувањата во воздушниот сообраќај погодиле околу 1,5 милиони патници.
„Денес пред македонската јавност го презентираме клучниот факт кој директно го поврзува најблиското семејно опкружување на Али Ахмети со контроверзниот српски бизнисмен Давор Мацура и белградската „Алта банка“. Додека Али Ахмети и врвот на ДУИ со години јавно продаваа лажен патриотизам, далеку од очите јавноста нивната семејна бизнис-мрежа склучувала милионски договори директно во Белград. Денес, кога сопственикот на „Алта банка“, Давор Мацура, се наоѓа во притвор во Србија, а Народната банка мораше да воведе привремена администрација за да го заштити македонскиот банкарски систем, трагите на парите водат директно до Зајас и Кичево“ рече на денешната прес-конференција пратеникот од ВРЕДИ – Зекирја Тахири.
Од ВРЕДИ пак обвинуваат дека функционерите на ДУИ соработувале со Алта Банка во Србија. Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for ВРЕДИ: Функционери на ДУИ директно соработувале со српските центри за моќ Категорија: Македонија.
„Црно на бело, документите покажуваат дека министрите на ДУИ предлагале и гласале точки на седници на Владата со кои на белградската Алта Банка ѝ се овозможува деловна соработка со државата. Наместо да ги штитат интересите на граѓаните, функционерите на ДУИ отворале врати за финансиски аранжмани и партнерства со банка од Србија. Ова е само уште еден доказ за долгогодишната политичка и деловна соработка на ДУИ со структури поврзани со српските центри на моќ.
„Пред македонската јавност го презентираме клучниот факт кој директно го поврзува најблиското семејно опкружување на Али Ахмети со контроверзниот српски бизнисмен Давор Мацура и белградската „Алта банка“. Додека Али Ахмети и врвот на ДУИ со години јавно продаваа лажен патриотизам, далеку од очите јавноста нивната семејна бизнис-мрежа склучувала милионски договори директно во Белград. Денес, кога сопственикот на „Алта банка“, Давор Мацура, се наоѓа во притвор во Србија, а Народната банка мораше да воведе привремена администрација за да го заштити македонскиот банкарски систем, трагите на парите водат директно до Зајас и Кичево“, истакнуваат од „Вреди“.
Во Франција денес, петта сабота по ред, се одржуваат протести поради зголемувањето на трошоците за живот и третманот на полицијата кон демонстрантите за време на претходните собири. Демонстрантите протестираат поради високите цени, економските тешкотии и условите за живот, додека меѓу барањата се издвојуваат прашањата за однесувањето на полицијата за време на протестите, објавува France 24. Протестите произлегоа од незадоволството што ја зафати Франција во последните недели, здружувајќи студентски организации, синдикати и други граѓански групи. За време на претходните протести, имаше судири меѓу дел од демонстрантите и полицијата, како и апсења, додека организаторите продолжија да повикуваат на нови собири.
Нови масовни протести се најавени за денеска во околу 50 градови низ Франција поради високите трошоци за живот. Најголемите демонстрации се очекуваат во Париз, каде што според процените на властите би можеле да се соберат меѓу 30.000 и 60.000 луѓе. Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нунез најави дека за одржување на јавниот ред и безбедноста ќе бидат распоредени околу 70.000 полицајци и жандарми, исто колку и на протестите минатата сабота, пренесе телевизијата БФМ.
Ширум Франција и денеска се одржуваат протести на младите и на Движењето Жолти елеци за поголеми плати, зголемување на средствата за образование, како и за поголема заштита на децата и адолесцентите. За денеска низ цела Франција се очекуваат од 50 до 60 собири, изјави францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез. Тој додаде дека.
Ширум Франција денеска се одржуваат масовни протести на младите и на движењето „Жолти елеци“, со барања за повисоки плати, поголеми средства за образованието и подобра заштита на децата и адолесцентите. Францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нуњез, најави дека се очекуваат меѓу 50 и 60 собири низ земјата. За обезбедување на протестите се ангажирани околу 70.000 полицајци и жандарми, исто како и за претходните три демонстрации што започнаа на 24 октомври.
Повеќе од 30 членови на Општинската организација на СДСМ во Ѓорче Петров ја напуштиле партијата и преминале во Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, соопштија од ЗНАМ. Како причини за преминувањето, од ЗНАМ ги наведуваат „состојбите во СДСМ, отсуството на јасна политичка визија и губењето на довербата кај граѓаните“. Од ЗНАМ оценуваат дека приклучувањето на новите членови е потврда за растот на поддршката за нивната политичка платформа и најавуваат дека остануваат отворени за нови членови.
Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ - Ѓорче Петров ја напуштија партијата и пристапија кон Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија. Овој чекор е уште една потврда дека се поголем број граѓани ја препознаваат политиката на ЗНАМ како автентична, принципиелна и посветена на интересите на граѓаните. Состојба во која се наоѓа СДСМ, отсуството на јасна политичка визија и губењето на довербата кај граѓаните се дел од причините поради кои членството ја напушта партијата.
Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ – Ѓорче Петров ја напуштија партијата и пристапија кон Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија. Овој чекор е уште една потврда дека се поголем број граѓани ја препознаваат политиката на ЗНАМ како автентична, принципиелна и посветена на интересите на граѓаните, се вели во соопштението од ЗНАМ. Состојба во која се наоѓа СДСМ, отсуството на јасна политичка визија и губењето на довербата кај граѓаните се дел од причините поради кои членството ја напушта партијата.
Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ – Ѓорче Петров ја напуштија партијата и пристапија кон Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија. Овој чекор е уште една потврда дека се поголем број граѓани ја препознаваат политиката на ЗНАМ како автентична, принципиелна и посветена на интересите на граѓаните. Состојба во која се наоѓа СДСМ, отсуството на јасна политичка визија и губењето на довербата кај граѓаните се дел од причините поради кои членството ја напушта партијата, велат од ЗНАМ.
Домашните производители денес, 14 ноември, ја претставија својата храна на саемот „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ кај Школка во Градскиот парк во Скопје. На отворањето, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски порача дека традиционалното и препознатливо локално потекло на производите може да им донесе поголема вредност и повисок приход на земјоделските семејства. Зад таа порака стои едно од најважните прашања за македонското земјоделство: како производот од нива, овоштарник, лозје или семејна преработувачка традиција да не заврши само како суровина со ниска цена, туку како производ со идентитет, приказна и поголема пазарна вредност.
„Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“, е мотото на саемот што утре ќе се одржи во Градскиот парк во Скопје, во организација на здружението „Ж`та“ со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Од Министерството информираат дека на настанот ќе се обрати министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски. ,,Ж’та” е здружение на македонски ракијари од Кавадарци, посветени на зачувување и негување на македонската традиција, домашната ракија и богатото културно наследство.
Домашни производители на храна утре, сабота (14 ноември 2026 година), ќе се претстават на саемот „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“, кој ќе се одржи кај Школка во Градскиот парк во Скопје, со почеток во 10:00 часот. На почетокот на настанот е предвидено обраќање и на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски. Посетителите ќе можат да вкусат млечни производи и месни преработки, ајвар, лутеница, маџун, мармалади и путери од лешник и други јаткасти плодови.
Посетителите имаат можност да дегустираат и органски производи.
Пратеникот и претседател на опозициската СДСМ Венко Филипче вели дека Меѓународниот монетарен фонд со проекциите за бруто домашниот производ на Македонија ги разбил бајките на власта дека Македонија е трета економија во светот. Тој на денешната прес конференција рече дека според ММФ Македонија е 41 место од вкупно 48 држави по проектираниот БДП. Каква трета економија, Македонија е на дното во Европа.
Македонија е на 41. место меѓу 48 европски економии според проектираниот номинален БДП по жител за 2026. година, со околу 11.760 долари по жител. На врвот е Лихтенштајн со повеќе од 230.000 долари, а зад него се Луксембург и Ирска. Податоците се засноваат на октомвриските проекции на Меѓународниот монетарен фонд . Рангирањето изгледа едноставно: една бројка, една позиција и големо растојание до европскиот врв.
Македонија е на 41. место меѓу 48 европски економии според проектираниот бруто-домашен производ (БДП) по жител за 2026 година, велат од СДСМ, повикувајќи се на податоци од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). „На врвот на листата се Лихтенштајн, Луксембург и Ирска. Според проекциите на ММФ, БДП по жител во Македонија ќе изнесува 11.762 долари. Од земјите во регионот, пред нас се Србија со 17.126 долари, Црна Гора со 16.211 долари и Албанија со 13.968 долари.
Македонија на дното, на 41 место во Европа по проектиран БДП по жител, ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Тој посочи дека ова е реалната состојба на македонската економија, а не бајките на Мицкоски за трета економија во Европа и лагите за најбрз раст на платите и пензиите. „Каква трета економија, Македонија е на дното во Европа.
Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од понеделник температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.
Во земјава утре ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Дневните температури ќе изнесуваат од 10 Целзиусови степени во Маврово, преку 12 степени во Скопје, до 18 степени во Демир Капија и 19 Целзиусови степени во Гевгелија.
УХМР најавува дека утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, со слаб до умерен и долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Според прогнозата, и во недела, во попладневните часови, наместа ќе има повремени врнежи од дожд. Од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, освен во средината на седмицата кога ќе има пообилни врнежи од дожд, особено во западните делови.
Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд нè очекува во текот на викендот. Според прогнозата на УХМР, утре ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе биде засилен. Слично време се очекува и во недела, кога во попладневните часови наместа ќе има повремени врнежи од дожд.

БилетПлатен влез — потребен е билет · 2000 ден9 ное – 14 ноеATONIK BLACK NOVEMBER | WEEK 2 - Продажба на ваучериAtonik — Beautifully You · БитолаAtonik — Beautifully You · Битола
ДенесNew York Sour NightЦреша Бар · СкопјеЦреша Бар · Скопје
10 ное – 15 ноеМузичка програма во Beer GardenBeer Garden · СкопјеBeer Garden · Скопје
БесплатноВлез слободен — без билет и без пријава14 ное – 15 ноеДружење со маскоти во East Gate MallEast Gate Mall · СкопјеEast Gate Mall · Скопје
13 ное – 14 ноеAISC 2026 - International Scientific Conference on Sustainable Development GoalsUniversity "St. Kliment Ohridski" – Bitola · БитолаUniversity "St. Kliment Ohridski" – Bitola · Битола
32Cineplexx Skopje
22Македонски народен театар
17Драмски театар Скопје
17Македонска филхармонија
13Public Room
1150та Дивизија
11СЦ Јане Сандански
7Rulebook Cafe
7Арена Борис Трајковски
7Културно-информативен центар – КИЦ
7Театар Комедија
6Base42
6Laboratorium
6Tribeca Park
6Киноверзум Штип
6МКЦ
6НУЦК „Марко Цепенков“
6Центар за култура Битола
5Book Nook Bookclub
5Skopje City Mall
5Stanica 26
5Бистро Јужна Пруга
5Киноверзум Велес
5Народен театар Битола

Сите места ›
БилетПлатен влез — потребен е билет · 2000 ден9 ное – 14 ноеATONIK BLACK NOVEMBER | WEEK 2 - Продажба на ваучериAtonik — Beautifully You · БитолаAtonik — Beautifully You · Битола
ДенесNew York Sour NightЦреша Бар · СкопјеЦреша Бар · Скопје
10 ное – 15 ноеМузичка програма во Beer GardenBeer Garden · СкопјеBeer Garden · Скопје
БесплатноВлез слободен — без билет и без пријава14 ное – 15 ноеДружење со маскоти во East Gate MallEast Gate Mall · СкопјеEast Gate Mall · Скопје
13 ное – 14 ноеAISC 2026 - International Scientific Conference on Sustainable Development GoalsUniversity "St. Kliment Ohridski" – Bitola · БитолаUniversity "St. Kliment Ohridski" – Bitola · Битола
9 ное – 14 ное20. Саем на книга во КочаниЈОУ Библиотека ,,Искра“ - КочаниЈОУ Библиотека ,,Искра“ - Кочани

+800 настани ›Годинава имаме 13 загинати. Уште колкумина загинати треба да види Мицотакис за да сфати дека нешто не е во ред со нашето министерство?, посочи, со солзи во очите, претседателот на грчкото здружение на пожарникари Константинос Папандонис, по денешната несреќа во која двајца припадници на противпожарната служба ги загубија животите при уривање на дел од напуштен објект за време на гаснење пожар во атинска населба, јави дописничката на МИА од Атина. Папандонис упати остри критики и обвинувања за состојбата во противпожарната служба, нагласувајќи дека нивните проблеми многупати ги покренале на средбите со грчкиот премиер, но и дека личната заштитна опрема на пожарникарите не е заменета веќе шест години.
При гаснење пожар во напуштен објект во населбата Зефири во северозападниот дел на Атина, паднал дел од внатрешноста на самиот објект со резултат двајца пожарникари да го загубат животот, а еден е пренесен во болница, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот избувна кусо по 11:30 часот, ангажирани беа 20 пожарникари со шест противпожарни возила, а за време на гаснењето дошло до уривање на дел од внатрешната конструкција на објектот, при што тројца пожарникари останале заглавени. Следуваше акција за нивно пронаоѓање, при што еден повреден пожарникар беше пренесен во болница, а беа извлечени безживотните тела на останатите двајца.
Двајца пожарникари, на возраст од 23 и 44 години, загинаа денес, а трет беше повреден кога се урна дел од напуштен објект додека гаснеле пожар во Зефири, во општината Фили, во близина на Атина. Според грчкиот информативен портал „Прототема“, пожарот избувнал околу 11:40 часот во зграда на улицата „Кацантони“. На местото на настанот биле испратени дваесет пожарникари со шест возила; за време на интервенцијата, дел од објектот се урнал врз пожарникарите кои се наоѓале внатре.
Во Грција годинава животот го загубија 13 пожарникари, што претставува една од најтрагичните биланси во последниот период. Претседателот на грчкото здружение на пожарникари Константинос Папандонис со солзи во очите реагираше по најновата несреќа во атинска населба во која загинаа двајца негови колеги. „Годинава имаме 13 загинати.
Од истрагата против четворицата медицински техничари осомничени за тешко убиство на триесет и двегодишниот спортист Кристијан Јосип Периш, кој на 21 октомври почина во Психијатриската клиника „Свети Иван“ во загрепската населба Јанкомир, излегуваат нови детали за причините поради кои тој воопшто бил донесен во здравствената установа. Полицијата интервенирала и на неговата семејна адреса кобниот ден, пред Периш да биде пренесен во болницата, покажуваат информациите од извори блиски до истрагата. Според полицискиот извештај за интервенцијата, по пријава за семејно насилство, полициски службеници од Седмата полициска станица во Загреб на 21 октомври дошле во семејниот дом на Периш.
Случајот со смртта на 32-годишниот Кристијан Јосип Периш во Клиниката за психијатрија „Свети Иван“ во загрепски Јанкомир вчера доби нова димензија. Директорката Мајда Грах поднесе оставка, откако здравствената инспекција утврди сериозни пропусти во постапувањето со пациентот и во реакцијата на раководството по неговата смрт. Четворица медицински техничари се во истражен притвор под сомнение за тешко убиство на особено ранливо лице.
Скандалот во психијатриската болница „Свети Иван“ во Загреб добива нова димензија. Претседателот на Управниот совет, Мирандо Мршиќ, соопшти дека тој и останатите членови на ова тело поднеле неотповикливи оставки по случајот со смртта на 32-годишниот Кристијан Јосип Периш. Оставките доаѓаат откако претходно функциите ги напуштија директорката на болницата, Мајда Грах, нејзиниот заменик и помошникот за медицинска нега.
Случајот привлече дополнително внимание по објавувањето вознемирувачки снимки од надзорните камери, на кои се гледа насилно постапување на медицинскиот персонал кон пациент врзан за кревет. Здравствената инспекција утврдила низа неправилности, директорката на болницата Мајда Грах поднесе оставка, а оставки поднесоа и нејзината заменичка и помошничката за сестринска нега. Обвинителството не ја исклучува можноста за проширување на истрагата.
НАТО на социјалните мрежи објави дека со авионите „AWACS го следат воздушниот простор на Бугарија. Воздухопловните авиони за рано предупредување и контрола на НАТО спроведуваат мисии за надзор над Бугарија, следејќи ја активноста во воздухот и на морето, а воедно ги поддржуваат бугарските борбени авиони во нивните оперативни задачи. Авионите AWACS на НАТО се кренаа на небото над Бугарија, следејќи ја активноста во воздухот и на морето, а воедно им помагаа на бугарските борбени авиони да ги извршуваат своите мисии.
Авионите на НАТО за рано предупредување и контрола AWACS извршуваат летови над Бугарија, при што ги следат активностите во воздухот и на море и ги поддржуваат мисиите на бугарските борбени авиони. Информацијата ја објави бугарската телевизија БТВ, повикувајќи се на соопштение на Алијансата. НАТО ја претстави активноста и преку објава на социјалните мрежи, придружена со фотографии од своите сили за воздушно набљудување.
Американските преговарачи го отвориле прашањето дали Украина би можела да се повлече од Донбас доколку членството во НАТО стане дел од поширок мировен договор, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тоа не значи дека Вашингтон формално ѝ понудил членство во Алијансата на Украина, ниту дека таков договор веќе постои. Според Зеленски, станувало збор за прашање поставено во рамките на разговорите за можните услови за завршување на војната.
Американските преговарачи, по последната рунда мировни разговори со Русија во Абу Даби, го отвориле прашањето дали Украина би се повлекла од Донбас во замена за членство во НАТО, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој повтори дека Киев не е подготвен да отстапи дел од својата територија, но остави можност евентуален мировен договор да биде ставен на референдум, доколку Украина добие сеопфатен пакет безбедносни гаранции, силна и добро финансирана армија, како и средства за обнова на земјата, пренесува „Ројтерс“. „Американците го поставија прашањето: Што ако Украина влезе во НАТО?
На последниот состанок на Постојаниот совет на ОБСЕ, европските делегации ги повторија своите претходно изнесени ставови за конфликтот во Украина, но не ги спомнаа преговорите во Абу Даби, тврди Дмитриј Полјански, постојан претставник на Русија во оваа организација. Изгледаше како Европејците целосно да изгубиле допир со реалноста. Дојдоа со своите стари, добро познати ставови.
Американските преговарачи на неодамнешните мировни разговори во Абу Даби и понудиле на Украина да и го отстапи Донбас на Русија во замена за влез во НАТО. Зеленски вели немаат намера да се повлечат, но најави можност за референдум. Побара да се укине ограничувањето на брзината на „Старшилд“ долж линијата на фронтот и на териториите окупирани од Москва.
Куба се подготвува за можен воен напад од страна на САД, изјави претседателот Мигел Дијаз-Канел, по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кои во јавноста беа широко протолкувани како закана. HEWITT: Will you order military force to free Cuba? TRUMP: I want to get Cuba done before I leave, yeah https://t.co/ApdFutnbog — Aaron Rupar (@atrupar) November 12, 2026 „Решени сме да одбиеме секаков обид за странска воена агресија врз нашата земја“, рече Дијаз-Канел.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака да „го реши проблемот со Куба“ пред да ја напушти функцијата, јави ДПА. „Сакам да го завршам проблемот со Куба пред да заминам“, му рече Трамп на радио водителот Хју Хјуит, кој го праша дали размислува за „ослободување на Куба“ со воена интервенција. „Многу внимателно ја следиме ситуацијата.
Ова го изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, кој порача дека земјата е подготвена да се брани од секоја странска агресија. „Одлучни сме да го одбиеме секој обид за странска воена агресија врз нашата земја“, рече Канел. Неговата изјава следува откако Трамп прашан дали би размислил за воена интервенција со цел да ја „ослободи“ Куба, за американски медиуми рече: „Сакам да ја решам Куба пред да си заминам“.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака да „го реши проблемот со Куба“ пред да ја напушти функцијата, јави ДПА. „Сакам да го завршам проблемот со Куба пред да заминам“, му рече Трамп на радио водителот Хју Хјуит, кој го праша дали размислува за „ослободување на Куба“ со воена интервенција. „Многу внимателно ја следиме ситуацијата.
Претседателите Доналд Трамп, Владимир Путин и Кси Џинпинг планираат да се сретнат на маргините на самитот во Кина следната седмица објавија во саботата речиси истовремено Белта куќа и Кремљ. Историската средба на челниците на САД, Русија и Кина ќе се одржи за време на учеството на Трамп на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АРЕС) во јужниот град Шенжен, изјави портпаролката Оливија Велс за новинарите. „Претседателот јасно стави до знаење дека, меѓу другите теми, ќе разговара за намалувањето на нуклеарното оружје во светот, чие ширење претседателот Трамп го смета за многу опасно“, рече таа.
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја отвори темата за намалување на нуклеарното оружје на средбата следната недела во Кина со претседателите на Русија и и на Кина, Владимир Путин и Шји Џјинпинг, соопшти Белата куќа. Тројцата лидери се очекува да се сретнат на форумот на Азиско-тихоокеанската економска соработка (АПЕК) во Шенжен. Трамп во понеделник заминува на четиридневна посета на Азија, во чии рамки ќе ги посети и Филипините.
Трамп, Путин и Си Џинпинг планираат историска трилатерална средба следната недела во Кина, на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), соопшти Белата куќа. Средбата на лидерите на САД, Русија и Кина ќе се одржи во јужниот кинески град Шенжен, за време на учеството на американскиот претседател Доналд Трамп на самитот, изјави портпаролката на Белата куќа, Оливија Велс. Ќе разговараат за намалување на нуклеарното оружје.
Портпаролката на Белата куќа, Оливија Велс, изјави дека една од главните теми на разговорите ќе биде намалувањето на нуклеарното оружје. Претседателот јасно стави до знаење дека ќе се занимава со прашањето за намалување на нуклеарното оружје во светот. Американски претставник, кој зборувал под услов на анонимност, открил дека Трамп планира на средбата да го отвори и прашањето за Иран, а темата за Украина најверојатно нема да биде дел од трилатералните разговори, бидејќи сад водат одделни дипломатски процеси со Киев и Москва, во кои Кина не учествува.
Во првите девет месеци од 2026 година Северна Македонија ја посетиле 1.122.264 туристи , што е за 3 проценти повеќе од истиот период лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во истиот период се остварени 2.958.747 ноќевања, или раст од 3,5 проценти . Домашните туристи биле 365.067, а странските 757.197, додека кај ноќевањата поизразен е растот на странските гости – 4,6 проценти. Само во септември биле регистрирани 136.305 туристи и 264.370 ноќевања . Странските гости учествувале со 75,1 процент во вкупниот број туристи, а најмногу посетители дошле од Турција, Србија, Германија и Полска.
Премиерот Христијан Мицкоски ги квалификува како прилично охрабрувачки најновите податоци што ги објави Државниот завод за статистика во однос на туризамот. Како што изјави премиерот, амбицијата на Владата на почеток на година била земјава да има милион туристи и три милиони ноќевања, но заклучно со септември бележи повеќе од 1.100.000 туристи и скоро три милиони ноќевања, а тоа значи дека ќе биде надмината предвидената цел. Податоците се прилично храбрувачки.
Повеќе од 1,1 милион туристи ја посетиле Македонија заклучно со септември, а регистрирани се речиси три милиони ноќевања, што е над првичните очекувања на Владата, изјави премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи ги најновите податоци на Државниот завод за статистика како охрабрувачки. Мицкоски потсети дека целта на почетокот на годината била да се достигне бројка од еден милион туристи и три милиони ноќевања, но според досегашните резултати, таа ќе биде надмината. Само во третиот квартал, во споредба со истиот период лани, биле регистрирани 35.000 туристи повеќе и 110.000 ноќевања повеќе, што претставува раст од над шест отсто кај двата показатели.
Премиерот Христијан Мицкоски ги квалификува како прилично охрабрувачки најновите податоци што ги објави Државниот завод за статистика во однос на туризамот. Како што изјави денеска, амбицијата на Владата на почеток на година била земјава да има милион туристи и три милиони ноќевања, но заклучно со септември бележи повеќе од 1.100.000 туристи и скоро три милиони ноќевања, а тоа значи дека ќе биде надмината предвидената цел. Податоците се прилично храбрувачки.
На 25 ноември 2026 година, Скопје ќе биде во центарот на регионалниот дијалог за иднината на енергетиката. Во хотелот „Александар Палас“ ќе се одржи Првиот форум за енергетска дипломатија „Обновливи извори и жените во енергетиката“, кој ќе.
На 25 ноември во Скопје ќе се одржи Првиот форум за енергетска дипломатија „Обновливи извори и жените во енергетиката“, кој ќе обедини претставници на влади, меѓународни организации, финансиски институции, дипломатскиот кор, енергетски компании и инвеститори. Како да обезбедиме повеќе инвестиции во обновливи извори? Како да ја зајакнеме регионалната енергетска соработка?
Во фокусот на форумот ќе бидат можностите за зголемување на инвестициите во обновливи извори на енергија, зајакнувањето на регионалната соработка и поголемото учество на жените во носењето одлуки во енергетскиот сектор. „Целта е да се поттикнат нови партнерства, да се разменат искуства и да се отворат конкретни можности за развој на одржливи енергетски проекти“, информираат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Посебен акцент ќе биде ставен на финансирањето на зелената транзиција, привлекувањето инвестиции, јавно-приватните партнерства и регионалното поврзување.
Маж осомничен за долготрајно физичко и психичко малтретирање на 21-годишна девојка успеал да избега низ отворен прозорец од полициската станица во Битола. Тој претходно бил повикан на разговор и самостојно пристигнал по поднесена пријава за семејно насилство, по што полицијата веднаш започнала опсежна потрага, а во расчистување на околностите за бегството се вклучи и Одделот за внатрешна контрола при МВР. Според наводите во пријавата и сведоштвото на мајката на жртвата, младата девојка повеќе од една година трпела тепање, закани и постојано психичко насилство од страна на својот партнер.
Ја давел, ја удирал со тупаници и ѝ се заканувал дека ќе ја убие . Вакво насилство од својот партнер пријави 21-годишна битолчанка на 10 ноември. Пред полицијата раскажала дека насилството траело околу година и половина, но од страв досега не го пријавувала. „Отидовме во болница, ја прегледаа на неколку одделенија, затоа што беше удрена во главата, на лицето и на вратот.
Маж пријавен за физичко и психичко насилство врз неговата 21-годишна партнерка избегал низ отворен прозорец од просторија во СВР Битола, додека полициски службеници преземале дејствија за да го лишат од слобода. Од Министерството за внатре.
Бети Ангеловска од Битола, мајка на 21-годишна девојка која минатата недела во полиција пријавила дека била давена и задушувана со голи раце од момчето со кого била во врска и од кого според пријавата – година и половина трпела тепање, закани за убиство и психичко малтретирање, бара итно полицијата да го пронајде осомничениот, бидејќи откако бил пријавен, според нејзинината изјава, осомничениот им избегал на полицајците од полициската станица во Битола наместо да биде задржан.
Пиштол и ловечка муниција биле пронајдени при претрес во дом во селото Казандол, валандовско, а 43-годишниот сопственик бил лишен од слобода. Од МВР информираат дека претресот бил извршен на 12 ноември со судска наредба. Во домот на Ш.Е. полицијата пронашла пиштол „Blow“ со калибар од 9 милиметри и ловечка муниција, за кои немал дозвола.
Вчера во село Прстен, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишија од слобода 56-годишниот А.А. од селото, извести МВР. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Застава“ со калибар 12 мм и ловечка муниција, кои ги поседувал без дозвола. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.
Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија лишиле од слобода 43-годишен маж од валандовското село Казандол, по претрес извршен во неговиот дом. При претресот, реализиран на 12 ноември 2026 година со судска наредба, биле пронајдени пиштол „Blow“ калибар 9 милиметри и ловечка муниција. Според полицијата, лицето ги поседувало оружјето и муницијата без соодветна дозвола.
МВР соопшти дека вчера, во село Прстен, Валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишија од слобода 56 годишниот А.А. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Застава“ со калибар 12 мм и ловечка муниција, кои ги поседувал без дозвола. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Девет возачи биле лишени од слобода во изминатото деноноќие на различни локации во државата поради сомнение за безобѕирно управување со моторно возило, од кои шест возеле без положен возачки испит. Според информациите од МВР, меѓу нив се тројца жители на Скопје на возраст од 26 до 46 години, 27-годишник од Никиштани, 56-годишник од Подлес и 28-годишник од Дреново, кој бил и под дејство на алкохол. Уште двајца возачи, 49-годишник од Кочани и 35-годишник од Куманово, управувале возило под дејство на алкохол.
Од нив, седум лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: 17-годишник од Скопје, Р.Џ.(27) од с.Крушопек, скопско, 16-годишник од Неготино, А.М.(32) од Чашка, Б.М.(45) од Берово, М.К.(20) од с.Драслајца, струшко и Б.С.(39) од с.Обршани, општина Кривогаштани. Двајца возачи управувале возило и покрај активна мерка забрана за управување со моторно возило. Станува збор за Ј.Б.(23) од с.Тремник, неготинско и З.Ј.(55) од Скопје.
Седум лица кои управувале возило без положен возачки испит се лишени од слобода во изминатото деноноќие, соопшти Министерството за внатрешни работи. Меѓу нив се и двајца малолетници – 17-годишник од Скопје и 16-годишник од Неготино. Полици.
Девет возачи биле приведени во изминатото деноноќие на различни локации во државата поради безобѕирно управување со возило, информира Министерството за внатрешни работи. Шестмина од нив управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за три лица од Скопје, на возраст од 26, 26 и 46 години, 27-годишник од Никиштани, 56-годишник од Подлес, општина Градско, и 28-годишник од Дреново, кавадаречко, кој бил и под дејство на алкохол.
Филмот „17“, дебитантско долгометражно остварување на режисерката Косара Митиќ, е номиниран за 39. Европски филмски награди во категоријата „Европско откритие – Награда ФИПРЕСЦИ“ (European Discovery – Prix FIPRESCI).
Долгометражниот игран филм „17“, дебитантско остварување на режисерката Косара Митиќ, во продукција на „Црна мачка продукција“ и Томи Салковски официјално е номиниран во категоријата Европско откритие – Награда ФИПРЕСЦИ(European Discovery – Prix FIPRESCI)за 39. издание на престижните Европски филмски награди (European Film Awards). Оваа номинација доаѓа по светската премиера на Берлинале, триумфот на Ерусалимскиот филмски фестивал и Сараево филм фестивал, како и неодамнешната скопска премиера во рамки на Скопје филм фестивал. Наградата во категоријата „Европско откритие“, која се доделува во соработка со Европската федерација на филмски критичари (FIPRESCI), ги афирмира најталентираните нови европски авторски гласови. Вклучувањето на „17“ во оваа ексклузивна селекција е огромно признание за авторскиот тим, но и пошироко – за целокупната македонска култура.
Долгометражниот игран филм „17“, дебитантско остварување на режисерката Косара Митиќ, во продукција на „Црна Мачка Продукција“ и Томи Салковски продолжува со меѓународна афирмација и успеси. Официјално е номиниран во категоријата Европско откритие – Награда ФИПРЕСЦИ (European Discovery – Prix FIPRESCI) за 39. издание на престижните Европски филмски награди (European Film Awards). Оваа значајна номинација претставува уште една потврда за уметничката тежина и автентичноста на филмот „17“, кој по светската премиера на Берлинале, триумфот на Ерусалимскиот филмски фестивал и Сараево Филм Фестивал, како и неодамнешната скопска премиера во рамки на Скопје Филм Фестивал, продолжува моќно да ги освојува срцата на меѓународната филмска критика и публика. Наградата во категоријата „Европско откритие“, која се доделува во соработка со Европската федерација на филмски критичари (FIPRESCI), ги афирмира најталентираните нови европски авторски гласови.
Македонскиот игран филм „17“, дебитантско остварување на режисерката Косара Митиќ, е номиниран во категоријата „Европско откритие – Награда ФИПРЕСЦИ“ за 39. издание на Европските филмски награди. Од продукцијата соопштуваат дека номинацијата претставува значајно признание за филмот, кој претходно беше прикажан на Берлинскиот филмски фестивал, освои награда на Филмскиот фестивал во Ерусалим и беше дел од програмата на Сараево филм фестивал, а неодамна ја имаше и својата скопска премиера во рамки на Скопје филм фестивал. Наградата „Европско откритие“, која се доделува во соработка со Меѓународната федерација на филмски критичари (ФИПРЕСЦИ), е наменета за афирмација на новите авторски гласови на европската кинематографија.
Во рамки на „Мал формат“ ќе бидат претставени 37 автори со 64 дела, а во „МиниАртура“ 27 автори со 47 дела. „Мал формат“ го насочува вниманието кон уметничкото дело со ограничени димензии, но со неограничен простор за визуелна, концептуална и емоционална интерпретација. Малата површина овозможува концентрација на ликовниот јазик и ја нагласува важноста на секој потег, линија, боја, форма и текстура.
Во организација на Друштвото на ликовните уметници на Македонија – ДЛУМ, на 16 ноември во Културно- информативниот центар –КИЦ, Скопје, во 20.30 часот ќе биде отворена изложбата „Мал формат / МиниАртура“. Во рамки на „Мал формат“ ќе бидат претставени 37 автори со 64 дела, а во „МиниАртура“ 27 автори со 47 дела. „Мал формат“ го насочува вниманието кон уметничкото дело со ограничени димензии, но со неограничен простор за визуелна, концептуална и емоционална интерпретација.
Филипини ја освоија првата Eurovision Song Contest Asia, одржана на 14 ноември 2026 година во One Bangkok Forum во Бангкок. CARMELLE победи со „Sobra-Sobra“ и стана првата победничка во историјата на новото азиско издание на Евровизија, пред претставниците на домаќинот Тајланд и Виетнам. Тоа е резултат што ќе остане запишан подалеку од една фестивалска вечер.
Најголемиот и најдолготрајниот меѓународен музички натпревар, „Евровизија“, за првпат се проширува на азискиот континент; неговото прво издание ќе се одржи во сабота, 14 ноември, во Бангкок, главниот град на Тајланд, со учество на претставници од 11 земји. „Евровизија Азија“ се одржува во годината кога „Евровизија“ ја одбележува својата 70-годишнина, што претставува прво големо проширување на овој музички настан на друг континент, пренесува Би-Би-Си (BBC). На натпреварот ќе учествуваат претставници од Бангладеш, Бутан, Камбоџа, Лаос, Малезија, Монголија, Непал, Филипините, Јужна Кореја, Тајланд и Виетнам. Организаторите најавија дека изведувачите ќе пеат на десет локални јазици, како и на англиски јазик, со цел да се прикаже јазичната, културната и музичката разновидност на азискиот континент.
Државниот секретар во Министерството за спорт, Сашо Огњеновски, денеска присуствуваше на инклузивната трка „Run Together 2026“ што се одржа во Гевгелија, во рамките на спортскиот настан November Run. Тој од местото на настанот изрази целосна институционална поддршка за сите учесници и за организаторите. Трката, која се одржува трета година по ред, е во организација на Фондацијата „Ице Бегов“ во партнерство со Атлетскиот клуб „7 Ноември“.
Гевгелија денес го започнува шестото издание на „November Run“ со детски трки и инклузивната „Run Together“. Според Општината, за дводневната програма се пријавени приближно 3.300 учесници . Детската програма на 14 ноември почнува во 11:30 часот за родените во 2020 година и помлади. Во 12:00 трчаат генерациите 2018–2019, во 12:30 децата родени во 2016–2017, а во 13:00 генерациите 2013–2015.
Трката која годинава го бележи третото издание, ја организира Фондацијата „Ице Бегов“ во соработка со Атлетскиот клуб „7 Ноември“. „Run Together“ е ненатпреварувачка трка на 1 км. на која лица со и без попреченост, деца, семејства, спортисти, волонтери, претставници на училишта и на здруженија се движат заедно на иста патека. Настанот создава простор за рамноправно учество и ја поттикнува инклузијата и достапноста на спортот за сите.
Државниот секретар во Министерството за спорт, Сашо Огњеновски денеска присуствуваше на инклузивната трка „Run Together 2026“ што се одржa во Гевгелија, во рамките на спортскиот настан November Run, и изрази поддршка за учесниците и за организаторите – информираат од Министерството. Трката која се одржува трета година по ред, ја организира Фондацијата „Ице Бегов“ во соработка со Атлетскиот клуб „7 Ноември“. „Run Together“ е ненатпреварувачка трка на 1 километар на која лица со и без попреченост, деца, семејства, спортисти, волонтери, претставници на училишта и на здруженија се движат заедно на иста патека.
Фудбалската репрезентација на Норвешка славеше со 3-1 против Велс во петтото коло од Лигата на нации и му се реваншираше за поразот на првиот меѓусебен дуел. Домаќините во Осло ја оправдаа фаворитската улога, а прашањето околу победникот го решија со два гола во второто полувреме. По мирните први 45 минути, отпорот на Велшаните беше скршен во 59. минута, кога Антонио Нуса најдобро се снајде по еден корнер и ја затресе мрежата.
Велс ќе гостува кај Норвешка без Кифер Мур , кој се повлече од репрезентативниот собир поради повреда. Според официјалната страница на федерацијата, неговото место го зазеде Арон Колинс пред завршните два натпревари во Лигата на нации. Велшаните славеа со 2:1 во Кардиф во октомври, но Дан Џејмс предупреди дека Норвешка е особено тежок противник на домашен терен . Тој очекува домаќинот да биде уште помотивиран по поразот во првата пресметка.
Поранешниот долгогодишен извршен директор на Милан и Монца, 82-годишниот Адријано Галијани, официјално ја поднесе и му беше прифатена кандидатурата за нов претседател на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ). Галијани и официјално влегува во изборната трка за прв човек на италијанскиот фудбал. Негов единствен противкандидат на претстојните избори ќе биде 67-годишниот Џовани Малаго, актуелниот привремен комесар на ФИГЦ и поранешен претседател на Италијанскиот олимписки комитет (КОНИ). Изборното федерално собрание на кое ќе се бира новиот предводник на ФИГЦ е закажано за 14 декември 2026 година, а според официјалните информации, Галијани во оваа трка влегува со силна поддршка од Здружението на италијански фудбалери (АИЦ) и Здружението на италијански тренери (АИАЦ), кои заедно контролираат 30 отсто од гласачкото тело во собранието.
Поранешниот долгогодишен извршен директор на фудбалските клубови Милан и Монца, 82-годишниот Адријано Галијани, официјално ја поднесе својата кандидатура за претседател на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), која веќе е прифатена. Со ова тој и официјално влегува во трката за раководната функција на италијанскиот фудбал. Негов единствен противкандидат на претстојните избори ќе биде 67-годишниот Џовани Малаго, актуелниот привремен комесар на федерацијата и поранешен претседател на Италијанскиот олимписки комитет (КОНИ). Изборното федерално собрание на кое ќе се бира новиот предводник на ФИГЦ е закажано за 14 декември 2026 година.
Раното откривање, современата терапија и подоброто следење на пациентите во фокусот на Светскиот ден на дијабетесот. Во светот, бројот на возрасни со ова заболување би можел да достигне 853 милиони до 2050 година. Сите пациенти со дијабетес тип 1 да бидат опфатени со сензори за следење на гликемијата во наредните три години, а доколку е.
„Рана акција за дијабетес“ е мотото, под кое денеска ќе се одржи прес-конференција во Клиниката за ендокринологија во Скопје, по повод 14 Ноември – Светскиот ден на дијабетесот. На прес-конференцијата е најавено присуство и на министерот за здравство Сашо Клековски. Целт е подигање на свеста кај здравствениот систем на сите нивоа за потребата од превенција и рана дијагноза на дијабетесот.
Бројот на заболени од дијабетес постојано се зголемува, а клучни фактори за спречување на тешките компликации се раната дијагноза, редовното следење на шеќерот во крвта, правилната терапија, здравата исхрана и редовната физичка активност. На ова беше ставен посебен акцент по повод одбележувањето на 14 Ноември, Светскиот ден на дијабетесот, кој годинава се одвива под мотото „Рана акција за дијабетес“. „Во државата има 135.000 лица со дијабетес, од кои 4.000 се со тип 1 и речиси за 40.000 се смета дека имаат дијабетес, а немаат поставена дијагноза.
Современа терапија, достапна и преку Фондот, сензори и инсулински пумпи за сите до тип 1 дијабетес, но и побрзи термини кај специјалист за превенирање на можните компликации од шеќерната болест – ова се дел од барањата кои здруженијата ги испорачаа на одбележувањето на Светскиот ден. Во Македонија околу 135.000 луѓе живеат со дијабетес, од кои 4.000 се со тип 1, а за 40.000 се проценува дека ја имаат болеста, но сè уште немаат поставена дијагноза. Нездравата исхрана и неактивноста се главните ризик – фактори.
XI Недела на италијанската кујна во светот ќе донесе серија гастрономски и едукативни настани во Скопје од 16 до 26 ноември 2026 година, во организација на Амбасадата на Италија и Агенцијата ITA во Скопје. Локалната програма опфаќа мастеркласови, работилници, дегустација на италијански производи и завршен настан посветен на италијанската кафе-култура. Годинешното, единаесетто издание се одржува под темата „Италијанската кујна – наследство на УНЕСКО: територии и врвни производствени синџири“, во година кога манифестацијата првпат се организира по признавањето на италијанските кулинарски практики како дел од нематеријалното културно наследство на човештвото.
Амбасадата на Република Италија и Агенцијата ITA во Скопје од 16 до 26 ноември ќе ја организираат XI Недела на италијанската кујна во светот, годинава посветена на италијанското гастрономско наследство како нематеријално културно наследство на УНЕСКО. Под мотото „Италијанската кујна како нематеријално културно наследство на УНЕСКО: територии и врвни производствени процеси“, манифестацијата ќе ја претстави регионалната разновидност на италијанската гастрономија, нејзината поврзаност со културниот идентитет и локалните традиции. Како што информираат организаторите, впишувањето на италијанската кујна на Репрезентативната листа на нематеријалното културно наследство на човештвото на УНЕСКО е признание за традиција што ги надминува границите на гастрономијата и претставува начин на живот, семејно наследство и знаење што се пренесува од генерација на генерација.
Имено дваесет и тригодишната Керис присуствувала на настанот „Gucci x Moda Operandi“, одржан на 11 ноември, а за таа пригода избрала црна кошула од тантела со долги ракави и закопчување на градите. Полупроѕирното модно парче го комбинирала со кратко црно здолниште од тантела, црни хулахопки и чанта од „Гучи“. Истата кошула Кетрин ја носела уште во далечната 1996 година, кога се појавила на премиерата на филмот „Долг бакнеж за добра ноќ“ во Лос Анџелес.
На настанот на „Гучи“ и „Мода Операнди“, 23-годишната девојка носеше проѕирен црн топ од чипка со длабоко деколте, заедно со мини здолниште и хулахопки. Парчето е од времето кога Том Форд дизајнираше за „Гучи“, а Керис не го бараше во продавниците за винтиџ. Како што објавува „Пејџ Сикс“, таа го позајмила од плакарот на нејзината мајка, Кетрин Зета-Џонс . Кетрин Зета-Џонс, го носеше истиот топ во 1996 година на премиерата на филмот „Долгото збогување“, но го комбинираше поинаку.
Кралот Чарлс и сер Елтон Џон се пошегуваа на сметка на проблемите што доаѓаат со стареењето, за време на заедничко учество во специјална радио-емисија по повод 78-миот роденден на монархот. Сер Елтон (79) го пречека кралот во својата редовна радио-емисија Rocket Hour, во специјално издание во кое кралот сподели музички спомени, а двајцата заедно избраа 14 песни, пишува Би-Би-Си. Програмата, исто така, ја одбележа 50-годишнината од основањето на Фондацијата на кралот и истакна како музичарите ги поддржуваат напорите на оваа хуманитарна организација. Ние, како и Фондацијата, дефинитивно сè уште стоиме, рече кралот, издвојувајќи ја песната I’m Still Standing (Сè уште стојам) на сер Елтон како една од неговите омилени, поради пораката за издржливост што ја носи.
Британскиот крал Чарлс му се придружи на Елтон Џон во специјално издание на радиоемисијата на пејачот - „Рокет аур“ (Elton John's Rocket Hour) , на платформата „Епл мјузик" ( Apple Music ), по повод одбележувањето на 50-годишнината од основањето на „Кралскиот фонд“ (The King’s Trust) и за да им оддаде почит на музичарите кои ја поддржуваат оваа добротвoрна организација за млади, соопшти Бакингемската палата. Епизодата од емисијата, снимена во новите радио-студија на „Епл“ во Лондон, ќе биде емитувана утре - 14 ноември, на 78. роденден на кралот Чарлс Трети. „Рокет аур“ е неделна емисија којашто од 2015 година се емитува ширум светот на платформата „Епл мјузик 1“. Додека сè уште беше принц од Велс, монархот го основаше „Принцовиот фонд“ ( The Prince’s Trust ) - користејќи ги средствата што ги добил при заминувањето од Кралската морнарица, со цел да им помогне на младите луѓе во неповолна положба да се подготват за пазарот на трудот, да најдат вработување или да почнат со сопствен бизнис.
Британскиот крал Чарлс му се придружи на Елтон Џон во специјално издание на радиоемисијата на пејачот – „Рокет аур“ (Elton John’s Rocket Hour) , на платформата „Епл мјузик” ( Apple Music ), по повод одбележувањето на 50-годишнината од основањето на „Кралскиот фонд“ (The King’s Trust) и за да им оддаде почит на музичарите кои ја поддржуваат оваа добротвoрна организација за млади, соопшти Бакингемската палата. Епизодата од емисијата, снимена во новите радио-студија на „Епл“ во Лондон, ќе биде емитувана утре – 14 ноември, на 78. роденден на кралот Чарлс Трети. „Рокет аур“ е неделна емисија којашто од 2015 година се емитува ширум светот на платформата „Епл мјузик 1“. Додека сè уште беше принц од Велс, монархот го основаше „Принцовиот фонд“ ( The Prince’s Trust ) – користејќи ги средствата што ги добил при заминувањето од Кралската морнарица, со цел да им помогне на младите луѓе во неповолна положба да се подготват за пазарот на трудот, да најдат вработување или да почнат со сопствен бизнис.
Најновиот тест-лет на Starship донесе истовремено голем успех и сериозен неуспех за SpaceX. Ракетниот систем на компанијата на Илон Маск вчера полета од Starbase во Тексас, горниот степен успешно стигна до орбитата и започна распоредување на 26. сателити Starlink V3, додека новата верзија на бустерот Super Heavy не успеа да се врати на лансирната кула и експлодира над Мексиканскиот Залив. Станува збор за 15. тест-лет на Starship и за една од најамбициозните мисии досега.
Масивниот бустер на ракетата носач на ракеата „Starship“ на компанијата „SpaceX“ на Илом Макс експлодирашпе претворајќи се во огнена топка, откако беше прекинат обидот за негово зафаќање при слетувањето за време на пробен лет во „Starbase“, во американската сојузна држава Тексас. Иако „Starship“ успешно полета, засилувачот не успеа да се врати за планираното прифаќање од страна на лансирната кула, туку падна во морето и експлодираше. Така „SpaceX“ не успеа да го изведе таканатеченот „двојно зграпчување“ на ракетата-носач и горната фаза за време на 15-от тест лет на „Starship“, според преносот преку онлајн платформите.
Американската вселенска компанија „СпејсИкс“ ноќеска доживеа неуспех при уште еден тест-лет на џиновската ракета „Старшип“. Тестот предвидуваше механичките раце на лансирната кула да ги фатат двата степена на ракетата, но долниот сегмент познат како ракетен забрзувач „Супер Хеви“ наместо да биде прифатен од лансирната кула како што беше планирано, се спушти во морето и се запали. Од Компанијата на технолошкиот милијардер Илон Маск засега не е соопштено што го предизвикало неуспешниот обид за враќање на „бустерот“.
Американската вселенска компанија „СпејсЕкс“ синоќа доживеа неуспех при уште еден тест-лет на џиновската ракета „Старшип“. Тестот предвидуваше механичките раце на лансирната кула да ги фатат двата степени на ракетата, но долниот сегмент познат како ракетен забрзувач „Супер Хеви“ наместо да биде прифатен од лансирната кула како што беше планирано, се спушти во морето и се запали. Од Компанијата на технолошкиот милијардер Илон Маск засега не е соопштено што го предизвикало неуспешниот обид за враќање на „бустерот“.
Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.