Група поддржувачи на победничката иницијатива „Студентската листа“ на 26 октомври организираа протест во Белград, кој ескалираше со насилен упад во просториите на телевизијата и дневниот весник „Информер“. Демонстрантите, меѓу кои беа и членови на семејства на жртви од несреќата во Нови Сад, упаднаа во зградата за време на програма во живо, барајќи одговорност за уредувачката политика.
Дел од центарот на Белград е затворен за сообраќај, а изменети се и трасите на јавниот превоз на потегот од Славија кон Теразие, јавува агенцијата ФоНет. Со заштитни огради е блокиран делот од крстосницата кај Лондон кон Теразие, како и правецот од Теразие кон улицата „Крал Милан“. На терен е забележано и засилено полициско присуство.
Автобуси полни со припадници на жандармеријата влегле во зградата на Собранието на Србија, објавија дел од српските медиуми. Засилено полициско присуство има низ центарот на градот, особено пред зградата на Републичката изборна комисија (РИК). @INinic Zandarmerija upravo u centru Beograda ! RIK vec satima BLOKIRAN. https://t.co/KI4HU6UyYl — GiorgioSanto (@GiorgioSanto9) October 25, 2026.
Припадници на српската Жандармерија со автобуси пристигнале во зградите на Собранието на Србија и Стариот двор во Белград, додека полициското присуство во центарот на градот е засилено. Специјални полициски сили се распоредени и пред зградата на Републичката изборна комисија (РИК), објави „Нова.рс“. Во центарот на Белград биле забележани и возила наменети за разбивање демонстрации, а на автопатот била забележана колона полициски комбиња.
Телефонски разговор меѓу Драган Ј. Вучиќевиќ, главниот уредник на српскиот „Информер“, и Илија Срдановиќ, поврзан со студентската листа во Србија, привлече големо внимание на социјалните мрежи. Во видеото, Вучиќевиќ му се јавува на Срдановиќ во момент кога се случуваат тензии пред редакцијата на „Информер“ и го повикува да реагира во врска со ситуацијата. Срдановиќ му одговара дека треба да ја провери информацијата, додавајќи дека го прекинале среде вечера.
Најновите вести за изборите во Србија следете ги ОВДЕ . Драган Ј. Вучиќевиќ, главниот уредник и сопственик на српскиот таблоид „Информер“, утрово дошол на гласање со сопругата, но додека чекал во редот на избирачкото место, дел од присутните почнале да го провоцираат. Според српскиот портал „Нова.рс“, неколкумина граѓани почнале да имитираат ржење на коњ, на што други присутни реагирале со аплауз. Во видеоснимката се слушаат и дофрлувања како „Гледај колку те сакаат луѓето“ и „Убаво му почна утрото“.
Група од неколку десетици граѓани вечерва упадна во редакцијата на таблоидот и телевизијата Информер.рс за време на програмскиот сегмент Колегиум, кој се емитува во живо. ТВ Информер важи за едно од главните пропагандни гласила на српскиот претседател Александар Вучиќ. Меѓу граѓаните кои влегоа во телевизијата беше и Дијана Хрка, мајка на Стефан Хрка, кој загина при уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.
Поранешниот претседател и премиер на Србија, како и поранешен претседател на Српската напредна партија (СНС), Александар Вучиќ, реагираше на упадот на неколку десетици граѓани во зградата на телевизијата Информер, оценувајќи дека станува збор за напад врз слободата на изразување, јавниот говор и новинарството, објавува телевизијата Н1. „Вечерва гледавме насилство без преседан, монструозно насилство. Нападот врз Информер е напад врз слободата на изразување, слободата на јавниот говор, слободата на новинарството“, кажа Александар Вучиќ во видео обраќање на Инстаграм. „Молчи и Европската Унија, молчат сите, многу новинарски здруженија молчат, колеги новинари, бидејќи претпоставувам дека имаат право да се изживуваат врз Драган Ј. Вучиќевиќ“, кажа Вучиќ.
Полска ја потврди поддршката за европската интеграција на Македонија и за продолжување на процесот на проширување кон Западен Балкан. Пораката беше повторена во Скопје, за време на официјалната посета на потпретседателот на полскиот Сејм, Шимон Холовња, кој имаше средби во Собранието и со министерот за одбрана Владо Мисајловски. Посетата доаѓа во период кога европското проширување повторно е високо на политичката агенда, а Македонија останува во специфична положба – со формално отворена европска перспектива, но без придвижување кон следната фаза од пристапниот процес.
Потпретседателот на полскиот Сејм, Шимон Холовња, денеска ќе престојува во посета на македонското Собрание. Како што соопшти собраниската прес-служба, Холовња ќе оствари средба со потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, по што двајцата ќе дадат изјави за медиумите. Потпретседателот на полскиот Сејм, заедно со полската делегација, исто така ќе оствари и средба со пратеничката група на Собранието на Македонија за соработка со Парламентот на Република Полска.
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска оствари средба со потпретседателот на полскиот Сејм, Шимон Холовнија, кој ја предводи полската делегација во рамки на официјалната посета на Македонија. Партнерството со Полска, како наш сојузник во НАТО е значајна основа за унапредување на одбранбената соработка и зајакнување на колективната безбедност. Заедничките заложби и посветеноста на евроатлантските вредности придонесуваат за стабилноста и безбедноста на сојузниците.
Пратеничката група за соработка со Парламентот на Полска денеска во Собранието одржа средба со потпретседателот на полскиот Сејм, Шимон Холовња. Претседателката на македонската пратеничка група, Даниела Николова, на средбата ги истакна пријателските односи меѓу двете држави и потребата од нивно натамошно продлабочување. Потпретседателот на полскиот Сејм, Холовња, ја потврди поддршката на Полска за македонскиот пат кон Европската Унија.
Илија Срдановиќ, носителот на Студентска листа, ги повика граѓаните да останат достоинствени и да не посегнуваат по никаков вид насилство, во порака преку социјалната мрежа Инстаграм, објавуваат српските медиуми. „Почитувани сограѓани, ве молиме останете до крајот на изборниот процес, а и понатаму – мирни и достоинствени, како што бевте до сега. Изборите сè уште не се завршени, резултатите од изборите не се објавени.
Суштината на движењето што го започнаа студентите во Србија е отвореноста за конструктивна соработка и дијалог со сите партии, вели Илија Срдановиќ, носителот на победничката изборна листа на вонредните парламентарни избори во Србија, и додаде дека тоа сигурно ќе биде фактор за стабилизирање на добрососедските односи во наредниот период. Запрашан како ќе го изберат новиот српски премиер и министрите и кој ќе ги носи тие одлуки, Срдановиќ во своето прво интервју по победата дадено за хрватскиот портал „Индекс“, рече дека студентите избрале 250 експерти од различни области: економисти, правници, финансиски експерти, спортисти, културни работници, лекари, едукатори. Практично, додаде Срдановиќ, нема сегмент од општеството што не е опфатен со ширината на оваа листа.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска телефонски разговарал со проф. д-р Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија, на кого му ја честитал изборната победа и му посакал успех во периодот што следува. Мицкоски информацијата ја објави преку својот профил на Фејсбук, посочувајќи дека очекува продолжување на добрите односи меѓу двете земји. „Верувам дека добрите меѓудржавни односи, меѓусебното почитување и соработката меѓу двете земји ќе продолжат да се развиваат во интерес на граѓаните на Македонија и Србија“ , напиша Мицкоски.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска телефонски разговарал со проф. д-р Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа, која победи на предвремените парламентарни избори во Србија. „Му честитав за постигнатиот изборен резултат и победа, и му посакав успех во периодот што следува. Верувам дека добрите меѓудржавни односи, меѓусебното почитување и соработката ќе продолжат да се развиваат во….
Собранието денеска, 26. октомври 2026. година, не ја изгласа интерпелацијата за министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, поднесена од Левица. За интерпелацијата гласаа 19 пратеници, 63 беа против, а воздржани немаше, со што Божиновска останува на министерската функција. Расправата што му претходеше на гласањето отвори многу поширока дебата од прашањето за политичката одговорност на една министерка.
Собранието утре ќе ја разгледува интерпелацијата за работата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, поднесена од Левица која ја обвинува за лошо управување со енергетскиот сектор, нови задолжувања на државните компании и недоволна заштита на јавните ресурси. Од партијата наведуваат дека под раководство на Божиновска, ЕСМ се соочува со нови задолжувања, додека произведената електрична енергија се продава под производната цена. Истовремено, според Левица, фирмите под капата на ЕВН остваруваат десетици милиони евра профит, а граѓаните плаќаат повисоки сметки за струја и парно, поскапо гориво и повисоки мрежни трошоци.
На дневен ред на денешната собраниска седница е и интерпелацијата за работата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, поднесена од пратениците на Левица. Според нив, зад интерпелацијата стојат задолжувањата на државниот енергетски систем, неиспорачаните резултати во изминатиот период, особено во делот на енергетиката. Пратениците денеска ќе расправаат и за предлогот за избор на член на Судскиот совет, предлог одлуката за именување на член на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, како и предлог одлуката за именување на член на Управниот одбор на Агенцијата за цивилно воздухопловство.
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска во Собранието го образложи предлогот за интерпелација на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, посочувајќи дека Министерството кое беше формирано со ветување дека ќе стави ред во енергетскиот систем, по две години не понудило решение за ниту еден од неговите клучни проблеми. Мециновиќ посочи дека политичката одговорност на министерката не може да се сведе на формалните ингеренции на Министерството, туку подразбира предлагање политики, предупредување за системските ризици и координација во рамките на Владата. Како прв пример го посочи финансиското пропаѓање на ЕСМ.
Западниот Балкан треба да разгледува можности за поблиско економско интегрирање со Европската Унија, наместо целокупните очекувања да ги врзува за брзо политичко членство, оцени Илија Димовски во „Тема на денот“ на Сител. Поранешниот прате.
Македонија треба активно да ги идентификува и да им пристапи на инвеститорите што поради политичката неизвесност во Србија би ги преиспитале своите планови, оцени поранешниот пратеник Илија Димовски во гостувањето во „Тема на денот“ на Сит.
Ќе дува умерен до засилен, наместа повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени. Во Скопје, променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
Во понеделник на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (над 50 km/h). Утринските температури се движат од 4 до 11, а највисоките дневни соодветно ќе бидат меѓу 11 и 20 Целзиусови степени.
Утре времето ќе биде променливо облачно, а во северните делови од земјата се очекуваат врнежи од дожд, кои на повисоките планини ќе преминуваат во снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во среда и четврток се очекува релативно стабилно време, додека во петок и за време на викендот повторно ќе има услови за појава на врнежи. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, кој денеска и утре наместа долж Повардарието повремено ќе засилува и ќе достигнува силен интензитет.
Времето утре ќе биде променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен, наместа повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени. Во Скопје, променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд.
26 окт – 30 окт17. ЕХО – Фестивал на планински филмСкопје
Платен влез — потребен е билет · 200 ден25 окт – 27 октСКЕЈТБОРДИНГОТ НЕ Е ЗА ДЕВОЈЧИЊА - Проекции | КОТУР КАФЕ И ФИЛМСкопје
Влез слободен — без билет и без пријава26 окт – 1 ноеКрводарителски акцииниз целата земја
Платен влез — потребен е билет26 окт – 6 ноеКурсеви по француски јазик - зимска сесијаФранцуски институт во Скопје
Платен влез — потребен е билет26 окт – 30 окт☕️✨ ВАШЕТО УТРИНСКО КАФЕ ВO LUX CAFFE!Lux Caffe · Скопје
29Cineplexx Skopje
22Македонски народен театар
20Македонска филхармонија
13Драмски театар Скопје
9Public Room
8Арена Борис Трајковски
7Киноверзум Велес
650та ДивизијаP5Portal
5Киноверзум Драчево
5Киноверзум Штип
5Национална опера и балет
5СЦ Јане Сандански
5Центар за култура
4Ведра Едукација
4Лабораториум
4Струмица
3East Gate Mall
3Stanica 26
3Киноверзум Кисела Вода
3Македонски Брод
3Скопје
2Long Play
2Љубов бар

Сите места ›
26 окт – 30 окт17. ЕХО – Фестивал на планински филмСкопје
Платен влез — потребен е билет · 200 ден25 окт – 27 октСКЕЈТБОРДИНГОТ НЕ Е ЗА ДЕВОЈЧИЊА - Проекции | КОТУР КАФЕ И ФИЛМСкопје
Влез слободен — без билет и без пријава26 окт – 1 ноеКрводарителски акцииниз целата земја
Платен влез — потребен е билет26 окт – 6 ноеКурсеви по француски јазик - зимска сесијаФранцуски институт во Скопје
Платен влез — потребен е билет26 окт – 30 окт☕️✨ ВАШЕТО УТРИНСКО КАФЕ ВO LUX CAFFE!Lux Caffe · Скопје
Бесплатен влез со задолжителна регистрација — пријави се кај организаторот пред настанот26 окт – 13 ноеОбука „Дигитални иновации и психосоцијална отпорност“Меѓународен Славјански Универзитет · Свети Николе

+313 настани ›Само еден ден откако го призна својот изборен пораз, Александар Вучиќ повторно се обрати до јавноста, овој пат со многу поостра порака. Повод беше упадот од страна на група граѓани во студиото на телевизијата „Информер“, еден од најгласните медиумски поддржувачи на неговата претходна влада. Вучиќ го нарече настанот „монструозно насилство“, го обвини победничкото студентско движење за неодговорност и рече дека неговата политичка страна нема намера да се повлече.
Ја обвини ,,Длабоката држава" за поразот.
Пејачката Северина не ги криеше емоциите откако листа предводена од студенти прогласи победа на вонредните парламентарни избори во Србија, а претседателот Александар Вучиќ го призна поразот. На својот профил на Инстаграм, таа објави серија видеа од прославите на улиците во Србија, притоа повторно јавно изразувајќи им поддршка на студентите – став што го застапува уште од почетокот на нивните протести. „Толку сум горда на вас, СТУДЕНТИ – до солзи!“ – напиша Северина покрај една од своите објави.
Движењето што се роди од огромна трагедија започна со студентски блокади на сообраќајниците, а прерасна во речиси секојдневни протести и сенароден бунт против корупцијата и негрижата на владата. За помалку од две години, студентите успеаја да стават крај на 14-годишната политичка доминација на Александар Вучиќ, чија Српска напредна партија (СНС) гледаше како нејзината поддршка постепено опаѓа, сè до конечниот пораз на изборите кои се претворија во референдум за иднината на Србија, пишува Би-Би-Си во анализата на вчерашните историски избори во Србија. Од Белград, преку Нови Сад, до Ниш, владееше еуфорија додека приврзаниците се собираа во центрите на градовите и пред седиштето на листата „Студентите победуваат“.
Поранешниот пратеник Илија Димовски, гостувајќи во Дневникот на Сител ТВ, изјави дека Србија сега поминува низ процес сличен на оној што Македонија го поминала пред десет години со Шарената револуција. Според него, од денешна временска дистанца, Шарената револуција се покажала како неуспешна. Димовски оцени дека од Шарената револуција најмногу биле разочарани токму нејзините поддржувачи.
Она што се случи во Србија е една парадигма која што досега не е видена во Европа, па можеби и во светот. Секогаш студентите се вечната политичка пролет. Тие се предвесникот на промени во едно општество.
Професорот и екс-министерот Љубомир Фрчкоски го споредува студентското движење во Србија и победата на вчерашните избори со „Шарената револуција“ во Македонија од 2016 година. Според Фрчкоски, од тие две линии – „токсичната и ганстерска идеологија на сега веќе поранешната српска власт и истовремено алтернативата која покажа дека граѓанското движење може да биде доволно јако и да сруши толкав режим, што се надоврзува на нашето искуство од „Шарената револуција“. Професорот очекува „домино-ефектот“ да продолжи и во нашата земја, но вели: „не знам како во Македонија ќе се разбудат тие граѓански сили и како ќе се спојат со опозицијата бидејќи тоа спојување ќе биде битно“.
Американскиот претседател Доналд Трамп објави награда од еден милион долари за секој што ќе пријави изборна измама во Соединетите Американски Држави, под услов извештајот да доведе до апсење и осуда. Соопштението доаѓа само осум дена пред изборите за американскиот Конгрес, на кои ќе се одлучи дали републиканците ќе го задржат мнозинството во двата дома. Трамп ја најави наградата денес на својата социјална мрежа Трут соушал, а се однесува и на претходните избори и на претстојните гласања на 3 ноември.
Американскиот претседател Доналд Трамп најави награда од еден милион долари за секој што ќе пријави изборна измама во САД, под услов пријавата да доведе до апсење и осудителна пресуда. Најавата доаѓа само осум дена пред изборите за американскиот Конгрес, на кои ќе се одлучува дали републиканците ќе го задржат мнозинството во двата дома. Трамп ја објави наградата во понеделникот на својата социјална мрежа „Truth Social“, а таа се однесува и на претходните избори и на претстојното гласање на 3 ноември.
Арктичкиот бродски коридор, попознат како Северен морски пат, е сè поинтересен за кинеските компании во испораката на стоки до Европа во услови на превирања и неизвесности во глобалната трговија, истакнуваат аналитичарите за кинескиот весник на анлгиски јазик Global Times, наведувајќи дека водниот пат е особено погоден за транспорт на производи чувствителни на високи температури. Кинеските извозници и логистички компании покажуваат силен интерес за испорака на стоки преку арктичката бродска рута до Европа, што го скратува транзитот и нуди алтернатива на традиционалните бродски коридори кои често се изложени на геополитички ризици, изјавија аналитичари од индустријата за Global Times. Како што годишната сезона на бродски превоз во Арктикот се ближи кон крајот, секторот сака да ги прошири услугите на рутата и да ја прошири нејзината употреба, истакнувајќи го својот долгорочен потенцијал за диверзификација на глобалните бродски рути и покрај сезонската зависност и ограничувањата на капацитетот.
Арктичкиот бродски коридор им е сè поинтересен на кинеските компании во испораките на стоки до Европа во услови на превирања и глобални трговски неизвесности, истакнуваат аналитичарите за кинескиот весник Глобал тајмс, наведувајќи дека морскиот пат е особено погоден за транспорт на производи чувствителни на високи температури. Кинеските извозници и логистичките компании покажуваат голем интерес за испорака на стоки преку арктичката бродска рута до Европа, што го скратува транзитот и нуди алтернатива на традиционалните бродски коридори кои често се изложени на геополитички ризици, изјавиле аналитичари од индустријата за Глобал тајмс. Како што овогодишната арктичка сезона на бродски превоз се ближи кон крајот, секторот сака да ги прошири услугите на таа рута и да ја прошири нејзината употреба, истакнувајќи го нејзиниот долгорочен потенцијал за диверзификација на глобалните бродски рути и покрај сезонската зависност и ограничувањата на капацитетот.
Со оглед на тоа што тргувањето со акции поврзани со вештачка интелигенција во последно време забавува, а каматните стапки растат, IPO-то на Anthropic добива невообичаено големо значење.
Додека Антропик забрзано се подготвува да ги изнесе своите акции на берзата, трговијата со вештачка интелигенција покажува пукнатини, кои не се ограничени само на маргиналните играчи.
Економско-социјалниот совет повторно ја отвори расправата за едно од најчувствителните прашања за домашниот стандард – колку пари навистина му се потребни на едно четиричлено домаќинство за еден месец. Министерството за економија и труд за септември пресметува просечна потрошувачка кошница од 58.117 денари , додека Синдикалната минимална кошница на Сојузот на синдикатите на Македонија за истиот месец изнесува 69.432 денари . Разликата е 11.315 денари. Ниту оваа средба не ги доближи позициите околу методологијата.
Просечната потрошувачка кошница во септември изнесувала 58.117 денари, што е за 358 денари или 0,6 проценти помалку во однос на август, но за 1.736 денари, односно 3,1 процент повеќе во споредба со јануари годинава. Ова беше истакнато на седницата на Економско-социјалниот совет, на која социјалните партнери дискутираа и за неработните денови, работата во недела, можноста за воведување четиридневна работна недела и регулирањето на пензискиот стаж.
Во Франција се запленети 68 килограми кокаин во товарно моторно возило управувано од 44-годишен македонски државјанин со иницијали М. Ф., информира Министерството за внатрешни работи. Заплената била извршена на француската наплатна станица „Фонтен“, по оперативна дојава од македонската полиција. Информациите биле обезбедени од Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за криминалистичка полиција, а преку Секторот за меѓународна полициска соработка и Европол биле доставени до надлежните француски органи.
Како резултат на успешната меѓународна полициска соработка и навремената размена на оперативни информации од страна на Бирото за јавна безбедност при МВР, на територијата на Франција, на наплатната станица Фонтен, запленети се 68 килограми кокаин, пронајдени во товарно моторно возило управувано од македонскиот државјанин М.Ф.(44), соопшти денеска МВР. Од таму додаваат дека заплената е резултат на оперативни информации обезбедени од Одделот за криминалистичка полиција, односно Единицата за недозволена трговија со дрога, кои преку Секторот за меѓународна полициска соработка и Европол биле доставени до надлежните француски органи. Ова е втора успешна меѓународна акција во период од еден месец, по претходната соработка со грчката полиција, која резултираше со заплена на 324 килограми марихуана.
Акцијата е спроведена врз основа на оперативни информации од македонската полиција.
Како резултат на успешната меѓународна полициска соработка и навремената размена на оперативни информации од страна на Бирото за јавна безбедност при МВР, на територијата на Франција, на наплатната станица Фонтен, запленети се 68 килограми кокаин, пронајдени во товарно моторно возило управувано од македонскиот државјанин М.Ф.(44), соопшти денеска МВР. Од таму додаваат дека заплената е резултат на оперативни информации обезбедени од Одделот за криминалистичка полиција, односно Единицата за недозволена трговија со дрога, кои преку Секторот за меѓународна полициска соработка и Европол биле доставени до надлежните француски органи. Ова е втора успешна меѓународна акција во период од еден месец, по претходната соработка со грчката полиција, која резултираше со заплена на 324 килограми марихуана.
Во текот на изминатите три дена (23/24/25.10.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 2720 издадени платни налози, 1360 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 67 лица, од кои седум за возење под дејство на алкохол, 21 за возење без возачка дозвола, осум поради претходно изречена забрана за управување со возило, три поради возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место, а едно лице поради возење со брзина поголема од дозволената надвор во населено место. Во истиот период одземени се 27 возила по член 300-б од Кривичниот законик.
Полициските службеници во текот на изминатите три дена, од 23 до 25 октомври, констатирале вкупно 2.720 сообраќајни прекршоци на патиштата низ државата. Од нив, 1.360 се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Како резултат на редовните сообраќајни контроли, 67 лица биле лишени од слобода за безобѕирно управување со возило.
Во текот на изминатите три дена како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 2.720 издадени платни налози, 1.360 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, соопшти МВР. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 67 лица, од кои седум за возење под дејство на алкохол, 21 за возење без возачка дозвола, осум поради претходно изречена забрана за управување со возило, три поради возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место, а едно лице поради возење со брзина поголема од дозволената надвор во населено место. Во истиот период одземени се 27 возила по член 300-б од Кривичниот законик.
Во текот на изминатите три дена (23/24/25.10.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 2720 издадени платни налози, 1360 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР. „Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 67 лица, од кои седум за возење под дејство на алкохол, 21 за возење без возачка дозвола, осум поради претходно изречена забрана за управување со возило, три поради возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место, а едно лице поради возење со брзина поголема од дозволената надвор во населено место. Во истиот период одземени се 27 возила по член 300-б од Кривичниот законик.
Во Кривичниот суд во Скопје се одржа ново рочиште за деветмината полицајци обвинети во случајот „Пулс“. Бранителите, предлагајќи ја листата на докази и сведоци, побараа и нивните клиенти да бидат сослушани во својство на сведоци. Тие се обвинети дека со злоупотреба на службената положба придонеле објектот „Пулс“ да добие лиценца за работа од Министерството за економија, при што не ги извршиле потребните проверки и дале согласност без целосно утврдување на условите.
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето против деветмината полициски службеници обвинети во предметот поврзан со дискотеката „Пулс“ во Кочани, при што одбраната ги образложуваше предлог-доказите од доказните листи. Одбраната предложи изведување на повеќе материјални докази, како и распит на повеќе сведоци, меѓу кои и Дејан Јованов - Деко. Според предлогот, сведокот треба да се изјасни за околностите дали се стекнал со противправна имотна корист и дали имал контакти и се познавал со обвинетиот Боби Гидиоски.
Дејан Јованов Деко и неговиот син Михаило се на листата на сведоци на двајца од деветмината полицајци обвинети дека без соодветни проверки за паркинг места и за нарушувања на јавниот ред и мир дале согласност за „Пулс“ да добие лиценца. „Од материјалните предложивме околу 16 документи, додека од вербалните осум сведоци, меѓу кои е и Дејан Јованов – Деко, сопственик на дискотеката „Пулс“. Го предлагаме на околности затоа што застапникот на обвинението тврди дека обвинетите му дозволиле на Деко да стекне имотна корист која се изразува во плата која ја земал како вработен за шест месеци, па на таа околност бараме да биде сослушан, дали тоа му е овозможено од обвинетите“, рече Бранко Колев адвокат на Боби Гидиовски.
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето против деветмината полициски службеници обвинети во предметот поврзан со дискотеката „Пулс“ во Кочани, при што одбраната ги образложуваше предлог-доказите од доказните листи. Одбраната предложи изведување на повеќе материјални докази, како и распит на повеќе сведоци, меѓу кои и Дејан Јованов – Деко. Според предлогот, сведокот треба да се изјасни за околностите дали се стекнал со противправна имотна корист и дали имал контакти и се познавал со обвинетиот Боби Гидиоски.
Премиерот вечерва присуствуваше на изложбата „Револуција во кадар - ВМРО низ фотографии 1893 -1934“.
По повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, во понеделник, 26 октомври, со почеток во 19 часот, во галеријата на МАНУ ќе биде отворена изложбата „Револуција во кадар“, на која ќе биде претставен избор на оригинални фотографии од приватната колекција на Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски. Изложбата претставува своевидно фотографско патување низ четири децении од македонската историја, од основањето на Македонската револуционерна организација во 1893 година до бурните политички и општествени превирања во меѓувоениот период, заклучно со 1934 година. Преку оригинални портрети, групни фотографии и ретки визуелни сведоштва, посетителите ќе имаат можност да се сретнат со автентичните ликови на македонските револуционери, војводи, комити, интелектуалци, црковни дејци и жени вклучени во револуционерното движење.
Вечерва присуствував на изложбата „Револуција во кадар – ВМРО низ фотографии 1893 -1934“, која преку 60 оригинални историски фотографии, од кои многу ретки и досега необјавени, го оживува споменот на едно време исполнето со борба, жртва и непокор, објави на својот фејсбук профил премиерот Мицкоски. Изборот е направен од приватните колекции на Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски, кои преку оваа изложба ни овозможуваат да се доближиме до едно од најзначајните поглавја на македонската историја. Историјата не е само спомен од минатото, туку аманет за иднината.
Шеесет оригинални фотографии ќе отворат поинаков поглед кон македонското револуционерно минато на изложбата „Револуција во кадар – ВМРО низ фотографии 1893–1934“ , која се отвора утре, 26 октомври, во 19 часот во Галеријата на МАНУ во Скопје. Зад поставката стојат Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски . Тие со години собирале и истражувале фотографски примероци, а значителен дел од избраниот материјал досега не бил објавен. Покрај препознатливите историски личности, посетителите ќе видат и ликови за кои се знае од пишаните извори, но чии фотографии биле ретко достапни.
Со моќна музика, драматичен заплет и силни вокални интерпретации, оваа опера ја раскажува судбината на еврејскиот народ и неговиот копнеж по слобода и татковина, носејќи универзална порака што и денес допира до публиката. Операта ќе биде изведена под диригентската палка на Мирон Михаилидис (Грција), во режија на Ренато Бонајуто (Италија), сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси од Италија, кореограф е Маја Митровска-Богојевска, концерт-мајстор е Климент Тодороски, хор-мајстор е Јасмина Ѓорѓеска, а светло дизајн, Милчо Александров. Насловната улога ќе ја толкува Марјан Јованоски, во улогата на Абигаиле ќе настапи Злата Тошевска Димовска, Николина Јаневска ќе ја игра Фенена, Ѓорѓи Цуцковски ќе настапи како Исмаил, а во улогата на Захарие ќе настапи Александар Стефаноски.
На 30 октомври, со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „ Набуко “ од Џузепе Верди, едно од најпознатите и најзначајните дела во оперската уметност. Со моќна музика , драматичен заплет и силни вокални интерпретации, оваа опера ја раскажува судбината на еврејскиот народ и неговиот копнеж по слобода и татковина, носејќи универзална порака што и денес допира до публиката. Операта ќе биде изведена под диригентската палка на Мирон Михаилидис (Грција), во режија на Ренато Бонајуто (Италија), сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси од Италија, кореограф е Маја Митровска-Богојевска, концерт-мајстор е Климент Тодороски, хор-мајстор е Јасмина Ѓорѓеска, а светло дизајн, Милчо Александров.
На 30 октомври, со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Набуко“ од Џузепе Верди, едно од најпознатите и најзначајните дела во оперската уметност. Со моќна музика, драматичен заплет и силни вокални интерпретации, оваа опера ја раскажува судбината на еврејскиот народ и неговиот копнеж по слобода и татковина, носејќи универзална порака што и денес допира до публиката. Операта ќе биде изведена под диригентската палка на Мирон Михаилидис (Грција), во режија на Ренато Бонајуто (Италија), сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси од Италија, кореограф е Маја Митровска-Богојевска, концерт-мајстор е Климент Тодороски, хор-мајстор е Јасмина Ѓорѓеска, а светло дизајн, Милчо Александров.
На 30 октомври, со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Набуко“ од Џузепе Верди , едно од најпознатите и најзначајните дела во оперската уметност. Со моќна музика, драматичен заплет и силни вокални интерпретации, оваа опера ја раскажува судбината на еврејскиот народ и неговиот копнеж по слобода и татковина, носејќи универзална порака што и денес допира до публиката. Операта ќе биде изведена п од диригентската палка на Мирон Михаилидис (Грција), во режија на Ренато Бонајуто (Италија), сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси од Италија, кореограф е Маја Митровска-Богојевска, концерт-мајстор е Климент Тодороски , хор-мајстор е Јасмина Ѓорѓеска, а светло дизајн, Милчо Александров.
Пари Сен Жермен стигна до осмиот последователен триумф во сите натпреварувања откако на „Паркот на принцовите“ го совлада Олимпик Лион со 2: 0 во рамките на 8. коло од Лига 1. Иако самиот дуел понуди тврда, тактички затворена и на моменти заспана игра, домаќините преку длабочината на својот играчки кадар го пронајдоа патот до трите бода и се искачија на лидерската позиција во француското првенство. Принуден на ротации поради отсуството на клучното четириаголник Маркињос, Мендеш, Дембеле и Кварацхелија, Луис Енрике постави формација која тешко креираше чисти шанси во првото полувреме. Домаќините ја имаа терцијарната посесија, но завршницата во казнетиот простор на Лион беше недоволно зачинета со конкретност.
Евро-фудбал --> ПСЖ со два гола во вториот дел го реши Лион (ВИДЕО) makfudbal 26-10-2026 Пари Сен Жермен славеше со 2-0 против Лион во дербито од осмото коло во Лига 1, стигнувајќи до осмата победа во.
Галатасарај славеше во големото истанбулско дерби против Фенербахче со 2:1 во деветтото коло на турското првенство и направи голем чекор во трката за шампионската титула. По овој триумф, Истанбул е под потполна власт на Галатасарај, Бешикташ сега заостанува четири бода, додека Фенербахче по поразот остана дури шест чекори зад својот лут градски ривал. Апсолутен јунак на вечерта беше Виктор Осимен, кој со два погодоци во првото полувреме го трасираше патот до огромната победа.
Галатасарај и Фенербахче вечерва се во центарот на турското фудбалско внимание. Дербито на „Рамс парк“ има и директна тежина за врвот: пред меѓусебната пресметка, домашниот тим беше лидер со 19 бода, а градскиот ривал трет со 16. Таа разлика од само три бода е причината поради која дуелот носи повеќе од вообичаениот престиж. За Галатасарај, добар исход значи можност за оддалечување од еден од главните конкуренти; за Фенербахче, шанса да ја избрише бодовната разлика.
Реал Мадрид славеше со 2:1 против Барселона на „Камп Ноу“ во неделното Ел Класико на 25 октомври. Килијан Мбапе ги постигна двата гола за гостите и вечерта ја претвори во личен јубилеј: стигна до 100 погодоци во дресот на Реал . По девет победи во првите девет првенствени кола, Барса конечно загуби бодови. Тимот на Ханси Флик останува лидер со 27 бода, но Реал сега има 24 и повторно е блиску до врвот.
Барселона и Реал Мадрид ќе го играат Ел Класико на Камп Ноу во недела во 21:00 часот, а тренерот на каталонскиот клуб, Ханси Флик, одржа прес-конференција пред големото дерби. Германскиот стручњак зборуваше за Жозе Мурињо, судењето, повредите во неговиот тим и како има намера да го запре Килијан Мбапе. Тој особено се осврна на дискусиите за судиите, кои повторно се една од главните теми пред натпреварот.
Спорт Флик пред Ел Класико им подели комплименти на Мурињо и Реал – Ова е најголемото дерби во светот Објавено пред 1 ден - 24 октомври, 2026 Од TopSport.mk Барселона и Реал Мадрид ќе го играат.
Реал Мадрид извојува голема победа од 2-1 над Барселона во возбудливото издание на „Ел Класико“, одиграно на „Камп Ноу“ во рамките на шпанската Ла Лига. Главниот јунак на „кралскиот клуб“ беше Килијан Мбапе, кој со два погодоци го предводеше својот тим до значајни три бода. Францускиот напаѓач ја отвори серијата во 41. минута, искористувајќи ја можноста пред противничкиот гол и носејќи му предност на гостинскиот состав.
Соништата понекогаш можат да нè насмеат, збунат или да нè следат долго откако ќе се разбудиме. Иако сонуваме различни сцени во текот на ноќта, одредени теми се повторуваат кај голем број луѓе. Психолозите често ги поврзуваат со стрес, стравови, потиснати емоции и настани што нè окупираат во текот на денот.
Соништата понекогаш можат да нè насмеат, збунат или да нè следат долго откако ќе се разбудиме. Иако сонуваме различни сцени во текот на ноќта, одредени теми се повторуваат кај голем број луѓе. Психолозите често ги поврзуваат со стрес, стравови, потиснати емоции и настани што нè окупираат во текот на денот.
Според извештајот на Меѓународната унија за зачувување на природата, (ИУЦН) 96 отсто од 127 корални гребени во плитките води ширум светот се загрозени и во фаза на исчезнување. Станува збор за добро познати шарени корални гребени на длабочина до околу 40 метри. Меѓу загрозените се делови од Големиот корален гребен покрај брегот на Австралија, Коралниот триаголник во западниот дел на Тихиот Океан и во Југоисточна Азија, Мезоамериканскиот корален систем, како и коралните гребени во Црвеното Море.
Извештајот во четвртокот го објави Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN), организација која исто така ја води Црвената листа на загрозени видови. Студијата се занимава со добро познатите, шарени корални гребени кои се наоѓаат на длабочина до околу 40 метри и кои, благодарение на температурата на водата и продирањето на светлината, претставуваат живеалишта со исклучително богат биодиверзитет. Меѓу загрозените подрачја се делови од Големиот корален гребен покрај брегот на Австралија, Коралниот триаголник во западниот дел на Тихиот Океан и Југоисточна Азија, Мезоамериканскиот корален систем, како и коралните гребени во Црвеното Море.
Според извештајот на Меѓународната унија за зачувување на природата, (ИУЦН) 96 отсто од 127 корални гребени во плитките води ширум светот се загрозени и во фаза на исчезнување. Станува збор за добро познати шарени корални гребени на длабочина до околу 40 метри. Меѓу загрозените се делови од Големиот корален гребен покрај брегот на Австралија, Коралниот триаголник во западниот дел на Тихиот Океан и во Југоисточна Азија, Мезоамериканскиот корален систем, како и коралните гребени во Црвеното Море.
Според обемно истражување спроведено од Универзитетот за здравје и наука на Орегон, објавена во Клиничкото списание за гастроентерологија и хепатологија (Clinical Gastroenterology and Hepatology), оброците доцна навечер може да го изложат црниот дроб на опасност. Претходните истражувања го поврзуваа јадењето доцна навечер со кардиоваскуларните тешкотии и дебелината, но истражувачкиот тим сега се обиде да утврди дали и оваа навика може да биде поврзана со заболувањата на црниот дроб. Истражувачите ги анализирале податоците од три големи национални истражувања, што опфатиле скоро 200.000 учесници.
Според обемно истражување спроведено од Универзитетот за здравје и наука на Орегон, објавена во Клиничкото списание за гастроентерологија и хепатологија (Clinical Gastroenterology and Hepatology), оброците доцна навечер може да го изложат црниот дроб на опасност. Претходните истражувања го поврзуваа јадењето доцна навечер со кардиоваскуларните тешкотии и дебелината, но истражувачкиот тим сега се обиде да утврди дали и оваа навика може да биде поврзана со заболувањата на црниот дроб. Истражувачите ги анализирале податоците од три големи национални истражувања, што опфатиле скоро 200.000 учесници.
Таа носеше само долен дел од црно бикини и качкет, додека покрај неа седеше нејзината 22-годишна ќерка, Лени. Лени во скутот држеше кученце по име Фриц – кое Хајди го вдоми во април. „Недела“, напиша таа кратко покрај фотографијата.
Хајди Клум (53) го искористи сончевиот викенд за одмор покрај базенот. Манекенката објави фотографија на Инстаграм на која седи на работ од базенот, со нозете во водата и кренати раце. На себе имаше само црн долен дел од бикини и шапка со штитник, додека покрај неа седеше нејзината 22-годишна ќерка Лени.
Хајди Клум (53) го искористи сончевиот викенд за одмор покрај базенот. Манекенката објави фотографија на Инстаграм на која седи на работ од базенот, со нозете во водата и кренати раце. На себе имаше само црн долен дел од бикини и шапка со штитник, додека покрај неа седеше нејзината 22-годишна ќерка Лени.
Ванеса Трамп откри дека екстремниот замор бил првиот знак дека нешто не е во ред пред да ѝ биде дијагностициран инвазивен рак на дојка. По операцијата и зрачењето, денес таа е ослободена од знаци на болест, а во ново интервју зборуваше за симптомите и третманот. Ванеса (48), поранешна сопруга на Доналд Трамп помладиот, зборуваше за своето искуство во разговор со нејзината ќерка Каи и докторката Никол Сафиер.
Ванеса Трамп откри дека екстремниот замор бил првиот знак дека нешто не е во ред пред да ѝ биде дијагностициран инвазивен рак на дојка. По операцијата и зрачењето, денес таа е ослободена од знаци на болест, а во ново интервју зборуваше за симптомите и третманот. Ванеса (48), поранешна сопруга на Доналд Трамп помладиот, зборуваше за своето искуство во разговор со нејзината ќерка Каи и докторката Никол Сафиер.
Фотографии споделени на интернет покажаа дефекти на екраните на првиот преклопен уред на Епл.
Компанијата соопшти дека мал број уреди се засегнати од дефект на екранот, откако објави на Reddit и на социјалните мрежи почнаа да се појавуваат. Сопствениците на новиот преклопен iPhone пријавуваат.
Skoda ја проширува понудата на Kodiaq со помоќен plug-in хибриден погон и ново највисоко ниво на опрема. Големиот семеен SUV сега добива 272 КС, батерија со капацитет од 25,7 kWh и можност за брзо полнење, додека верзијата Laurin & Klement носи дополнителна удобност и ексклузивни детали. Автомобилските вести – директно на твојот мобилен!
Првата генерација на Kodiaq беше претставена пред јавноста во септември 2016 година во Берлин и до сега постигна тираж над 1,2 милиони примероци. Во 2025 година, Kodiaq беше вториот најпродаван модел во понудата на Škoda. Сега ќе може да се нарача во нови верзии, кои дополнително ја прошируваат палетата на избори.
Индустријата за хуманоидни роботи во Кина преминува од изолирани демонстрации кон примена во голем обем. Токму во врска со тоа, 110 хуманоидни роботи во саботата поставија Гинисов светски рекорд за најголем број хуманоидни роботи што танцуваат истовремено во градот Џинан, во кинеската провинција Шандунг, пренесува Глобал тајмс. Вкупно 110 хуманоидни роботи „Експедиција А3“, развиени од кинеската компанија „АгиБот“, изведуваа синхронизирани танцови движења и промени во формацијата користејќи ја платформата на компанијата за управување со флота „ЛинкБотс“ и технологија за позиционирање со ултраширок опсег, која овозможува прецизност на ниво на сантиметар.
Индустријата за хуманоидни роботи во Кина преминува од поединечни демонстрации кон примена во големи размери. Во тој контекст, 110 хуманоидни роботи во саботата поставија Гинисов светски рекорд за најголем број хуманоидни роботи што танцуваат истовремено, во градот Џинан, во кинеската провинција Шандонг, пренесе „Global Times“. Вкупно 110 хуманоидни роботи „Expedition A3“, развиени од кинеската компанија „AgiBot“, изведуваа синхронизирани танцови движења и промени на формациите, користејќи ја компаниската платформа за групно управување „LinkBots“ и технологија за ултраширокопојасно позиционирање, која овозможува прецизност на ниво на сантиметар.
Кинеската индустрија за хуманоидни роботи се движи од индивидуални демонстрации кон апликации од голем обем, а во сличен развој, 110 хуманоидни роботи поставија Гинисов рекорд за најголем број хуманоидни роботи што танцуваат истовремено во градот Џинан, покраината Шандонг, Кина, во саботата, објави „Глобал тајмс“. Вкупно 110 хуманоидни роботи „Експедиција А3“, развиени од кинеската компанија „АгиБот“, изведуваа синхронизирани танцови движења и промени во формацијата користејќи ја платформата за групна контрола „ЛинкБотс“ на компанијата и технологијата за ултра-широкопојасно позиционирање што овозможува точност на ниво на сантиметар. „АгиБот“ соопшти дека сите 110 роботи изведувале синхронизирани движења без прекин, вклучувајќи менување позиции, скокање, превртување и менување формации.
Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.