Најмалку две лица загинаа, а повеќе од 17 се повредени откако зграда во близина на активно градилиште се урна во Њујорк, соопштија властите. Во Бруклин е во тек голема операција за пребарување и спасување, во која се вклучени повеќе од 250 припадници на итните служби. Спасувачите ги пребаруваат урнатините на трикатната зграда во потрага по евентуални преживеани кои би можеле да бидат заробени под нив.
Најмалку пет лица се повредени – од кои едно е во критична состојба – откако денеска во Бруклин се урна зграда, соопшти Противпожарната служба на градот Њујорк. NOW: Major technical rescue operation is underway after a building collapsed in Brooklyn, New York, with multiple people reportedly trapped inside. https://t.co/DOxxX9XDup — Scope Report (@ScopeReport_) November 11, 2026.
Најмалку две лица загинаа, а повеќе од 17 се повредени откако зграда во близина на активно градилиште се урна во Њујорк, соопштија властите. Во Бруклин е во тек голема операција за пребарување и спасување, во која се вклучени повеќе од 250 припадници на итните служби. Спасувачите ги пребаруваат урнатините на трикатната зграда во потрага по евентуални преживеани кои би можеле да бидат заробени под нив.
Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени, меѓу кои и седум деца, откако зграда се урна во њујоршката населба Бруклин, јави ДПА, повикувајќи се на локалните власти. Комесарката на противпожарната служба во Њујорк, Лилијан Бонсињоре, изјави дека спасувачката операција ќе трае подолго и дека во тек е истрага за утврдување на причините за уривањето. Зградата се урнала врз соседно градилиште, а потрагата и спасувањето се „исклучително сложени“, посочи Бонсињоре.
Американските пратеници Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва на средба со рускиот претседател Путин, во обид да ги придвижат мировните преговори по дводневната рунда разговори меѓу Русија и Украина во Абу Даби. Според најавите, Вашингтон од Москва ќе побара согласност за вклучување на европските претставници во идните преговори и нов предлог за европската безбедносна архитектура, додека веќе е договорен начелен план за голема размена на воени заробеници. По средбата во Кремљ, американскиот тим заминува во Даблин на разговори со Зеленски, кој е скептичен за можен напредок, но се надева на конкретни резултати.
Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, денеска изјави дека тој и американскиот пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, утре ќе отпатуваат за Москва на средба со рускиот претседател Владимир Путин. Оваа најава доаѓа откако трилатералните преговори во Абу Даби завршија без јасен напредок, пренесува CNN. „Стив и јас утре патуваме за Москва за да се сретнеме со рускиот претседател Путин, да разговараме за темите што беа отворени денеска и да се обидеме да постигнеме дополнителен напредок по одредени прашања, бидејќи гледаме конкретни можности за пробив“, рече Кушнер.
Американскиот специјален претставник Џаред Кушнер по завршувањето на трилатералните преговори во Абу Даби изјави дека е постигнат договор за размена на голем број воени заробеници. Според него договорено е „најголемо хуманитарно ослободување на затвореници“ и оти нивната бројка ќе биде позната утре. И шефовите на руската и украинската делегација Владимир Медински и Рустем Умеров потврдија дека е планирана размена на воени заробеници.
Москва би можела да склучи пактови за ненапаѓање со членки на НАТО, како дел од идната безбедносна архитектура за Европа, изјави главниот руски преговарач Владимир Медински. Оваа идеја била отворена на дводневните преговори во Абу Даби за крај на војната во Украина. Дипломатот Алексеј Дробинин на безбедносна конференција во Москва изнесе три предлози за идната безбедносна рамка за Европа.
Македонија во 2024 година имала стапка на убиства регистрирани од полицијата од 1,10 на 100.000 жители, покажуваат податоците на Евростат. Највисока стапка на убиства меѓу земјите во регионот има Црна Гора – 1,92, во Бугарија е 1,23, во Србија 0,82, а во Грција 0,78. Во Европската Унија највисока стапка на убиства имала Литванија – 2,63 на 100.000 жители. По неа, следуваат Летонија со 2,40 и Естонија со 1,82. Најниска стапка во ЕУ е регистрирана во Луксембург, со 0,30 убиства на 100.000 жители, пред Италија со 0,57 и Чешка со 0,63. И покрај највисоката стапка, Литванија бележи и најголем пад на овој показател, кој е повеќе од преполовен во споредба со 2014 година.
Македонија во 2024 година имала стапка на убиства регистрирани од полицијата од 1,10 на 100.000 жители, покажуваат податоците на Евростат. Највисока стапка на убиства меѓу земјите во регионот има Црна Гора 1,92, во Бугарија е 1,23, во Србија 0,82, а во Грција 0,78. Во Европската Унија, највисока стапка на убиства имала Литванија – 2,63 на 100.000 жители. По неа следуваат Летонија со 2,40 и Естонија со 1,82. Најниска стапка во ЕУ е регистрирана во Луксембург, со 0,30 убиства на 100.000 жители, пред Италија со 0,57 и Чешка со 0,63. И покрај највисоката стапка, Литванија бележи и најголем пад на овој показател, кој е повеќе од преполовен во споредба со 2014 година.
Македонија во 2024 година имала стапка на убиства регистрирани од полицијата од 1,10 на 100.000 жители, покажуваат податоците на Евростат. Највисока стапка на убиства меѓу земјите во регионот има Црна Гора 1,92, во Бугарија е 1,23, во Србија 0,82, а во Грција 0,78. Во Европската Унија, највисока стапка на убиства имала Литванија - 2,63 на 100.000 жители. По неа следуваат Летонија со 2,40 и Естонија со 1,82. Најниска стапка во ЕУ е регистрирана во Луксембург, со 0,30 убиства на 100.000 жители, пред Италија со 0,57 и Чешка со 0,63. И покрај највисоката стапка, Литванија бележи и најголем пад на овој показател, кој е повеќе од преполовен во споредба со 2014 година.
Во Европската Унија највисока стапка на убиства имала Литванија – 2,63 на 100.000 жители. По неа, следуваат Летонија со 2,40 и Естонија со 1,82. Најниска стапка во ЕУ е регистрирана во Луксембург, со 0,30 убиства на 100.000 жители, пред Италија со 0,57 и Чешка со 0,63. И покрај највисоката стапка, Литванија бележи и најголем пад на овој показател, кој е повеќе од преполовен во споредба со 2014 година. Тренд на намалување во изминатата деценија се бележи и во Македонија, која во 2014 имала 1,21 убиство на 100.000 жители наспроти сегашните 1,10.
Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава во септември 2026 година и оствариле 264.370 ноќевања, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Од вкупниот број туристи, 24,9 проценти биле домашни, а 75,1 процент странски туристи. Кај остварените ноќевања, 33,8 проценти биле од домашните, а 66,2 проценти од странските туристи.
Во септември 2026 година во земјава се регистрирани вкупно 136.305 туристи кои оствариле 264.370 ноќевања, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Странските гости ја имаат главната збор во септемвриската посетеност – тие сочинуваат дури 75,1% од вкупниот број туристи и учествуваат со 66,2% во реализираните ноќевања. Бројот на ноќевањата во септември 2026 година.
Од вкупниот број туристи, 24,9 проценти биле домашни, а 75,1 процент странски туристи. Кај остварените ноќевања, 33,8 проценти биле од домашните, а 66,2 проценти од странските туристи. Најголем број странски туристи во септември дошле од Турција, вкупно 27.933.
Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава во септември 2026 година и оствариле 264.370 ноќевања, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Од вкупниот број туристи, 24,9 проценти биле домашни, а 75,1 процент странски туристи. Кај остварените ноќевања, 33,8 проценти биле од домашните, а 66,2 проценти од странските туристи.
Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити банката на Вучиќ од истрагата во Србија. Го натера Славески да ги поднесе кривичните пријави против претседателот на СДСМ, Венко Филипче, Александар Саша Димитријевиќ, Андреј Жерновски и Александар Трајановски – се наведува во соопштението од СДСМ. Граѓаните знаат дека Мицкоски сè работи по налог на Вучиќ, како што беше внесувањето на Aлта банка во Македонија, неговата лична пералница на пари.
Неофицијално, КУРИР дознава дека Народната банка на Република Македонија ќе поднесе кривични пријави за ширење на паника во врска со случувањата со Алта банка. Имено, како што неофицијално дознаваме, кривични пријави ќе бидат поднесени до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, до Андреј Жерновски и генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ. Изминатиов период овие лица со разни неосновани обвинувања ширеа паника кај граѓаните.
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност, упати сериозни критики до гувернерот Трајко Славески и побара негова оставка. Лукаревска рече дека гувернерот ја поткопува една од најважните институции во државата и дека единствениот одговорен чекор што треба да го преземе е веднаш да си поднесе оставка. „Гувернере, вие не само што го урнисавте угледот на Народната банка, вие сериозно го поткопувате темелот на исклучително битната институција во државата.
Четири функционери на СДСМ да одговараат кривично за ширење паника за Алта банка побарала Народната банка на Македонија. Од банката потврдуваат дека поднеле кривични пријави без да соопштат повеќе детали. „Народната банка поднесе пријави до Основното јавно обвинителство Скопје поради јавни изјави со сериозни и непоткрепени обвинувања поврзани со „АЛТА банка“ АД Битола.“ – се вели во краткиот одговор кој до Сител го испрати прес службата на Народната банка.
Октомвриските анкети направени за потребите на ВМРО-ДПМНЕ покажале дека две третини од граѓаните го поддржуваат членството во ЕУ, но дека се зголемува бројот на оние кои се против промената на Уставот за исполнување на таа цел. Покрај кај македонската заедница која 80% е против, расте процентот и кај другите етнички заедници. Кога станува збор за партискиот рејтинг, ВМРО-ДМНЕ убедливо води со 24%,. На второ место е СДСМ со 8,5%, веднаш зад нив е ДУИ со 7,9%, а коалицијата Вреди бележи 7,1%.. Левица има доверба од 6%, додека движењето ЗНАМ има рејтинг од 2%.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ужива речиси трипати поголема доверба меѓу избирачите отколку најголемата опозициска партија СДСМ, покажуваат три истражувањата на јавното мнение спроведени во текот на изминатиот месец. Како што брифираат од владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ имала доверба кај 24 отсто од учесниците во анкетите, додека следат социјалдемократите со 8,5 отсто доверба. Од македонските политички партии третата е Левица која ужива 6 отсто доверба.
Октомвриските анкети направени за потребите на ВМРО-ДПМНЕ покажале дека две третини од граѓаните го поддржуваат членството во ЕУ, но дека се зголемува бројот на оние кои се против промената на Уставот за исполнување на таа цел. Покрај кај македонската заедница која 80% е против, расте процентот и кај другите етнички заедници. Кога станува збор за партискиот рејтинг, ВМРО-ДМНЕ убедливо води со 24%,. На второ место е СДСМ со 8,5%, веднаш зад нив е ДУИ со 7,9%, а коалицијата Вреди бележи 7,1%.. Левица има доверба од 6%, додека движењето ЗНАМ има рејтинг од 2%.
ВМРО-ДПМНЕ во октомври имала поддршка од 24 проценти од граѓаните, СДСМ 8,5 отсто, Левица 6, ДУИ 7,9, ВРЕДИ 7,1 и ЗНАМ 2 процента, покажуваат резултатите од три анкети на три различни истражувачки агенции, изработени за потребите на ВМРО- ДПМНЕ. Две од анкетите се изработени теренски, а една телефонски. Споредено со претходните анкети, поддршката за партиите е без големи осцилации.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Претежно во западните и северните делови од земјава ќе има повремени слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Променливо облачно. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.
Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.
Најстудено утрово е во Струмица, а најтопло во Демир Капија, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи до 8:30 часот. Во Струмица денеска биле евидентирани 6 Целзиусови степени, 7 во Берово, Штип, 8 - Попова Шапка, Крива Паланка, Тетово, 9 - Скопје-Петровец, Кавадарци, Виница, 10 - Крушево, Битола, Велес, Скопје-Зајчев Рид, Куманово, 12 - Лазарополе, Охрид, 13 - Претор, Прилеп, Гевгелија, а 14 Целзиусови степени во Демир Капија. Според синоптичарите, времето во текот на денов ќе биде променливо облачно.

5 ное – 21 мар · 3 термини19:30, 20:00Изгубени низ процепите: Обри Вилијамс и колекцијата на МСУ - СкопјеМСУ - СкопјеМСУ - Скопје
6 ное – 15 ноеВАКО Европско првенство во кикбоксСкопјеСкопје
11 ное – 23 ное · 4 терминисре 11.11. — 18:00
ПријаваБесплатен влез со задолжителна регистрација — пријави се кај организаторот пред настанот26 окт – 13 ноеОбука „Дигитални иновации и психосоцијална отпорност“Меѓународен Славјански Универзитет · Свети НиколеМеѓународен Славјански Универзитет · Свети Николе
1 ное – 30 ноеNovember Pass во Rulebook CafeRulebook Cafe · СкопјеRulebook Cafe · Скопје
34Cineplexx Skopje
22Македонски народен театар
17Македонска филхармонија
1250та Дивизија
10СЦ Јане Сандански
9Драмски театар Скопје
7Public Room
7Арена Борис Трајковски
7Лабораториум
7Центар за култура Битола
6Pub Club Terasa
6Rulebook Cafe
6Театар Комедија
5Book Nook Bookclub
5Skopje City Mall
5Киноверзум Велес
5Киноверзум Штип
4Bad Donkey Gastropub
4Base42
4Cuban Cocktail Bar & Restaurant
4FRANZ
4Gold Felicia
4Stanica 26
4Tribeca Park

Сите места ›
5 ное – 21 мар · 3 термини19:30, 20:00Изгубени низ процепите: Обри Вилијамс и колекцијата на МСУ - СкопјеМСУ - СкопјеМСУ - Скопје
6 ное – 15 ноеВАКО Европско првенство во кикбоксСкопјеСкопје
11 ное – 23 ное · 4 терминисре 11.11. — 18:00
ПријаваБесплатен влез со задолжителна регистрација — пријави се кај организаторот пред настанот26 окт – 13 ноеОбука „Дигитални иновации и психосоцијална отпорност“Меѓународен Славјански Универзитет · Свети НиколеМеѓународен Славјански Универзитет · Свети Николе
1 ное – 30 ноеNovember Pass во Rulebook CafeRulebook Cafe · СкопјеRulebook Cafe · Скопје
5 ное – 29 ноеТивки актери, гласни приказниМузеј на Македонија · СкопјеМузеј на Македонија · Скопје

+614 настани ›Стотици луѓе протестираа на улиците во Атина поради високите кирии и кризата со домувањето која станува сè посериозна. Демонстрантите – на кои им се придружија претставници од синдикати, студентски здруженија и организации на граѓанското општество – се собраа на плоштадот „Клафтмонос“ во центарот на градот. Тие побараа од грчката влада да преземе конкретни мерки за да се ограничи растот….
Стотици луѓе протестираа на улиците во Атина поради високите кирии и кризата со домувањето која станува сè посериозна. Демонстрантите – на кои им се придружија претставници од синдикати, студентски здруженија и организации на граѓанското општество – се собраа на плоштадот „Клафтмонос“ во центарот на градот. Тие побараа од грчката влада да преземе конкретни мерки за да се ограничи растот на трошоците за домување и да се обезбеди подобра заштита за станарите.
Најмалку десет лица загинаа, а пет се повредени денес откако патничко комбе излета од планински пат во Непал, соопшти полицијата. Комбето излетало од патот и се превртело по падина во должина од околу 700 метри, пред да застане во близина на селото Бхимфеди, на околу 60 километри југозападно од главниот град Катманду, пренесува АП . Полициски службеници од блиската станица пристигнале на местото на несреќата и ги пренеле преживеаните во болници, каде што им се укажува лекарска помош. Причината за несреќата сè уште не е позната Причината за несреќата сè уште не е позната, а полицијата спроведува истрага за да утврди што точно се случило.
Најмалку десет лица загинаа , а пет се повредени денес откако патничко комбе излета од планински пат во Непал , соопшти полицијата. Комбето излетало од патот и се превртело по падина во должина од околу 700 метри , пред да застане во близина на селото Бхимфеди , на околу 60 километри југозападно од главниот град Катманду. Полициски службеници од блиската станица пристигнале на местото на несреќата и ги пренеле преживеаните во болници , каде што им се укажува лекарска помош.
Управниот одбор на технолошката компанија „Nvidia“ се состана вчера за да одлучи за можно разрешување на извршниот директор Џенсен Хуанг, откако се дозна дека тој имал две вонбрачни афери, од кои едната со жена за која постои сомневање дека е кинески шпион. Состанокот на управниот одбор на водечкиот светски производител на чипови за вештачка интелигенција претставува значителна промена во….
Тројца влијателни републиканци од Претставничкиот дом ќе го одбијат предлогот на извршниот директор на „Nvidia“, Џенсен Хуанг, наместо него на сослушувањето да присуствува правниот застапник на компанијата. Според добро упатен извор, законодавците инсистираат Хуанг лично да одговори на прашањата во врска со неговите наводни врски со кинеската шпионка, пренесува „Ројтерс“ . Претседателот на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом, Брајан Маст, и двајца други високи републикански законодавци, на 4 ноември побараа од Хуанг да дојде на сослушување зад затворени врати во врска со извештај на „Њујорк тајмс“, во кој се тврди дека тој одржувал блиски односи со кинеска деловна жена која пренесувала информации до Пекинг. Од кабинетот на Маст изјавија дека конгресменот е подготвен да издаде официјален налог за сведочење (судски налог) доколку Хуанг не постапи според нивното барање.
Управниот одбор на технолошката компанија „Nvidia“ се состана во средата за да одлучи за можното разрешување на извршниот директор Џенсен Хуанг, откако се дозна дека тој имал две вонбрачни афери – од кои едната со жена за која постои сомневање дека е кинески шпион – изјави за „Ројтерс“ извор запознаен со случајот. Состанокот на управниот одбор на водечкиот светски производител на чипови за вештачка интелигенција претставува значителна промена во однос на ситуацијата од неделата, кога одборот на „Nvidia“ изрази доверба во Хуанг и неговиот менаџерски тим. Според политиките на компанијата, Хуанг може да биде разрешен со мнозинство гласови од членовите на управниот одбор, без оглед на тоа дали постои конкретна оправдана причина за тоа.
Тројца влијателни републиканци од Претставничкиот дом ќе го одбијат предлогот на извршниот директор на „Nvidia“, Џенсен Хуанг, наместо него на сослушувањето да присуствува правниот застапник на компанијата. Според добро упатен извор, законодавците инсистираат Хуанг лично да одговори на прашaња во врска со неговата интимна врска со колешка која шпионирала за Пекинг, пренесува „Ројтерс“ . Претседателот на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом, Брајан Маст, и двајца други високи републикански законодавци, на 4 ноември побараа од Хуанг да дојде на сослушување зад затворени врати во врска со извештај на „Њујорк тајмс“, во кој се тврди дека тој одржувал блиски односи со кинеска деловна жена која пренесувала информации до Пекинг. Од кабинетот на Маст изјавија дека конгресменот е подготвен да издаде официјален налог за сведочење доколку Хуанг не постапи според нивното барање.
Демократот Скот Колом ја победи републиканската сенаторка Синди Хајд-Смит на изборите за Сенатот на САД во Мисисипи, објави „Асошиејтед прес“. Според проекцијата на Си-Ен-Ен, Колом е првиот демократ кого оваа сојузна држава го избрала во Сенатот по повеќе од 40 години. Според податоците на АП, откако биле пребројани околу 99 проценти од гласовите, Колом освоил 473.336 гласови (49,2 проценти), додека Хајд-Смит добила 468.667 гласови (48,7 проценти). Независниот кандидат Тај Пинкинс освоил 20.234 гласа (2,1 процент). Изборната трка останала неизвесна и неколку дена по изборите одржани на 3 ноември.
Демократскиот кандидат Скот Колом синоќа ја победи републиканската сенаторка Синди Хајд-Смит на изборите за Сенатот на САД во Мисисипи, станувајќи првиот демократ што освоил сенаторско место во оваа јужна држава по 1982 година, пренесува Ројтерс. Со оваа победа во Мисисипи, демократите обезбедија предност од 55 спрема 44 во Сенатот, кој брои 100 места, додека исходот од една сенаторска трка на изборите од минатата недела на Алјаска сè уште е непознат. Во Претставничкиот дом, демократите досега освоија 41 место и имаат предност од 254 спрема 168, при што сè уште се чекаат резултатите за 13 места.
Демократот Скот Колом победи на изборите за сенатор во Мисисипи, сојузна држава која важи за едно од најцврстите упоришта на републиканците. Колом е првиот црн сенатор од оваа сојузна држава по 1881 година и првиот демократ избран по 1947 година. Победата во Мисисипи ја зголемува предноста на демократите во Сенатот на 55 спрема 44. На овие избори од републиканците презедоа сенаторски места во осум сојузни држави.
Демократот Скот Колом прогласи победа над републиканската сенаторка Синди Хајд-Смит во американската сојузна држава Мисисипи. Според Гардијан, ова е прва победа на демократ на сенатски избори во државата од 1982 година. Колом би станал и првиот црн сенатор избран непосредно од гласачите на Мисисипи.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин, Ирска. На настанот, што се одржува во рамките на ирското претседателство со Советот на Европската Унија, е предвидено учество на над 50 европски шефови на држави или влади и лидери на клучни европски и меѓународни институции. Со состанокот, како што соопштија од Кабинетот на Сиљановска-Давкова, ќе копретседаваат претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и ирскиот премиер, Михал Мартин.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, 12 ноември 2026 година, четврток, ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин, Ирска. На настанот, што се одржува во рамки на ирското претседателство со Советот на Европската Унија, е предвидено учество на над 50 европски шефови на држави или влади и лидери на клучни европски и меѓународни институции. Со состанокот ќе ко-претседаваат претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и ирскиот премиер, Михал Мартин.
Утре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен, а со самитот ќе претседава претседателот на Европскиот совет – Антонио Кошта. Целта на неформалниот самит е дискусија за актуелни прашања и стратешки приоритети за унијата. Иако засега говорниците не се објавени, како што посочува организаторот - Ирска, која моментално претседава со Советот на Европската унија, неформалниот формат на состанокот ќе овозможи отворена политичка дискусија и стратешко размислување за прашања што влијаат врз идниот правец на Европската унија, а во фокусот ќе биде и Украина.
Лидерите на околу 50 европски земји ќе разговараат за клучните стратешки и геополитички предизвици со кои се соочува европскиот континент.
Турција и Азиската банка за инфраструктурни инвестиции (АБИИ) постигнаа договор за рекорден пакет финансиска поддршка од 1,6 милијарди долари за климатски политики, наменет за поддршка на реформите со кои треба да се привлечат инвестиции неопходни за остварување на климатските цели на земјата, соопшти денеска банката. Според проценките на АБИИ, на Турција до 2030 година ќе ѝ бидат потребни дополнителни 68 милијарди долари за климатски проекти, а околу половина од таа сума треба да дојде од приватни извори. Договорот опфаќа реформи во фискалната политика, финансиската регулатива и секторското планирање, со цел да се поддржи спроведувањето на Законот за климата и планот за намалување на емисиите гасови што предизвикуват ефект на стаклена градина.
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) планира во следните пет години да инвестира 6 милијарди американски долари во проекти за обновлива енергија и енергетска транзиција во Турција, во рамки на новата платформа за забрзување на обновливите извори и чиста енергетска транзиција (REACT), промовирана на климатската конференција COP31 во Анталија. Платформата има амбициозна цел до 2040 година да мобилизира вкупно 300 милијарди долари инвестиции во турскиот енергетски сектор, опфаќајќи го целиот синџир на вредност – од производство на електрична енергија од обновливи извори, преку преносна мрежа и складирање енергија, до развој на флексибилни системи, домашно производство на опрема и електрификација. ЕБОР е меѓу првите потписници на иницијативата, во чие воспоставување активно учествуваше во соработка со турското Министерство за енергетика и природни ресурси.
Турција и Азиската банка за инфраструктурни инвестиции (АБИИ) постигнаа договор за рекорден пакет финансиска поддршка од 1,6 милијарди долари за климатски политики, наменет за поддршка на реформите со кои треба да се привлечат инвестиции неопходни за остварување на климатските цели на земјата, соопшти денеска банката. Според проценките на АБИИ, на Турција до 2030 година ќе ѝ бидат потребни дополнителни 68 милијарди долари за климатски проекти, а околу половина од таа сума треба да дојде од приватни извори. Договорот опфаќа реформи во фискалната политика, финансиската регулатива и секторското планирање, со цел да се поддржи спроведувањето на Законот за климата и планот за намалување на емисиите гасови што предизвикуват ефект на стаклена градина.
Вкупно 1.026 магистри и 39 доктори на науки се евидентирани како невработени во Македонија, стои во податоците на Агенцијата за вработување, заклучно со 31 август 2026 година. Според статистиката, од вкупниот број невработени магистри, 639 се мажи, а 387 се жени. Меѓу лицата со докторска титула кои се водат како невработени, 26 се мажи, а 13 се жени.
Вкупно 1.026 магистри и 39 доктори на науки се евидентирани како невработени во Македонија, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за вработување, заклучно со 31 август 2026 година. Според статистиката, од вкупниот број невработени магистри, 639 се мажи, а 387 се жени. Меѓу лицата со докторска титула кои се водат како невработени, 26 се мажи, а 13 се жени.
Берзанските индекси пораснаа на Волстрит во средата, бидејќи солидните деловни резултати од „CoreWeave“ повторно ги насочија инвеститорите кон купување акции на компании поврзани со развојот на вештачката интелигенција. Индексот Dow Jones доби 0,49 отсто, на 52.486 поени, додека S&P 500 порасна за 1,31 отсто, на 7.619 поени, а Nasdaq за 1,60 отсто, на 25.466 поени. Меѓу најголемите добитници вчера беше акцијата „CoreWeave“, со скок на цената од речиси 25 отсто, откако компанијата за развој на центри за податоци ги објави своите квартални деловни резултати.
На Волстрит, берзанските индекси скокнаа за повеќе од 2 проценти во понеделник, благодарение главно на корекцијата на цените на технолошките акции по остриот пад од минатата недела. Индексот Dow Jones порасна за 2,15 проценти, на 52.389 поени, додека S&P 500 скокна за 2,35 проценти, на 7.549 поени, а Nasdaq за 2,74 проценти, на 25.253 поени.
Акциите силно пораснаа во понеделникот, поттикнати од падот на цените на нафтата и добивките на технолошките акции по минатонеделната волатилност. Индексот на индустрискиот просек Dow Jones скокна за 1.104,02 поени, или 2,15%, и го затвори тргувањето на ниво од 52.389,75 поени. Тој индекс на водечки компании беше поддржан од растот на акции како што се Голдман Сакс и Катерпилар.
Управата за финансиска полиција откри сомнежи за даночно затајување тешко повеќе од 23 милиони денари, односно околу 378.000 евра. Поради сомневање дека со финансиски манипулации бил оштетен државниот буџет, поднесена е кривична пријава пр.
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против три физички лица и едно правно лице поради сомнение за даночно затајување, со кое Буџетот бил оштетен за 23.252.988 денари, односно околу 378 илјади евра. Според пријавата, првопријавениот Т.П., како ополномоштено лице, во соработка со З.П., сопственик и управител на правното лице кое е во стечај, во текот на 2022 и 2023 година преземале дејствија за да избегнат пресметување, пријавување и плаќање даночни обврски. Од Финансиската полиција информираат дека од сметката на фирмата биле подигнати 8,9 милиони денари без соодветно покритие, додека позајмици кон физички лица во вредност од 21,7 милиони денари не биле евидентирани како непризнаени расходи за даночни цели.
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две физички лица – сопственик и управител на правно лице, едно ополномоштено лице како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. Првопријавениот Т.П., во својство на ополномоштено лице во соработка со второпријавената З.П. во својство на сопственик и управител на третопријавениот правен субјект-во стечај, свесно и со однапред утврдена намера да се стекнат со противправна имотна корист за себе и правниот субјект, во текот на 2022 и 2023 година, преземале дејствија со кои избегнале пресметување, пријавување и плаќање на законски утврдените даночни обврски. Имено, без соодветно покритие подигнале парични средства од сметката на правното лице во износ од 8.912.345 денари, не ги евидентирале дадените позајмици кон физички лица во вкупен износ од 21.742.806 денари како непризнаени расходи за даночни цели во даночните биланси, ниту ги прикажале застарените обврски во износ од 148.489.312 денари како приходи во даночниот биланс за 2023 година на правното лице.
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две физички лица – сопственик и управител на правно лице, едно ополномоштено лице како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик на Република Македонија. Првопријавениот Т.П., во својство на ополномоштено лице во соработка со второпријавената З.П. во својство на сопственик и управител на третопријавениот правен субјект-во стечај, свесно и со однапред утврдена намера да се стекнат со противправна имотна корист за себе и правниот субјект, во текот на 2022 и 2023 година, преземале дејствија со кои избегнале пресметување, пријавување и плаќање на законски утврдените даночни обврски. Имено, без соодветно покритие подигнале парични средства од сметката на правното лице во износ од 8.912.345 денари, не ги евидентирале дадените позајмици кон физички лица во вкупен износ од 21.742.806 денари како непризнаени расходи за даночни цели во даночните биланси, ниту ги прикажале застарените обврски во износ од 148.489.312 денари како приходи во даночниот биланс за 2023 година на правното лице.
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во изминатиот период повторно е забележана зачестена појава на измамнички пораки преку СМС, електронска пошта и социјалните мрежи, со што граѓаните се доведуваат во заблуда дека треба да извршат уплата за наводно направен сообраќаен прекршок, регистриран од системот „Безбеден град“. Станува збор за обиди за фишинг-измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба – додаваат од МВР. Од МВР апелираат до граѓаните да бидат особено внимателни и да не отвораат сомнителни линкови, да не внесуваат податоци од платежни картички, лозинки и други лични информации на непроверени веб-страници, ниту да вршат уплати преку линкови добиени во сомнителни пораки.
Системот „Безбеден град“ наскоро ќе започне да регистрира и нови сообраќајни прекршоци, а возачите кои непрописно паркираат или запираат на главните булевари ќе добиваат известувања за казни преку СМС-пораки. Министерот за внатрешни работи.
Повторно е забележана зачестена појава на испраќање на измамнички пораки преку СМС, електронска пошта и социјалните мрежи, со кои граѓаните се доведуваат во заблуда дека треба да извршат уплата за наводно направен сообраќаен прекршок регистриран од системот „Безбеден град“, велат од МВР. Станува збор за обиди за фишинг измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба. МВР апелира до граѓаните да бидат особено внимателни и да не отвораат сомнителни линкови, да не внесуваат податоци од платежни картички, лозинки и други лични информации на непроверени веб-страници, ниту да вршат уплати преку линкови добиени во сомнителни пораки.
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во изминатиот период повторно е забележана зачестена појава на измамнички пораки преку СМС, електронска пошта и социјалните мрежи, со што граѓаните се доведуваат во заблуда дека треба да извршат уплата за наводно направен сообраќаен прекршок, регистриран од системот „Безбеден град“. Станува збор за обиди за фишинг-измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба – додаваат од МВР. Од МВР апелираат до граѓаните да бидат особено внимателни и да не отвораат сомнителни линкови, да не внесуваат податоци од платежни картички, лозинки и други лични информации на непроверени веб-страници, ниту да вршат уплати преку линкови добиени во сомнителни пораки.
Царински службеници од царинарница Битола и мобилни тимови од Одделението за оперативни работи на зелениот пазар и градскиот плоштад во Прилеп спроведоа акција за контрола на акцизни производи, при што се запленети вкупно 168,7 килограми режан тутун, за кои е избегнато плаќање акциза во висина од 463.787 денари. Во акцијата е повикана и асистенција од полициски службеници. Како што информираат од Царинскат ауправа, при тоа се фатени шест лица како продаваат тутун без акцизни маркички, со што најгрубо го прекршиле законот, го оштетиле Буџетот на државата и го загрозиле здравјето на граѓаните.
Царински службеници од царинарница Битола и мобилни тимови од Одделението за оперативни работи на зелениот пазар и градскиот плоштад во Прилеп спроведоа акција за контрола на акцизни производи, при што запленети се вкупно 168,7 килограми режан тутун , за кои е избегнато плаќање акциза во висина од 463.787 денари . Во акцијата е повикана и асистенција од полициски службеници. Конкретно, фатени се шест лица како продаваат тутун без акцизни маркички , со што најгрубо го прекршиле законот, го оштетиле Буџетот на државата и го загрозиле здравјето на граѓаните. Против нив се поведени соодветни постапки пред надлежниот суд и Комисијата за прекршоци, соопштија од Царинската управа.
Царински службеници заплениле 168,7 килограми режан тутун при акција на зелениот пазар и градскиот плоштад во Прилеп. Според Царинската управа, со нелегалната продажба било избегнато плаќање акциза во износ од 463.787 денари. Во акцијата, спроведена од Царинарница Битола и мобилни тимови од Одделението за оперативни работи, биле затекнати шест лица кои продавале тутун без акцизни маркички.
Царински службеници од царинарница Битола и мобилни тимови од Одделението за оперативни работи на зелениот пазар и градскиот плоштад во Прилеп спроведоа акција за контрола на акцизни производи, при што запленети се вкупно 168,7 килограми режан тутун, за кои е избегнато плаќање акциза во висина од 463.787 денари. Во акцијата е повикана и асистенција од полициски службеници. Конкретно, фатени се шест лица како продаваат тутун без акцизни маркички, со што најгрубо го прекршиле законот, го оштетиле Буџетот на државата и го загрозиле здравјето на граѓаните.
а 13 ноември (петок), со почеток во 20 часот, во кафе бар „Ван Гог“ во Скопје ќе се одржи промоцијата на монографијата „Суперхикс - Хроника на една гласна иронија“ , посветена на една од најпрепознатливите групи на македонската музичка сцена. „Тоа значи повеќе од три децении музика, концерти и приказни собрани на скоро 400 страници. Монографијата, чиј автор е музичкиот публицист Тошо Филиповски, на приближно 400 страници ја документира историјата на 'Суперхикс', од нивните почетоци во 1994 година до денес.
На 13 ноември (петок), со почеток во 20 часот, во кафе бар „Ван Гог“ во Скопје ќе се одржи промоцијата на монографијата „Суперхикс – Хроника на една гласна иронија“, посветена на една од најпрепознатливите групи на македонската музичка сцена. Монографијата, чиј автор е музичкиот публицист Тошо Филиповски, на приближно 400 страници ја документира историјата на Суперхикс, од нивните почетоци во 1994 година до денес. Книгата претставува осврт на повеќе од три децении музичко творештво, настапи, спомени и моменти што го обликувале патот на бендот.
На 13 ноември (петок), со почеток во 20 часот, во кафе бар „Ван Гог“ во Скопје ќе се одржи промоцијата на монографијата „Суперхикс – Хроника на една гласна иронија“, посветена на една од најпрепознатливите групи на македонската музичка сцена. Монографијата, чиј автор е музичкиот публицист Тошо Филиповски, на приближно 400 страници ја документира историјата на „Суперхикс“, од нивните почетоци во 1994 година до денес. Книгата претставува осврт на повеќе од три децении музичко творештво, настапи, спомени и моменти што го обликувале патот на бендот.
Повеќе од три децении музика, концерти и приказни собрани на приближно 400 страници. На 13 ноември (петок), со почеток во 20 часот, во кафе бар „Ван Гог“ во Скопје ќе се одржи промоцијата на монографијата „Суперхикс – Хроника на една гласна иронија“, посветена на една од најпрепознатливите групи на македонската музичка сцена. Монографијата, чиј автор е музичкиот публицист Тошо Филиповски, на приближно 400 страници ја документира историјата на „Суперхикс“, од нивните почетоци во 1994 година до денес.
Независната продукција на „Госпоѓица Јулија“, по текст на Аугуст Стриндберг, а во режија на Иван Јерчиќ, утре ќе биде изведена во културниот и едукативен центар Лабораториум во Скопје во 20 часот. Претставата првично е поставена и редовно се игра во КИЦ Офицерски Дом во Битола, а ова е нејзиното прво гостување во главниот град. Улогите ги толкуваат Викторија Степановска Јанкуловска, Никола Стефанов и Марија Стефановска, а сценскиот дизајн е на Марта Дојчиновска.
Независната продукција на „Госпоѓица Јулија“, по текст на Аугуст Стриндберг, а во режија на Иван Јерчиќ, ќе биде изведена во културниот и едукативен центар Лабораториум во петок, 13 ноември, во 20 часот. Претставата првично е поставена и редовно се игра во КИЦ Офицерски Дом во Битола, а ова е нејзиното прво гостување во главниот град. Улогите ги толкуваат Викторија Степановска Јанкуловска, Никола Стефанов и Марија Стефановска, а сценскиот дизајн е на Марта Дојчиновска.
Литературната манифестација „Денови на македонската литература за деца 2026“ ќе се одржи од денеска до 14 ноември во Македонскиот културно-информативен центар во Тирана, со цел промоција на македонското книжевно творештво за деца и унапредување на културната соработка меѓу Македонија и Албанија. Манифестацијата ќе биде отворена со обраќања на директорката на Македонскиот КИЦ во Тирана, Ема Попивода, и програмскиот уредник на проектот, Ели Маказлиева. Во рамки на настанот ќе биде организирана презентација за значењето на литературата за деца, ќе бидат претставени десет авторки на литература за најмладите и ќе бидат промовирани нивните најнови книги објавени во 2026 година од издавачката куќа „Едука Мак“, која е носител и организатор на проектот.
Од 12 до 14 ноември, во организација на Македонскиот културен центар во Тирана, издавачката куќа „Едука Мак“ ќе ја реализира литературната манифестација „Денови на македонската литература во Албанија“. Свеченото отворање ќе се одржи на 12 ноември во 18 часот во просториите на КИЦ Тирана. Поздравни обраќања ќе имаат м-р Ели Маказлиева, програмска уредничка на проектот, и д-р Ема Попивода, директорка на КИЦ Тирана.
Од 12 до 14 ноември, во организација на Македонскиот културен центар во Тирана, издавачката куќа „Едука Мак“ ќе ја реализира литературната манифестација „Денови на македонската литература во Албанија“. Свеченото отворање ќе се одржи на 12 ноември во 18 часот во просториите на КИЦ Тирана. Поздравни обраќања ќе имаат м-р Ели Маказлиева, програмска уредничка на проектот, и д-р Ема Попивода, директорка на КИЦ Тирана.
Екипите на Партизан и на Париз синоќа забележаа домашни победи на отворањето на 11. коло од кошаркарската Евролига. Партизан во Белград ја совлада Баскониja. Во Париз, истоимениот домашен тим по продолжение се радуваше на триумф над Фенербахче со 111:109.
Париз и Фенербахче вечерва се среќаваат во „Акор арена“ од 20:45 по македонско време , во 11. коло од Евролигата. Турскиот тим пристигнува со седум победи од десет натпревари, но Шарунас Јасикевичиус предупредува дека гостувањето носи посебен одбранбен предизвик. Во официјалната клупска најава , тренерот ја нагласи добрата форма на Париз и подобрата воиграност што ја покажува францускиот состав во последните победи.
Лос Анџелес Лејкерс ги победија Милвоки Бакс со 123:112, но натпреварот беше обележан со повреди на тројца играчи. Остин Ривс, Колин Секстон и Лука Дончиќ имаа проблеми во текот на натпреварот, поради што големата победа на Лејкерси падна во втор план. Дончиќ повторно беше најдобар поединец на домашниот тим со 32 поени, пет скока и пет асистенции, додека Сандро Мамукелашвили постигна 23 поени од клупата против својот поранешен клуб.
Лука Дончиќ одигра уште една доминантна партија со која го предводеше Лос Анџелес Лејкерс до победа против Милвоки Бакс од 123-112.
Михаил Оченаш е делегиран за главен судија на натпреварот меѓу Шкотска и Македонија. Со Господ напред.
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ја одреди судиската екипа за натпреварот меѓу Шкотска и Македонија во рамките на Б-лигата на ЛН. Главен судија на средбата ќе биде Михаил Оченаш од Словачка. Негови асистенти покрај аут-линиите ќе бидат сонародниците Адам Јекел и Тобиаш Пачак, додека четврти судија ќе биде Борис Марфетка. За ВАР-системот ќе бидат задолжени Австријците Алан Кијас и Харалд Лехнер.
Британската принцеза Кејт Мидлтон од Велс, откри дека природата одиграла значајна улога во нејзиниот процес на закрепнување од ракот, истакнувајќи дека патот кон заздравувањето не е праволиниски и дека подразбира добри и лоши денови. Според неа, одморот, времето посветено на размислување и поврзаноста со природата се подеднакво важни во овој процес. Во интервју за британскиот неделен магазин „Кантри Лајф“ (Country Life), 44-годишната принцеза се осврна на личното искуство за борба со ракот, кој ѝ беше дијагностициран во јануари 2024 година.
Принцезата од Велс отворено зборуваше за закрепнувањето од ракот во ретко интервју за списанието „Country Life“. Специјалното издание, објавено оваа среда, го уредуваше нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, кој ја презеде улогата на гостин-уредник. Во разговор со писателот Роберт Мекфарлејн, познат по книгите за природата и пејзажите, Кетрин опиша како престојот на отворено ѝ пружал утеха.
Ким Кардашијан повторно го привлече вниманието на модните критичари со својот впечатлив изглед. Таа се одлучи за модно парче од архивата, давајќи му свеж, модерен изглед. Ким Кардашијан веќе некое време е во центарот на вниманието на јавноста.
Риалити ѕвездата Ким Кардашијан одлучи да ја покаже својата нова колекција долна облека на неконвенционален начин, потпирајќи се на ретро мотиви во фотосесијата. Девојката на пилотот на Формула 1, Луис Хамилтон, е и дизајнерка, а новите модели на нејзиниот бренд беа претставени во божиќна фотосесија која изгледа доста различно од вообичаените и нè враќа години и години назад во времето. Сепак, ова очигледно им се допадна на нејзините 343 милиони следбеници на Инстаграм, кои поставија над 1,1 милион лајкови под фотографиите.
Замислете да се преселите во сликовито италијанско гратче, опкружено со планини и недалеку од морето, без да морате да плаќате кирија цели десет години. Ова е можноста што ја нуди италијанскиот регион Калабрија, кој лансираше програма за бесплатно сместување со цел да привлече нови жители и да ги оживее местата што со години се соочуваат со депопулација. Програмата моментално опфаќа 50 куќи и станови во 26 општини.
Италијанскиот регион Калабрија започна програма наречена „Ripopola Calabria“, во чии рамки на заинтересираните граѓани ќе им бидат понудени 50 куќи и станови за бесплатно користење во период од десет години. Покрај тоа што нема да плаќаат кирија, идните станари нема да мора да ги покриваат ниту трошоците за реновирање на недвижностите, бидејќи тие ќе бидат финансирани од регионалните власти. Програмата ја претстави претседателот на Калабрија, Роберто Окиуто, кој ги повика сите кои сакаат да го променат својот начин на живот и да се преселат во некое од италијанските села да ја разгледаат оваа можност, пренесе „Ил Месаџеро“.
Францускиот актер Оливие Мартинез покрена нова правна постапка против поранешната сопруга, холивудската ѕвезда Хали Бери, барајќи зголемување на алиментацијата за нивниот 13-годишен син Мејсео. Како што наведува во судските документи, околностите во меѓувреме се промениле, бидејќи актерката, според неговите тврдења, поминува значително помалку време со детето отколку претходно. Според договорот што поранешните сопружници го постигнале при разводот во август 2023 година, Хали Бери секој месец издвојува 8.000 долари за издржување на синот.
Францускиот актер Оливие Мартинез (60) побара зголемување на износот за издршка што го добива од неговата поранешна сопруга, холивудската ѕвезда Хали Бери (60), за нивниот 13-годишен син Масео. Тој го поднесе ова ново барање откако судот одлучи дека привремениот договор за старателство, според кој момчето поголемиот дел од времето го поминува со својот татко, ќе остане на сила најмалку до 17 декември. Според судските документи до кои дојде магазинот People, Бери моментално плаќа приближно 8.000 долари месечно за издршка на детето.
Тој го поднесе новото барање откако судот пресуди дека привремениот договор за старателство, според кој момчето го поминува поголемиот дел од времето со својот татко, ќе остане на сила најмалку до 17 декември. Тој тврди дека Бери поминува само 18 проценти од своето време со својот син. Според судските документи добиени од списанието „Пипл“ , Бери моментално плаќа околу 8.000 долари месечно за алиментација.
Видеото прикажува раце во бели ракавици како ја вртат монетата, покажувајќи ги двете страни. На едната е германскиот федерален орел , додека на другата има ознака со номинална вредност од две евра. Врз видеото е напишана бројка од дури 80.000 евра.
Токму тоа тврдење се појавува на Инстаграм, каде што е објавено видео од германска монета од 2002 година, за сума што за многумина може да звучи како мало богатство. Видеото прикажува раце во бели ракавици како ја превртуваат монетата, прикажувајќи ги двете страни. На едната страна е германскиот федерален орел, додека на другата е апоенот од две евра.
Некои музички приказни се раѓаат од големи амбиции, јасни планови и желба за слава. Други, пак, почнуваат многу поскромно – со двајца браќа, детска љубопитност, љубов кон музиката, една гитара, гаража и голем сон: еден ден нивните песни да ги пее цела публика. Токму така започнува приказната на Мартин и Стефан Филиповски , идентичните браќа близнаци кои македонската јавност ги запозна и ги засака како NEXT TIME . Речиси две децении подоцна, нивната музичка биографија е исполнета со подеми и падови, огромна популарност, хитовски рефрени, музички експерименти, нови почетоци, професионални предизвици и неколку сосема неочекувани пресврти.
Постојат музички приказни кои почнуваат со голем план, со амбиција за слава и со јасно зацртана цел. Но постојат и такви кои почнуваат многу поскромно – со двајца браќа, детска љубопитност, љубов кон музиката, гитара, гаража и сонот дека еден ден нивните песни ќе ги пее цела публика. Токму таква е приказната на Мартин и Стефан Филиповски , идентичните браќа близнаци кои македонската музичка сцена ги запозна како NEXT TIME.
Истражувачи од Државниот универзитет во Колорадо развија необични роботи што можат да ја менуваат својата форма и да извршуваат задачи за кои на вообичаените роботски системи им се потребни сложени механички зглобови. Новата технологија е претставена на 11 ноември 2026 година, а резултатите од истражувањето се објавени во научното списание „Нејчр машин интелиџенс“. За разлика од класичните роботи, кои најчесто имаат цврсти метални конструкции, новите уреди поседуваат флексибилно тело што може да се свиткува, собира и издолжува.
Инспирирани од неверојатната подвижност на слоновата сурла, научници од Државниот универзитет во Колорадо развија нов вид флексибилни роботи кои можат да ја менуваат својата форма, да фаќаат и пренесуваат предмети, па дури и да се поврзуваат меѓусебно за да извршуваат посложени задачи. Роботите се резултат на истражувањето предводено од професорот Џиангуо Жао и неговиот тим од Катедрата за машинско инженерство. Роботите имаат потенцијал за широка примена, од операции за пребарување и спасување па сè до индустриски задачи, а во иднина би можеле да најдат примена и во вселенските истражувања.
Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.