Народната банка на Србија соопшти дека, по спроведувањето на контролни активности и воведувањето привремени мерки, а со цел заштита на штедачите и другите доверители и спречување на ширење на какви било негативни ефекти врз економијата, ја одзема лиценцата за работа на Алта Банка Белград. Се наведува и дека е утврдено да „во претходниот период, финансиската состојба на банката значително се влошила, и дека постои можност за нејзино дополнително влошување или ликвидноста на банката, со што се во опасност интересите на штедачите на банката“. Како што е наведено, ќе се именува стечаен управник, а штедачите на банката ќе бидат навремено информирани од кои банки ќе ги подигнат своите депозити до осигурениот износ од 50.000 евра, како и за начинот на пријавување на нивните други побарувања.
Извршниот одбор на Народната банка на Србија донесе одлука за одземање на дозволата за работа на АЛТА банка АД Белград. Во соопштението од Народната банка се наведува дека извршниот одбор констатирал оти на одземањето на дозволата му претходеле контролни активности насочени кон зголемување на ликвидноста на банката. „Утврдено е дека во изминатиот период финансиската состојба на банката….
Во контекст на најновите случувања поврзани со АЛТА банка во Република Србија, АЛТА банка АД Битола ја информира јавноста дека Банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Северна Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива и е под непосредна супервизија на Народната банка на Република Северна Македонија. АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со редовно и непречено работење. Сите експозитури и банкомати во вообичаениот режим, а клиентите имаат непречен пристап до своите средства.
Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на АЛТА банка а.д. Белград, откако супервизорот утврдил значително влошување на финансиската состојба и ризик од натамошно влошување на ликвидноста. Одлуката веднаш го отвори прашањето што е најважно за македонските клиенти: што значи ова за АЛТА банка АД Битола, чиј сопственик е српската банка? Одговорот што засега може да се даде врз основа на официјално соопштените информации е прецизен: одземањето на дозволата во Србија не значи автоматско одземање на дозволата на банката во Македонија.
Народниот правобранител на 1 ноември, кога ќе се одржи вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, ќе обезбеди дежурство за прием на претставки од граѓаните за евентуални повреди на избирачкото право. Како што соопшти омбудсманот, подрачната канцеларија во Тетово ќе биде отворена од 7 до 19 часот, односно за време на гласањето, со цел граѓаните да можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Пријавите ќе можат да се поднесуваат лично во канцеларијата или на телефонскиот број 044/344-082.
Во фокусот на средбата беше актуелната безбедносна состојба, со посебен акцент на претстојните предвремени локални избори во Општина Брвеница. Беше констатирано дека состојбата е стабилна и дека се преземаат сите неопходни оперативни и безбедносни мерки за непречено одвивање на изборниот процес, заштита на избирачкото право и безбеден транспорт на изборниот материјал. Директорот Јанев нагласи дека полицијата има обврска да обезбеди услови во кои секој граѓанин слободно и без притисоци ќе може да го оствари своето демократско право на глас, потенцирајќи дека нема да има толеранција за криминал, заплашување или каков било обид за нарушување на изборниот процес.
Вториот круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница ќе се одржи утре 1 ноември, а во 24 населени места во општината денеска гласаат 107 болни и изнемоштени лица. Првиот круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница се одржа пред две недели на 18 октомври, а најмногу гласови освоија кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Синоќа на полноќ почна изборниот молк за вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница.
Денеска се спроведува гласањето на болните и немоќните лица, како и на лицата кои се на издржување казна затвор, во рамки на вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница. Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), вкупно 107 болни и немоќни лица имаат можност да го остварат своето право на глас., како и девет лица кои се наоѓаат на издржување казна затвор. Овие категории граѓани имаат можност да го остварат своето избирачко право еден ден пред официјалниот изборен ден, согласно изборните правила.
Полскиот претседател Карол Навроцки насилно се проби во Уставниот суд во Варшава кратко по полноќ во саботата, во најновата ескалација на спорот за владеењето на правото меѓу претседателот и владата на премиерот Доналд Туск. На видеоснимка објавена во текот на ноќта се гледа како Навроцки се пробива низ луѓето собрани пред влезот на Судот, меѓу кои и Ана Корвин-Пјотровска, судијката чие спорно именување за вршител на должноста претседател на Судот ја предизвика кризата во петокот. Друг судија на највисокиот суд, Мачеј Берек, го обвини претседателот дека физички се пресметувал со Корвин-Пјотровска.
Изјавите на лидерот на полската опозициска партија Право и правда (ПиС), Јарослав Качински, за можните преговори за излез на Полска од Европската Унија предизвикаа остри реакции од претставниците на владејачката коалиција, кои го обвинија дека го отворил прашањето „Полегзит“ и се приближил до ставовите на екстремната десница, објавува „Полсат њуз“. Полскиот премиер Доналд Туск реагираше на социјалната мрежа Икс, наведувајќи дека Полска се соочува со „тешка битка“. „Јарослав Качински штотуку објави дека Полска треба да започне преговори за условите за излез од Европската Унија.
Полскиот претседател Карол Навроцки денеска го прекина патувањето во Сенегал и се врати во Полска по избувнувањето на кризата околу Уставниот суд. Претходно беше објавена одлука за суспензија на претседателот на судот, Богдан Швјенчковски, а полицијата интервенираше во близина на институцијата. Раководството на судот ја оспори суспензијата, обвинувајќи дека станува збор за незаконско преземање на институцијата и обид за државен удар.
Полска влезе во една од најострите институционални конфронтации во последните години откако спорот околу Уставниот суд во Варшава вчера прерасна во полициска интервенција, протести и отворени меѓусебни обвинувања за нарушување на уставниот поредок. Претседателот Карол Навроцки го прекина патувањето во Сенегал и се врати во земјата, додека неговите политички сојузници и раководството на Судот настаните ги нарекоа „државен удар“. Владата на премиерот Доналд Туск го отфрла таквото толкување и тврди дека дејствува за повторно воспоставување на владеењето на правото.
Вчера во Скопје на 79 години почина новинарот Бранко Радовановиќ, објави семејството. Радовановиќ дипломирал на Факултетот за политички науки во Белград. Со новинарство започнал да се занимава уште како средношколец, пишувајќи за весникот „Млад Борец“.
Замина Бранко Радовановиќ. Уште една легенда на македонското новинарство ја напушти сцената, оставајќи зад себе спомени, професионална трага и многу приказни што ќе продолжат да се раскажуваат. Радовановиќ беше име препознатливо во македонскиот медиумски простор.
Почина Бранко Радовановиќ, едно од препознатливите имиња на македонското новинарство, кој остави длабока трага во телевизиското известување и во документарната продукција. Беше известувач од поранешниот Советски Сојуз, од Заливската војна, како и од воените конфликти во Босна, а известувал и за настани во Бугарија, Албанија и Грција. Радовановиќ беше препознатливо име во македонскиот медиумски простор, а зад себе остави долгогодишна професионална кариера и бројни новинарски приказни.
Замина Бранко Радовановиќ, легенда на македонското новинарство кој ја напушти сцената, оставајќи зад себе спомени, професионална трага и многу приказни што ќе продолжат да се раскажуваат. Радовановиќ е роден на 16 јуни 1947 во Битола. Дипломирал на Факултетот за политички науки во Белград.
Министерот за здравство, Сашо Клековски оствари билатерална средба со министерот за здравство на Република Турција, проф. д-р Кемал Мемишоглу, синоќа на маргините на 12. Турски медицински светски конгрес во Истанбул. На средбата беа разгледани билатералните односи и беше нагласено пријателството меѓу двете држави. Министерот Клековски се заблагодари на Република Турција за помошта и солидарноста по трагедијата во Кочани.
Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска се обрати на отворањето на 12. Турски медицински светски конгрес во Истанбул. Конгресот го организираат Министерството за здравство на Република Турција и Институтот за здравство на Турција, под мотото „Иновативно здравство: отпорни здравствени системи, наспроти глобалните здравствени закани“. На отворањето, покрај турскиот министер за здравство проф. д-р Кемал Мемишоглу, се обратија и министри за здравство од повеќе земји, меѓу кои на Малта, Босна и Херцеговина, Киргистан и други..
Министерот за здравство Сашо Клековски објави дека на маргините на 12. Турски медицински светски конгрес денеска одржал неколку билатерални средби. На својот фејсбук профил тој посочува дека со министерката за цивилни работи на Босна и Херцеговина Дубравка Бошњак разговарал за оживување на договорите за соработка во здравството, и дека прв чекор може да биде соработка меѓу универзитетските клинички центри во Сараево и Скопје во трансплантацијата на матични клетки, со заменик-министерката за здравство и социјална заштита на Албанија вонр. проф. Еугена Томини разговарал за соработка во областа на лековите и вакцините, а со министерот за здравство на Киргистан, Дамирбек Осмонов дефинирале точки од заеднички интерес во здравството и фармацијата.
Министерот за здравство, Сашо Клековски синоќа на маргините на 12. Турски медицински светски конгрес во Истанбул оствари билатерална средба со министерот за здравство на Република Турција, проф. д-р Кемал Мемишоглу. На средбата, информираат од Министерството за здравство, беа разгледани билатералните односи и беше нагласено пријателството меѓу двете држави. По средбата, двајцата министри потпишаа меморандум за разбирање и соработка во областа на здравството, како основа за конкретни заеднички активности меѓу двете министерства и нивните здравствени институции.
Врховниот суд на Африм Фидани диригиран од Филипче и Ахмети, ги ослободува од вина директорите на Тетовската болница во која се запали модуларната болница, изјави денеска на прес-конференција Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Каков срам за правосудството во Македонија. Ај што им дадоа на првото судење по една и пол година казна на Флорим Бесими и Артан Етеми, па потоа Апелација им ги зголеми на 3 години, сега Врховниот суд предводен од рецидивите на СДС и ДУИ, ги ослободија овие двајца поранешни директори.
Врховниот суд на Африм Фидани диригиран од Филипче и Ахмети, ги ослободува од вина директорите на Тетовската болница во која се запали модуларната болница, изјави денеска на прес-конференција Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што го пренесуваме интегрално. Каков срам за правосудството во Македонија. Ај што им дадоа на првото судење по една и пол година казна на Флорим Бесими и Артан Етеми, па потоа Апелација им ги зголеми на 3 години, сега Врховниот суд предводен од рецидивите на СДС и ДУИ, ги ослободија овие двајца поранешни директори.
Врховниот суд на Африм Фидани диригиран од Филипче и Ахмети, ги ослободува од вина директорите на Тетовската болница во која се запали модуларната болница, изјави денеска на прес-конференција Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што го пренесуваме интегрално. Каков срам за правосудството во Македонија. Ај што им дадоа на првото судење по една и пол година казна на Флорим Бесими и Артан Етеми, па потоа Апелација им ги зголеми на 3 години, сега Врховниот суд предводен од рецидивите на СДС и ДУИ, ги ослободија овие двајца поранешни директори.
Заменик-генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Бране Петрушевски денеска остро реагираше на одлуката на Врховниот суд со која беа укинати пресудите за поранешните директори на Клиничката болница во Тетово во случајот со пожарот во модуларната болница и предметот беше вратен на повторно судење. На прес-конференција, Петрушевски упати политички обвинувања кон претседателот на Врховниот суд Африм Фидани, како и кон лидерите на СДСМ и ДУИ, Венко Филипче и Али Ахмети, оценувајќи дека одлуката претставува тежок удар за семејствата на жртвите во трагедијата. Врховниот суд на Африм Фидани, диригиран од Филипче и Ахмети, ги ослободува од вина директорите на Тетовската болница во која се запали модуларната болница.
Облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет нè очекува денеска низ земјава, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Врнежите ќе бидат поизразени во попладневните часови и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец.
Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, гласи прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Пообилни врнежи се очекуваат в понеделник. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. До крајот на периодов ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Времето утре ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.

БесплатноВлез слободен — без билет и без пријава30 окт – 1 ное11. Фестивал на чајСкопје Сити МолСкопје Сити Мол
БилетПретежно: Платен влез — потребен е билет (1 од 2 настани)Денес · 6 терминивто 27.10. — 12:00, 20:00
БилетПретежно: Платен влез — потребен е билет · 500 ден (2 од 3 настани)Денес · 2 термини20:00, 21:00VALDERA LIVEСкопјеСкопје
БилетПлатен влез — потребен е билет29 окт – 4 ноеНеделна програма во КиноверзумКиноверзум · ШтипКиноверзум · Штип
30 окт – 1 ноеFashion Weekend Skopje 33 (FWSK33)МСУ (Музеј на современа уметност) · СкопјеМСУ (Музеј на современа уметност) · Скопје
49Cineplexx Skopje
21Драмски театар Скопје
21Македонска филхармонија
21Македонски народен театар
950та Дивизија
8Арена Борис Трајковски
8Скопје
7Public Room
6Киноверзум Штип
6Национална опера и балет
6Центар за култура
5MSU
5Киноверзум Велес
5Охрид
5СЦ Јане Сандански
4Base42
4CoSense
4East Gate Mall
4Stanica 26
4Ведра Едукација
4Лабораториум
4СЦ „ЏЕКСОН“
4Струмица
3Bliss Mall & Retail Park

Сите места ›
БесплатноВлез слободен — без билет и без пријава30 окт – 1 ное11. Фестивал на чајСкопје Сити МолСкопје Сити Мол
БилетПретежно: Платен влез — потребен е билет (1 од 2 настани)Денес · 6 терминивто 27.10. — 12:00, 20:00
БилетПретежно: Платен влез — потребен е билет · 500 ден (2 од 3 настани)Денес · 2 термини20:00, 21:00VALDERA LIVEСкопјеСкопје
БилетПлатен влез — потребен е билет29 окт – 4 ноеНеделна програма во КиноверзумКиноверзум · ШтипКиноверзум · Штип
30 окт – 1 ноеFashion Weekend Skopje 33 (FWSK33)МСУ (Музеј на современа уметност) · СкопјеМСУ (Музеј на современа уметност) · Скопје
БилетПлатен влез — потребен е билет · 1300 денДенесСергеј Четковиќ Live Tour 2026 5.0 СкопјеМакедонска Филхармонија - СкопјеМакедонска Филхармонија - Скопје

+618 настани ›Вучиќ предложен за претседател на СНС – „Ќе има уште многу разочарувања за вас! На почетокот од своето обраќање, претседателот на СНС, Милош Вучевиќ, предложи да се донесе одлука за свикување вонредно собрание на СНС за 13 декември. На кое ќе го избереме новото партиско раководство и партиските органи, и ќе ја подготвиме партијата за периодот што претстои.
Александар Вучиќ, лидерот на српската опозиција, во гостување на Информер ТВ говореше за случувањата за време на изборната ноќ и понатамошните настани. На почетокот од интервјуто, Вучиќ се осврна на моментот кога пристигнале првичните изборни резултати. „Дојдов тука вечерва со грутка во грлото, ќе ви кажам зошто и што се случуваше.
Денес се одржува седница на Главниот одбор на СНС, а прв на неа се обрати лидерот на партијата, Милош Вучевиќ. „Имајќи го предвид сето она низ што помина нашата партија во последните две години; што преживеаја нашата земја и граѓаните во тој период; каква е изборната волја на граѓаните, односно резултатот од изборите; фактот дека сме единствената политичка партија што ја преживеа ’обоената револуција‘; дека СНС секогаш демократски одлучувала за сите прашања; и дека пред нас е нов период – период на силна борба, како во Собранието, така и во секоја општина – дојде време за ново поглавје во нашата партија, за нова сила и енергија“, изјави тој. Врз основа на член 27 од Статутот, тој предложи свикување вонредна седница на Собранието на СНС за 13 декември 2026 година, на која ќе се избере ново партиско раководство и партијата ќе се подготви за претстојниот период.
Претседателот на Српската напредна странка, Милош Вучевиќ, денека во Белград предложи Александар Вучиќ повторно да стане претседател на СНС. Вонредното собрание на партијата е закажано за 13. декември, кога треба да биде избрано новото раководство. Предлогот доаѓа само неколку дена по предвремените парламентарни избори во Србија, на кои листата предводена од Вучиќ го загуби мнозинството од Студентската листа.
Бугарија утре, 1 ноември, ќе го одржи вториот круг од претседателските избори, на кој граѓаните ќе избираат меѓу Илијана Јотова и поранешниот технички премиер Андреј Ѓуров. Во првиот круг, одржан на 25 октомври, Јотова освои 34,76 проценти од гласовите, додека Ѓуров доби 31,95 проценти, покажуваат конечните резултати на Централната изборна комисија. Излезноста беше 22,98 проценти, односно гласале околу 1,5 милиони од вкупно 6,58 милиони граѓани со право на глас.
Бугарија утре, 1 ноември, ќе го одржи вториот круг од претседателските избори, на кои граѓаните ќе избираат меѓу актуелната претседателка Илијана Јотова и поранешниот технички премиер Андреј Ѓуров. Изборната трка влегува во завршницата по првиот круг, одржан на 25 октомври, во кој ниту еден од кандидатите не успеа да обезбеди победа. Според конечните резултати на Централната изборна комисија, Јотова освои 34,76 отсто од гласовите, додека Ѓуров доби 31,95 отсто.
Во текот на вчерашниот ден во североисточниот, централниот и југоисточниот дел на Егејското Море, биле регистрирани 15 прекршувања на правилата за воздушен сообраќај во ФИР Атина и 13 нарушувања на грчкиот воздушен простор од турски воени авиони, а сите биле пресретнати согласно меѓународните правила и праксата, јави дописничката на МИА од Атина. Според податоците, биле забележани вкупно девет летала: еден формациски состав од два борбени авиони Ф-16 и седум летала што дејствувале поединечно, меѓу кои еден ЦН-235, еден АТР-72 и пет беспилотни летала. Од двата Ф-16, кои биле вооружени, биле регистрирани две повреди на правилата за воздушен сообраќај.
Во текот на вчерашниот ден во североисточниот, централниот и југоисточниот дел на Егејското Море, биле регистрирани 15 прекршувања на правилата за воздушен сообраќај во FIR Атина и 13 нарушувања на грчкиот воздушен простор од турски воени авиони, а сите биле пресретнати согласно меѓународните правила и праксата, јави дописничката на МИА од Атина. Според податоците, биле забележани вкупно девет летала: еден формациски состав од два борбени авиони Ф-16 и седум летала што дејствувале поединечно, меѓу кои еден ЦН-235, еден АТР-72 и пет беспилотни летала. Од двата Ф-16, кои биле вооружени, биле регистрирани две повреди на правилата за воздушен сообраќај.
Германското младинско движење „Gen Z regelt“ („Генерација Z презема контрола“) ги повикува граѓаните денеска да им се приклучат на собирите во 34 градови низ земјата, при што организаторите очекуваат учество на повеќе од 165.000 луѓе, јави ДПА. Учесниците излегуваат на улиците за да протестираат против задолжителниот воен рок и високите трошоци за живот, како и да се заложат за инвестиции во образованието, социјалната сигурност, здравството и борбата против климатските промени. Групата експлицитно повикува на мирни протести и отфрла секаков вид насилство.
Откако Франција беше потресена од жестоки протести и нереди, германските власти со страв го исчекуваат претстојниот викенд за кој младинската иницијатива „Генерација З решава“ (Gen-Z regelt) најави масовни протести во 23 градови, за кои до вторникот пријавиле учество околу 134.000 лица. Додека конзервативните политичари од редовите на ЦДУ предупредуваат на можноста меѓународно поврзани левичарски екстремисти и насилни групи да ги преземат протестите по примерот на Франција, социолозите смируваат дека германските собири се уредно пријавени и фокусирани на мирно изразување незадоволство, пишува германскиот „Дојче веле“. Претставникот на ЦДУ, Александар Тром, предупреди дека сцените видени во Франција мора да се спречат по секоја цена, став со кој се согласува и неговиот партиски колега Марк Хенрихман, кој изјави дека левичарските екстремисти склони кон насилство преминуваат дури и државни граници за да ограбуваат и да вршат кривични дела.
Во триесетина германски градови утре ќе се одржат протести на младинската иницијатива „Gen Z regelt“, поради што трговците преземаат безбедносни мерки, стравувајќи од нереди и ограбувања на продавници, какви што неодамна имаше за време на протестите во Франција. Германската полиција засега нема информации за конкретни планови за насилство. Иницијативата „Gen Z regelt“ ги повика младите на протести со барања за поголеми инвестиции во образованието и психолошката поддршка, подостапен живот и поправедна распределба на трошоците меѓу генерациите.
Во повеќе европски земји последните недели се одржуваат или се најавуваат протести во кои значително учество имаат ученици, студенти и други млади луѓе. Поводите не се исти, организаторите не се поврзани во единствено европско движење, а барањата се разликуваат од земја до земја. Сепак, низ повеќе протести се повторуваат теми како трошоците за живот, состојбата во образованието и јавните услуги, можностите за работа, домувањето и чувството дека интересите на младите недоволно се слушаат во политичките институции.
Хакери успеале да украдат дури 6,3 милијарди долари од најголемата светска берза за криптовалути „Бајненс“, во напад што се случил вчеравечер и веќе се смета за една од најголемите кражби во историјата на криптоиндустријата. Според прелиминарната анализа на компанијата за безбедност „ТРМ ЛАБС“, зад овој масовен сајбер напад стои позната севернокорејска хакерска група. Средствата експресно биле пренасочени кон низа дигитални адреси кои се под директна контрола на напаѓачите.
Берзата Binance го запре тргувањето откако хакери украдоа повеќе од 6 милијарди долари. Ова е најголемата кражба на криптовалути во историјата и тежок удар за индустријата која се промовира како заштитена од хакерски напади. Првичната истрага покажа дека нападот го извршила севернокорејска група преку компромитиран лаптоп на инженер во Binance.
Најголемата светска берза за криптовалути Binance привремено ги суспендираше депозитите и исплатите по безбедносниот инцидент, што аналитичарите го нарекуваат најголемиот хакерски напад во историјата на пазарот на криптовалути. Според прелиминарните информации, хакерите добиле пристап до системот преку компјутерот на вработен. Меѓу другото, истрагата ја испитува можната поврзаност на нападот со севернокорејска хакерска група.
„Binance“, најголемата светска берза за криптовалути, синоќа потврди дека во хакерски напад биле украдени дигитални средства во вредност од 6,3 милијарди долари, пренесува BBC. Компанијата соопшти дека, со помош на партнерски платформи, успеала да замрзне приближно половина од таа сума, додавајќи дека ќе ги „покрие сите настанати загуби“. Првичните внатрешни проверки укажуваат на тоа дека пробивот веројатно потекнува од компромитиран лаптоп што му припаѓал на еден од нивните инженери, што му овозможило на напаѓачот неовластено да повлече огромни парични суми.
Франција се подготвува за трет последователен протестен викенд. На улиците повторно се очекуваат студенти, средношколци, синдикати и припадници на движењето „жолти елеци“, незадоволни од поскапувањата и условите во училиштата. Синдикатите ги оценија владините мерки објавени неделава како недоволни.
Франција во сабота, на 31 октомври, на улиците низ земјата ќе распореди 70 илјади припадници на безбедносните сили поради страв од насилни протести. Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез предупреди дека Ноќта на вештерките ќе биде ден со „многу висок ризик“ за јавниот ред и мир. Нуњез денес изјави дека бројни радикални групи повикуваат на насилни собири во сабота преку социјалните мрежи.
Франција ќе распореди 70.000 безбедносни сили во сабота, 31 октомври, низ целата земја поради страв од насилни протести. Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез предупреди дека „Ноќта на вештерките“ ќе биде со „многу висок ризик“ за јавниот ред и мир. Нуњез денес изјави дека бројни радикални групи повикуваат на насилни собири во сабота преку социјалните медиуми.
Франција денеска мобилизира 70.000 полицајци и жандарми низ целата земја во пресрет на нови масовни протести, кои се совпаднаа со прославата на Ноќта на вештерките. Властите стравуваат од нов бран насилство, грабежи и судири со демонстрантите, по немирите што пред две недели предизвикаа голема материјална штета во повеќе француски градови. Станува збор за трет последователен викенд на протести, во кои учествуваат синдикати, студенти, средношколци и припадници на движењето „Жолти елеци“.
Српската Алта Банка остана без лиценца- Народната банка на Србијаја соопшти одлуката во 2 часот по полноќ, откако констатирале дека банката на бизнисменот Давор Мацура не успеала да ја стабилизира финансиската состојба и ликвидноста, додека во исто време растел ризикот за неисполнување на обврските кон клиентите. Веста со молскавична брзина се прошири и создаде паника кај дел од граѓаните во соседството кои имаат сметки и заштеди во оваа банка. На социјалните мрежи е објавено видео од Нови Сад кадешто пред филијала на Алта чекаат редици граѓани, за кои се тврди дека сакаат да си ги подигнат своите пари, а таква слика утрово имало и пред експозитура на битолската Алта банка, но според некои информации се работи за пензионери кои ги чекале месечните пензии.
Народната банка континуирано го следи работењето на сите банки, нивната ликвидност, капиталната позиција и изложеноста на ризици. Квалитетот на супервизијата е потврден и со оцената на Европската комисија за еквивалентност на домашната со европската регулаторна и супервизорска рамка. „Домашниот банкарски систем е стабилен и отпорен.
Антимакедонецот Филипче потврди дека е вистински талог. После Наумов кога пишуваше писма против Македонија, уништувањето на Еуростандард банка и ширењето хистерија со лаги имаме лоша вест за антимакедонската СДС. Банкарскиот систем е стабилен и има механизми за целосна контрола на секоја ситуација која може да биде последица од случувањата со Алта банка во Србија, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение на СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално.
Домашниот банкарски систем е стабилен и отпорен. Народната банка континуирано, на секојдневна основа, го следи работењето на банките, нивната ликвидност, капиталната позиција и изложеноста на ризици и презема соодветни мерки во рамките на своите надлежности кога за тоа има основа, истакнува гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во врска со актуелните медиумски наводи за прекугранични трансфери на средства. Во однос на наводите за трансфер на средства од Србија кон странство, велат од Народната банка, Народната банка на Србија веќе излезе со официјално соопштение и не би коментиралe непроверени тврдења што се однесуваат на банкарскиот систем во друга земја.
Четворицата вицегувернери на Народната банка на Србија го повикаа надлежното јавно обвинителство да ги утврди сите факти и околности поврзани со одземањето на дозволата за работа на Алта банка, пренесува Данас. Алта банка е во сопственост на бизнисменот Давор Мацура, кому во средината на октомври не му беше дозволен влез во Црна Гора од причини поврзани со националната безбедност, поради што беше вратен од аеродромот во Подгорица. Во соопштението вицегувернерите бараат обвинителството без одлагање да ги испита околностите што довеле до одземање на дозволата на 31 октомври, како и евентуалната кривична одговорност на функционери во Народната банка на Србија.
Гувернерот на НБРМ вели дека СДСМ се однесува како опозиција во Србија, а не во земјава. Ако има сомнителни трансакции вели дека тие би биле проверени од Управата за финансиско разузнавање. Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Народна банка: Сомнителните трансакции ќе бидат предмет на проверки Категорија: Македонија Новинар: Славица Арсова.
Опозициската СДСМ бара Обвинителството да поведе кривични постапки против премиерот Христијан Мицкоски , гувернерот на Народната банка, Трајко Славески , и други лица за кои тврди дека учествувале во процесите поврзани со Алта банка , откако Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа и најави стечај. Од СДСМ велат дека со одлуката се блокирани сметките на граѓани и компании, а во банката депозити имале и државни компании. Тврдат дека компаниите што работеле со државата имале налог да соработуваат со Алта банка . „Со месеци наназад велиме: Алта е банка во сопственост на Александар Вучиќ, криминален капитал, сомнително потекло.
Одлуката да и се одземе дозволата за работа на Алта банка Србија не значи автоматско одземање на лиценцата за работа и на Алта банка АД Битола, соопшти македонската централна банка, откако во јавноста се создаде страв од можно затворање на оваа банка и во земјава. Во соопштение до јавноста, Народната банка истакнува дека како надлежен супервизор ги следи сите околности што можат да влијаат врз….
Акциите на Интел потонаа за 29% во петокот, што е нивниот најлош резултат од 1970-тите години. Падот се случи откако производителот на чипови објави послаби од очекуваните прогнози поради затворањето на фабриките во Израел и континуираната слабост на пазарот на персонални компјутери. Ова е голем удар за извршниот директор Лип-Бу Тан, кој ја презеде компанијата во март 2025 година и оттогаш се обидува да ја ревитализира откако ги пропушти раните фази од бумот на вештачката интелигенција.
Интел оваа година беше миленик на Волстрит благодарение на своето позиционирање во областа на вештачката интелигенција, но компанијата ја оптоварува пазарот на персонални компјутери кој се соочува со.
Американските берзи ја завршија петочната сесија, 30 октомври, со остар пад, откако новите деловни резултати и прогнози го засилија стравот дека ентузијазмот околу вештачката интелигенција ги подигнал цените на технолошките акции над оправданото ниво. S&P 500 го забележа најлошиот ден од јуни, а најсилно беше погоден технолошкиот сектор, пренесуваат АП и CNN. Индексот Nasdaq падна за 2,9% , додека S&P 500 загуби 1,8%. Dow Jones се спушти за 572 поени, односно 1,1%. S&P 500 заврши на 7.580,07 поени, Nasdaq на 25.437, а Dow Jones на 51.770,31 поени.
Двајца мажи се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска на автопатот „Пријателство“, во близина на скопското село Трубарево. Несреќата се случила во 01:10 часот, кога автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 33-годишен жител на селото Батинци, изгубил контрола, излетал од автопатот и влегол во дворот на семејна куќа. Во несреќата тешко се повредени возачот и неговиот 39-годишен сопатник од Скопје.
Денеска во 01:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот „Пријателство“, атар на с. Трубарево, скопско, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(33) од с. Батинци, скопско, изгубило контрола и излетало од патот, кое притоа влегло во дворно место од семејна куќа. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Н.М. и неговиот сопатник Д.Г.(39) од Скопје, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, информира МВР. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Двајца мажи се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска на автопатот „Пријателство“ , во близина на скопското село Трубарево, откако автомобил „мерцедес“ излетал од коловозот и завршил во дворот на семејна куќа. Според информациите од МВР, несреќата била пријавена во 1:10 часот. Автомобилот со скопски регистарски ознаки го управувал 33-годишен жител на селото Батинци, кој изгубил контрола над возилото.
Двајца мажи се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска на автопатот „Пријателство“, во близина на скопското село Трубарево, откако автомобил „мерцедес“ излетал од коловозот и завршил во дворот на семејна куќа. Според информациите од МВР, несреќата била пријавена во 1:10 часот. Автомобилот со скопски регистарски ознаки го управувал 33-годишен жител на селото Батинци, кој изгубил контрола над возилото.
Седумдесет и четиригодишен скопјанец пријавил дека од неговото товарно возило во скопската општина Чаир му бил украден пиштол „ глок “. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 30 октомври во 20:30 часот, а кражбата се случила пет дена претходно, на 25 октомври, околу 3:30 часот. Според пријавеното, товарното возило не било заклучено кога од него бил одземен пиштолот. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Три машки лица со закана со огнено оружје од вработениот одзеле пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Три лица вооружени со огнено оружје ограбиле спортска обложувалница во скопската општина Чаир, од каде со закана кон вработениот одзеле пари од дневниот промет. Според информациите од МВР, грабежот бил пријавен на 30 октомври, во 23:54 часот. Тројцата сторители му се заканиле на вработениот со огнено оружје, по што ги зеле парите и побегнале.
На 30.10.2026 во 23:54 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Чаир во Скопје, три машки лица со закана со огнено оружје од вработениот одзеле пари од дневниот промет, информира МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
„На 30.10.2026 во СВР Скопје, Н.Х.И.(72) од Скопје пријавила дека на 26.10.2026 околу 11:00 часот во маркет на подрачјето на Општина Аеродром во Скопје, таа и нејзиниот сопруг биле физички нападнати од едно лице, кое ја турнало и ѝ нанело тешка телесна повреда“, информира МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
МВР информира дека вчера во СВР Скопје, Н.Х.И.(72) од Скопје пријавила дека на 26. овој месец околу 11:00 часот во маркет на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, таа и нејзиниот сопруг биле физички нападнати од едно лице. Според пријавата, непознатото лице ја турнало и ѝ нанело тешка телесна повреда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.10.2026 во СВР Скопје, Н.Х.И.(72) од Скопје пријавила дека на 26.10.2026 околу 11:00 часот во маркет на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, таа и нејзиниот сопруг биле физички нападнати од едно лице, кое ја турнало и ѝ нанело тешка телесна повреда, информира МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Според информациите од МВР, случајот бил пријавен денеска во 3 часот наутро, а нападот се случил претходниот ден, околу 13 часот. Според пријавеното, нејзиниот 24-годишен сопруг ја нападнал со тврд предмет и ѝ нанел повреди, а упатувал закани и кон неа и кон нејзиното семејство . Жената пријавила и дека претходно била психички и физички малтретирана од сопругот. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Новиот филм на режисерот Милчо Манчевски „Сестра, брат и шахта“ ја имаше својата светска премиера во натпреварувачката програма на 39. Меѓународен филмски фестивал во Токио, еден од фестивалите од А-категорија. Токиската публика одлично го пречека филмот, а по проекцијата режисерот Манчевски и главните актери Сара Климоска и Филип Трајковиќ учествуваа во разговор со гледачите, јапонските и меѓународните медиуми. „Публиката дишеше со филмот.
Манчевски и дел од актерската екипа на „Сестра, брат и шахта“ продефилираа по црвениот килим на отворањето на фестивалот во Токио на 26 октомври. По светската премиера во најголемата сала на фестивалот на 30 октомври, режисерот и актерите ќе учествуваат во разговори со публиката и со јапонските и меѓународни медиуми. На 2 и 3 ноември закажани се уште две проекции на филмот – информираат од пи-ар тимот на филмот.
Вчера најновиот филм на Милчо Манчевски „Сестра, брат и шахта“ имаше блескава светска премиера во натпреварувачката програма на 39. Меѓународен филмски фестивал во Токио, фестивал од А-категорија. „На Токио му дадовме шахта, а си земавме суши. Фер.
Новиот филм на Милчо Манчевски „Сестра, брат и шахта“ имаше светска премиера во натпреварувачката програма на 39. Меѓународен филмски фестивал во Токио, а интересот на публиката беше голем. По проекцијата, обожаватели чекаа цел час за да добијат автограм и да се фотографираат со режисерот и главните актери Сара Климоска и Филип Трајковиќ. „На Токио му дадовме шахта, а си земавме суши.
По успешната прва фестивалска вечер, исполнета со нови музички композиции, одлични вокални изведби и позитивни реакции од публиката, медиумите и присутните, 41. издание на „Макфест“ продолжува вечерва со уште побогата и разновидна музичка програма. Штип повторно ќе биде центарот на македонската музичка сцена, а втората фестивалска вечер носи вистински музички спектакл, со настапи на добро познати и звучни имиња, дел од нив по подолг период повторно на сцената на фестивалот што со децении создава и чува музички вредности. Место во продолжението на фестивалската приказна добија „Арте-Факт“, Тамара Грујеска, Елена Наумова, Теа Златева, Анастаcија Спасевска и Драгана Јовановска, кои уште еднаш ќе имаат можност да ги претстават своите композиции пред македонската публика.
Штип повторно ги отвора вратите за најголемите љубители на македонската забавна музика! На 30 и 31 октомври, сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“ ќе биде во знакот на 41. издание на „Макфест“, фестивалот кој со децении создава музички приказни, открива таленти и лансира песни што потоа продолжуваат да живеат меѓу публиката. Годинава на фестивалската сцена ќе бидат претставени 27 нови композиции , а меѓу изведувачите има и добро познати естрадни имиња и музичари кои допрва го освојуваат своето место под македонското музичко небо.
Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“-Штип вечерва и утревечер ќе го има своето 41.издание. На сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“ ќе се испеат 27 нови рефрени. Фестивалското знаме на „Макфест“ го кренаа Лара Иванова, која официјално ја има најслушната песна помеѓу двата фестивали, и Александар Арсовски директор на фестивалот.
Фестивалската сцена во Штип е подготвена да ги пречека новите музички имиња, авторски композиции и рефрени кои допрва ќе ја освојуваат публиката. Вечерва започнува 41. издание на „Макфест“, фестивалот кој повеќе од четири децении е нераскинлив дел од македонската музичка традиција и едно од најзначајните случувања во културниот живот на градот. Подготовките се целосно завршени, а уметничкиот директор Роберт Саздов најавува уште еден успешен фестивал, кој продолжува да се надградува и да го следи развојот на современата музичка сцена.
Балетски перформанс на музика од македонски композитори ќе се одржи денеска 31 октомври , сабота, 20:00 на Мала сцена на Македонска опера и балет. Влезот е слободен !!! ПРОГРАМА: 1. „Бранови“ Композитор: Jaна Андреевска. Кореограф: Соња Здравкова Џепароска, Дариа Џепароска.
Виолинистот, композитор и филмски автор Глигор Кондовски ќе го претстави визуелно-акустичниот перформанс „Звучна илустрација“ на 30 октомври, петок, во КСП „Центар-Јадро“ во Скопје. Настанот започнува во 19:30 часот. Програмата опфаќа седум целини: „Интродукција“, „Одек во просторот“, „Звучен пејзаж“, „Прекршување“, „Видлив звук“, „Звучен судир“ и „После звукот“.
Amplidyne Effect , проектот на Мартин Георгиевски, ќе одржи концерт на 6 ноември 2026 година во Културно-информативен центар – Скопје, со почеток во 20:00 часот. На сцената со Георгиевски ќе бидат Владимир Мартиновски на тамбура, кавал и удиралки и Соња Димитриоска на флејта, а влезот е слободен. Концертот е дел од проектот „Македонски музички текови 2026“, поддржан од Град Скопје.
Виолинистот, композитор и филмски автор Глигор Кондовски денеска ќе го претстави визуелно-акустичниот перформанс „Звучна илустрација“ , во КСП „Центар-Јадро“ во Скопје . Настанот започнува во 19:30 часот. Програмата опфаќа седум целини: „Интродукција“, „Одек во просторот“, „Звучен пејзаж“, „Прекршување“, „Видлив звук“, „Звучен судир“ и„После звукот“. Кондовски е роден во 1980 година.
Доминик Собослаи и Виктор Муњоз имаат шанса да се вратат за дербито на Ливерпул со Арсенал. Натпреварот на „Енфилд“ е утре, 1 ноември во 17:30 часот по македонско време . Андони Ираола во петокот соопшти дека нивниот настап останува неизвесен. Двајцата последен пат играа против Брентфорд пред две недели, кога заработија полесни повреди.
По квалификациите во следната рунда од Карабао Купот среде недела, тимот на Ливерпул се подготвува за тешкиот натпревар против шампионите Арсенал во Премиер лигата. Тренерот Андони Ираола има јасна порака за своите играчи за овој предизвик. „ Мора да играме со максимален интензитет во текот на сите 90 минути.
Во Куманово, денеска се одржа традиционалната трка „Born 2 Run – Спортот нè поврзува“, во организација на Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД) од Куманово, во соработка со Општина Куманово. Трката почна на Градскиот плоштад „Нова Југославија“ во Куманово. Цел е преку спортот да ги поврзе луѓето од различни заедници, да промовира здрави животни навики, меѓусебна доверба, соживот и заедништво- изјави Јована Јордановска од ЦИД.
Во Куманово ќе се одржи традиционалната трка „Born 2 Run – Спортот нѐ поврзува“, во организација на Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД) од Куманово, во соработка со Општина Куманово. Трката ќе се одржи на Градскиот плоштад „Нова Југославија“ во Куманово, а нејзина цел е преку спортот да ги поврзе луѓето од различни заедници, да промовира здрави животни навики, меѓусебна доверба, соживот и заедништво. Организаторите велат дека покрај трките на 3 км и 10 км, оваа година програмата ќе вклучува и промотивни активности на Младинскиот центар „MultiКулти“, презентација на Територијалната противпожарна единица – Куманово и Црвен крст – Куманово, како и музика и заедничко загревање на учесниците.
Четирикратниот светски шампион Макс Верстапен го нападна возачот на Рејсинг Булс, Лиам Лосон, откако двајцата се судрија на втората слободна тренинг сесија пред Големата награда на Мексико Сити. Двајцата се судрија во првите минути од трката во делот на стадионот по недоразбирање. Како резултат на судирот, двата болида беа оштетени, а стјуардите ги казнија двајцата возачи со една позиција за стартот на Херманос Родригез.
Макс Верстапен и Лиам Лосон добија казна од една позиција на стартната линија за Големата награда на Мексико Сити. Исто така, двајцата добија по еден казнен поен на нивните суперлиценци за сосема непотребен инцидент за време на втората слободна тренинг сесија. Само 13 минути по почетокот на сесијата, додека влегуваа во делот од стадионот на патеката Херманос Родригез, Верстапен се обиде да го нападне Лосон одвнатре во кривината 12. Новозеланѓанецот, сепак, не се откажа со својот автомобил на Рејсинг Булс и се вклучи во жестока битка со Холанѓанецот низ бавната кривина 13. Додека ја поминуваше кривината 14, Верстапен го прегази десното предно крило на противникот, предизвикувајќи остатоци на патеката и барајќи од маршалите да ја исчистат асфалтот.
Со спој на модата, традицијата и женската моќ, вчеравечер започна 33-тото издание на Модниот викенд во Скопје, отворајќи го настанот со несекојдневна ревија што испрати силна порака за женската солидарност, еднаквите можности и поддршката на женското претприемништво. DMWC ревијата „Во ритамот на македонските традиционални занаети и креации“ ги стави во центарот на вниманието уникатните модни изработки создадени од вредните раце на жени од осум општини во Македонија, претворајќи ја модната писта во вистинска прослава на домашната креативност, традиција и одржливост, пишува Женски Магазин . Меѓу дамите кои оставија особено впечатлив изглед беше и актуелната министерка за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, која се појави на модната писта во раскошна сатенска креација во нежна тиркизно-сина нијанса. Целиот текст и повеќе фотографии може да погледнете на Женски Магазин.
Уникатни модни креации изработени од жени од осум општини во Македонија ќе бидат претставени на ревијата „Во ритамот на македонските традиционални занаети и креации“ , која ќе се одржи денес (30 октомври) од 19 часот во Музејот на современата уметност во Скопје . Ревијата ја организираат Амбасадата на Словенија во Скопје и здружението „Центар за добредојде во Македонија“, во рамките на проектот „Зајакнување на женското претприемништво преку занаети и одржливост“, поддржан од словенечката амбасада. Преку проектот, жени од осум општини ги развивале своите вештини во традиционалните занаети, креативноста и одржливото создавање, а нивните рачно изработени креации ќе бидат претставени пред публиката . Креациите ќе ги носат жени од дипломатскиот кор и од јавниот живот, испраќајќи порака за женска солидарност и еднакви можности. фото:msu skopje.
Облеката како скулптура, текстилот како сеќавање, дизајнот како чин на грижа. Со три модни ревии и изложбена програма што ги поврза модата и современата уметност, на 30 октомври во Музејот на современата уметност во Скопје започна 33. сезона на Fashion Weekend Skopje powered by UNIBank. Првата вечер го отвори прашањето што го обележува ова издание.
Со спој на модата, традицијата и женската моќ, вчеравечер започна 33-тото издание на Модниот викенд во Скопје, отворајќи го настанот со несекојдневна ревија што испрати силна порака за женската солидарност, еднаквите можности и поддршката на женското претприемништво. DMWC ревијата „Во ритамот на македонските традиционални занаети и креации“ ги стави во центарот на вниманието уникатните модни изработки создадени од вредните раце на жени од осум општини во Македонија, претворајќи ја модната писта во вистинска прослава на домашната креативност, традиција и одржливост, пишува. Женски Магазин . Меѓу дамите кои оставија особено впечатлив изглед беше и актуелната министерка за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, која се појави на модната писта во раскошна сатенска креација во нежна тиркизно-сина нијанса.
Меѓутоа, само една година подоцна, слична комбинација го привлече вниманието на јавноста кога во неа се појави Камила Паркер Боулс, жената чие име уште тогаш беше нераскинливо поврзано со бракот на Дајана и тогашниот принц Чарлс. Фустанот на Дајана од 1994 година стана познат како „фустанот на одмаздата“, а Камила во 1995 година, на еден настан во Лондон, облече креација што многумина ги потсети токму на тој легендарен стајлинг. Сличноста повторно ги отвори прашањата за односот меѓу двете жени, додека интересот на јавноста за љубовниот триаголник што го потресе британското кралско семејство беше на врвот.
Еден мал црн фустан, голи рамена и впечатлив бисерен ѓердан со голем скапоцен камен го направија модниот избор на принцезата Дијана незаборавен со децении. Сепак, само една година подоцна, слична комбинација го привлече вниманието на јавноста кога во неа се појави Камила Паркер Боулс – жена чие име веќе беше нераскинливо поврзано со бракот на Дијана и тогашниот принц Чарлс. Фустанот на Дијана од 1994 година стана познат како „фустан за одмазда“, а во 1995 година, на еден настан во Лондон, Камила носеше креација што многумина ги потсети на тој легендарен стајлинг.
Печената тиква е едноставен есенски десерт што освојува со својата природна сладост и мирисот на печени ореви. Подготвена во air fryer, со малку кафеав шеќер, мед и крцкави ореви, станува прекрасен десерт што се подготвува брзо и без многу труд. Потребни состојки: Начин на подготовка: Тиквата ја чистиме од кората и семките, па ја сечеме на парчиња со посакуваната големина.
Варените ѓевреци се вкусни домашни печива со златно-кафеава, малку крцкава коричка и мека внатрешност. Пред печењето кратко се варат во вода со мед, а потоа се посипуваат со сусам, кој им дава прекрасен изглед и арома. Состојки : За варење и посипување: Подготовка : Во длабок сад ставете ги брашното, издробениот квасец, солта, шеќерот и маслото.
На 31 октомври 2020 година, на 90-годишна возраст почина Сер Шон Конери, светски познатиот актер кој се прослави со улогата на Џејмс Бонд. Легендарниот шкотски актер е познат по многу филмови, вклучувајќи ги „Лов на црвениот октомври“ „Карпата“, „Индијана Џонс и последната крстоносна војна“, „Недопирливите“, „Името на розата“ и многу други. Шон беше првата ѕвезда што ја играше улогата на агентот 007 на големото платно и се појави во седум хит филмови во оваа позната франшиза.
На 31 октомври 2020 година, на 90-годишна возраст почина Сер Шон Конери, светски познатиот актер кој се прослави со улогата на Џејмс Бонд. Легендарниот шкотски актер е познат по многу филмови, вклучувајќи ги „Лов на црвениот октомври“ „Карпата“, „Индијана Џонс и последната крстоносна војна“, „Недопирливите“, „Името на розата“ и многу други. Шон беше првата ѕвезда што ја играше улогата на агентот 007 на големото платно и се појави во седум хит филмови во оваа позната франшиза.
Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.